Заврши и последниот Грен слем турнир во годината, а аналитичарите прават пресек на случувањата. Карлос Алкараз во финалето го совлада Јаник Синер и стигна до уште една Грен слем титула. Синер е голем шампион, но Карлос е супер ѕвезда. Природен е сè смее на теренот, за време на интервју. Кога го гледам тоа момче колку се забавува во животот, тоа ми дава инспирација. Тој е вистински шампион, врвен амбасадор на овој спорт и неверојатно сме среќни ...

Никола Маџиров е лауреат на 17-тата меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ (Poetry and People – International Poetry Award) која викендот му беше доделена во кинескиот град Гуангџоу. Оваа независна поетска награда е востановена од книжевното списание „Поезија и луѓе“ и се доделува од 2005 година за посебен придонес во современата светска поезија. Досегашни лауреати се добитниците на Нобеловата награда за литература Дерек Волкот и Томас ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. -Вчера, на магистралниот пат А3 Битола-Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полициски службеници запреле и извршиле преглед на автомобил „Фолксваген голф“ ...

Со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авилинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Наполи и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28 јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, објавија вчера на прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Џозев Варади, главниот извршен директор на Виз Ер. Николоски соопшти дека „Виз ер“ на Скопскиот аеродром од следната година ќе има ...

Британски научници открија зошто аспиринот, широко распространет лек против болки и треска, може да го спречи ширењето на ракот, откритие што носи нова надеж за идните третмани на оваа болест. Истражувачки тим открил дека аспиринот им помага на клетките на имунолошкиот систем да ги уништат метастазираните клетки на ракот, кои се одговорни за 90 отсто од смртните случаи поврзани со рак. Ова откритие може да го направи аспиринот дел од ...

Во катедралниот храм на Православната Црква во Америка „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, во вторникот е отслужена заедничка света литургија од Митрополитот Вашингтонски и Архиепископ на цела Америка и Канада г.г. Тихон и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, пренесува Литургија.мк. На литургијата сослужуваа многубројни архијереи, свештеници и ѓакони од различни помесни православни Цркви. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од денеска па во наредните две седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат ...

Мисиите на мировните сили на Обединетите нации се соочуваат со сериозни финансиски проблеми, а намалувањето на американските средства може да ја ограничи нивната способност да ги заштитат цивилите, особено во Јужен Судан и Демократска Република Конго, соопшти претставник на ОН за мировни мисии. – Без доволно ресурси, ќе работиме со помалку средства, што може да има сериозни последици по мирот и безбедноста во земји како Јужен Судан и Демократска ...

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека словачкиот премиер Роберт Фицо со споредбата со „жаба што седи на дното на бунар“ објаснил колку земјите од ЕУ не ги разбираат глобалните процеси. За време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, Фицо ги спореди земјите од ЕУ со „жаба на дното на бунар“ која не може да види што има горе. – Ова е веројатно некоја бајка, најверојатно, колку што разбирам, некој ...

Бројот на жртви од земјотресот што го погоди Авганистан надмина 1.400, објавија вчера талибанците. „Повеќе од 3.000 лица се повредени“, изјави портпаролот на владата на талибанците, Забихулах Муџахид, на социјалната мрежа X. Претставници на Обединетите нации во Авганистан велат дека спасувачите во моментов се во трка со времето за да стигнат до оддалечената планинска област погодена од земјотрес со јачина од 6 степени според Рихеровата скала, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. И во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин. Трамп додаде дека неговата администрација ќе преземе одредени чекори за да го намали бројот на жртви во војната во Украина и дека не е загрижен за блиските односи меѓу Русија и Кина. „Многу сум разочаран од претседателот Путин, можам да го кажам тоа, и ние ќе направиме нешто за да им помогнеме на луѓето да преживеат“, рече Трамп во ...

Нема причина да се истражува ситуацијата со авионот на претседателката на Европската комисија (ЕК), бидејќи овие нарушувања не се ниту хибридни, ниту кибер закани, изјави во Бургас, бугарскиот премиер Росен Желјазков. Неговиот коментар е во врска со информациите за инцидент со авионот на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на аеродромот во Пловдив на 31 август. – Од 2022 година, од почетокот на војната во Украина, дел од методите за ...

НАТО отвори ново копнено командно седиште во финскиот град Микели, на околу 250 километри од рускиот Санкт Петербург, во соработка со финската армија. Станува збор за Мултикорпусно копнено командно седиште (MCLCC), чија задача е надзор и координација на копнените сили на Алијансата и националните армии во северниот регион. „Тоа вклучува планирање, подготовка и изведување заеднички вежби на НАТО“, соопшти финската војска. Објектот е од особено ...

Европската комесарка за проширување Марта Кос, на вчерашниот панел за проширување на ЕУ на Бледскиот стратешки форум, денеска изјави дека Црна Гора до 2028 година би можела да стане прва следна членка на Европската Унија. – За мене процесот на проширување денес е некој вид на обединување на Европа, какво што сме немале во историјата, посочи Кос. Според неа проширувањето на ЕУ не е само зголемување на површината на територијата или бројот на ...

Територијата на нашата Република Македонија во текот на оваа седмица ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ, токму ова ќе услови повторно да имаме значително повисоки температури на воздухот кои ќе бидат натпросечно високи, но сепак, тие ќе бидат значително по умерено високи и по издржливи што е нормално за овој период од годината и тоа поради тоа што полека но сигурно наближуваме во есенскиот период од годината кога денот е се ...

Цената на бензините не се менува, дизелот од полноќ ќе биде поскап за половина денар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе продолжи да се продава по цена од 75 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 77 денари за литар. Од друга страна, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Така, новата цена на дизелот изнесува ...

Голем дел од украинските граѓани поддржуваат прекин на огнот, но само со јасни безбедносни гаранции од Европа и САД, покажува анкета на „Рејтинг груп“. Истражувањето, спроведено од 21 до 23 август меѓу 1.600 испитаници, открива дека 75% ја условуваат поддршката со гаранции, а 82% сметаат дека преговорите се реален пат до мир. Од нив, 62% се за посредство на трети држави, а 20% за директни преговори со Москва. Вкупно 59% се изјасниле за прекин на ...

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за локалните избори, закажани за 19 октомври годинава. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи. Потписи за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, Дебарца, ...

Со Одлука за спроведување на Европската комисија за одобрување на првото ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан одобрена е првата исплата на средства за нашата земја во износ од осум милиони евра. Со оваа Одлука, информираше денеска Министерството за европски прашања, одобрени се 2.3 милиони евра како неповратна помош и 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни ...

Активни се четири пожари на отворен простор, кои се под целосна или делумна контрола, а целосно е изгаснат пожарот кој вчера изби на територијата на општина Желино во атарот на село Церово а подоцна во вечерните часови се прошири во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје – Тетово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Во гаснењето на пожарот во Желино биле вклучени Територијалната противпожарна единица Тетово и Бригата ...

Шефот на унгарската дипломатија и трговија, Петер Сијарто, по забраната за влез во Унгарија и Шенген зоната на командантот на украинската единица за дронови, Роберт Бровда, која неодамна го нападна нафтоводот „Дружба“, синоќа изјави дека војната меѓу Украина и Русија не е унгарска војна. Ваквата реакција на Сијарто следеше по изјавата на неговиот украински колега, Андриј Сибиха, дека е „бесрамно“ да му се соопштат овие мерки на украински војник ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц веќе не очекува дека во блиска иднина ќе има средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски, јавува ДПА. За време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Форт де Брегансон, неговата летна резиденција на Азурниот Брег, двајцата разговараа за дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина, рече Мерц. -Денеска повторно мора да се справиме со тоа ...

Важно е да се испорачаат преостанатите обврски и земјата да продолжи напред во процесот на пристапување во Европската Унија – порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос по средбата со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Во објава на социјалните мрежи, меѓудругото, Кос вели дека заедно со Муцунски имале отворен разговор во однос на следните чекори кон европскиот пат на земјата, која како што ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на прекин на огнот, предупредувајќи на сериозни последици. -Сакаме да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економски бидејќи нема да влеземе во светска војна, рече Трамп. Трамп не постави нова временска рамка за спроведување на санкциите ако војната во Украина не биде запрена, ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии. Разрешени беа 41 лица ангажирани во ОИК кои до ДИК имаа доставено документација со која се докажува дека не можат да ги исполнат изборните обврски. На нивно место беа избрани нови од редот на администрацијата. Членовите на ДИК го прифатија предлогот ...

Рачна бомба; оксидирани делови од минофрлачки гранати, од огнено оружје и митралез; различни делови од оружја од Втората светска војна, но и 14 икони, биле пронајдени во контејнер за отпад во атинската населба Кесариани, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, рано утрово биле информирани за оружјето и муницијата, а на местото веднаш пристигнале припадници на Службата за деактивирање на експлозивни направи ...

Главните патишта во Израел денеска се затворени поради протест на кој граѓаните бараат ослободување на заложниците и прекин на војната во Појасот Газа. Демонстрациите ги организира Форумот за заложници и исчезнати семејства – група која долго време бара од израелската влада да даде приоритет на ослободувањето на заложниците и веднаш да ја заврши војната. Се верува дека 20 заложници што ги држи Хамас сè уште се живи. „Спасете ги заложниците, ...

Во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 296.651 мегават часови електрична енергија, 8,334 милиони нормални кубни метри природен гас, 357.500 тони јаглен и 101.113 тони нафтени продукти. Според податоците од Државниот завод за статистика, 100 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја. Во споредба со минатогодишниот јуни ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1020
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
67%
1020
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.65
76%
1022
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
74%
1017
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
58%
1016
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
0.89
88%
1021
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
62%
1019
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Родиум

258813.51

Калај

43.93

Злато

139515.92

Рутениум

29192.88

Паладиум

54591.97

Иридиум

145787.60

Бакар

11.07

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.95

Цинк

3.04

Платина

64479.52

Сребро

2159.01