
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска е домаќин на првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“, а на која учествуваат министрите за земјоделство на Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија, бројни експерти и професори во областа на шумарството од земјава и регионот. Целта на министерската конференција е зајакната регионална соработка во областа ...
Туризмот како никогаш досега им е потребен на државните економии и неговото значење и моќ ќе бидат видливи во наредните години уште повеќе, фокусирајќи се на целите за 2025 година во која треба да се надминат 3,7 милиони ноќевања и повеќе од 600 милиони долари туристички промет во македонската економија, истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски на регионалната конференција за туризам под наслов „CHECK ...
Од денес на сила ќе биде време режим на сообраќајот, кој води од Битола кон Националниот парк „Пелистер“. Од Општина Битола соопштија дека времениот режим на сообраќај се воведува заради почеток на градежните активностите за изградба на колектор за одведување на фекални отпадни води од локалитет „Бегова чешма“ до Национален парк „Пелистер“, во должина од 522 метри. По завршување на оваа фаза од проектот, ќе следува реконструкција на дел од ...
Киев соопшти дека ја привремено ја стопира тужбата пред Светската трговска организација (СТО) против неколку граничи земји-членки на ЕУ, вклучително и Полска, кои воведоа ограничувања за увозот на жито од Украина. – Додека бараме практично решение, нашите спорови во СТО засега се прекинати, изјави украинскиот заменик министер за економија Тарас Качка. Тој оцени дека споровите околу извозот на украинското жито ќе бидат „решени во наредните ...
Во земјава вчера имало вкупно 23 активни пожари на отворено, од кои активни се уште четири, инфрмира ЦУК. Во Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и речиси р невозможно за пристап на лица и за гаснење, во Општина Велес, кај с.Нежилово близу месноста „Изворите на Бабуна“ гори букова шума, во Општина Долнени, меѓу с Долгаец, Стровија ...
Во 2022 година Северна Македонија е 13 земја во светот за извозот и вредноста на македонското вино, а само до денеска, оваа година извозот на вино достигнува над 40 милиони евра, а она што особено го потенцираме е падот на вредноста на извозот на наливно и зголемувањето на вредноста на извозот на флаширано вино, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во изјава на настан во Скопје, организиран по повод ...
Од декември, во периодот од 13 до 15 часот, ќе стартува дневната евтина тарифа за електрична енергија, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. Покрај во овој период од денот, Бислимоски вели дека евтината тарифа останува да важи и во ноќните саати, од 22 часот до 7 часот изутрина. Дневната евтина тарифа се враќа откако беше укината на 1 јануари 2022, кога имаше зголемување на цената на ...
Има неколку земјоделци кои преку Агротим редовно ги следиме со активностите и заедно се радуваме на успешните реколти и заработката која ја имаат од мачната земјоделска работа. Тука секако е почитуваниот Бајро Асцериќ од село Виничани, земјоделски производител кој може да биде пример за тоа како со сериозен пристап кон земјоделското производство, ангажман на целото семејство и поддршката од државата, може добро да се живее од земјоделство. ...
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари, а нема промени на цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83,50 денари, а 85,5 денари ќе чини ЕУРОСУПЕР БС – 98. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 86 денари за литар, а на маслото за горење Екстра лесно 1 ...
Денеска во Гевгелија тимот за управување со ИПАРД програмата при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Платежната агенција на финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во Македонија организираа и спроведоа презентација на „Мерката 1 и 7“ од ИПАРД 3. Европскиот фонд за руралниот развој на членките кандидатки, како што е Македонија, годинава одобри грант (неповратни средства) од 97 милиони евра ...
Сите во регионот правиме напори во рамки на своите можности да им помогнеме на граѓаните, да ја намалиме инфлацијата и притисокот врз животниот стандард, изјави денеска црногорскиот вицепремиер и министер за земјоделство Владимир Јоковиќ, кој учествува на настан во Скопје по повод Светскиот ден на вранецот. Одговарајќи на новинарски прашања како Црна Гора се справува со инфлацијата и како им помага на граѓаните, посочи дека како држава зависна ...
Има неколку земјоделци кои преку Агротим редовно ги следиме со активностите и заедно се радуваме на успешните реколти и заработката која ја имаат од мачната земјоделска работа. Тука секако е почитуваниот Бајро Асцериќ од село Виничани, земјоделски производител кој може да биде пример за тоа како со сериозен пристап кон земјоделското производство, ангажман на целото семејство и поддршката од државата, може добро да се живее од земјоделство. ...
Здружението „Вина од Македонија“ со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе го одбележи Светскиот ден на вранецот. Најавени се обраќања на претседателот на здружението „Вина од Македонија“; Светозар Јаневски, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на црногорскиот министер за зeмјоделство Владимир Јоковиќ. Настанот се одржува петта година по ред, а станува ...
Европа би можела да се ослободи од зависноста од фосилни горива и да создаде самоодржлив енергетски сектор со инвестирање околу два трилиони евра во соларна енергија, ветер и други обновливи извори до 2040 година, покажа новото истражување. Во извештајот, објавен од Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам, се вели дека на континентот ќе му требаат годишни инвестиции од 140 милијарди евра до 2030 година и 100 милијарди ...
Во земјава вчера имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се уште два, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, месност „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е речиси невозможно за пристап на лица и за гаснење. Во текот на денот интервенирала противпожарна екипа од ТППЕ Македонски Брод и од ЈП Национални шуми – ...
Денеска на свечен настан, Фондот за иновации и технолошки развој ги прогласи победниците од јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”. Со овој повик, вкупно 4.4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија да ги реализираат своите иновативни проекти. Целта на повикот е да се поттикнат претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да ...
Полициски службеници на Единицата за брзо распоредување денеска во подножјето на планинскиот врв Стрижак на планината Јабланица го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ф.Н.(41), затекнат при нелегална сеча на шума, поради што се сомничи дека сторил кривично дело „пустошење на шума“, казниво по член 226 од Кривичниот законик. При преглед на теренот, информираа од МВР, била пронајдена и локацијата каде што исечените дрва биле складирани и ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии. До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште еден – во Општина Македонски Брод, во пределот кај с.Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста ...
Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги прогласи добитните компании од јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”. Како што соопштија од Фондот за иновации и технолошки развој, на настанот што ќе се одржи во аулата на Ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, ќе се обратат проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Фестим Халили, директор на ...
Три ЕР трактори од Дирекцијата за заштита и спасување се приклучија на Ј.П „Национални шуми“, Подружница Бабуна Велес, кои веќе трет ден го гаснат големиот пожар кој изби на отворен простор во месноста викана Ламја над село Горно Јаболчиште. Како што информираа денеска од Центарот за управување со кризи теренот е непристапен, вегетацијата е сува и многу висока односно голосек со голема количина суви гранки и висока трева, а поради силниот ветер ...
Бројот на работници во индустријата во август е зголемен за 1,3 проценти во споредба со истиот месец лани, но намалување се бележи во секторот рударство за 1,7 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,9 проценти. Според Државниот завод за статистика, пораст се бележи во секторот Преработувачка индустрија за 1,9 проценти. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи ...
Околу седумдесет бруцоши денеска се стекнаа со индекс на Факултетот за земјоделски науки и храна, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Пред многубројните присутни на настанот, се говореше за значењето на производството на храна, можностите што им се нудат на студентите на овој факултет и важноста на професијата. Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Вјекослав Танасковиќ, рече дека ова е 77. генерација на студенти на ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, а во Општина Василево изгорела и една колиба, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште ...
Големо добредојде за Сојузниот министер за земјоделство и храна на Германија, Cem Özdemir кој ја прифати мојата покана да ја посети Северна Македoнија. Ова е историска посета, за прв пат федерален министер доаѓа во официјална посета и тоа токму на денот на обединувањето на Германија. Поддршката што ја добиваме од пријателска Германија е значајна и се надевам дека оваа посета дополнително ќе ја продлабочи и развие нашата соработка – Нашиша на ФБ ...
Од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар. Согласно одлуката на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 86 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 88, 5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 86 денари за литар. Непроменета останува ...
Деведест и седум милиони евра европски неповратни средства ќе бидат наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата. Финансиската спогодба за ИПАРД 3 денеска во име на Владата ја потпиша вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и министрите за финансии Фатмир Бесими и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо ...
Во текот на вчерашниот ден имало 37 пожари од кои четири се уште се активни, информираа денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму посочуваат дека почнувајќи од петокот до вчера имало вкупно 95 пожари на отворен простор, а во текот на септември регистрирани се вкупно 778 пожари на отворени од кои 43 се гаснети со ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување и со хеликоптери на МВР. – Апелирам до сите земјоделци да не ги ...
„Собери, рециклирај, креирај – од рециклирана пластика до иновација“ е насловен проектот што од 1 септември годинава до крајот на август идната година во Вевчани ќе го реализираат Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, во партнерство со јавното комунално претпријатие „Еремја”. Проектот во вредност од 47.993 долари, како што соопшто Еко свест, ќе се одвива на територијата на општина Вевчани и Споменикот на природата ...
Во Англија вчера стапи на сила забраната за испорака на пластични предмети за еднократна употреба. Претпријатијата повеќе не можат да продаваат пластичен прибор за јадење, чинии и полистиренски садови за еднократна употреба. Сепак, забраната не вклучува пластични садови и послужавници кои се користат за носење или претходно спакувана храна во продавниците. Владата во мај објави дека продавачите кои продолжуваат да ја продаваат забранетата ...
Во Скопје денеска ќе се одржи официјалниот настан за потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3. Спогодбата ќе биде потпишана од вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир. По потпишувањето, најавени се обраќања на Маричиќ, Гир, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 ...