
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој донесе одлука за продолжување на крајниот рок на јавниот повик 01/2023 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2021 – 2027. Продолжувањето доаѓа на барање на заинтересираните странки кои поради објективни потешкотии не се во можност да ги обезбедат соодветните понуди за планираните инвестиции и со тоа навремено да ги достават потребните ...
Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на вкупно 22 пожара, а активен се уште е еден – во Општина Македонски Брод, над с.Белица, кај месноста „Аргулица“, каде што гори ретка борова шума на непристапен и тешко пристапен терен, соопшти ЦУК. ОД ЦУК укажуваат дека за време викенд има најмногу пожари на отворено. Апелираат до сите земјоделци и сточари да не ги палат стрништата и пасиштата, а до грѓаните да се воздржат од ...
Во два наврата денеска ќе има прекин во сообраќајот на патот Ранковце – Кратово поради градежни активности за рехабилитација на железничкиот Коридор 8. За денеска фирмата изведувач „Гулермак”, подружница Скопје со Мактек ДООЕЛ, најавува двократно минирање во близина на регионалниот пат што ги поврзува општините Ранковце и Кратово т.е. А2 со Р1205. Како што се наведува во соопштението од „Гулермак”, ќе се реализира минирање во два наврати, ...
Во близина на тетовското село Теарце, вчера околу 13.00 часот на земјен пат кој води кон тетовско Брезно, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Б.Џ.(56) и И.А.(46), двајцата од село Теарце. При преглед во трактор управуван од Б.Џ., информираа денеска од МВР, биле пронајдени дрва без печат и испратница за транспорт, при што тој приложил ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите нафтени деривати останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 81, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 80 денари ...
Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи, станува збор за проектот „Пустиња на смогот“, со кој на иновативен начин ќе се води битка со загаденоста на воздухот, информираа денеска за МИА, од Здружението на граѓани „Ековита“. Оттаму нагласија дека ќе се детектираат лишаи на одредени места во Вардарски плански регион и ќе се користат како биоиндикатори за биолошки мониторинг на аерозагаденоста и постоење на ...
Став на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во однос на денешниот протест на група лозари Како министерство сите овие години во дело сме докажале дека сме искрен партнер на лозарите. Дека се грижиме и даване поддршка за секој еден земјоделец. При бербата и откупот на грозјето, како и секоја година, така и оваа бевме во постојана комуникација и координација со подсекторската група за вино и грозје, следејќи ја бербата, ...
Активни се пет пожари од вкупно 37 што се регистрирани вчера во државава, информира Центрот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК, активни се пожарите во: Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска глава на непристапен терен (каде што гори борова шума); Општина Штип, кај с.Селце на планинскиот дел Серта од Конечка Планина (нискостеблеста шума); Општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ ...
Лозари денеска го блокираа патот Кавадарци – Неготино, кај месноста „Ило Виларов”, барајќи подобри услови за лозаропроизводство. Тие рекоа дека преку мирен протест бараат да се слушне нивниот глас и да ја изразат својата разочараност, од, како што рекоа, лошата гроздоберска сезона. Се пропуштаат итните случаеви. Полицијата е присутна на лице место, а сите што тргнале во овој дел на државата, се пренасочуваат да се движат преку Росоман. – Поради ...
Во август 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0,6 проценти, а на годишно ниво за 1,2 отсто. Според Државниот завод за статистика, во август 2023, во споредба со јули 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,2 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и ...
Цените за воден надомест за наводнување на земјоделските површини и култури остануваат исти и непроменети во однос на минатогодишните цени и цените од претходните години, информираа денеска од АД Водостопанство на РСМ Скопје, Подружница ,,Тиквеш” Кавадарци. – Зголемување на цените за воден надомест за наводнување на земјоделските култури ќе нема. Водокорисниците кои користеле вода за наводнување по гравитационен пат и од пумпните станици, за ...
На тертиторијата на државава вчера имало вкупно 33 пожари. Активни од вчерашните се уште седум, а утрово има известување за четири нови пожари, два во Општина Ѓорче Петров и по еден во општините Петровец и Шуто Oризари, каде што се запалени отпадоци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). По дел од пожарите што загрозуваа села, како што се наведува во соопштението, се дејствувало и со два противпожарни авион на ДЗС и со еден ...
Регулативата за изградба на фотоволтаични централи предвидува целосно почитување на регулативата за пренамена на земјоделско земјиште во градежно. Министерството за земјоделство (МЗШВ) внимава земјоделското земјиште да биде за производство на храна, а она од полоша категорија на кое доминантно не се произведува храна, да се користи за изградба на фотоволтаични централи, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Добар дел од постојните ...
ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар. За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот ...
За два сантиметра е намелен водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е на 14 сантиметри под апсолутно појавениот минимум и е за 1,9 метри понизок од просекот за октомври. Пониско од просечното и тоа за шест сантиметри е и нивото на ...
Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, информираа денеска од Иницијативниот одбор што го организира протестот кај месноста „Ило Виларов“. – Протестот ќе започне во десет часот, веќе пријавивме и во полиција. Очекуваме присуство на лозари, незадоволни од откупните цени на грозјето, соопштија од Иницијативниот одбор на револтираните лозаропроизводители. Оттаму нагласија дека бараат соодветно ...
Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1%, а цените на мало за 1.0%. Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и ...
Состојбата со пожарите на отворен простор е исклучително алармантна. Само во текот на вчерашниот ден имаше 60 пожари, вели директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, апелирајќи до земјоделците да не ги палат стрништата, а сточарите пасиштата. – И покрај вчерашното интезивно гаснење шест пожари на отворено гореа во текот на целата ноќ и се уште се активни, од кои четири се поголеми и поопасни. До вечер ќе станат многу ...
Се шири пожарот меѓу кавадаречките села Бегниште и Кошани, вечерва потврдија за МИА, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. – За жал, ветерот е наш противник во овој случај и упорно го разгорува и проширува пожарот. На терен имаме седум пожарникари со три возила на кои им помагаат и жители од село Бегниште, дополнително е повикан и приправниот тим на ТППЕ и побарана е интервенција од Ј.П ,,Македонски шуми”. Ги замолуваме граѓаните ...
Во компаниите во ТИРЗ зоните за една година се отворени околу 2000 работни места, покажуваат податоците на Дирекцијата на технолошко-развојни зони. Бројот на вработени во зоните во септември се искачил на 17.558 што е за 13 проценти повеќе споредено со истиот период лани, а за 25 проценти повеќе во однос на септември 2021 година и за 31 процент во однос на 2020 година. – Редовната месечна анализа на Дирекцијата покажува дека континуираниот раст ...
Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни пет пожари и тоа во општините Македонски Брод, Штип, Врапчиште, Могила и Делчево. Во општина Македонски Брод гори нискостеблеста шума кај селото Белица, во општина Штип е опожарена нискостеблеста шума на планината Серта, а во општина Врапчиште горат пасишта во истоименото село. Во општина Могила во пределот меѓу селата Могила и Беранци гори ниска ...
„На овие штандови денеска се нашиот бакрдан, вкусното ѓомлезе, сочните сирења, кашкавали, македонското макало, нашиот македонски мед, ајвар, надалеку познатото македонско вино и уште многу други традиционални производи. Нивниот квалитет е највисок и баран а тоа е благодарение на нашата плодна почва и поднебје, на многуте сончеви денови, и пред се на вредните раце на нашите земјоделци“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Вториот национален саем ...
Листата на производи со повластена стапка од 5 проценти на која се наоѓаат 1600 производи е детално прегледана и тоа се оние производи коишто во најголем дел се користат од страна на нашите граѓани во нивната секојдневна употреба. Подготвена е од врвни даночни и финансиски експерти, и доаѓа како дел од даночната реформа во државата за која денеска има најдобра потврда со потврдувањето во време на криза на кредитниот рејтинг на нашата држава. ...
„Северна Македонија сега е лидер во регионот по искористеност на мерките од европската ИПАРД програма. Тоа резултираше со зголемување на средствата за ИПАРД 3, на 97 милиони евра. Ова се мерки за развој на земјоделството по европски терк. А сето ова е уште еден доказ, колку земјоделството и производството на храна ни е високо на листата на приоритети“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Вториот национален саем за храна и пијалаци во Скопје. ...
Развиените земји на конференција одржана во Бон ветија дека ќе одвојат 9,3 милијарди долари за помош на земјите во развој во борбата против климатските промени. Ветувањата се однесуваат на Зелениот климатски фонд, со седиште во Јужна Кореја, oд кој се финансира помошта за земјите во развој. Станува збор за најголемиот таков фонд кој има за цел да обезбеди пари за помош на сиромашните земји за намалувањето на емисиите на гасови, соочувањето со ...
Основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните, и понатаму ќе се оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ од пет отсто, како што е предвидено со Законот за данок на додадена вредност. Оданочувањето на основните прехранбени производи е поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите, кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, која Владата ја донесе на 28 септември, а стапува на сила ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Северна Македонија, во периодот јануари – август 2023 година, изнесува 5 502 897 илјади евра и бележи пораст од 2.0 % во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 299 621 илјада евра, што е за 7.6 % помалку во споредба со претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2023, е 75.4 %, а ...
Евтината дневна тарифа на електричната енергија започнува со примена од 1 декември во периодот од 13 до 15 часот и во првите 10 дена од декември најголем дел од потрошувачите, односно најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап на евтината тарифа, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. -Тарифниот систем за евтината дневна тарифа е донесен уште во јуни, објавен е во „Службен весник“, нема ...
Светските цени на храната не се променија значително во септември во однос на август, а растот на цените на пченката и шеќерот делумно е неутрализиран со падот на цените на растителното масло, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Светскиот индекс на цените на храната во септември изнесуваше 121,5 поени, додека во август беше на ниво од 121,4 поени. Цените на храната се за 10,7 отсто пониски отколку ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од струшкото село Велешта, против правен субјект од истото село и против Н.Ф.(41) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ на дрва и „пустошење шуми“. СВР Охрид денеска соопшти дека при контрола, извршена на 4 октомври на планинскиот врв „Стрижак“ на планината Јабланица, полициски службеници ги затекнале И.Б., сопственик на правниот субјект, и ...