
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 77, а на Екстра лесното ...
Протестите на земјоделците кои бараат подобри услови за земјоделството продолжија во градовите низ Србија, најмногу во Војводина со блокади на патиштата, а за денеска најавија дополнителна радикализација на протестот, јави дописникот на МИА од Белград. Земјоделците кои од 13 ноември го блокираат влезот на рафинеријата на Нафтената индустрија на Србија (НИС) во Нови Сад, почнаа да го блокираат излезот кон новосадската населба Шангај, а ќе ги ...
На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали, информираа денеска од Здружението „Македонски семејни винарии“ со седиште во Кавадарци. -Бележиме одличен настап и успех на вината од македонски производители, членови на нашето здружение, на Wine vision by Open Balkan во Белград. Со законски олеснувања, за само неколку години, ја оправдавме довербата и со секој нов саем покажуваме и докажуваме дека македонското вино е ...
Изминатото деноноќие имало три пожари на отворено, вкупно 1.482 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК и едно комбинирано интервенирање за пренесување на починат планинар од планината Пелистер до пристапен пат за понатамошна постапка, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Оттаму посочуваат дека имало и задоцнети повици за санирање ситуации предизвикани од силен ветар во саботата. -Во Скопско, пожарникарите ...
Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства. Информирајте се дали ги исполнувате условите и за што можете да аплицирате: КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА Земјоделско стопанство ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ СО КОИ ТРЕБА ДА РАСПОЛАГА БАРАТЕЛОТ Растително производство Сточарско производство Кај сточарското производство бараниот капацитет треба да биде достигнат на крајот на инвестицијата. ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ: • ...
Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства. Преку оваа мерка можете да инвестирате во повеќегодишни култури, овоштарници, вклучувајќи трпезно грозје и маслинови дрвја, лозови насади. Како прифатливи трошоци се вклучени сите активности во подигнување на насадот, од подготовка на земјиштето, набавка на садници, системи за наводнување, заштитни мрежи и друго. Информирајте се дали ги исполнувате условите и за што ...
Северна Македонија има голем потенцијал за консолидација на земјоделското земјиште, велат експертите. Откако почна да се спроведува со поддршка на Европската унија и ФАО, овој процес стана целосно функционален, но фрагментираноста на парцелите и натаму е сериозен предизвик. Досега, во рамки на првиот стратешки период од една деценија што веќе измина, се консолидираа околу 3 000 хектари од проценетите 40 000 – 50 000 хектари кои приоритетно ...
Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата. За да можете да аплицирате за користење на средствата од оваа мерка, треба да исполнувате неколку основни услови и тоа: Подобни апликанти за Мерка 7-Диверзификација на фармите и развој на бизниси, можат да бидат: – Физички лица: – Правни лица (микро ...
Позитивната енергија и пријателската атмосфера која ја имавме и на привиот саем за храна вино и туризам “Винска визија” на Отворен Балкан се повторува и оваа година. Голема посетеност и заинтересираност за македонското вино имаше на македонскиот штанд на вториот меѓународен саем „Винска Визија на Отворен Балкан” во Белград. Македонскиот штанд оваа година е со најголем број на винарии изложуважи, претставен со 74 винарии и дестилерии, и со над ...
Привршува откупот на познатиот, по квалитет, дебарски костен, кого го одгледуваат над 200 семејства, кои велат дека се задоволни од заработката. – Родот кај костените годинава беше помал за околу 20 отсто споредено со минатата година, но се со многу подобар квалитет. Костенот во Дебарско е засаден на околу 250 хектари, а собрани беа над 200 тони. Над 200 семејства од овој регион се занимаваат со производство на костени и како што велат ова ...
Локациите кои беа каменоломи во струшкото село Лабуништа ќе бидат засадени со дрвја, информира за МИА претседателот на еколошкото здружение „Натура лаб“ Алим Салоски. Идејата, според него, произлегла по успешно реализираниот проект со раззеленување на просторот, кој беше дива депонија во близина на селото. – Дивата депонија, кога ја затворивме ја покривме со шлуњак и на местото засадивме околу 800 дрвца, багреми. Интересно е тоа што околу 80 ...
Во изминатото деноноќие имало четири пожари на отворено – два во Скопје и околината, еден покрај патот Свети Николе – Штип под надвозникот кај с.Ерџелија и еден кај теовското село Гајре. За нивно гаснење интервенирале противпожарни единици, соопшти ЦУК. На единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.650 јавувања. „Реални“ повици за итни случаи биле 45,03%, а 54,97% „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните. Кон ...
Франција ќе се воздржи од гласање и при денешното изјаснување за предлогот на Европската комисија за одобрување на употребата на спорниот хербицид глифосат и во наредните 10 години, најави францускиот министер за земјоделство Марк Фесно. Првото гласање по овој предлог на Комисијата се одржа зад затворени врати во Постојаниот комитет за растенија, животни, храна и добиточна храна на 13 октомври, но тогаш не беше обезбедено потребното ...
Европската унија ја одобри употребата на контроверзниот глифосат за уште 10 години, но ќе има нови услови и ограничувања, соопшти ЕК. Тоа е органско фосфорно соединение, што се користи за уништување на плевел во земјоделството. Глифосат е хемиски препарат развиен во американската компанија „Монсанто“ и на пазарот пласиран како Roundup. Сега е широко распространет во светот и го произведуваат сите други хемиски компании, меѓу кои и германската ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата за мерката за финансиска поддршка за остварено и продадено или складирано производство на пченица. Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства кои имаат поднесено барање за мерката 1.1 од програмата за финансиска поддршка во земјоделството ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата за мерката за финансиска поддршка за остварено и продадено или складирано производство на пченица. Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои имаат поднесено барање за мерка 1.1 од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година и кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и оствареното производство го имаат ...
Неодамна заврши повикот за Мерка 1 и Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата. Следен повик кој треба да го објави Платежната агенција е за Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И РИБНИ ПРОИЗВОДИ. Еве кои се основните информации за Мерка 3, кој може да биде корисник, кои се приоритени сектори и висина на поддршката: КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК 1. Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни ...
Шумите се нашите бели дробови, наше природно и национално богатство, кон кое сите ние треба одговорно да се однесуваме и да ги чуваме. Како министерство, наша задача, но и на сите нас како граѓани, е да се грижиме и да ги чуваме нашите шумски убавини и редовно да вршиме обновување со нови садници. Годинешната акција за пошумување Ајде да пошумуваме заедно на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП Национални шуми има за ...
„Оваа година има пад на приносот и во Франција и во сите традиционални производители на вино. Бројките покажуваат дека за 30 отсто приносот е намален и кај нас. Болеста и климатските промени го направија своето“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Студио 10“ на ТВ24. Тој додаде дека поради тоа покрај основните субвенции од 40 илјади денари по хектар, лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 12 ...
„Само во последната година вредноста на извозот на вино е зголемена за 12 милиони евра. Во најдобрите 15 земји извознички сме во светот. Ова е сектор во кој треба да се инвестира и да се знаат долгорочно целите“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Студио 10“ на ТВ24. Тој додаде дека со новиот закон за вино, кој е изработен со вклученост на лозарите, винарниците се усогласува македонското ...
„Во 2024 година ќе обезбедиме и зелена нафта за тутунарите со 100 отсто поддршка за зелената нафта. Ова е наменска мерка која дава резултат“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Студио 10“ на ТВ24. Тој додаде дека пред четири години се започна со мерката за зелена нафта кога се покриваа 30 отсто, минатата година 50 отсто, а од следната ќе се покриваат 100 отсто. „Политиките на министерството се 100 ...
Последниот Европски извештај дава добра оценка во делот на земјоделството, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во своето гостување во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 Вести. Тој додае дека Европската Унија јасно нотира постигнат значителен напредок во текот на известувачкиот период во сите области на земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната, фитосанитарната и ветеринарна политика ...
Есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија е рестартирана и е во полн ек, информираат од Агенцијаta за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола. Прекинот на есенските посеви беше предизвикан од неповолните временски услови кои ги спречија земјоделците да работат на земјоделските површини, изјави за МИА Мирјана Милинг, раководителка на Одделение за пелагониски регион при АПРЗ-Битола. -До овој момент посејани се ...
Земјоделците во Србија, кои трет ден ја блокираат рафинеријата НИС во Нови Сад, денеска најавија радикализација на протестот. Во текот на денешниот ден во четири наврати, во 11, 12, 13 и 15 часот, ќе го блокираат кружниот тек на патот Нови Сад – Зрењанин, што се наоѓа на влезот во Нови Сад, во непосредна близина на рафинеријата, јави Бета. Истиот кружен тек вчера беше блокиран 45 минути, што предизвика двочасовен колапс во сообраќајот. ...
Преку новиот модел за субвенционирање, лозарите до крајот на оваа година ќе добијат исплата на 30% или 12.000 денари авансна исплата на субвенциите за 2023 година. Додека остатокот од 28.000 денари, ќе им се доисплати во февруари, традиционално како и секоја година за празникот Св. Трифун кога ќе бидат исплатени и овие 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка од претрпени штети по лозовите насади. Дополнителната мерка пак од 1 денар по ...
„Брисел констатира дека македонското земјоделство е на вистинската европска трака и токму затоа забелешките се однесуваат единствено на заглавените закони во Собранието. Зошто Фарм регистарот не е префрлен од министерството во платежната агенција, зошто не е донесен законот за советодавни услуги коишто се во собраниска процедура. Има и закони коишто чекаат две години во Собранието. Меѓутоа, констатирано е и сето она што макотрпно се работеше во ...
Денеска на 13.11.2023 година во организација на Здружението на земјоделски инженери АГРОНОМ 1947, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна се одржа Тркалезна маса на тема Формирање на Комора на земјоделски инженери. На настанот земаа учество повеќе земјоделски инженери, а со линковско вклучување, претседателот на Хрватската комора на земјоделски инженери, г-дин Ромео Јукиќ го презентираше искуството во формирање на Комората, ...
Истражувањето на британските научници, објавено денеска, покажало дека глобалното затоплување води до промена на климатските екстреми, со наводите дека екстремната суша во северна Италија се удвои во последните две децении, создавајќи клима што се повеќе наликува на таа во Етиопија и рогот на Африка. Анализата на климатските податоци, објавена од WaterAid и универзитетите во Кардиф и Бристол во Обединетото Кралство, открива дека под екстремни ...
Во следниот период Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој административно ќе ги реализира исплатите за предадена пченица, задржано јагне и јаре, заклани гоеници, заклано јагне како и произведеното и предадено млеко од третата фаза за 2022 година. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека до крајот на оваа недела ќе има исплата од Интервентниот фонд на 3 денари за килограм предадена или складирана пченица во ...
Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, информираат дека до крајот на оваа недела ќе има исплата од 3 денари за килограм предадена или складирана пченица во период од 15 јуни до 31 август. Поддршката е од интервентниот фонд. „По доставените материјали од извршните надзори од Државниот инспекторат за земјоделство, административно се обработени сите субјекти кои имаат предадено или складирано пченица во период ...