Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Денес СДСМ со уште една срамна прес-конференција се обидува да го попречи развојот на државата. Имено на денешната прес-конференција на СДСМ во која опозициската партија се противи на потенцијалната изградба на дата центри слушнавме само небулози и обид за манипулација на граѓаните, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт на прес-конференцијата на Кристијан Дојчиновски од СДСМ. За изградба на Дата центар потребно е да се ...
Општина Ресен денеска го продолжи рокот за пријавување штети на земјоделски насади од природна непогода, голомразица на територијата на таа општина. Пријавувањето на штетите се врши за природната непогода регистрирана во периодот од 1 до 4 мај годинава, а го зафати подрачјето на Општина Ресен. Оштетените површини се пријавуваат според засадена површина, односно според соодветна површина која лицето ја поседува во ЕРЗС на Министерството за ...
Има рани што времето не ги лекува. Има солзи што не пресушуваат ни по осум децении. Има места на македонското тло, каде што секој чекор треба да биде придружуван со тишина, почит и чувство на длабока одговорност пред историјата на нашата држава. Ваташа е токму такво место, стои во соопштението од ЗНАМ. Таму, на таа света македонска почва натопена со крвта на дванаесет млади животи, не се оди за политички поени. Не се оди за да се избрише ...
На сцената на Македонскиот народен театар вечер со почеток од 20 часот ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, инспирирана од драмскиот опус на Франц Ксавер Крец. Делото, иако тематски се надоврзува на Орвеловата „1984“, е сместено во современ контекст, отсликувајќи го светот на денешницата обележан со конфликти, егзистенцијална несигурност и ерозија на хуманистичките вредности. Претставата е ...
Институтот за економски истражувања и политики -Finance Think, заедно со Младинскиот образовен форум, Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонското лекарско друштво, денеска во 10 часот во хотел „Мериот“ во Скопје ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат наодите од првите две години од мониторингот на владините ветувања за периодот 2024–2028, преку платформата КОМПАС. На презентацијата ќе бидат споделени ...
Новинарот на МИА, Слободан Иванов, е меѓу добитниците на наградата „Гласник на невидливите“, која деветти пат беше доделена во Скопје за новинари што известуваат за маргинализирани групи и заедници во организација на Македонската платформа против сиромаштија (МППС). Иванов признанието го доби за текстот „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата ‘Глаголички откровенија’ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска, каде ќе оствари средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. – Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија – информира Министерството за надворешни работи и надворешна ...
Локалниот совет за превенција во Берово упати апел до земјоделците и останатите учесници во сообраќајот за поголема внимателност и почитување на сообраќајните правила при користење на земјоделската механизација на јавните патишта. Во рамки на своите активности насочени кон унапредување на безбедноста во сообраќајот, Советот изготви информативен флаер со препораки за безбедно управување со трактори и друга земјоделска механизација, со цел ...
СВР Скопје во целост го расчисти случајот во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15 јуни кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, соопшти денеска прес-службата на Министерството за внатрешни работи. Како што информираат, Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар вчера поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од ...
Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2 процента. Прес-службата на централната банка соопшти дека одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година. – Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се ...
Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц. Европратениците треба да се изјаснат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите на Европскиот парламент за петте земји од Западен Балкан вчера ги презентираа извештаите на ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, за време на гостувањето на една од националните телевизии, каде што говореше за реализацијата на владината програма, улогата на ЗНАМ во Владата и клучните политички прашања од интерес за граѓаните, се наведува во соопштението на ЗНАМ. Осврнувајќи се на причините поради кои ЗНАМ стана дел од владината коалиција, Димитриевски истакна дека главната цел била да се спречат негативните политички ...
Одлуката за ставање во функција на системот „One Stop Shop“ на границата со Република Албанија претставува важен чекор кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните на двете земји, се наведува во соопштението на ВРЕДИ. ВРЕДИ го оценува овој развој како дел од нов пристап кој ја гледа границата не како пречка, туку како точка на поврзување, каде што административните процедури се заменуваат со институционална ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретна и силна поддршка за македонското земјоделство. Исплатени се над 2 милијарди денари кон 15.144 тутунопроизводители, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Реализирана е рекордна исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година. Оваа исплата не е само финансиска поддршка, туку и потврда дека трудот, ...
Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на финансиска стабилност нови инвестиции и одржлив економски раст. Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, што претставува јасна потврда дека државата се движи во правилна насока. Овие резултати се производ ...
Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на 20 јуни, во сабота, по јубилеен триесетти пат ќе се одржи манифестацијата „Празник на липите“, на која ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“, кои секоја година се доделуваат на еден домашен и на еден странски поет за нивниот повеќедецениски поетски опус со високи естетски вредности и за нивниот влог во негување на книжевните врски помеѓу Македонија и другите земји. Овогодишни лауреати на ...
Општина Демир Хисар обезбеди и ќе додели по 10.000 денари, еднократна финансиска помош за секој ученик кој ќе се запише во гимназиската струка во средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар. Од Општина Демир Хисар информираат дека одлуката е на градоначалникот Никола Најдовски и со цел да се даде поддршка на учениците и нивните семејства. -Станува збор за мерка која претставува дополнителен поттик за младите да го ...
Во организација на Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ денеска со почеток во 11 часот во салата за состаноци на Општина Кавадарци ќе се одржи Регионален форум на Вардарскиот плански регион посветен на одржлив третман на биоотпадот. Форумот е дел од проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“ чија цел е унапредување на управувањето со биоотпадот и придонес кон развој на општини со „нула отпад“, ...
Натпросечно високи температури, особено во Повардарието, Скопската Котлина, Пелагонија и источните делови на државата се најавуваат во текот на летово кое ќе се карактеризира со повеќекратни и интензивни топлотни бранови, но и со повремени, локално интензивни атмосферски нестабилности. Професорот по метеорологија на Природно-математичкиот факултет и член на Советот за безбедност д-р Владо Спиридонов во неговиот најнов осврт за летото посочува ...
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир. Собирот ќе почне во 20:00 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон татковината, да дојдат и заеднички да покажат дека Македонија има сила, енергија и народ кој верува во ...
Во рамки на трипартитна соработка која се реализира меѓу АД ЕСМ, ЕСМ хотел „Молика“ и Општина Новаци, 150 ученици од прво до деветто одделение од ЦОУ „Славко Лумбарковски“-Новаци, бесплатно престојуваат во хотелот „Молика“ на Пелистер. Престојот на првата група од 75 ученици заврши денеска, а напладне почнува престојот на втората група од 75 ученици. -Оваа активност е уште еден доказ за успешната и континуирана координација меѓу општината и ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја поздрави расправата во Европскиот парламент по извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес – соопштуваат од Кабинетот на министерот за европски прашања. Во рамките на дебатата, известувачот за Македонија ...
Оперативниот план за 2026 година го помина и последниот филтер. Комисија за заштита на конкуренцијата денеска даде зелено светло за предложените мерки, со што Планот веќе станува активен. Неговата вредност е 40 милиони евра, а новина е што мерките кои лани се покажале како неатрактивни за корисниците годинава целосно се укинуваат, додека средствата од помалку атрактивните мерки се алоцираат во двете најатрактивни мерки, велат од Министерство ...
По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители. -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој ...
Известувачите на Европскиот парламент за пет земји од Западен Балкан ги презентираа нацрт-резолуциите на годишните извештаи на Европската комисија за напредокот во нивниот европски пат. Извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Црна Гора беа претставени од известувачите за време на денешната дебата на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Во дебатата учествуваше и комесарката за проширување на ЕУ, ...
Во свечена и масовна атмосфера и со големо присуство на делегати, активисти, функционери и поддржувачи, денес во Домот на културата во Тетово се одржа Основачкото собрание на политичката партија „Вреди“, се вели во соопштението од „Вреди“ што МИА го пренесува интегрално. Ова Основачко собрание е продолжение на Конгресот на обединувањето и означува важна етапа во консолидацијата на „Вреди“ како обединет политички субјект. Денешното собрание го ...
Договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација на подготвителни активности за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“, помеѓу АД ЕСМ и Светска банка денеска беше потпишан во просториите на Владата во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Договорот што го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и Карол Межеван, менаџерот на Светска банка за Косово и Македонија, претставува значаен чекор во реализацијата на една од ...
Во Владата на Македонија свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка, со кој започнуваат подготвителните активности за реализација на проектот за когенеративната централа „РЕК Битола 1“, се наведува во соопштението на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. На настанот освен потписниците – претставници на Светска банка и АД ЕСМ присуствуваа и ...
Владата денеска на предлог на Министерството за здравство, го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување, со кој се предвидуваат нови механизми за евидентирање на волјата на граѓаните за органодарителство и се проширува опфатот на можни дарители во системот, соопштуваат од Министерството за здравство. Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета ...
Мораме да научиме дека без оглед дали се работи за мултикултурно општество, кога има избори победникот е еден, но со оглед на нашата политичка и партиска структура, победникот дури и кога имал двотретинско мнозинство посегнувал по коалицирање, што е многу одговорен чин, оцени денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на лидерот на опозициската Демократска унија за ...