Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, денеска е уапсен во рамки на истрага за финансиски злоупотреби во ФФМ. Според информациите, паралелно се вршат претреси на повеќе локации, а неофицијално приведени се и неколку негово соработници. Апсењето следува шест години по кривичната пријава што Управата за финансиска полиција ја поднесе во 2020 година против 11 физички и 14 правни лица, осомничени дека ...
– Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамките на работната посета на Ирска имаше обраќање во Институтот за меѓународни и европски работи IIEA, каде што говореше за европската интеграција, политиката на проширување на Европската Унија и иднината на Западен Балкан. – Потенцирав дека проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги, јасни правила и објективни критериуми. Кредибилитетот на Европската ...
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното обраќање од градскиот стадион во Струмица, по повод 36-тиот роденден на партијата одржан под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, порача дека Македонија мора да забрза, да се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности, бидејќи граѓаните на оваа држава, Македонија, тоа го заслужуваат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ја ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните работи на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, каде одблизу ја следеше реализацијата на овој значаен проект за високото образование. За време на посетата беше констатирано дека работите се одвиваат според предвидената динамика и дека кампусот од ден на ден добива сè појасна форма. „Кампусот на Универзитетот ‘Мајка Тереза’ е инвестиција во знаењето, образованието и ...
Јасна е посветеноста да се развива инфраструктурата во регионот и јасно се поставија принципите и правилата дека заеднички ќе вложуваме во изградбата на железничкиот Коридор 10 – порача заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при учеството на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска во Солун. За таквата посветеност, како што рече, ...
Поминавме безмалку две години. Покажавме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Во овој краток период направивме Македонија да биде во топ-5 во Европа според растот на БДП како процент од него. Постигнавме историски рекорд, над 1.255 милијарди евра странски директни инвестиции. Работиме на шест нови автопати, зголемивме пензии, градиме студентски домови, за студентите обезбедивме електронски уреди. Сето она што претставуваше ...
Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, уникатен полускапоцени камен. Со ова, македонскиот рубин добива статус на заштитено национално минерално наследство. – Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови ...
САД и Иран го потпишаа првичниот договор за завршување на војната, кој веднаш стапува во сила. Тој предвидува повторно отворање на Ормускиот Теснец, создавање фонд за обнова на Иран од 300 милијарди долари и укинување на сите американски санкции за Иран. Сепак, за иранската нуклеарна програма, главната причина за почетокот на нападите, ќе се преговара во следниот 60-дневен период. Трамп потпишал печатена верзија на договорот во Франција за ...
Изложбата „Секогаш во изградба“ на уметниците Ивана Самандова и Исмаел Пелтроу вечерва ќе биде отворена во изложбениот салон „Империјал 2“ во Културно-информативниот центар во Скопје, во рамки на програмата „CreArt – Уметник во престој“. Како што информираат организаторите, изложбата претставува заеднички уметнички проект на Пелтроу од Клермон-Феранд, Франција, и Самандова од Скопје, кои преку видео, објекти и скулптури ја истражуваат ...
Изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), реализирана на тема „Невидливи траги“, по својата премиера во Скопје ќе биде претставена и пред белградската публика, во македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Отворањето на изложбата е закажано за вечерва во 20 часот, а пред присутните ќе се обратат претседателката на ДЛУМ, Јана Манева Чупоска, претседателката на Уметничкиот совет на ...
Во Владата денеска ќе биде претставен нов национален проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Целта на проектот е да развие системски и одржлив механизам за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство врз деца, преку поврзување на образовниот систем, институциите и семејствата во заедничка мрежа за заштита и поддршка. ...
Промотивен настан посветен на претстојните XX Медитерански игри – Таранто 2026 ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со Олимпискиот комитет на Северна Македонија и здружението „Dobredojde“ Macedonia Welcome Centre. Во рамките настан, кој го слави духот на пријателството, спортот и богатото медитеранско наследство, како што се навдува во најавата од Олимпискиот комитет, ќе биде ...
Собраниски комисии денеска ќе одржат седници на кои ќе се разгледуваат законски предлози од областа на безбедноста и меѓународната соработка. Комисијата за одбрана и безбедност ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог на закон за оружјето во второ читање, додека пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија ќе се најдат два предлог-закони за ратификација. Пратениците ќе ...
Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Катерина Зајковска, денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Собранието претходно ја избра Зајковска со 56 гласа „за“ и еден „против“. Таа е од Скопје, дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Испразнетото место во ДКСК настана по оставката на Цвета Ристовска, откако се утврди дека иако во анкетниот ...
Собранието денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе законски предлози, извештаи и одлуки. Пратениците ќе дискутираат за Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2025 година, финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, ревидирани од овластен ревизор, како и Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер до 40 километри на час од северен правец, особено во источните делови од државата. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а ...
Конференција „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете“, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ ќе се одржи денеска во Скопје. Целта на настанот, како што соопшти Министерството, е да се презентираат наодите и препораките од анализата за иновативни модели на финансирање на предучилишното воспитание, како и да се отвори дијалог за мерките за проширување на пристапот преку ...
Поради интервенција за менување вентил, денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на дел од улицата „Димитрие Чуповски“ во централното градско подрачје, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат надлежните служби, без вода ќе останат корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до Министерството за правда, во близина на бурекџилницата „Рекорд“. Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на ...
Збирката раскази „Ништо нормално“ од авторката Симона Јованоска ќе биде промовирана во книга-барот „Пионерски“ во Битола со почеток во 19 часот. Како што соопштуваат од „Или-или“, книгата ќе биде претставена низ разговор со авторката, кој ќе го води Сашо Огненовски. – Од своето објавување во март годинава, „Ништо нормално“ предизвикува силен интерес кај читателската публика, благодарение на својот специфичен стил, провокативниот пристап и ...
Во просториите на Народната банка денеска ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачи која е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. На сесијата ќе биде презентиран трудот „Поширок поглед врз стабилноста на банките: Дали нефункционалните кредити се значајни за земјите во развој?“, од проф. д-р Бесиме Зибери и д-р Артина Беџети Бафтијари. ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, на кои во фокус се колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети и подготовките за претстојниот Самит на Алијансата. На состаноците, како што е најавено, ќе стане збор за зацврстување на одбранбените способности на НАТО преку континуирано вложување во одбраната, развој ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе учествува на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што ќе се одржи денеска во Солун во организација на Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, Транспортната заедница, Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан. ...
На денешната собраниска седница,на дневен ред се и опозициските пратенички прашања. Според информациите од собраниската прес-служба, осум пратеници треба да постават прашања до претставниците на Владата. Прашањата ќе бидат упатени до вицепремиерите и министри за европски прашања и за транспорт, како и до министрите за надворешни работи, внатрешни работи и образование. На денешната собраниска седница,на дневен ред се и опозициските пратенички ...
– Најмногу врнежи во изминатите 24 часа до 8 часот се измерени во Гевгелија 17 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според податоците на УХМР, 14 литри на метар квадратен се измерени во Демир Капија, 6 во Берово, додека по 3 литри на метар квадратен се регистрирани во Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево. Два литра на метар квадратен се измерени во Тополчани, а по еден литар во Радовиш Пожар, Прилеп, ...
Во петок и сабота, коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ќе одржат состаноци посветени на можната реконструкција на Владата. Информацијата ја потврди премиерот Мицкоски, кој истакна дека очекува продолжување на добрата соработка со двете партии. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, неодамна излезе со став дека предвремени парламентарни избори треба да се организираат напролет и повика на мобилизација на партиските структури. Премиерот ...
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека телефонскиот разговор со премиерот во врска со предметот „Мазут“ не го доживеал како притисок, оценувајќи дека станува збор за интерес што произлегува од институционалната улога на Владата. Во интервју за една од националните телевизии, Савески нагласи дека на секој повик одговара и дека во конкретниот разговор не било побарано од него да дава извештаи или детали за предметот. Тој појасни ...
Осомничениот за палењето на автомобилите на Бугарската амбасада, 44-годишниот И.Д., оди во притвор. Основниот кривичен суд Скопје го одобри барањето на Основното јавно обвинителство Скопје и тој доби притвор од осум дена. Четириесет и четиригодишниот скопјанец го признал делото во полиција. Целиот чин беше снимен од надзорните камери, а сторителот беше идентификуван и приведен истиот ден кога го сторил делото. Инцидентот беше осуден и од ...
Нападот на Бугарската амбасада да ти бил напад на целата ЕУ. Палењето на бугарските дипломатски возила очекувано ја окупираше и дебатата во бугарскиот парламент. Пратеникот на ГЕРБ-СДС и поранешен шеф на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, изјави дека нападот врз бугарската мисија во Скопје не е само напад врз Бугарија, туку и врз Европската Унија. Тој рече дека ГЕРБ остро го осудува секое насилство и говор на омраза, оценувајќи дека тие ...
А ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струмица го одбележува 36-от роденден под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, со најавено обраќање на лидерот и премиер Христијан Мицкоски. Тој порача дека партијата во изминатите децении поминала низ тешки периоди и искушенија, а денес фокусот е ставен на развој, инвестиции и подобар животен стандард. А ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струмица го одбележува 36-от роденден под мотото „Македонија забрзува, наша ...
Вечерва сме собрани да покажеме дека идејата која започна пред 36 години не само што опстана, туку денес е посилна од кога било. Таа идеја, тој наш сон отсекогаш бил и ќе остане Македонија. Вечерва сме собрани да покажеме дека Македонија повторно има енергија, повторно има надеж. Од Струмица вечерва испраќаме јасна порака – Македонија се исправа, чекор по чекор одиме напред и мора да забрза. Тоа е нашата обврска. Македонија која забрзува. Ова ...