Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Стотици маскирани лица нападнаа полицајци и запалија куќи и возила во Балимина, Северна Ирска, во втора последователна ноќ на нереди поврзани со протест поради наводен сексуален напад. Полицијата соопшти за сериозни безредија во градот, кој се наоѓа околу 45 километри од Белфаст, и ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето. Новинар на Ројтерс јави дека специјални единици со оклопни возила употребиле водени топови и гумени куршуми поради ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече демонстрантите во Лос Анџелес „животни“ и „странски непријател“ за време на говор во воената база Форт Браг. Тој го оправда распоредувањето на воени сили против демонстрантите кои протестираат против акциите на имиграциските служби насочени кон нелегалните имигранти. – Ќе го ослободиме Лос Анџелес и повторно ќе го направиме слободен, чист и безбеден, изјави Трамп. Во досега најагресивниот настап ...

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, воведе полициски час во центарот на градот поради ескалација на протестите против заострувањето на имиграционите мерки од страна на претседателот Доналд Трамп. На прес-конференција, таа соопшти дека е прогласена локална вонредна состојба и дека забраната за движење ќе важи од вторник во 20:00 до среда во 06:00 часот по локално време. „Достигнавме критична точка“, изјави Бас, додавајќи дека 23 ...

Во раните утрински часови утре на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против ларви од комарци. Секторот за комунални работи на Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. -Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини, информира Град ...

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во среда во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно ...

Такси возилата во Атина, од 15 часот до полноќ нема да сообраќаат поради новиот закон за безбедност во сообраќајот за кој денеска ќе расправа грчкиот Парламент. Од Синдикатот на такси превозници (САТА) соопштија дека преку денешниот деветчасовен прекин со работата го изразуваат нивното незадоволство што во новиот закон не е предвидена дозвола за такси возилата да сообраќаат во лентите наменети за автобуси. Дополнително велат дека нема да се ...

Забраната за патување во Соединетите Американски Држави за граѓани на 12 земји, претежно африкански и блискоисточни, што ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, стапи на сила денес. Забраната, која Трамп ја потпиша минатата недела, се однесува на граѓани на Авганистан, Мјанмар, Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен, објави АП. Забраната, исто така, наметнува зголемени ограничувања за ...

Би сакал да ве потсетам дека предлозите што ги упативме до Вашингтон и Брисел во декември 2021 година, вклучуваа императив на правни, правно обврзувачки и долгорочни гаранции за неширење на Северноатлантската алијанса на Исток, како и барања за нераспоредување на ударно оружје во близина на руските граници, рече Рјабков во интервју за Тас. Тој додаде дека рускиот став по ова прашање останува непроменет. – Во секој случај, намалувањето на ...

Авион на авиокомпанијата Рајанер што летал од Берлин кон Милано принудно слета на аеродромот Меминген во Германија откако наиде на силни турбуленции предизвикани од бура. Според информациите на германската полиција, седум патници се здобиле со полесни повреди, а двајца се пренесени во болница поради потешки повреди, јави ДПА. -Никогаш досега не сум почувствувал таков страв. Во тој момент мислев дека авионот ќе се распадне, изјави еден од ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска и официјално ја донесе официјалната одлука кога е во прашање неодиграното финале од Европскиот куп на ЕХФ. Македонскиот тим Алкалоид го доби со службени 10-0 реванш натпреварот кој не се одигра во Скопје, поради одлуката на грчки АЕК да не излезе на терен, и со две победи, и по онаа во Атина, го освои трофејот во Европскиот куп. „Ракометниот суд на ЕХФ ја донесе својата прва одлука во врска со ...

Во својство на една од пионерските компании во имплементацијата на принципите на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), „Алкалоид“ зеде активно учество на Третата регионална ESG-конференција, организирана од македонската подружница на Американската стопанска комора, во соработка со AmCham Србија, AmCham Албанија и AmCham Косово. Настанот собра претставници од деловниот сектор, институциите и граѓанското општество, обезбедувајќи ...

Трамп доцна синоќа потпиша уредба со која денеска стапува во сила ненадејната најава од минатата недела дека царините за железо и алуминиум, воведени во март, ќе се зголемат од 25 на 50 проценти. Американските царини за поголемиот дел од увозното железо и алуминиум денеска ќе се удвојат, на денот кога претседателот Доналд Трамп очекува од трговските партнери да ги дадат своите најдобри понуди за да избегнат воведување царини за останатата стока ...

Маж од Тексас е уапсен денес поради провала во имотот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во Мар-а-Лаго, Флорида, објави NBC News. Полицијата во Палм Бич одговорила на повик некаде после полноќ, каде што осомничениот веќе бил приведен од страна на членови на тајната служба. Уапсениот е 23-годишниот Ентони Рејес, кој рече дека скокнал преку оградата за да „му го проповеда евангелието на Трамп“ и „да се ожени со Каи“. ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе ...

Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ денеска свечено ќе биде отворен во Музејот на современа уметност со изложбата „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА“, голема архивска поставка што низ фотографија и документи го истражува словенечкото панк-движење од крајот на 1970-тите до средината на 1980-тите години. Курирана од филозофката и теоретичарка Марина Гржиниќ, во соработка со Славчо Димитров, како што ...

Силни земјотреси со магнитуда од 6,2 и 5,8 степени ја погодија Турција доцна синоќа. Првиот земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала се случи по должината на турската граница во Медитеранот. Земјотресот се случи во 23:17 часот по локално време, на 18 километри од островот Родос, на длабочина од 68 километри, објави EMSC. Неколку часа подоцна, во вторник наутро околу 2:17 часот, земјотрес со магнитуда од 5,8 степени го ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 % во однос на одлуката од 26.05.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ...

Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако освои 50,89 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од изјаснувањето, објави изборната комисија врз основа на 100 проценти од преброените гласачки ливчиња. Изборната комисија изјави дека Навроцки освоил 50,89 проценти од гласовите, или 10.606.628 гласови, додека неговиот ривал Рафал Тржасковски освоил 49,11 проценти, или 10.237.177 гласови, објавија полските медиуми. ...

Меѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на Ajet до аеродромот Чукурова два пати во неделата, а до сите три дестинации ќе се лета од први јуни до ...

Во 2024 година, 19,5 милиони деца во Европската Унија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Оваа бројка претставува 24,2 проценти од децата под 18 години, што е намалување за 0,6 процентни поени од 2023 година (24,8%), објави Евростат. На ниво на земја, во 2024 година, највисоки вредности се пријавени во Бугарија (35,1%), Шпанија (34,6%) и Романија (33,8%). Спротивно на тоа, Словенија (11,8%), Кипар (14,8%) и Чешка ...

Оваа седмица територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса со потекло од Африка, што ќе донесе стабилно и сончево време, но со високи температури и услови за локални попладневни нестабилности. Според метеоролошките прогнози, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак, во попладневните часови можно е формирање на грмотевични облаци, што може ...

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, побара од сите да го почитуваат Договорот за добрососедство што го потпишаа Македонија и Бугарија. „Разговарав со Антонио Кошта, со многу колеги, со Манфред Вебер, со колеги од Европската народна партија. Имаме Договор за добрососедство, таканаречен француски предлог, и инсистираме сите да се придржуваат до договорот и какви било провокации што се прават не се во ничиј интерес. Оваа декларација ...

Додека се чека официјалната одлука од ЕХФ околу евентуалниот реванш со АЕК во Скопје, ракометарите на Алкалоид не дозволуваат ништо да ги одвлече од фокусот на домашната сцена. Избраниците на Кире Лазаров остварија нова сигурна победа, овојпат на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци, каде што славеа со 24-27. Скопскиот тим уште од самиот старт го наметна своето темпо, отворајќи со водство од 2-5. Иако домаќините во еден момент успеаја да се ...

Американската администрација вчера го поништи договорот вреден 590 милиони долари склучен со лабораторијата Модерна за развој на вакцина од типот иРНК против птичји грип, соопшти генералниот директор на компанијата. Ова е најновата мерка против вакцини донесена од американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот, познат по своите изјави со кои ги доведува во прашање достигнувањата на медицинската наука, пренесе Бета. Договорот, кој ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (од 10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува ...

Милијардерот Илон Маск соопшти дека ја напушта својата позиција во американската влада откако го водеше таканаречениот Оддел за владина ефикасност во контроверзен обид за намалување на федералните трошоци. – Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X. Мандатот на Маск од 130 дена како ...

Федерален судија во САД го блокираше стапувањето во сила на реципрочните царини воведени на 2 април од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, објавени на таканаречениот „Ден на ослободувањето“. Судот донесе одлука дека претседателот ги пречекорил своите овластувања со воведување царини за увоз од земји кои извезуваат повеќе стоки во САД отколку што увезуваат. Сепак, судската одлука не влијае на царините од 25 проценти што Трамп ги ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во вторникот соопшти дека ја предала целата релевантна документација што ја поседува до своите правни тела и побарала иницирање на правна постапка против Алкалоид и АЕК.Овој чекор следува поради инцидентот што се случи во неделата, на 25 мај, кога не се одигра реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп во машка конкуренција меѓу двата клуба. Според соопштението на ЕХФ, доставената документација до ...

Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ) со одлука на грчката Влада ќе се укине, а функции ќе бидат префрлени во Независната управа за јавни приходи (ААДЕ), беше одлучено на состанокот свикан од грчкиот премиер, по големата истрага за измама што ја спроведува европското обвинителство, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека по обидите за внатрешна ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
100%
1019
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
70%
1021
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.57
91%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
98%
1021
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
79%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
88%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
76%
1018
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.5864

Злато

139515.92

Платина

64479.52

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Паладиум

54591.97

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Калај

43.93

Бакар

11.07

Алуминиум

2.95

Сребро

2159.01

Родиум

258813.51