Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Јавното обвинителство на белгиската провинција Лимбург соопшти дека идентификувала 12 ученици кои упатувале онлајн закани кон министерката за образование во Регионалната влада на Фландрија, Зухал Демир, меѓу кои најмладиот бил на возраст од само 10 години. – Тоа се ученици на возраст меѓу 10 и 15 години, од цела Фландрија. Сите ќе добијат пријави и соодветни мерки, изјави Ана Дегран од Јавното обвинителство на Лимбург. Според Дегран, ...
Кризната состојба во енергетиката не е поради протестите во Грција туку поради криминалните тендери и неспособноста на ДПМНЕ, се посочува во соопштението од СДСМ. Кои се фактите: -77 милиони евра е официјална загуба за само првите два квартали оваа година, со проекција од над 100 милиони евра загуба до крајот на 2025 година. -Има историски најлошо производство на домашна струја, од планирани 5.100 GWh, не се произведени ниту половина. ...
Со кој кредибилитет СДС зборува за покачувањето на цената на електричната енергија? Тие можеби забораваат, ама народот добро памети колкави сметки за струја плаќаше во време на власт на СДС, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. Поради колапсот и неспособноста да менаџираат со електроенергетските капацитети, како криминалните тендери со кои се богатеа, за седум години власт, СДС ја поскапе струјата за 50%. ...
Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто. -Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти. Во втор блок цената ќе ...
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун заедно со неговата ќерка Џу Ае присуствуваше на отворање на хотели и го пофали економскиот напредок на земјата, објавија денеска севернокорејските државни медиуми. За време на викендот беа отворени пет хотели во туристичката зона Самџијон, во близина на границата со Кина. Ким истакна дека хотелите се „јасен доказ за растечкиот статус на нашиот народ и потенцијалот за развој на нашата земја“. Тој само ...
Дваесет и осум луѓе, меѓу кои деца и жени, синоќа се киднапирани во централна Нигерија. Киднапираните патувале на прослава на муслиманскиот фестивал Мавлида, во сојузната нигериска држава Платеа. Киднапирањето се случи истиот ден кога се ослободени 130 ученици од заложништво. Тие се последните ослободени од групата 250 деца што беа земени како заложници од католичко училиште во северниот дел на Нигерија. ОН предупреди за „повторно појавување ...
Подгответе ги чадорите и топлата облека. Од крајот на денешниот ден, земјава потпаѓа под влијание на серија влажни воздушни бранови кои ќе донесат значителна промена на времето, токму во деновите пред католичкиот Божиќ. Според најавите на метеоролозите, нестабилното време ќе се задржи во текот на наредните два дена (24.12 и 25.12.2025). Дожд до 25 литри и снежна покривка Врнежите нема да бидат занемарливи. Наместа се очекуваат пообилни ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,18% во однос на одлуката од 19.12.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната ...
Попладнево од 18 часот по грчко време (17 часот по македонско) граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, ќе бидат затворени на четири односно шест часа, поради блокадите на грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ...
Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти, велат од Левица. „Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно ...
Скопје утрово е прв од најзагадените градови во Европа, покажува рангирањето на швајцарската „IQ Air“. Со просечна загаденост од 101, Скопје е прв во Европа, а на 21 место во светот. Веднаш зад Скопје се Aмстердам и Сараево. Апликацијата „AirCare“ покажува умерена загаденост, но на одредени мерни станици концентрацијата на ПМ-10 честички е над 200. На сила се мерките на Владата за заштита на населението од загадувањето. На сите работодавци им ...
Главната цел на Микробиолошката лабораторија за контрола на квалитет, најновата инвестиција на „Алкалоид“ АД вредна 3,1 милиони евра, е обезбедување највисоко ниво на контрола на микробиолошкиот квалитет на суровините, примарната амбалажа, полупроизводите и на готовите производи. На простор од близу 700 м2 се спроведуваат активности како што се мониторинг на просториите и површините, мониторинг на системите за производство и дистрибуција на ...
Околу 130.000 домаќинства и компании во американскиот град Сан Франциско вчера останаа без електрична енергија. Напојувањето со електрична енергија постепено се стабилизира и сега речиси 20.000 потрошувачи се без струја. Електрична енергија немаше во северниот дел од градот, поради што беа затворени голем број продавници и ресторани, а нарушен беше и градскиот транспорт. Компанијата „Пацифик гас енд електрик“ ((Pacific Gas and Electric, ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе нова одлука со која цените на бензинот од ноќеска поевтинија по втор пат за оваа недела. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се променија. Од 19.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Киев не покажал подготвеност за територијални отстапки и мир. „Русија засега не гледа подготвеност на Киев да разгледува територијални прашања. Киев одбива мирно да го заврши конфликтот. Русија е подготвена и сака конфликтот во Украина да заврши мирно“, рече Путин на почетокот на својата годишна прес-конференција, каде што му поставуваат прашања новинари и граѓани. Тој потсети дека во ...
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази ...
Новиот чешки премиер, Андреј Бабиш, се дистанцира од ставовите на Унгарија и Словачка, кои одбија 90 милијарди евра финансиска помош за Украина на самитот на Европската унија во Брисел, и нагласи дека Чешка го поддржува договорот. – Ние немаме ист став како Словачка и Унгарија. Ние ја поддржуваме Украина. Ги поддржавме заклучоците од самитот само со исклучок што не сакаме ние да даваме гаранции за кредити. Словачка и Унгарија одбија каква ...
На официјалниот натпис во Вашингтон, Џо Бајден е опишан како „Заспаниот Џо“ кој ја донел нацијата до работ на уништување. Наместо традиционален портрет, Трамп поставил слика на механички уред за потпишување. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп презеде досега невиден чекор во исмевањето на својот претходник, поставувајќи плоча на Белата куќа со која директно го напаѓа ликот и делото на Џо Бајден. На плочата Бајден е ...
Проширувањето на Европската Унија кон Западен Балкан ќе се спроведе врз основа на сопствените заслуги и во согласност со преземените меѓународни обврски, како што се Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија. Ова е наведено во Бриселската декларација, усвоена на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, што се одржа на 17 декември, објави БГНЕС. Шефовите на државите на сите земји-кандидатки од регионот, со ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова предупреди дека актуелниот Закон за помилување е нефункционален и треба да се реформира, а истовремено ги охрабри измените на Кривичниот закон, нагласувајќи дека тие се клучни за борбата против корупцијата и криминалот. -Законот за помилување, како што изгледа сега, поради многу укинати одредби, веќе не личи на логичен законски текст. Секаде во светот постои можност за помилување – самиот збор ...
Сараево утрово се најде на самиот врв на листата на градови со најзагаден воздух во светот – на второ место глобално и прво во Европа, според податоците на швајцарската платформа IQAir. Квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е во таканаречената „кафена“ категорија, што претставува највисоко ниво на предупредување и означува воздух опасен за здравјето. Индексот на квалитет на воздухот изнесува 332, при што вредности над ...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), укажуваат на одредени формулации во Резолуцијата за миграцијата поднесена од партиите што се дел од владината коалиција до Собранието, кои се однесуваат на јавниот говор и медиумското известување. Притоа, сакаме да подвлечеме дека не навлегуваме во политичката, безбедносната или стратешката суштина на резолуцијата, ниту во дебатата за ...
Советот на ЕУ го поздравува одржувањето на интеграцијата во Европската Унија како стратешка цел на Северна Македонија и ја повикува земјата да ги интензивира напорите за унапредување на реформите поврзани со пристапувањето кон Унијата. Ова се наведува во делот посветен на земјава во Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето, кои откако не беа усвоени на вчерашното заседание на Советот за општи работи поради противење на Унгарија ...
Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните дотации од странство кон Македонија во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година. Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу донации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина ...
Полицијата во Милано разби организирана криминална група од 21 лице вмешани во кражби и изнуда, а најголемо внимание предизвика податокот дека на чело на нивната логистичка база била 96-годишна жена. Бандата, која оперирала во Италија, Швајцарија и Белгија, е откриена по истрага започната во 2023 година и се товари дека преку криминални активности стекнала профит од околу 2,5 милиони евра. Начинот на работа им бил ист: се претставувале како ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека напаѓачите одговорни за терористичкиот напад на плажата Бонди се чини дека биле под влијание на идеологијата на Исламска држава, пренесе ДПА. „Се чини дека ова било мотивирано од идеологијата на Исламска држава“, изјави Албанезе за Еј-Би-Си Сиднеј (ABC Sydney). Идеологијата на Исламска држава „доведе до оваа идеологија на омраза, а во овој случај, до подготвеност за вклучување во ...
Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека го истражува она што го опиша како „очигледно убиство“, откако две тела се пронајдени во домот на режисерот и глумец Роб Рајнер. Гласноговорникот на Противпожарната служба на Лос Анџелес изјави дека биле повикани во дом во населбата Брентвуд, во којашто живеат многу познати личности, вчера попладне по локално време. На местото на двојното убиство се пронајдени Роберт – Роб Рајнер (78) и неговата ...
Вчера во рамките од македонската машка ракометна Суперлига, играчите на ГРК Охрид направија изненадување совладувајќи го актуелниот шампион, битолски Еурофарм Пелистер. По завршувањето на натпреварот, како што објави „Охрид њуз“, ракометарот на битолската екипа, Дејан Манасков ги загубил нервите и физички го нападнал помошникот на тренерот на ГРК Охрид, Крсте Андоновски. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски ја извести јавноста дека ...
Бугарија ќе го воведе еврото на 1 јануари 2026 година, станувајќи 21-та земја на ЕУ што се приклучи на заедничката валута. Како и секоја земја-членка, Бугарија можеше да поднесе нови дизајни за задната страна на своите евра и центи. Тие ќе бидат воведени во европска циркулација во јануари, објавуваат германските медиуми. Вака изгледаат новите евро монети: Монетата од 2 евра го прикажува портретот на Свети Пајсиј Хилендарски, клучна фигура во ...
Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја ...