Создавање млади кадри кои ќе одговорат на потребите на современиот пазар на труд е целта на новиот проект што денеска беше промовиран од Министерството за дигитална трансформација. Надлежните велат дека со подобрување на образованието преку развивање на дигитални вештини ќе се создаваат подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на предизвиците на модерното дигитално време. Проектот опфаќа вкупно сто училишта, повеќе од илјада наставници ...

Во основното училиште „Коста Рацин“ во Општина Брвеница денеска е означен почетокот на втората фаза на проектот „Училишта на 21 век“, што го спроведуваат Министерството за дигитална трансформација, во партнерство со Британскиот совет и Македонски Телеком. Проектот има за цел унапредување на квалитетот на образованието преку развој на вештини за критичко размислување, решавање проблеми и основи на кодирање кај учениците, со што тие ќе се ...