Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на финансиска стабилност нови инвестиции и одржлив економски раст. Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, што претставува јасна потврда дека државата се движи во правилна насока. Овие резултати се производ ...

Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на 20 јуни, во сабота, по јубилеен триесетти пат ќе се одржи манифестацијата „Празник на липите“, на која ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“, кои секоја година се доделуваат на еден домашен и на еден странски поет за нивниот повеќедецениски поетски опус со високи естетски вредности и за нивниот влог во негување на книжевните врски помеѓу Македонија и другите земји. Овогодишни лауреати на ...

Општина Демир Хисар обезбеди и ќе додели по 10.000 денари, еднократна финансиска помош за секој ученик кој ќе се запише во гимназиската струка во средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар. Од Општина Демир Хисар информираат дека одлуката е на градоначалникот Никола Најдовски и со цел да се даде поддршка на учениците и нивните семејства. -Станува збор за мерка која претставува дополнителен поттик за младите да го ...

Во организација на Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ денеска со почеток во 11 часот во салата за состаноци на Општина Кавадарци ќе се одржи Регионален форум на Вардарскиот плански регион посветен на одржлив третман на биоотпадот. Форумот е дел од проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“ чија цел е унапредување на управувањето со биоотпадот и придонес кон развој на општини со „нула отпад“, ...

Натпросечно високи температури, особено во Повардарието, Скопската Котлина, Пелагонија и источните делови на државата се најавуваат во текот на летово кое ќе се карактеризира со повеќекратни и интензивни топлотни бранови, но и со повремени, локално интензивни атмосферски нестабилности. Професорот по метеорологија на Природно-математичкиот факултет и член на Советот за безбедност д-р Владо Спиридонов во неговиот најнов осврт за летото посочува ...

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир. Собирот ќе почне во 20:00 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон татковината, да дојдат и заеднички да покажат дека Македонија има сила, енергија и народ кој верува во ...

Во рамки на трипартитна соработка која се реализира меѓу АД ЕСМ, ЕСМ хотел „Молика“ и Општина Новаци, 150 ученици од прво до деветто одделение од ЦОУ „Славко Лумбарковски“-Новаци, бесплатно престојуваат во хотелот „Молика“ на Пелистер. Престојот на првата група од 75 ученици заврши денеска, а напладне почнува престојот на втората група од 75 ученици. -Оваа активност е уште еден доказ за успешната и континуирана координација меѓу општината и ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја поздрави расправата во Европскиот парламент по извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес – соопштуваат од Кабинетот на министерот за европски прашања. Во рамките на дебатата, известувачот за Македонија ...

Оперативниот план за 2026 година го помина и последниот филтер. Комисија за заштита на конкуренцијата денеска даде зелено светло за предложените мерки, со што Планот веќе станува активен. Неговата вредност е 40 милиони евра, а новина е што мерките кои лани се покажале како неатрактивни за корисниците годинава целосно се укинуваат, додека средствата од помалку атрактивните мерки се алоцираат во двете најатрактивни мерки, велат од Министерство ...

По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители. -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој ...

Известувачите на Европскиот парламент за пет земји од Западен Балкан ги презентираа нацрт-резолуциите на годишните извештаи на Европската комисија за напредокот во нивниот европски пат. Извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Црна Гора беа претставени од известувачите за време на денешната дебата на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Во дебатата учествуваше и комесарката за проширување на ЕУ, ...

Во свечена и масовна атмосфера и со големо присуство на делегати, активисти, функционери и поддржувачи, денес во Домот на културата во Тетово се одржа Основачкото собрание на политичката партија „Вреди“, се вели во соопштението од „Вреди“ што МИА го пренесува интегрално. Ова Основачко собрание е продолжение на Конгресот на обединувањето и означува важна етапа во консолидацијата на „Вреди“ како обединет политички субјект. Денешното собрание го ...

Договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација на подготвителни активности за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“, помеѓу АД ЕСМ и Светска банка денеска беше потпишан во просториите на Владата во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Договорот што го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и Карол Межеван, менаџерот на Светска банка за Косово и Македонија, претставува значаен чекор во реализацијата на една од ...

Во Владата на Македонија свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка, со кој започнуваат подготвителните активности за реализација на проектот за когенеративната централа „РЕК Битола 1“, се наведува во соопштението на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. На настанот освен потписниците – претставници на Светска банка и АД ЕСМ присуствуваа и ...

Владата денеска на предлог на Министерството за здравство, го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување, со кој се предвидуваат нови механизми за евидентирање на волјата на граѓаните за органодарителство и се проширува опфатот на можни дарители во системот, соопштуваат од Министерството за здравство. Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета ...

Мораме да научиме дека без оглед дали се работи за мултикултурно општество, кога има избори победникот е еден, но со оглед на нашата политичка и партиска структура, победникот дури и кога имал двотретинско мнозинство посегнувал по коалицирање, што е многу одговорен чин, оцени денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на лидерот на опозициската Демократска унија за ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека иницијативите за ограничување на можноста за користење вето во процесот на проширување на Европската Унија претставуваат позитивен исчекор, но нагласи дека е прерано за конечни оценки додека не бидат објавени официјалните документи. Таа смета дека пречките со кои се соочува Македонија на евроинтегративниот пат се „ирационални“ и повика фокусот да биде ставен на исполнување на ...

Адвокатската комора на Македонија денес свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура, датум што го симболизира институционалното основање на организираната адвокатура во Македонија и нејзината повеќедецениска улога во заштитата на правата и слободите на граѓаните и јакнењето на владеењето на правото. На свеченоста, која се одржа во просториите на Комората, присуствуваа претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана ...

Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 ...

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Поглед однатре: Правен факултет Јустинијан Први, 1960-2006“ од универзитетскиот професор, правник и автор во областа на уставното право проф. д-р Светомир Шкариќ. Како што наведува „Или-Или“, книгата претставува уникатно сведоштво за развојот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, виден низ личното искуство на авторот како студент, асистент, професор и активен учесник во академскиот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Лондон оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Ивет Купер, на која беше потврдена заложбата за натамошно унапредување на стратешкото партнерство и продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економските односи, трговијата и инвестициите, соопштуваат од ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека фонтаните во главниот град повторно се ставени во функција. Во објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски посочи дека фонтаните повторно стануваат место што привлекува погледи. -Беа оставени надвор од функција, но денес повторно се место кое привлекува погледи, радост и убави моменти за туристите и за нашите скопјани, објави градоначалникот на фејсбук. Градоначалникот на Град ...

Жителите на населбата во Мрзенски рид ќе се приклучат на главниот резервоар за вода преку нов цевковод чија изградба ја започна Општина Гевгелија. Општинските власти информираат дека е предвидено новата водоводна мрежа да се изгради во должина од околу 1 200 метри на улицата „Александар Бел“, со што новата урбана населба на Мрзенски рид ќе добие целосна подземна инфраструктура. -Овој цевковод директно се приклучува на главниот резервоар, ...

На територијата на државата денеска до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати. Како што информира Центарот за упраување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Илинден – село Мршевци каде гори сува трева; Општина Босилово – село Секирник гори депонија; Општина Чашка – село Војница гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева; ...

– Со европски пари почнува изградба и асфалтирање на патот до селото Туминец, Општина Пустец, каде се наоѓа познатиот манастир „Света Марена“ во рамки на проектот „CrossRoad“, финансиран од Европската Унија преку програмата Interreg VI-A IPA Грција–Албанија 2021–2027 година. – Може да кажам дека ова е долгоочекувана вест, на задоволство на жителите, но и на многубројните посетители. Станува збор за уредување и асфалтирање на делницата од ...

Приоритет на оваа Влада, уште од самото формирање беше економија и една стабилност и предвидливост која што си ја зададовме како цел. 7 квартали раст на БДП од 3%, континуирано, 7 квартали да се случува тоа, кога во моментот имаме една од најголемите енергетски кризи, која што еве за среќа веќе се гледа крајот, но сепак последиците мислам дека уште малку може да да се прелеваат во делот на економијата, рече Марија Митева, член на ИК на ...

– Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик, а јавен обвинител предложи мерка притвор. Како што информира ОЈО, тој на 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, со пожар предизвикал значителна опасност за ...

„Не сметам дека можеби тоа е начинот на којшто се водат или се градат едни добрососедски односи. Сметам дека дијалогот е правата формула по којашто треба да се стигне до било какво решение. Можеби овие наративи имаат некоја друга позадина, но нашата цел е навистина да покажеме една стабилност, едно водење на дипломатија со интегритет и со не анализирање или пак прераскажување на нечии изјави коишто практично и не доаѓаат од наши претставници ...

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот, соопштуваат од Министерството за транспорт. – Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и ...

Очекувано, бугарските власти палењето на автомобилите пред бугарската амбасада во Скопје го протолкуваа како напад врз Бугарија. „Инцидент без преседан“ – е оценката на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. Таа очекува бугарските европратеници да го соопштат ова на седницата на Европски парламент, на која ќе се дебатира за извештајот за напредокот на Република Македонија на патот кон ЕУ. Инцидентот, кој според јавноста по многу ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.11
37%
1020
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
52%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.05
41%
1021
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.28
42%
1022
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.47
43%
1020
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.89
74%
1022
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
5.81
39%
1019
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.87
54%
1020
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.07
45%
1020
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 28ᴼ
1.34
40%
1020
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
4.02
44%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
5.46
75%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.1705

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Платина

53498.84

Алуминиум

3.40

Сребро

2087.39

Калај

53.45

Злато

133769.08

Бакар

12.73

Кобалт

45.39

Паладиум

39866.93

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59