Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски денеска од собраниската говорница одговори дека Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе дибиеме гаранција дека идентитетските и билатералните прашања нема да бидат користени за кочење и вето на нашиот евроинтеграциски пат и ќе се обезбеди реципроцитет во однос на правата на Македонците во Бугарија. Димитровски ова го кажа одговарајќи на прашање на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Ерменија, со седиште во Софија, Цовинар Хамбарџумиан, информираат од нејзиниот Кабинет. На свечената церемонија, таа го искажала своето задоволство од именувањето на новата амбасадорка, непосредно пред нејзиното учество на Самитот на Европската политичка заедница во Ереван, истакнувајќи дека се работи за прва посета на ...

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска во Делчево изјави дека засега нема промени во цените на лебот и основните прехранбени производи, но дека нивното задржување ќе зависи од состојбите на пазарот и од однесувањето на производителите. Одговарајќи на новинарско прашање на бизнис-форумот во Делчево, Ристески рече дека со почетокот на кризата и случувањата на Блискиот Исток, институциите внимателно ја следат состојбата ...

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска оствари работна средба со заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс, информираат од кабинетот на градоначалникот на општина Штип. На средбата биле разгледани повеќе актуелни прашања поврзани со развојните потенцијали на општина Штип, при што посебен акцент бил ставен на можностите за унапредување на економската соработка, ...

Потребна е посебна заштита за домаќинствата со пониски приходи. Преку примена на соодветни таргетирани мерки, кои нема да дејствуваат инфлаторно, да се поддржат посиромашните слоеви на населението, препорачува академик Таки Фити. Најверојатно, изјави денеска Фити, ќе треба да се применат и други мерки покрај тие со ДДВ-то за горивата и акцизите, а препораката што доаѓа од науката е јасна – треба да се оди со таргетирани мерки. – Треба да се ...

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Ерменија во Македонија, со седиште во Софија, Цовинар Хамбарџумиан, информираат од МНРиНТ. Посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, заменик-министерот Димитровски изразил уверување дека за време на нејзиниот мандат ќе продолжи позитивниот тренд во развојот на билатералните ...

Народната банка спроведува сеопфатен и комплементарен сет на мерки насочени кон одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс – вели вицегувернерката Ана Митреска. Таа нагласува дека монетарната политика и натаму се води претпазливо, при што главните инструменти ќе придонесат за постепено стабилизирање на инфлацијата. -Монетарната политика и натаму е во зоната на претпазливост. Каматната стапка е на непроменето ниво, а ...

„Народната банка продолжува со унапредување на оперативната поставеност на монетарната политика, заради поефикасен пренос на монетарните сигнали кон финансиските пазари и реалната економија. Нашето внимание и понатаму ќе биде насочено кон унапредувањето на оперативната рамка во согласност со најдобрите практики на развиените централни банки“, ова го истакна вицегувернерот Игор Величковски на гостувањето на поткастот „Финсајт“ со Наташа ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на тркалезната маса на тема „Добро управување и владеење на правото: Спречување на непотребни управни спорови и зајакнување на извршувањето на судските пресуди“, која се одржа во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со СИГМА/ОЕЦД, информираат од МЈА. Во обраќањето, министерот Минчев нагласил дека управната постапка претставува суштински сегмент во ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија и претседателот и четворица членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, а повразано со издавање, обновување, продолжување и одземање лиценци за работа на ...

Кинотеката на Македонија синоќа свечено го одбележа 50-годишниот јубилеј од основањето како институција чувар на филмската меморија, чија мисија е посветено да го собира, заштитува и претставува македонското аудиовизуелно наследство. На настанот се обратија актуелниот директор на Кинотеката, Бошко Грујоски, и министерот за култура и туризам Зоран Љутков и беше врачена наградата „Златен објектив“ на годинашнот лауреат – кинематограферот ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на 1 и ...

Неколку активности неделава се реализирани во Основното општинско училиште „Никола Карев“ од Кочани и во подрачното училиште во село Тркање. Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа на учениците и ...

Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам. Колку повеќе јазици знаете, толку сте побогати. Луѓето во 21 век на Марс се качија, а вие се обидувате со ситен популизам мислејќи дека ќе добиете некакви поени, а губите, мислите ќе направите нешто за вас и вашата партија, нема, тоа време заврши. Додека мене ме гледате тука, а јас вас ве гледам, ви кажувам – тоа време заврши. Ова е нова Македонија во која ...

Неопходно е да се применуваат исклучиво таргетирани политики во актуелната криза поради конфликтот на Блискиот Исток – смета претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети, кој порачува дека треба „да се наплаќа со пропишаните норми, а потоа да се распоредува кон загрозените семејства и другите таргет-групи“. На новинарско прашање, Беџети денеска оцени дека „Владата треба да стави одредена висина до кое ниво нема потреба да ...

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски изврши увид во работата на повеќе инфраструктурни проекти во општината што се реализираат, како што истакна, со засилена динамика, а се проекти што ги менуваат изгледот и функционалноста на градот. Од службата за комуникација со јавност информираат дека овие проекти се од стратешко значење за локалниот развој. -Во фокусот на теренските активности е комплетната реконструкција на ...

Брисел потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и дека реализацијата продолжува, додека европратеникот Томас Вајц јасно посочи дека Македонија има напредок во делот на Реформската агенда. Со тоа, паднаа во вода обидите на Филипче и СДСM за манипулација на јавноста и земјоделците. Тие со месеци ширеа невистини дека европските средства се изгубени, дека програмата е запрена и дека земјоделците нема да добијат поддршка, се вели во ...

Во конкрентиот објект, каде што е упсено лицето за примање поткуп, живеаат многу поранешни и сегашни функционери, а е упсено во тој објект бидејќи таму е фатен како ги прима парите – одговори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска, кое се однесуваше за апсењето на директорот на Државниот земјоделски инспекторат (ДЗИ), како и дали со прекинување на акцијата за поткуп од 50 илјади евра го ...

Желбата на СДСM да дојдат на власт е толку голема, до степен да негираат се што е македонско, да прифаќаат услови од земји кои што ја ветоизираат Македонија и и го попречуваат патот кон ЕУ. Членот на Извршниот одбор на СДСM, Рубин Земон, во јавен настап на поткаст отворено изјави дека дебатата за македонскиот идентитет не е релевантна, а Гоце Делчев го опиша како мит, тврдејќи дека не оставил никаков запис и не извојувал ниедна битка, се вели ...

Во последната деценија нашата држава постигнала исклучително значајно намалување на смртноста кај новороденчињата и децата до 5 години, покажуваат податоците од анализата на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) за неонаталното здравје направена во рамки на проекот Converge2EU. Според анализата, неонаталната смртност во земјава се намалила од 8,1 смртни случаи на 1.000 живородени деца во 2016 година на 1,1 смртни случаи на 1.000 ...

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) и Јавното обвинителство потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува рамка за размена на информации и координација при спроведување на истраги во случај на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Меморандумот за соработка денеска го потпиша претседателот на КИНСИВ Марјан Прпоски и државниот јавен обвинител Ненад Савески. – Документот предвидува јасно ...

Изјавите и прес-конференциите што доаѓаат од СДСМ се збунувачки и на моменти чудни. Немаат цел да ја кажат вистината, туку да направат што поголема сензација со растурање пердуви и невистини надевајќи се дека на тој начин ќе остане сегашното раководство по следните парламентарни избори кога ќе доживеат тежок пораз – изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан од пратеникот Бојан Стојаноски како ги коментира обвинувањата и невистините што ...

Почна поставувањето на нов систем на греење и ладење во спортската салата во Куманово, соопштија денеска надлежните. Проектот се реализира со финансиски средства обезбедени од вториот владин повик за инфраструктурни проекти. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски информираше дека општина Куманово почна со поставување нов систем за греење и ладење, инвестиција со која ќе се подобрат условите за одржување на спортски ...

– Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија синоќа беше отворена изложбата на уметникот Исмет Рамиќевиќ, комплексен мултимедијален и концептуален проект, кој се издвојува како значајна современа уметничка рефлексија на глобалната воено-политичка и еколошка реалност. Настанот привлече голем интерес од културната јавност, дипломатски претставници, уметници и публика, која активно ја следи современата уметничка сцена, а отворањето ...

Почна изградбата на улица во кумановското село Романовце, информираа денеска надлежните од Општината. Станува збор за улица во должина од над 300 метри, за која општината издвои речиси два милиони денари. -Започнавме со подготовка за изградба на улица во село Романовце во должина од над 300 метри- изјави градоначалникот Максим Димитриевски. Романовце, кое се наоѓа во непосредна близина на Куманово, има околу три илјади жители, а жителите ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го објави Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година, во согласност со законските обврски и принципите на транспарентност и отчетност во јавниот сектор. Каталогот овозможува јавен увид во податоците за пријавените подароци и придонесува кон поголема отвореност на институциите, како и кон зајакнување на довербата на јавноста во нивното работење. -Објавувањето на ...

Во рамките на работната посета на Загреб, Хрватска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари средба со министерот за правда, јавна администрација и дигитална трансформација на Република Хрватска, Дамир Хабијан, на која се разговараше за унапредување на соработката во областа на дигиталната трансформација, модернизацијата на јавните услуги и јакнењето на дигиталната инфраструктура. Како што информираат од ...

ДУИ со години работеше исклучиво на проекти за поврзување кон Србија, градејќи патишта, енергетски мрежи и далекуводи во една насока, додека целосно ги игнорираше стратешките врски на државата кон Албанија и Косово. Денес, за првпат, „Вреди“ ја менува таа политика и започнува реално поврзување и вмрежување со Албанија и Косово, токму таму каде што ДУИ 20 години не направи ништо, се вели во соопштението од „Вреди“. Наместо да објасни зошто ...

Странски иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2025 година потрошиле 52 милиони евра, што е пораст од 40,4 отсто во споредба со 2024 година. Вредноста која странските онлајн купувачи ја направиле кон домашните е-трговци е остварена во 2,3 милиони трансакции што е за 39,4 проценти повеќе во однос на 2024 година. Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци во ...

Фискалната политика во наредниот период ќе се соочи со комплексен предизвик на балансирање меѓу потребата од консолидација и потребата од развој. Затоа е неопходно внимателно управување, силни институции и доследна примена на фискалните правила, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во обраќање на Стручната расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, што се ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
3.6
33%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
56%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
36%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.29
43%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
5.14
45%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
39%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
8.94
48%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
51%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Бакар

12.06

Калај

50.03

Цинк

3.35

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09