
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Европските фондови и поволностите коишто се нудат преку нив за општините беа во фокусот на денешната работна посета на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков на општините Василево и Босилово. Заменик-министерката за европски прашања, Трајков, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев во општината Василево се сретна со градоначалникот на оваа општина, Славе ...
Во рамки на посетата на Лондон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на бизнис форум на кој учествуваа повеќе од 50 британски компании. На форумот, министерот Муцунски говореше за напорите и активностите на Владата за унапредување на бизнис-климата, можностите за инвестирање во нашата држава и потенцијалите за зголемување на трговската и економската соработка. Во таа прилика тој ги покани британските ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C. По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури: -Престојувајте во затворени, разладени простории, ...
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Кристина Костова „СДСМ забораваат да кажат дека токму решението за регулирање на статусот на училиштето на Исламската верска заедница, кое го донесе нивниот премиер, Талат Џафери, беше укинато од Уставниот суд поради тоа што го прекршуваше принципот на секуларност на државата. Новиот закон за верски училишта кој го предлага Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ е изготвен врз основа на уставните ...
Информациите дека наводно Христијан Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда против Македонија и нејзините платени слуги во самата држава. Ваквите удари и лаги се резултат на едноставната вистина – единствената и најсилна пречка за негирачките барања на Бугарија кон Македонија се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Сликата е кристално јасна: од една страна е Венко Филипче, кој без никакви гаранции за македонскиот идентитет ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на промоцијата на новоформираната специјализирана Единица за сајбер безбедност на Министерството за внатрешни работи. – Во време на брза дигитализација и се поопасни и пософистицирани сајбер закани, Министерството за внатрешни работи презема стратешки и решителен чекор, за првпат во своето постоење, формира специјализирана Единица за сајбер безбедност. Оваа единица ќе биде клучен столб ...
Денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски беше промовирана нова артилериска батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема, кои се набавени од Турција во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата. На промоцијата, премиерот Мицкоски истакна дека „нема ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорот на ЕУ, Бен Нупно. На средбата вицепремиерот Николоски ја истакна силната определба на Владата за развој на инфраструктурата, со посебен фокус на европските коридори 8 и 10, како и кракот 10 д. Потребата од економско зајакнување на Македонија и интеграција во регионот е возможно единствено преку изградба и модернизација на патната и ...
Денес пред нас е исклучително значаен документ, Предлог-закон за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Македонија и Унгарија. Овој договор не е обичен акт на меѓународна соработка. Тој е јасна порака на Македонија дека гради стабилни, долгорочни, доверливи партнерства со вистински пријатели, во време кога ни се потребни вистински партнери повеќе од било кога. Ова е втор стратешки договор што оваа власт го склучува во првата ...
Јавното обвинителство на Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно надлежно обвинителство во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, стои во соопштението. Одлуката е донесена имајќи го предвид Решението на Советот за казниви дела при Врховниот суд КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот го определи Основниот кривичен суд Скопје. Воедно, ...
Интегрален текст од изјавата на премиерот Христијан Мицкоски од денешната промоција на новата артилериска батерија „Боран“: „Денеска стоиме пред важен чекор на нашата држава, го зајакнуваме својот одбранбен капацитет, ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме дека знаеме да вложуваме одговорно, стратешки и во интерес на безбедноста на своите граѓани. Со гордост објавувам дека преку Министерството за одбрана успешно ги реализираше два ...
Денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, присуствуваше на промоцијата на новата артилериската батерија во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп. Батеријата се состои од шест хаубици 105 mm, „Боран“, како и друга поврзана опрема. – Безбедноста е столбот на една нација. Без безбедност нема просперитет, нема економски напредок. Затоа продолжуваме да инвестираме во АРМ и континуирано ја градиме со секој изминат ден. Историски буџетот е најголем во ...
Дваесет и седумте земји-членки на ЕУ се согласија за 18-ти пакет санкции, насочен кон Русија, поради инвазијата на Украина. Пакетот санкции е насочен кон – финансискиот и енергетскиот сектор на Русија и доаѓа како одговор на одбивањето на претседателот Владимир Путин да се согласи на безусловно примирје во Украина. Словачка го блокираше пакетот, наведувајќи загриженост во врска со увозот на гас, но премиерот Роберт Фицо сепак им наложил на ...
Нема да има мир во Украина, освен ако Русија и САД не се договорат, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека постои раздор во трансатлантскиот свет меѓу прогресивната либерална Европа и САД, кои се движат во патриотско-конзервативна насока. Орбан рече дека се надевал на мир или барем прекин на огнот во првата половина од годинава, откако доаѓањето на Доналд Трамп ги принуди Европа и Украина да се повлечат. – Тоа не се случи. Европа ...
Доналд Трамп страда од хронична венска состојба, објави Белата куќа, за да ги смири шпекулациите во врска со фотографиите кои покажаа модринка на раката на Трамп. – „Откако неодамна му се појавило отекување на нозете, Трамп беше подложен на сеопфатно испитување, вклучувајќи васкуларно тестирање. Модринката на раката на Трамп одговара на оштетување на ткивото од често ракување. Тој зема аспирин како дел од стандардниот режим на кардиоваскуларна ...
Феликс Баумгартнер, австрискиот екстремен спортист, кој прв изведе скок од вселената, загина на 56 години во несреќа со параглајдер. Баумгартнер загинал во Италија, додека летал со моторен параглајдер. Нагло му се слошило среде лет, по што изгубил контрола врз параглајдерот и паднал во хотелски базен во село на Јадранскиот брег. Баумгартнер се прослави во 2012-тата година, кога скокна на Земјата од хелиумски балон во вселената, притоа ...
Од први септември средношколците ќе учат со помош на алатка за вештачка интелегенција. Министерството за образование и наука, по склучен договор со приватната високообразовна установа “Brainster” ќе ја интегрираат вештачката интелегенција во наставните програми по сите предмети во средните училишта во државата. „Најголемата придобивка која учениците според мене ќе ја стекнат од употребата на вештачката интелегенција во наставните програми, што ...
Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија отвора перспектива за соработка и поддршка за јакнење и на капацитетите во македонското правосудство… Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, одржал работен состанок, со Ник Хокинс поранешен јавен обвинител – на Обединетото Кралство, и експертот Калум Кокс, долгогодишен адвокат, судија, и јавен обвинител, во Велика Британија. На состанокот, биле разгледани можностите за британска стручна ...
Ако Бугарија тврди дека правата на неколку стотини Бугари во државава и уставните измени се единствената пречка на европскиот пат на Македонија, нека ја признаат самобитноста на македонскиот јазик и идентитет. Премиерот Христијан Мицкоски испрати понуда до Софија, во Европскиот Парламент да се поднесе Резолуција со која ќе се потврдат јазикот и идентитетот. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Анотнио Милошоски изразува скептицизам дека ова ќе биде ...
150 нови високоплатени работни места и инвестиција од 26 милиони евра. „Авеста Холдинг“ ќе гради нова фабрика во Технолошко – индустриската развојна зона во Штип за производство на напредни батериски системи од најнова генерација за електрична мобилност и стационарни апликации. Ова е втора инвенстиција на компанијата по онаа во Кичево. Меѓу клучните фактори кои биле одлучувачки за компанијата повторно да инвестира во Македонија биле поддршката ...
Македонија имала најниско ниво на цени на храна, пијалоци, тутун, мебел, транспорт, хотели и ресторани. Европската статистичка служба Евростат, потврди дека меѓу 36 држави во Европа, македонските граѓани трошеле најмалку за оваа намена. Резултатите во јунската анализа се базираат на паритетот на куповната моќ и цени на над две илјади стоки и услуги за широка потрошувачка. Цените на храната и безалкохолните пијалаци во Македонија биле најевтини, ...
Предметот за трагедијата во Кочани беше најголемиот предизвик кој го имало Обвинителството досега, сметаат двајцата обвинители кои работеа на истрагата – Дејан Јакимовски и Владимир Милошевски. Последицата со 62-ца починати и околу 200-те повредени од несреќата била фокусот на која го темелат обвинението и кривичното дело „тешки дела против општа сигурност“, за што досега товараат 34 обвинети. Според обвинителите, стои отворена и можноста за ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице, веќе обвинето во предметот „Адитив“, кое сега се товари за кривични дела Злосторничко здружување, за помагање при Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Исто така, ...
По приклучувањето на Факултетот за информатика од Штип кон институционалните заложби за воведување на вештачката интелигенција во националниот образовен систем во Македонија, од денес соработници на Министерството за образование и наука во остварувањето на оваа цел се и приватната високообразовна установа и друштвото за интернет едукација, кои работат под брендот Бреинстер. На конференција на која беше потпишан трипартитен меморандум за ...
Од Гевгелија до Солун со воз ќе се патува околу 30 минути, а од Солун до Скопје нешто повеќе од еден час. Паралелно се работи и на пругата која е дел од Коридор 8 – од Скопје до Софија – железничкиот транспорт е фокус и приоритет, децидни се надлежните, за Македонија да биде раскрсница на Балканот и Европа и да го зајакне економскиот развој. Премиерот Христијан Мицкоски од трибината посветена на инфраструктурата порача дека една година по ...
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски по повод официјализирање на новата инвестиција во вредност од 26 милиони евра на белгиската Авеста холдинг во рамки на ТИРЗ Штип, денеска во Нинове, Белгија, оствари средба со менаџментот на компанијата. На средбата се разгледаа досегашните резултати на компанијата, тековните активности, како и понатамошните чекори за успешна реализација на инвестицискиот проект, а беше направена и обиколка на производствениот ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваше на трибината која се одржува во општина Гевгелија на тема „Инфраструктурен бум-Ги градиме темелите на промените“. Николоски во своето обраќање се осврна на Договорот со Обединетото Кралство и посочи дека ова е нешто што прво, ќе ја трансформира Македонија, а второ Македонија со овој договор се позиционира рамо до рамо со, како што рече ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.П.(29) од село Ангелци, општина Василево, осомничен за сторени две кривични дела „убиство“ во обид, три „тешки кражби“ и едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“. Како што соопшти МВР, во периодот од 2 до 7 јули 2025, во атар на битолското село Крклино пријавениот влегол во две викенд куќи, не одзел ништо и причинил материјална штета, ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски смета дека денеска објавените статистички податоци за извозот на земјоделски производи се јасен показател дека земјоделските политики се движат во вистинска насока и дека во иднина земјата не само што ќе ги задоволува домашните потреби, туку и ќе го зголемува извозот. – Споредувајќи ги првите пет месеци од 2024 година со првите пет месеци од 2025 година во делот на извозот ...
Прес-конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски. Денес сакам да обзнанам и објавам голема победа на тутунарите, „Денес сакам да обзнанам и објавам голема победа на тутунарите, земјоделците и успешната земјоделска политика на Владата. После непосредни консултации со тутунарите, денес сакаме да објавиме дека ја заштитуваме маката и трудот на тутунарите. Нивниот труд ќе биде валоризиран, вреднуван и ќе имаат гарантиран откуп по ...