Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната ...

Патнички авион со руски туристи вчера принудно слета на аеродромот во главниот град на Естонија, Талин, но на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот. – Авионот беше пренасочен на аеродромот во Талин, бидејќи не можеше да слета во Пулково, кој беше привремено затворен, изјави шефицата за комуникации и маркетинг на аеродромот во Талин, Маргот Холц. Авионот на египетската авиокомпанија „АлМасриа јуниверзал ерлајнс“ ...

Шумски пожари утрово се активни на островите Закинтос и Кефалонија, како и во близина на градот Воница во западниот дел на Грција, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за евакуација на населените места што се во близина на огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. На Закинтос ситуацијата е особено тешка, евакуирани беа две села во јужниот дел на островот, а интервенираат 20 пожарникари со девет возила, два авиони и ...

Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште. Во „Јасен“ гори мешана шума. На територија на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште, гори букова ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на посетата на командниот центар во Вашингтон за припадниците на полицијата, Националната гарда и федералните агенти кои ја спроведуваат неговата акција за борба против криминалот во американскиот главен град, дека неговите напори водат кон намалување на криминалот. „Како друго место е. Сега сите се безбедни. Ќе го имаме најдобриот главен град досега“, рече Трамп во објектот во Аноксија, кој ...

Насилството во Сирија може да се разгори во секој момент, предупреди специјалниот претставник на ОН за земјата, Гаир Педешен. Тој на состанокот на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Сирија изјави дека транзицијата на земјата по соборувањето на долгогодишниот претседател Башар ал-Асад во декември останува исклучително кревка. -Насилството во Свеида во голема мера се смири по смртоносните судири во јужниот сириски град минатиот месец, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе биде нестабилно, краткотрајно во форма на невреме со засилен до силен југозападен ветер. ...

Во бакаларот, морска риба, која е традиционално јадење речиси на целиот Медитеран, а која потекнува од ладните води на северен Атлантик, поточно нејзиниот црн дроб, според д-р Ерик Берг, се крие лекот за затнати артерии. За отпушување на артериите или одржување на здравјето на артериите, д-р Берг препорачува консумирање на масло од црн дроб на бакалар или само црниот дроб. Впрочем, тој се повикува на студии кои ги покажале придобивките од црниот ...

Унгарија веќе двапати понуди да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина, а понудата останува валидна, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. -Доколку е потребно, ние сме подготвени да обезбедиме соодветни фер и безбедни услови за такви мировни преговори. Среќни сме ако можеме да придонесеме за успехот на мировните акции, рече Сијарто во подкаст емитуван на Фејсбук. Претседателот на САД, Доналд ...

Став на Министерство за здравство врз основа на тврдења за наводни непотребни медицински интервенции. Во јавноста се појавија сериозни тврдења за можни непотребни медицински интервенции. Во здравството постојат јасно утврдени професионални стандарди, протоколи и законски постапки, како и компетентни тела надлежни за нивна примена. Почитувањето на професионалниот интегритет на здравствените работници е задолжително, исто како и почитта кон ...

Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државава, имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“, гори букова шума. На територија на село Церово горат нискостеблеста дабова шума ...

Јадењето најмалку 60 грама бадеми секој ден може да Ве заштити од оштетувањето на ДНК и од оксидативен стрес – еден од тивките виновници за стареењето, воспаленијата и хроничните заболувања, се нагласува во ново истражување – објавено во списанието „Сајентифик репортс“ (Scientific Reports). Во научниот труд, истражувачите собрале резултати од осум клинички испитувања за да го потврдат и разјаснат влијанието на бадемите кај возрасните луѓе. ...

Скопје го очекува продолжен период на високи температури, со вистински топлотен бран кон крајот на август. Според прогнозата, до 23 август температурите ќе се движат меѓу 30 и 37 степени, а од 24 август започнува нов пораст. До крајот на месецот живата во термометарот ќе достигне и до 39 степени. На 31 август и 1 септември се најавуваат максимални 37–38 степени, што ќе биде еден од најжешките периоди ова лето. Сепак, веднаш потоа следува нагла ...

На граничните премини во земјава денес има засилена фреквенција на возила и се бележат поголеми задржувања. На преминот Табановце, за влез во Македонија се чека и до 30 минути, додека на Богородица, за излез од државата, колони возила создаваат чекање од околу 20 минути. На останатите гранични премини сообраќајот се одвива релативно нормално и без подолги задржувања. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патиштата низ државата е зголемен ...

Државната изборна Комисија денеска не го донесе упатството за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совети на општини и на Градот Скопје, откако членот на ДИК Дитмире Шеху побара одлуката да се донесе со консензус, едносгласно, повикувајќи се на одредби од Изборниот законик кои, како што рече, предвидуваат член на Комисијата да може да побара вакво гласање ако одлуката се однесува на немнозинските заедници. За Шеху е спорно ...

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша рускиот лидер Владимир Путин како „предатор, чудовиште на нашите врати“ кое „постојано мора да глода за да преживее“, повикувајќи ги Европјаните да „не бидат наивни“ кон Русија, која „долго време ќе остане дестабилизирачка сила“. „Од 2007. до 2008. година, во време на руската интервенција во Грузија, претседателот Путин ретко ги исполнувал своите обврски. Континуирано бил дестабилизирачка сила и се ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, пред мајсторите и занаетчиите од Старата скопска чаршија ги претстави своите предлог-мерки за зачувување и развој на занаетчиството како столбот на културното и историското наследство на градот. „Старата чаршија е душата на Скопје, жив споменик на историјата, културата и традицијата. Но нејзината иднина зависи од луѓето кои ја одржуваат оваа традиција жива. Нашата цел е да и се врати историскиот ...

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права (УНХЦР) издаде драматично предупредување дека ризикот од глад е присутен насекаде во Појасот Газа. Според портпаролот Тамин Ал-Китан, ситуацијата е резултат на систематското блокирање на хуманитарната помош од страна на израелските власти, што доведува до критичен недостиг на основни средства за живот. На прес-конференција, Ал-Китан изјави дека израелската армија ги интензивира нападите во ...

Муслиманите во малезиската држава Теренгану кои ќе ја пропуштат Џумата, задолжителната петочна молитва во џамија, без основана причина ризикуваат парична казна до 3.000 малезиски рингити (околу 590 евра), затворска казна до две години или и двете, откако стапи на сила Законот за шеријатски прекршоци од 2016 година. Шефот на Државната канцеларија за информации, проповедање и зајакнување на шеријатот, Мухамед Калил Абдул Хади, рече дека претходно ...

Леонардо Дикаприо „не може да замисли никој друг освен“ Марк Волберг во „Буги-ноќи“ (‘Boogie Nights’), но сепак жали што не глумел во oвaa филмска класика. Волберг, сега 54-годишен, се прослави со улогата на Еди Адамс / Дирк Диглер во филмот на Пол Томас Андерсон од 1997 година. Но, улогата првично му била понудена на Дикаприо, кој тогаш ја одбил бидејќи веќе потпишал договор да глуми во „Титаник“ на Џејмс Камерон. Леонардо Дикаприо (50) и Томас ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени Целзиусови. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната ...

Би-Би-Си – Лондон Сликата не можеше да биде поразлична овој пат. За разлика од шокантно тензичната претходна средба во февруари, американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски изгледаа решени да не изгледаат конфронтациски – и покрај нивните преостанати разлики. Зеленски носеше костум со јака (иако не класичен крој), а Трамп го пофали неговиот изглед. Украинскиот претседател исто така постојано кажуваше ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе издаде указ за укинување на гласањето по пошта и употребата на електронски машини за гласање пред изборите за Конгресот во 2026 година, јави ДПА. „Ќе поведам движење за укинување на гласачките ливчиња по пошта, како и на, да ги наречеме, неточните, скапи и крајно контроверзни машини за гласање“, напиша Трамп на својата платформа „Трут Соушл“. Тој додаде дека ќе потпише указ со цел да ја ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, која ја организира американскиот претседател Доналд Трамп. Средбата меѓу Зеленски и Путин би била чекор напред, изјави францускиот претседател по самитот меѓу Трамп, Зеленски и европските лидери во Белата куќа.„Дали мислам дека би можело да биде конечно? Останувам многу ...

Со оваа одлука значително се поедноставува постапката за учество на независните во локалните избори. Новите правила ќе стапат во сила по нивното објавување во „Службен весник“. За прашањето на потписите, во саботата беше закажана и итна собраниска седница. Предлогот предвидуваше независните листи да треба да обезбедат потписи од 0,9% од вкупниот број запишани избирачи во општината. Но измените не беа изгласани – дел поради немањето доволен број ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време, над 15 литри на метар квадратен, и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен ...

Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината, како што посочуваат од ИНРМ, е продолжената пракса на издавање таканаречени „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај 2025 година законот наложува фактурите да се засноваат исклучиво на реално измерена ...

По синоќешниот масовен митинг во Тел Авив за поддршка на заложниците стотици демонстранти се упатија кон блиското седиште на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, каде што запалија логорски оган и се судрија со полицијата. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како полицијата насилно ги потиснува демонстрантите кои удираат тапани и извикуваат антивладини пароли, објавува „Тајмс оф Израел“. Претходно, израелската полиција ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон изјави дека се надева дека „заедничката сила“ на Украина со своите американски и европски колеги ќе ја принуди Русија да склучи мир. „Благодарен сум на американскиот претседател за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, рече Зеленски на Телеграм по пристигнувањето во Вашингтон доцна синоќа. „И се надевам дека нашата заедничка сила со ...

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на македонската Армија. Повеќе од три децении исполнети со посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на Татковината ќе бидат одбележани со пригодна програма и присуство на високи државни и воени претставници. Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателката Гордана ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1020
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
67%
1020
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.65
76%
1022
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
74%
1017
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
58%
1016
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
0.89
88%
1021
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
62%
1019
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Паладиум

54591.97

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04

Калај

43.93

Бакар

11.07

Родиум

258813.51

Злато

139515.92

Кобалт

58.42

Сребро

2159.01

Платина

64479.52

Алуминиум

2.95