Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли, од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор. Како што соопштија од Царинската управа, делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица на излез од државата при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од ...
Меѓународниот аеродром „Скопје“ доби акредитација за управување со емисии на јаглерод – ниво 3 од Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI), глобална трговска организација, која ги претставува аеродромите во светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и на одржливоста во воздухопловството, во рамките на нивната глобална програма Airport Carbon Accreditation – ACA. Акредитацијата за управување со ...
Во организација на Секторот за локален економски развој и Секторот за образование при Општина Кисела Вода, денеска се одржа обука за наставници од основните училишта на територија на општината, наменета за зајакнување на капацитетите за подготовка за европски проекти. Како што соопштуваат од општината, обуката е дел од континуираните активности на локалната самоуправа, насочени кон унапредување на квалитетот на образованието и создавање ...
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11.28 часот во Охрид, Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8. Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка ...
Американската влада не е импресионирана од пристигнувањето на војници од земји членки на НАТО на Гренланд. „Не верувам дека војници во Европа ќе влијаат на процесот на одлучување на претседателот или дека тоа на кој било начин ќе има ефект врз неговата цел да го преземе Гренланд“, изјави портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каролин Ливит, во Белата куќа. Во моментов, неколку сојузници на Данска од НАТО испраќаат војници на ...
Лидерката на опозицијата во Венецуела, Марија Корина Мачадо, изјави дека на претседателот на САД, Доналд Трамп, му ја врачила Нобеловата награда за мир што ја добила во 2025 година за борбата за демократија во Венецуела, пренесе „Политика“. Мачадо минатата недела изјави дека би сакала наградата да му ја додели на американскиот претседател. Трамп потоа изјави дека ќе разговара за понудата на Мачадо кога таа ќе ги посети САД, додавајќи дека би ...
Денеска, 16 јануари 2026 година, се навршуваат 18 години од смртта на академик Никола Кљусев, првиот премиер на независна Македонија и една од клучните личности во процесот на осамостојување на македонската држава. Никола Кљусев почина на 16 јануари 2008 година, на 80-годишна возраст. Функцијата премиер ја извршуваше во периодот од 1991 до 1992 година, во време на историски и политички предизвици, кога беше поставен темелот на македонската ...
Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година. Според повикот, правото на партиципација во детските градинки се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, а кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето-плата на ниво на ...
Јубилејниот 25-годишен роденден на интернет-енциклопедијата „Википедија“ вчера се одбележа со пригоден настан и во Скопје во организација на македонскиот разгранок „Викимедија МКД“. На прославата во Скопје присуствуваа активни уредници, поддржувачи и љубители на слободното знаење, кои заеднички го одбележаа значењето на оваа глобална платформа за креирање бесплатни информации. Настанот почна со неформални разговори, каде што присутните имаа ...
Поставеноста на монетарната политика на Народната банка има цел да овозможи натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата и стабилни инфлациски очекувања. Во услови на присутна неизвесност, монетарната политика останува внимателна, а Народната банка е подготвена, доколку е потребно, да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната ...
Поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на меѓународниот симпозиум за културна дипломатија во организација на Институтот за културна дипломатија и Шкотскиот форум. Настанот, како што соопшти неговиот Кабинет, се одржа во Парламентот на Обединетото Кралство во периодот од 12 до 15 јануари 2026 година. Во рамките на посетата претседателот Иванов оствари средба со Нус Гани, заменик-претседател (Deputy Speaker) на ...
Академик Панче Наумов стана полноправен член на Европската академија на науките (European Academy of Sciences), и тоа во Одделението за хемија. Наумов вели за членство во Европската академија на науките бил номиниран од минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за хемија, Омар Јаги, професор на Универзитетот „Нортвестерн“ во САД, а неговата номинација била поддржана од научници од Франција и Финска. Тој изјави дека убавата вест му е ...
Љупчо Коцевски, не можејќи да се соочи со она што пратениците ќе го изнесат за него од пратеничката говорница, принуден си поднесе оставка. Избега еден час пред да го разрешат, пред да го распарчат. Тој затоа си поднесе оставка и избега од ЈО на најсрамен начин. Можеме слободно да кажеме дека првата и основна работа на наредниот републички обвинител, кој и да е, треба сериозно да се позанимава со неговото работење, со неговото криминално ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на претстојниот верски празник Богојавление – Водици и за време на продолжениот викенд апелира до сите учесници во сообраќајот да постапуваат одговорно и совесно, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата и заштита на човечките животи. Од РСБСП информираат дека се очекува зголемување на ...
Акцијата „Чиста животна средина во Општина Виница“ продолжи неделава. Овој пат, покрај невработените лица ангажирани преку Оперативниот план 2025 година на Министерството за економија и труд, имплементиран од Агенцијата за вработување, вклучени се и вработени во локалното ЈП „Солидарност“. Според информацијата од Општината, се работи надвор од градот, конкретно на потегот од спојот на регионалниот пат Виница-Берово со патот за Делчево преку ...
Општина Илинден информира дека по повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на Светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во населба Илинден. Манифестацијата е во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден. – За таа цел се повикуваат сите граѓани на 19 јануари 2026 година (понеделник), во 12:00 часот, заедно да го ...
За три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјата се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 2,26 метра понизок од проесекот за јануари. Нивото на Дојранското Езеро е за 85 сантиметри повисоко од просечното, но е 96 сантиметри под ...
„Идентитетот, културата на меморија, наследството, туризмот или безбедноста во дигиталната ера“ е тематскиот наслов на годинашното издание на меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2026“, што во организација на Центарот за напредни истражувања наредните три дена ќе се одржува во Охрид. На научниот собир организиран во партнерство со Филмската академија од Охрид, Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното ...
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, на положувањето на крстот да учествуваат само здрави индивидуи, советуваат лекарите од Ургентниот центар Куманово. Според нивните препораки, во студентите води треба да влегуваат исклучиво лица кои се целосно здрави, без хронични заболувања и кои не користат редовна терапија. Од Ургентниот центар предупредуваат дека наглата изложеност на ниски температури претставува сериозен ризик ...
Пред почетокот на второто полугодие, грипот и сезонските респираторни инфекции се во полн ек, а здравствените власти и лекарите упатуваат апел до граѓаните, особено до родителите и учениците, да бидат крајно внимателни. Бројот на заболени секојдневно расте, а најпогодени се децата од училишна возраст. Лекарите посочуваат дека периодот на инкубација на грипот трае неколку денови, што значи дека вирусот се шири и пред да се појават првите ...
Нема да има продолжување на зимскиот распуст. Учениците на настава ќе се вратат на 20 јануари, соопшти министерката за образование и наука, Весна Јаневска. И покрај порастот на заболени од грип, насоките од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство се второто полугодие да започне согласно утврдениот план. Министерката упати апел до учениците и родителите за редовно посетување на наставата и што помалку изостаноци. „Сите ...
Може ли Македонија да ја победи Данска по втор пат? Може ли Кире Лазаров повторно да ја предводи фалангата до нов успех против олимпискиот и светски шампион, како оној пред пет години на неговото селекторски деби. Дилемите ќе ги разрешиме вечерва против Олимпискиот светски шампион Данска. Најдобриот европски стрелец Кире Лазаров, знае како против фаворитот, знае и како да победува, но и нема преголеми очекување за почетно изненадување на ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска и Мартин Стојановски. Како ...
И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово. Како што информираат од УХМР, -5 Целзиусови степени се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје – Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 – Дојран, Крива Паланка, Куманово, Крушево, 1 – Гевгелија, Охрид, 2 – Виница, 4 – Ѓуриште. До седум часот утрово висината на снежната ...
Без квалитетно и добро образование нема иднина. Токму затоа, Владата го поставува образованието како еден од своите клучни приоритети и столб на развојната политика, со јасна цел, подобри услови за учениците и наставниците и посилен образовен систем за идните генерации. За само година и половина, инвестирани се повеќе од 65 милиони евра во нови и реконструирани училишни објекти, спортски сали и унапредување на образовната инфраструктура низ ...
Раководството на Алијансата за Албанците, предводено од партискиот претседател Арбен Таравари, едногласно одлучи да поднесе колективна оставка, соопштија медиумите. Одлуката била донесена на последната седница на партијата, со цел „организациско освежување, вклучување на нови кадри и спроведување длабоки и сеопфатни реформи кои ќе го зајакнат политичкиот профил и внатрешното функционирање на Алијансата за Албанците“. Од партијата дополнително ...
Инфлацијата во Македонија е споредлива со просечната инфлација во земјите од Централна и Источна Европа, рече вицегувернерката Ана Митреска на форум во организација на „Фајненшал тајмс“. Таа нагласи дека ваквите движења укажуваат на постоење заеднички регионални фактори што ја одредуваат инфлациската динамика, меѓу кои се растот на платите и кредитниот циклус, при што процесот на дезинфлација кај нас и во земјите од регионот е подолготраен во ...
Владата ја зголеми квотата за работни дозволи за странски државјани за годинава на вкупно 10.000 ангажмани. Според одлуката која стапува на сила денеска, 9.750 дозволи се наменети за редовно вработување на странци, додека 200 се за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани. Дел од квотата, 4.500, е за нови работници, а останатите 5.250 се за продолжување на дозволите на веќе вработените странски работници. Министерството за економија и труд ...
Правна сигурност наместо правна гимнастика – измените на Кривичниот законик ќе треба да го вратaт уништеното во 2023 година. Јавната расправа со правната фела во Собранието треба да ги корегира недостатоците во законот. Сегашниот предлог е привремен, бидејќи тоа им го наложи Уставниот суд на пратениците, додека во Министерството за правда се пишува нов закон, за кој по донесувањето ќе треба време и за адаптација. Ваков чекор е неопходен за да ...
Даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба. 20 лица осомничени за криминал тежок 4,8 милиони евра, на штета на буџетот на државата. Девет вработени во УЈП добија мерки на претпазливост, односно одземање пасош, обврска за повремено јавување во суд, забрана за комуникација со одредени лица и суспензија од работното место поврзано со кривичното дело. Прво осомничен е српски државјанин, кој со сопственик и ...