Според динамиката на објавени повици од новата ИПАРД 3 програма, годинава се очекува уште еден повик за Мерка 1 и Мерка 7. Доколку имате идеја за подигање нов овошен или лозов насад, да изградите фарма, да набавите земјоделска механизација и друго, ова е можноста која ви се нуди да инвестирате со со 60% грант од државата. Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства. Преку оваа мерка можете да инвестирате во ...

Во Штип во раните утрински часови преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе трета адултицидна (тереистичка) дезинсекција и четврта ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците, информира преку соопштение секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова. Во соопштението се посочува дека запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 01 до 04 часот адултицидната (терестичка) и од 05 до 07 часот ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за еден денар за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Од РКЕ додаваат дека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,626 денари за ...

Во архивата на Општина Валандово досега се поднесени 580 пријави за штети од невремето кое го зафати валандовско на 2 овој месец, информираше градоначалникот Перо Костадинов. Според него, бројот на пријавите ќе биде поголем од досегашните, бидејќи пријавувањето на штетите трае до утре и тогаш ќе се знае точно колку граѓани ќе побараат оштета за претрпените штети од невремето. -Најголем дел од пријавите за штета се однесуваат за градот ...

Винариите навремено да склучуваат договори за откуп на грозје, бараат од регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари”. Претседателот на здружението, Дане Јошев во изјава за МИА, рече дека според нивните пресметки, грозјето од годинешнава реколта треба да ја има цената од 30 денари за килограм „вранец” и 25 денари за „смедеревка”. – Доколку винарниците навреме склучуваат договори со нас лозаропроизводителите, ние ќе знаеме уште на стартот ...

Во Берово вечерва ќе се спроведе втората теристичката дезинсекција за уништување на комарци. Со дезинсекцијата, како што информираа од општината, ќе бидат опфатени зелените површини во oпштината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. – Согласно Законот за заштита на ...

Во текот на утрешниот ден на територијата на Општина Охрид ќе се врши теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19 часот во вторник до шест часот в среда, а со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, како и потегот на реките Грашница и Коселска. Заради тоа се известуваат граѓаните кои одгледуваат ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 минути, а на ГП Богородица време на чекање за излез од државата е 15 мин. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина ...

Првиот заменик претседател на Влaдaта, а воедно и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со вицепремиерот Арбен Фетаи, како и пратеници од регионот и општински советници, денеска најавија затворање на нестандардната депонија на Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак. Меџити во оваа прилика најави дека во рамките на ИПА2 Програмата за животна средина и климатска акција предвидени се значајни ...

Синдикатот и работодавчите во клинч. Едните бараат минималецот да се покачи на 450 евра другите велат дека сега не е дојдено времето за ново зголемување. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е отворен за дијалог но предупреди дека претходното раководство го уништило буџетот на државата. Работодавчите цврсто стојат на нивниот став дека нема простор за ново зголемување и бараат да се почитува законот, а минималецот да расте според трошоците ...

Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски најави дека се разгледува можноста за воведување на трет мобилен оператор. „Сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор. Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на панел-дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги. Тој посочи дека земјоделските задруги се во фокусот на Министерството и, како што рече, тие се битна алка во решавање на проблемот со пласманот на нашите земјоделски производи. – Мораме да работиме да го развиваме задругарството. Во моментов се наоѓаме во еден правен ...

Заканите од климатските промени, проблемите со недоразвиеноста на земјоделството, како и грешките кои се правени во изминатиот период, можат да се решат со здружување на земјоделците, односно формирање на земјоделски задруги порача денеска од Свети Николе, Ѓорѓи Арнаудов претседател на Мрежата на земјоделски задруги. Тој истакна дека сите институции, почнувајќи од Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општините, ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 837 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, и вкупно седум пожари на отворено и сите се изгаснати. Како што посочуваат во соопштението од ЦУК, од овие повици, „реални“ биле 62,60 проценти, додека 37,40 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 65,83 проценти, кон Итната медицинска помош ...

На денешната трета седница на Влада се поништи постапката за доделување на концесија на дивечот во ловиштата во ловните реони Куманово, Кочани, Кавадарци, Гевгелија, Битола, Охрид и Кичево и истите ќе бидат реобјавени согласно новиот закон, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски. На денешната трета седница на Влада се донесе одлука со која се направи пренамена во програмата за финансиска ...

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска објави дека референтната вредност на светските цени на прехранбените производи останала непроменета во јуни, со оглед на тоа што зголемувањето на меѓународните котации за растителни масла, шеќер и млечни производи го надокнади намалувањето на цените на житарките. Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени во меѓународните цени на прехранбените ...

Поради високите температури, започна шпицот во наводнувачката сезона, а земјоделците бараат повеќе вода, рече денеска во изјава за МИА, Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари”. – Според нас, проблемот е во тоа што има недостаток од вода за наводнување поради горештините и недостаток на технички кадри и недостаток на резервни делови за одржување на системите во водостопанското претпријатие. Во такви услови ...

На граничните премини Табановце и Богородица утрово за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути, информираат за МИА од АМСМ. Викендов се очекува зголемен интензитет на сообраќајот поради летните одмори. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава воведен е ...

Вулканската активност на островот Стромболи, северно од Сицилија, ги натера италијанските власти вчера да го покренат нивото на тревога од портокалово на црвено, јави ДПА. Локалните авторитети ги повикаа жителите на островот да ги следат упатствата на цивилната одбрана. Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) соопшти дека на Стромболи е регистрирана зголемена вулканска активност. Активниот вулкан на островот исфрла лава и ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија и д-р д-р Теклу Тесфаје виш економист за земјоделие во канцеларијата на Светска банка во Македонија. Разговаравме за проектот „Модернизација на земјоделството“ кој е финансиран од Светска банка, ме известија за статусот на имплементацијата и текот на активностите како и за ...

Изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал два пожара на отворено, кои биле изгаснати од страна на противпожарните екипи. На запалена ниска вегетација на влезот во Гевгелија било интервенирано синоќа од 18 до 18.50 часот од тим од тројца пожарникари со едно противпожарно возило. Запалена ниска вегетација горела и во штипското село Караорман. Од 17.45 до 19 часот, огнот го гаснеле седуммина пожарникари со три ...

Нa граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од земјава. Времето на чекање е околу 30 минути, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта ...

Земјоделците незадоволни од откупната цена на пченицата. Бараат 30 денари за килограм, а откупувачите им нудат од 10 до 12 денари. На средба со министерот за земјоделие барале начин како да се добие повисока цена и гаранција за откуп на целото домашно производство. Откупувачите пак им вратија – понудената цена е највисока во регионот, информира Сител. – Ќе лобираме да се почитува договореното производоство. Ќе ја следиме целата ситуација и ...

Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15.000 тони пченица исклучиво од македонско производство нема да бидат од увозен карактер, вчера на седница на Влада беше стопирана одлуката за објавата за набавка се со цел да се сменат сите правила на игра за да биде македонската пченица таа што ќе биде откупена – изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Тој информира и дека дополнително ќе се продолжи ...

По надминување на сите имотно-правни и административни проблеми, конечно почна изградбата на нова Пречистителна станица за третман на отпадните води, децениски проблем кој го мачеше Дојран и со овој еколошко-капитален проект го решаваме најголемиот проблем за заштита на Дојранското Езеро, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Тој во објавата на фејсбук потсетува дека средствата во износ од 188 милиони денари за изградба на ...

На граничниот премин Табановце за влез во земјава утринава има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е околу 20 минути, информира Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од понеделникот до 31 август на државните патишта во змјава е воведн летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна ...

Попладнево големо невреме го зафати Валандовско. Земјоделците од село Пирава јавуваат за огромни штети на насадите со градинарски култури, бостан како и оштетени лозја. „Жално, вложен труд, средства и за пет минути го нема . Знам како е имаме и ние страдано вака , само здравје нека е во фамилија“ – коментираат земјоделците на фотографиите кои се споделени на социјалните мрежи. Во објавите на Фејсбук земјоделците со жалење потсетуваат какви ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис. -Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни, изјави Трипуновски. Ова е само најава на тоа што следува и во која насока ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар за литар, а цената на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува. Како што додаваат од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) се зголемува и маллопродажната цена на Мазутот М-1 НС за ...

Општина Кавадарци ги повика земјоделците да пријават штети од град, предизвикани при невремето што го зафати подрачјето на кавадаречко на 27 јуни оваа година. Преку јавниот повик објавен од кавадаречката локална самоуправа денеска, се повикуваат сите земјоделци погодени од природната елементарна непогода, да се пријават во просториите на Општината. Пријавувањето на штетите ќе трае од трети до десетти јули, во Граѓански услужен центар. – ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1004
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
77%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
78%
1006
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1004
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.46
93%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
97%
1006
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
8.05
49%
1006
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
6.69
55%
1008
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.47
85%
1004
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
76%
1004
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
67%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Бакар

11.69

Родиум

336779.07

Платина

67162.91

Алуминиум

3.03

Рутениум

45750.51

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Злато

159231.39

Иридиум

221848.72