Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска била физички и вербално нападната додека извршувала службени обврски во скопската општина Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи. Според соопштението од МВР, на 11 јули 2025 година, во 12:15 часот, лицето А.Ј. пријавило дека на улицата Кумбара, при контрола на терен, градоначалничката била нападната, а повеќе лица ѝ упатувале сериозни вербални закани. Арсовска одбила да поднесе ...

Двајца американски сенатори, предложија закон, кој предвидува царини од 500 отсто, на увоз на стоки од земји, што продолжуваат да купуваат руски енергенски. Сенаторите Греам и Блументал, првиот Републиоканев а вториотчлен на Демократите, ги информираа европските сојузници на САД и Украина дека законот ќе биде „пресвртна точка“ во економскиот притисок врз Москва. Мерките најмногу ќе ги засегнат Кина и Индија – двата најголеми клиенти за руските ...

Министерството за внатрешни работи сомничи функционер на опозициската ДУИ за намерно предизвикување на пожари во подрачјето на Скопје. Како што објавува „Фокус“, станува збор за претседателот на партискиот огранок во Шуто Оризари, во чиј дом полицијата веќе извршила претрес. Според неофицијални информации, при претресот биле пронајдени пиротехника и други запаливи материјали, а воедно му бил одмезен и мобилниот телефон, со цел да се вештачи. Се ...

Речиси сите пожари се ставени под контрола. Активни се четири огнени стихии на територијата на Македонија, под контрола се шест пожари, локализирани и изгаснати се четири, информираат од Центарот за управување со кризи. Сè уште гори во Чучер Сандево, Николич, под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, нема активен пламен, има само чад во карпестиот дел, пламени јазици има во околината на Куманово гори ниска ...

Градежната офанзива за осовременување на патиштата ширум државава, се интензивира и на автопатот Прилеп-Битола. На главниот пелагониски патен „крвоток“, во моментов, се работи на т.н. Секцијата 4, односно на 10-тиот километар од 41 километри долгата траса, која опфаќа и 10 моста, 16 надвозници и 6 подвозници. „Проектот вклучува повеќр од 5 милиони кубни метри ископ и речиси 4 милиони кубни метри насипен материјал. Во моментов имаме пристап за ...

Прес-конференција на Богданка Кузеска Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи дури во 2027 година. Повеќе од 110 милиони денари ќе платат на приватна фирма ...

Реакција на обвинувањата стигна од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија велат дека на СДСМ им е чудно како е можно да има средства и за Експо, и за плати, и за повредените од Кочани, и за модернизација на опрема за справување со пожари, бидејќи тие биле навикнати на крадење и несоодветно трошење на пари од буџетот. „Ако работите чесно, транспарентно и одговорно, ќе има средства за сѐ. Во време на СДСМ имаше средства само за луѓе блиски до СДСМ, ...

Повикувајќи се на мапата која го покажува метеоролошкиот индекс на опасност од пожари, од ЦУК велат дека освен во централниот дел и Кумановскиот Регион, останатиот дел од територијата на земјава е под висок ризик од пожари, а низок ризик има на подрачјата околу Шар Планина и други помалку загрозени региони. Централниот дел на државата и околината на градот Куманово се под многу висок ризик од појава на пожари – информираат од Центарот за ...

Денес, во просториите на Министерството за јавна администрација, се одржа прес-конференција на Министерот Горан Минчев, по повод историското усвојување на три клучни закони за реформа на јавната администрација. Министерот го истакна значењето на законите како суштинска пресвртница кон изградба на професионална, деполитизирана и ефикасна администрација, во согласност со европските стандарди. На вчерашната седница, Собранието на Македонија ги ...

Реакција на Министертсво за спорт по напаѓањата од страна на СДСМ: „Министерството за спорт најостро ги отфрла тенденциозните и неосновани обвинувања на СДСМ и нивниот претставник Панче Милевски, кои се уште еден обид за политичка манипулација и дефокус од вистинските резултати што ова Министерство ги постигна во првата година од своето постоење. Да ги потсетиме СДСМ и Милевски дека двајца нивни поранешни директори на Агенцијата за млади и спорт ...

До 12:30 часот вкупно 14 пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава, од кои четири се активни, шест се под контрола, два се локализирани и два се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, под Солунска Глава во општина Чашка – помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка. Таму се работи за шумски ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), дел од проектот за интерконекција Македонија–Албанија. Проектот опфаќа две целини – LOT 1: далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2: изградба на трансформаторската станица Охрид во близина на селото Мешеишта. На терен, министерката Божиновска се ...

Соопштение на Фатмир Сабриу од ВЛЕН: „Денес сме тука да споделиме со вас преглед на една извонредна година работа, посветеност и пресврт на очекувањата во областа на социјалната заштита, еден од основните столбови на нашата визија за пофер и похумано општество. ВЛЕН како дел од Владата, докажа дека ветената промена не е само слоган, туку опиплива реалност за илјадници граѓани. Со транспарентен, инклузивен пристап и врз основа на реалните потреби ...

Пукање во селото Батинци – убиен е припадник на Армијата на Македонија. Од МВР соопштија дека денеска, околу 10:15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на влезот од селото Батинци, лицето М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. Педесетгодишниот А.М. се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, каде што во 11:00 часот била ...

Повторно одложено судењето за родилката од Дебар Веапоска која остана без бубег, матка и јајник-овој пат поради адвокатот на екс директорот на струшката болница Мухамед Асани кој е на седумдневно боледување. Судењето сега се одлага за септември, затоа што од 15-ти јули судиите одат на одмор,со ова маратонскиот судски процес кој се влече цели 3 години не само што е далеку од пресуда, туку може и да застари.Ова е кукавичка тактика на ...

Постојат сериозни индиции дека пожарите се подметнуваат намерно, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На повеќе локации каде се настанати пожарите пронајдени се ракавици, во Чучер Сандево дрва потопени во бензин, а на други локации палети потопени со бензин. На неколку локации каде се локализирани пожари и во Скопско и низ државата се забележани гуми кои се фрлани со цел да се распламти и разгори пожарот. Постои сомнеж ...

Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е создавање услови за нов циклус на економски раст. Се поттикнува економската слобода на инвеститорите преку креирање на фер услови за сите стопански субјекти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Се враќа довербата на странските инвеститори за своите инвестиции да ги пласираат во државата, да отворат нови или да ги прошират своите капацитети. За разлика од минатото кога имаше недостаток на доверба кај инвеститорите ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан. На 4 јули биле затекнати во кајче на наведената локација, со висечка рибарска мрежа и уловени три парчиња охридска пастрмка, со што како соизвршители сториле кривично ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на поставување камен-темелник на новата фабрика на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје. -Денес го одбележуваме почетокот на нова инвестиција, но повеќе од тоа денес вградуваме уште еден темел на економска доверба. Јасен сигнал дека кога институциите се посветени успехот неминовно доаѓаат, рече премиерот Мицкоски. Компанијата „Чагатај Кабло“ започнува со изградба на нова фабрика во ...

СДСМ и нивната непромислена политика на виткање кичма ја донесе Македонија до степен на негација од страна на Бугарија, рече на денешната прес-конференција пратеникот Драган Ковачки. Работи на кои претходно бугарската политика гледала како на невозможни, затоа што се во корен неразумни и неморални за Заев и Филипче се пракса во нивното делување. Политиката на Пендаровски, Заев и Филипче и донесе на Македонија бришење на македонскиот јазик и ...

Стојам денес пред вас со срце исполнето со гордост и неизмерна благодарност, рече на денешната прес-конференција претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска. Ви се обраќам како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, како жена, мајка и силен поддржувач на една од најемотивните и најхуманите мерки што ги донесе оваа Влада – 6 бесплатни ин витро оплодувања на трошок на Фондот за здравствено осигурување. Да се биде родител е сон, ...

Институциите работат со сите сили да ги стават пожарите под контрола, и во тоа успеваат, а СДСМ се сити и фаќа политички поени, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. “СДСМ и Филипче го критикуваат претседателот Мицкоски за несправување со пожарите, а градоначалник од нивните редови во Крива Паланка јавно се заблагодарува за успешната и брза реакција на надлежните институции. Сепак, СДСМ и Филипче не бираат зборови за критика кога е ...

Првото судско рочиште за еден од најмонструозните здравствени скандали во Македонија, случајот со малверзации на Клиниката за онкологија, денеска заврши со одложување. Обвинетата докторка Мери Пешевска, вработена на Одделот за дојка, не се појави во судница, бидејки наводно има влошена здравствена состојба, односно стомачен вирус и зголемена температура. Адвокатот Јовица Страшевски, Пешевска соопшти дека има стомачен вирус и температура. Со усно ...

На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните семејства. Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот, човековите права и достоинството на секоја личност. Во овие моменти на сеќавање, со пиетет се присетуваме и на сите други народи кои во различни времиња биле погодени од страдања, прогони и неправди- меѓу кои и македонскиот народ, кој ...

Иако европските пратеници го поддржаа отворањето на следните чекори од преговорите за пристапување, тие не успеаја да го поддржат признавањето на македонскиот идентитет. По огромниот бугарски притисок, Европскиот парламент ги прифати амандманите презентирани од европратениците од ЕПП, СиД и Обновена Европа, со кои се отстрануваат сите референци за македонскиот идентитет, култура или јазик, се вели во заедничкото соопштение на европратениците ...

Време е земјите од ЕУ конечно да обезбедат кредибилен процес на пристапување. Ова е пораката од социјалистите и демократите откако Европскиот парламент го усвои извештајот за патот на земјата кон ЕУ, прв од 2022 година. Македонија припаѓа во ЕУ. Ние ја споделуваме визијата за европската иднина на земјата. Македонците можат да сметаат на нас – и за нашата политичка поддршка и за нашата техничка помош во спроведувањето на реформите на ЕУ – изјави ...

Ние во ОМО „Илинден“-Пирин, како членови на ЕФА (Европската слободна алијанса) со поддршката на ОМО „Илинден“, Репресираните Македонци во Бугарија и другите македонски организации во Бугарија направивме сѐ што можеме за извештајот за Македонија во Европскиот парламент да помине без промени. Се трудевме да го вртиме вниманието на европските парламентарци и на тоа што Бугарија го прави со македонското малцинство во Бугарија. Тоа беше месец на ...

Триесет години по еден од најголемите геноциди во Европа по Втората светска војна кој се случи во Сребреница. На жртвите и годинива почит им оддаде и Македонија со марш и комеморација во Чаир. Присутните со порака никогаш да не се заборави злосторството. Во трагедијата која остави црна дамка во светската историја, животот го загубија повеќе од 8000 босански муслимани, меѓу кои и голем број деца. „Меѓу убиените околу 600 се жени и девојчиња, ...

200 нови вработувања со инвестицијата на „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје. Компанијата одлучи да го прошири производството со отворање нова фабрика на површина од 10 илјади квадратни метри , односно речиси двојно поголема фабрика од постоечката. Планот на компанијата е да воведе најсовремена технологија и методи за производство во автомобилската индустрија со што планира да ја зајакне својата позиција на пазарот и ќе ги задоволи зголемените барања ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество. Наградата се доделува во три категории: -индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), -категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и -категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. Наградата ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
19%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
44%
1017
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
37%
1016
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
43%
1018
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
4.29
30%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
75%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
4.92
53%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
74%
1016
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.03
31%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
37%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
40%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
61%
1015
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052