Премиерот и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Струмица на одбележувањето на 36 години од постоењето на партијата се осврна и на претстојната реконструкција на Владата и порача дека сите отстапувања прецизно ги нотира, ќе има промени, како и дека нема да толерира занес во привилегиите што ги нуди власта. Нагласи дека од од утре ќе почне да работи на оваа тема, откако во финиш се екипирањето и промените во ...

Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори. Држава во која институциите работат за граѓаните, правдата важи за сите, а успехот се мери според знаењето, трудот и резултатите, држава која не чека подобри времиња, туку сама ги создава. земја која се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на собирот во Струмица ...

Со криминалот и криминалците нема пакт и нема сојуз, затоа се немирни, затоа се нервозни. Нивниот последен бастион се малкуте корумпирани судии и обвинители. И нив ќе ги поразиме наскоро и ќе одговараат од прв до последен, порача вечерва премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање на свеченото одбележување на 36 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа во Струмица, под мотото „Македонија забрзува, наша ...

Местото на овој народ, на граѓаните на нашата Македонија, е таму, на масата во Брисел со нив, како полноправна членка на Европската Унија, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на одбележувањето на 36-от роденден на партијата во Струмица, но нагласи дека нема да се прифатат отстапки поврзани со националниот идентитет. – Местото на овој народ, на граѓаните на нашата Македонија, е таму, на масата во Брисел како ...

Мицкоски очекува ребалансот на Буџетот оваа недела да биде усвоен на седница на Владата, по што ќе биде доставен во Собранието на понатамошно разгледување. Министерството за финансии веќе ги започна консултациите и состаноците за негова изработка. Министерката за финансии претходно соопшти дека ребалансот ќе биде подготвен согласно среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата, меѓу кои се стабилни јавни финансии, фискална ...

Во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Министерството за внатрешни работи (МВР),вчера биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје во рамки на предистражна постапка за кривично дело „терористичка организација“, при што се пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема. Како што информира МВР, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на ...

Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за националните телевизии, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок во спроведувањето на реформите, особено во областa на дигиталната трансформација, образованието и енергетскиот пазар. Според него, позитивните оценки од Европската комисија и Европскиот совет, како и ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити го прими младиот шампион Абдулазиз Азизи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во категоријата У15, оценувајќи го неговиот успех како достигнување што претставува гордост не само за спортот, туку и за целата заедница. За време на средбата, се вели во општинското соопштение, беше истакната важноста од поддршката на младите таленти и создавањето подобри услови за развој на спортот како ...

Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за една од националните телевизии, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека денес за разлика од власта на СДСМ и ДУИ се инвестира и гради насекаде, се градат училишта, патишта, се инвестира во здравството, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Сакам да им честитам на сите ...

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува денес во Струмица под мотото ,,Македонија забрзува, наша обврска“, во изјава за една од националните телевизии посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е мостот помеѓу историското ВМРО и современите македонски институции. Тој кажа дека европската интеграција останува приоритет, но мора да се брани македонската вистина. Ковачки истакна дека ќе се ...

„Последните две години откако ВМРО-ДПМНЕ ја формираше оваа Влада, покажа дека може поинаку, дека знаеме како треба“, истакна Игор Јанушев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за МРТВ, по повод одбележувањето на 36 годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, настан кој вечерва се одржува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, се наведува во соопшѓтението на ВМРО-ДПМНЕ. Јанушев нагласи дека Владата работи за подбрување на ...

Најголемата вредност за ВМРО-ДПМНЕ изминативе 36 години е што ја црпи силата од народот и граѓаните кои веруваат во исти идеи, принципи и вредности – независна, самостојна, просперитетна и европска Македонија. Како политичка партија изминативе години имавме големи предизвици, и тешки и убави моменти, но покажавме дека само обединети и единствени можеме да носиме победи за Македонија. Ова го истакна портпаролката на Владата и член на Извршниот ...

Обраќање на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на одбележувањето на 36 години од основањето на партијата. Мицкоски викендов ги повика сите членови, симпатизери, поддржувачи и сите граѓани да се придружат на големиот народен собир по повод 36-от роденден на партијата на 17 јуни, во 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица. – Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и ...

Македонија скапо ги плаќа грешките и договорите што ги потпишаа минатите влади со Бугарија и со Грција. Премиерот Хритијан Мицкоски вели дека на новата генерација политичари останува обврската да се борат и да ги исправат историските неправди. Пред европратениците да го одбијат амандамот на известувачот Вајц, Мицкоски порача дека треба да истиот треба да биде усвоен, бидејќи тоа е шанса, ЕУ да докаже дека билатерланите прашања не се пречка за ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјата, Ола Солстром, на која беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете држави, како и силното партнерство во рамките на НАТО и меѓународните парламентарни организации – соопштуваат од Собранието. – Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ѝ ја дава на Македонија во процесот на европска ...

Во единственото средно училиште во Дебар, гимназијата „28 Ноември“ во првото пријавување, од првиот уписен рок, во прва година, за учебната 2026/2027 година, пополнети се само 32 од предвидените 238 ученички места. -Во нашата образовна институција за упис беа пријавени 44 завршени одновци, од нив 12 на македонски и 32 за настава на албански наставен јазик. Од нив запишани се 32 ученика, или гледано одделно 7 за настава на македонски и 25 на ...

Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Швајцарија, Фармахем, Општина Кочани, КЈП „Водовод“ и ЈП Национални шуми, остварија работна средба во Кочани, посветена на согледување на актуелните состојби, предизвиците и можностите за понатамошен развој во областа на животната средина и инфраструктурата. Со градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, се разговараше за тековните потреби и ...

Општина Македонска Каменица ги информираше граѓаните дека во ноќта помеѓу 18 и 19 јуни, во периодот од 22:00 до 02:00 часот, на целото подрачје на општината ќе се реализира терестично прскање против комарци. Од локалната самоуправа посочуваат дека активноста е дел од мерките за заштита на јавното здравје и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, со цел намалување на бројноста на комарците во пресрет на летниот период. Воедно, од ...

Здружението на просветни работници Куманово во соработка со општина Куманово и општина Старо Нагоричане денеска доделија признанија и на повеќе од 32 ученици, првенци на генерација од општините Куманово и Старо Нагоричане. Учениците од 18-те основни училишта, пет средни и три училишта од Старо Нагоричане добија признанија за најуспешни во својата генерација. Наградите ги доделија претставниците на здружението и на локалната власт, ...

Во населбата „Пролет“ во Делчево продолжуваат градежните активности за изградба на водоводната, канализациската и атмосферската инсталација, проект со кој се очекува значително подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на жителите. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска изврши увид во текот на работите на терен, при што изрази задоволство од динамиката со која се реализираат градежните активности. Тој посочи ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Даблин оствари средба со министерката за надворешни работи, трговија и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји, соопштуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. – Посебен акцент ...

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и ОО Црвен крст-Пробиштип денеска на петмина крвадорители им доделија телевизори во знак на признание за нивната хуманост и долгодишна посветеност. Од општина Пробиштип информираат дека денешниот настан е по повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството. -Во знак на признание за нивната хуманост и долгогодишна посветеност, денес заедно со Црвениот крст – Пробиштип, им доделивме ...

Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД „Енергија Центар“ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, што се одржа во организација на Фајненс Тинк. ...

Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, во насока на подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните, соопштуваат од Град Скопје. – На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители – стои во соопштението од Град Скопје. Паралелно, како што дополнуваат, ...

Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во тој дел од градот, со цел непречено користење од ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беа дел од почетниот настан на проектот CulTour Crossing Borders (Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми во Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамките на програмата „Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција“ – соопштија денеска од двете министерства. ...

Јавното претпријатие задолжено за паркинзите во Струга функционирало како приватна фирма на поранешното раководство, со сомнителни фактури, финансиски злоупотреби и хаос во работењето, велат од новото раководство на Ј.П “Еко Струга”. Од таму алармираат дека затекнале претпријатие удавено во долгови, без никаква контрола и финансиска дисциплина. Дополнителна загриженост предизвикуваат и фактурите кои, според презентираните информации, се ...

Во половина мандат, кај половина од ветувањата кои ги дала Владата напредок има, а едно од пет се целосно реализирани. Ова го покажуваат резултатите од новата анализа спроведена од Институтот за економски истражувања и политики -Finance Think, во соработка со Младинскиот образовен форум, Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонското лекарско друштво. Распределени во пет клучни области: образование, здравство, социо-економски ...

На Македонија и следи период без дождови што ќе придонесе до зголемен ризик од суша. Со летното сонце пристигнаа и високите температури, а со тоа се намалува и појавата на поројни дождови. Од УХМР најавуваат уште едно во низата на надпросечно топли лета, но и посушни од многугодишните просечни вредности. Ова се очеува особено во месецот август. „Според анализите за летото 2026 се очекува температурите да достигнат надпросечни вредности на ...

Целосна дигитализација на банкарските услуги и унапредување на искуството на клиентите се во фокусот на новото стратешко партнерство меѓу Стопанска банка и Мастеркард. Тие најавуваат нова етапа во развојот на современи платежни решенија на македонскиот пазар кои ќе бидат во чекор со светските трендови. Очекувањата се дека до 2030 бесконтактното плаќање целосно ќе ја замени употребата на платежни картички. Ние веќе сме во процес на изработка ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.58
30%
1019
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.68
49%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.78
35%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.22
41%
1022
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.99
36%
1020
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
55%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
35%
1019
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.99
42%
1020
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.19
39%
1020
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
1.34
39%
1020
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
1.34
35%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.13
64%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Бакар

12.73

Калај

53.45

Сребро

2087.39

Цинк

0.00

Алуминиум

3.40

Иридиум

253540.09

Паладиум

39866.93

Злато

133769.08

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Платина

53498.84

Кобалт

45.39