Директорот за комуникации на „Туркиш ерлајнс“, Јахја Устун, објави на социјалните мрежи дека за време на приближувањето кон Барселона на летот Истанбул-Барселона TK1853, е откриено дека еден патник за време на летот креирал пристапна Авион на „Туркиш ерлајнс“ на летот од Истанбул за Барселона денеска имаше принудно слетување откако беше откриено дека еден патник го сменил името на својата интернет мрежа за да вклучи закана со бомба. ...

„Двајца обвинители” од украинскиот режисер Сергеј Лозница, како филмски документарец базиран на книга, за настаните и искуствата што се случиле за време на СССР и периодот на владеењето на Сталин, од 15 јануари ќе оживее во домашните кина. Филмот беше номиниран за Златна палма, каде што ја имаше својата светска премиера на престижниот филмски фестивал во Кан, а на 32-от Европски филмски фестивал во Палиќ беше крунисан со Златната кула за ...

Времето утре сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде ...

Европска воена мисија денеска почнува на Гренланд, еден ден по средбата во Вашингтон помеѓу претставници на САД, Данска и Гренланд. Франција, Шведска, Германија, Велика Британија и Норвешка вчера најавија дека ќе распоредат воен персонал на Гренланд за извидувачка мисија. – Првите француски воени елементи веќе се на пат. И други ќе ги следат, објави претседателот на Франција, Емануел Макрон на платформата Икс. Во соопштението од германското ...

Новиот систем на ЕУ за влез и излез (ЕЕС) чија етапна имплементација на надворешните граници на Шенген зоната започна лани во октомври „предизвика значителна непријатност кај патниците“ на кои треба да им бидат земени биометриски податоци, предупреди Европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ Европа). Согласно ЕЕС системот, државјаните на земји кои не се членки на ЕУ при првиот премин на Шенген границата од неговата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го информира својот тим за национална безбедност дека сака евентуалната американска акција врз Иран да биде брз и одлучен напад врз режимот во Техеран, објави „Ен-би-си њуз“ (NBC News) повикувајќи се на два неименувани извори. Според нив, Трамп сака брза акција во Иран за да избегне долготраен судир. Неименуваните извори тврдат дека Трамп е подготвен да ги исполни своите ветувања дадени на демонстрантите ...

Собранискиот спикер Африм Гаши во објава на Фејсбук напиша дека со чинот на давање свечена изјава, новите членки на Судскиот совет ја изразија својата подготвеност да ја извршуваат функцијата со висока одговорност, независност, интегритет и професионализам, во служба на зајакнување на судскиот систем и владеењето на правото во земјата. И претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, им честита на новите членки и посочи дека тие се ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени. До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла ...

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави дека островот сака да остане дел од Кралството Данска. Тој вчера истакна дека не сака Вашингтон да го контролира Гренланд. По неговата изјава, американскиот претседател Доналд Трамп наведе дека Нилсен поради таквиот став ќе има големи проблеми. – Па тоа е негов проблем. Не се согласувам со него. Не знам кој е тој, не знам ништо за него, но ова ќе биде голем проблем за него – истакна Трамп ...

Повеќе од 300 припадници на лондонската полиција официјално потврдија дека членуваат во масонски ложи или други слични „хиерархиски здруженија“, откако минатиот месец стапи во сила новата обврска за пријавување на ваквите членства. Полицијата во британската престолнина во декември ја промени својата политика, барајќи од сите полициски службеници и цивилен персонал да го пријават своето минато или сегашно членство во организации кои се тајни, ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави дека Грок (Grok), чатбот базиран на вештачка интелигенција (ВИ), развиен од компаниите на Илон Маск, ќе биде интегриран во мрежата на Пентагон, каде ќе функционира заедно со генеративниот систем на ВИ на Гугл. Потегот е дел од поширока стратегија за вклучување на што поголем обем воени податоци во развојот и примената на вештачката интелигенција. -Во многу скоро време ќе ги имаме сите ...

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари). Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде ...

Германската војска (Бундесвер) се соочува со сериозен скандал по покренувањето истраги за сексуално вознемирување, десничарски екстремизам и употреба на дрога во елитната 26-та падобранска регeмента, стационирана во Цвајбрикен. Обвинителството истражува повеќе од десет пријави против припадници на оваа единица, вклучувајќи истакнување нацистички симболи, користење илегални супстанции и тешки прекршувања на воената дисциплина. Скандалот доаѓа ...

Британскиот јавен сервис Би-би-си ќе преземе правни чекори за да се отфрли тужбата за клевета на американскиот претседател Доналд Трамп.. Би-би-си ќе поднесе барање за отфрлање, тврдејќи дека Судот во Флорида нема надлежност над британскиот сервис, оти местото на судењето е „несоодветно“ и дека Трамп „не успеал да го докаже тврдењето“. Исто така, Би-би-си тврди дека не го создала, продуцирала или емитувала документарецот во Флорида и оти ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ, односно од 13 јануари 2026 година, се менуваат малопродажните цени на горивата. Бензините поскапуваат, цената на дизелот не се менува, а мазутот поевтинува. Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 денари по литар и ќе изнесува 70,50 денари. Исто зголемување има и бензинот Еуросупер БС-98, чија нова цена ќе биде 72,50 денари по литар. Дизел горивото Еуродизел ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој е поборник на идејата за одржување редовни избори. – Јас сум поборник на идејата за редовни избори. Редовно носење на закони и редовни избори. Мислам дека, концептуално зборувам, ни недостига политичка и економска стабилност. Ако цело време правиме предвремени избори, креираме некоја политичка и економска нестабилност. Мислам дека треба да настојуваме ...

Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на цените, а регистрираниот месечен раст од 0,4 отсто е статистички изобличен поради драстичниот скок на цените на авионскиот превоз. Ова е оцената на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Според него, растот на инфлацијата во декември се должи исклучиво на категоријата транспорт, каде цените пораснале за 5,8%, предводени од енормното поскапување на авионскиот ...

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика иранските власти да покажат „максимална воздржаност“ во екот на масовните протести што ја потресуваат земјата, пренесува ДПА. „Шокиран сум од извештаите за насилство и прекумерна употреба на сила од страна на иранските власти против демонстрантите, што доведе до голем број смртни случаи и повредени во изминатите денови“, напиша Гутереш на социјалната мрежа „Икс“. Тој нагласи ...

Меѓу членовите на „Одборот за мир“ за Газа што се очекува да ги предложи американскиот претседател Доналд Трамп ќе се најдат францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони, но во него ќе нема столче за претставник на Европската Унија, објави лондонски „Тајмс“, повикувајќи се на изјава на функционер на ЕУ. ЕУ пројави интерес за учество во „Одборот“ уште при одлуката за негово ...

Сите патни правци се проодни. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“. АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ...

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.9. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, ...

Француските земјоделци денеска блокираа повеќе локации во Париз во знак на протест против сеопфатниот трговски договор што Европската Унија ќе го потпише со јужноамериканските земји и други локални прашања. Земјоделците од синдикатот „Координација рурале“ повикаа на протести во Париз, гневни поради договорот за слободна трговија меѓу Европската Унија и јужноамериканскиот блок Меркосур, за кој стравуваат дека би можел да ја преплави земјата со ...

Поради обилниот дожд, во Кичево се поплавени повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“, поради што 60 луѓе се евакуирани и згрижени во спортската сала „Христо Узунов“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според пријавите и интервенциите евидентирани до 21:00 часот на 7 јануари 2026 година, проблеми се регистрирани на повеќе локации низ земјата. На патниот правец Гостивар–Стража има одрони, но сообраќајот се одвива редовно, ...

Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, – 4 степени, каде има и снежна покривка од 31 сантиметар. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крушево, 55 литри на метар квадратен, по што следуваат со 52 Охрид, 48 Претор, 39 Маврови Анови, 35 Пожаране, 34 Крива Паланка, 32 Битола, 31 Тетово, 24 Прилеп, Тополчани, 23 Попова Шапка, 19 Берово, 16 Штип, Виница, Струмица, 15 Велес, 14 Скопје-Зајчев Рид, 13 Ѓуриште, ...

Од 10 часот по македонско, 11 по локално време се очекува грчките земјоделци да го затворат граничниот премини Ники кон нашата земја, а еден час подоцна и Евзони, во рамките на 48-часовната блокада, односно денеска и утре да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци во Грција, како и граничните премини, јави дописничката на МИА од Атина. На Евзони, паркираните трактори од 1 декември, на кои вчера им ...

Суд во Париз денеска прогласи десет лица за виновни за дигитално насилство, односно онлајн малтретирање на првата дама на Франција Брижит Макрон, осудувајќи ги на казни кои се движат од задолжителна обука за кибер насилство до условни затворски казни од осум месеци. Судот, како што јави „Монд“, изјави дека обвинетите објавиле „особено понижувачки, навредливи и злонамерни“ коментари, врз основа на лажни тврдења за наводен трансродов идентитет ...

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Традиционално, одбележување на Бадник ќе има и пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Годинава бадникарски кум е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар музичарот Јаков Дренковски. Македонскиот народ со многу внимание ...

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека утре и задутре автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред поради празникот Раѓање Христово – Божик. Дежурни утре ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар (од 08:00 до 14:00) и Жичница (од 10:00 до 17:00). Жичницата утре и задутре ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот. ЈСП Скопје им ги честита божикќите празници на сите православните христијани. ...

Колумбискиот претседател Густаво Петро ги отфрли заканите и обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека е поврзан со трговија со дрога, откако Трамп ѝ се закани на Колумбија со воена акција по примерот на неодамнешниот напад на САД врз Венецуела. Трамп вчера изјави дека Колумбија „ја води болен човек кој сака да произведува кокаин и да го продава на САД“, додавајќи дека тоа „нема да трае долго“. Тој, исто така, се закани дека ...

Кубанската влада објави дека 32 Кубанци загинале во американската акција за заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас. Куба кажа дека 5 и 6 јануари ќе бидат денови на жалост во чест на загинатите. Кубанската влада не даде многу детали, освен дека загинатите биле припадници на кубанските вооружени сили и разузнавачки агенции.„Верни на своите одговорности во врска со безбедноста и одбраната, нашите сонародници ја ...

Мајкл клејтон

24 минути - МРТ

Фини момци

24 минути - МРТ
weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
31%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
5.14
38%
1012
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1011
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
29%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
0.81
41%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.92
43%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
38%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.6
38%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
8.23
39%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
52%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Платина

64172.89

Калај

50.03

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09