Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека до крајот на оваа недела ќе има исплата од Интервентниот фонд на 3 денари за килограм предадена или складирана пченица во период од 15 јуни до 31 август. По доставените материјали од извршните надзори од Државниот инспекторат за земјоделство, административно се обработени сите субјекти кои имаат предадено или складирано пченица во период од 15 јуни до 31 август 2023 година. До крајот на ...

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК, кон Единствениот број за итни случаи имало вкупно 1.748 повици. „Реални“ повици за итни случаи биле 39,30 проценти, а имало 60,70 отсто други повици, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни, соопштија од Центарот за управување со кризи. – Со решавањето, координирањето, на овие повици преку ЦУК, се растоваруваат од такви повици институциите и службите коишто се за ...

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80 денари за литар, ...

Трета рунда преговори меѓу претставниците на земјите-членки на ОН ќе започне денеска во кенискиот главен град Најроби за финализирање на деталите од глобално обврзувачкиот договор за драстично намалување на пластичниот отпад. Целта на преговорите е да се склучи глобално обврзувачки договор со цел да се минимизираат штетните ефекти од загадувањето со пластика врз животната средина и здравјето на луѓето. Според Plastics Europe, здружение на ...

Во областа на животна средина и климатски промени Северна Македонија има ограничен напредок, но минатогодишните препораки беа делумно исполнети, констатира Европската комисија (ЕК) во извештајот за напредокот на земјава во 2023 година и охрабрува да се преземат натамошни чекори кон зелената транзиција, особено во рамките на Зелената агенда за Западен Балкан. Во извештајот се препорачува да се зајакне имплементацијата во сите сектори за да биде ...

Северна Македонија останува умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој, нотира Европската комисија (ЕК) во најновиот Извештај за напредокот на земјава. Според ЕК, постигнат е одреден напредок во периодот на известување, особено во подготовката на Акцискиот план 2021-2027 година за Националната стратегија за земјоделство и рурални развој, како и во делот на буџетирањето мерки за поддршка во рамки на Националната програма ...

За 22 месеци нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 523,2 МW произведуваат електрична енергија од обновливи извори, покажуваат последните податоци за издадени лиценци за периодот од јануари 2022 година – 31 октомври 2023 година, на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). -За десет месеци имаме нови инвестиции во енергетика што произведуваат електрична енергија од Сонце за ...

Неодамна заврши повикот за Мерка 1 и Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата. Следен повик кој треба да го објави Платежната агенција е за Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И РИБНИ ПРОИЗВОДИ. Еве кои се основните информации за Мерка 3, кој може да биде корисник, кои се приоритени сектори и висина на поддршката: КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК 1. Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни ...

Годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија со позитивни отценки го окарактеризира патот по кој се движи македонското земјоделство и руралниот развој. Во рамки на истиот нотиран е напредок во сите области на земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната, фитосанитарната и ветеринарна политика и рибарството. Како што стои во извештајот, Европската комисија позитивно ги отценува и ...

Во текот на изминатото деноноќие пожари на отворен простор немало. Евидентирани се само три интервенции во урбани средини. Утрово, како што информираат од Центарот за управување со кризи, активни пожари нема. -Територијалната противпожарна едница ТППЕ Радовиш во период од 14:45 до 16:45 часот, со три противпожарни возила и шест пожарникари интервенирале на запалена куќа. Пожарникарите од ТППЕ Струмица во период од 15:05 до 16:05 часот, со едно ...

Неодамна заврши повикот за Мерка 1 и Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата. Следен повик кој треба да го објави Платежната агенција е за Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И РИБНИ ПРОИЗВОДИ. Еве кои се основните информации за Мерка 3, кој може да биде корисник, кои се приоритени сектори и висина на поддршката: КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК 1. Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни ...

Температурите во последните 12 месеци беа најтопли во изминатите 125.000 години, според истражувањето објавено денеска од непрофитната новинска организација „Climate Central“ во Принстон, Њу Џерси. Просечната глобална температура била околу 1,32 степени Целзиусови повисока отколку пред Индустриската револуција, соопшти организацијата. „Топлината подеднакво ги погоди и богатите и посиромашните држави. Додека климатските влијанија беа најсилни во ...

Во реализацијата на проектите за развој на општините значајна е поддршката од Европската Унија, преку експертиза, но и со конкретна финансиска поддршка, а вие локалните власти од земјите членки на Унијата, најдобро ги разбирате нашите напори за унапредување на системот на локалната самоуправа и интегрирање на стандардите на ЕУ за рамномерен и одржлив социо-економски развој, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на состанокот на ...

Шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир денеска во Владата му го врачи Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. На состанокот се дискутираше за Извештајот, планирањето на следните чекори за реализирање на стратешката цел за приклучување кон ЕУ, планот за раст и реформскиот план за Северна Македонија и Западен Балкан. Вицепремиерот ...

Најновите податоци на истражувачите покажуваат дека „практично сигурно“ 2023, годината кога се регистрирани смртоносни топлотни бранови, поплави и пожари, ќе биде најтопла во историјата, објави Би-би-си. Прогнозата уследи по „исклучително“ високите октомвриски температури, а во текот на овој месец глобалните просечни температури на воздухот беа за 0,4 степени повисоки од претходниот максимум во октомври 2019 година, покажуваат податоците на ...

Новиот пакет антикризни мерки, според најавите на Владата, се очекува да биде објавен кон средината или крајот на следната недела. Во меѓувреме, мерката со која дел од прехранбените производи се продаваат со „гарантирана цена“ е продолжена до крајот на годината наместо како што првично беше најавено до крајот на овој месец. Од 20 септември годинава почна да важи мерката за „гарантирана цена“ на вкупно 24 категории прехранбени производи, а на 27 ...

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46 198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19 668,36 денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари. За домување во октомври биле потребни 13 716,86 денари или 30,73 отсто, за хигиена 3 267,42 денари или 7,32 процента, за превоз 3 735 денари или ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 6 240 474 илјади евра и бележи пораст од 1.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, изнесува 8 246 013 илјади евра, што е за 8.4 % помалку во споредба со истиот период лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2023 година, е 2 005 539 илјади ...

“Мерките на Владата даваат резултат. Стапката на инфлација во октомври изнесува 3,5% и е преполовена споредено со претходниот месец кога растот на трошоците за живот изнесуваше 6,6%“, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши, откако Државниот завод за статистика ги објави индексите за трошоци за живот и цени на мало за месец октомври 2023 година. “Трошоците за живот во делот на храна и безалкохолни пијалоци во ...

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела. -Пакетот антикризни мерки вчера беше споделен од Министерството за финансии со Кабинетот на премиерот, со нас и со другите институции вклучени во неговото креирање. Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација кон средината или кон крајот на наредна недела, истакна ...

Во последното деноноќие имало пет пожари на отворено и пожарникарите сите ги изгаснале, соопшти ЦУК. Во Општина Ѓорче Петров изгаснат е пожар на депонија покрај ул. „Радушка“, во пределот кај гробиштата. Била зафатена била површина од 500 m2. Пожарникарите од ТППЕ Велес гаселе пожар на стрниште на површина од пет хектари во атар на с.Клуковец, а во Општина Могила пожарникарите интервенирале покрај патот Битола-Прилеп во близина на с.Вашарејца. ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на сертифициран семенски материјал од пченица и јачмен дека е во тек поднесувањето на барањата по Програмата за спроведување на интервентниот фонд за земјоделство за 2023 година, мерка 1.3 „Финансиска поддршка за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен“. Корисници на оваа подмерка се ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сточарите дека во тек е јавниот повик за мерката 121.1 поддршка за набавка на педигриран добиток. Крајниот рок за поднесување апликации на овој јавен повик за оваа мекра е до 16 ноември 2023 година. Поддршката од оваа мерка се однесува за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко, со исклучок на расата Буша, потоа ...

Почна пошумувањето во атар на село Жегљане општина Старо Нагоричане, информираа денеска од кумановската подружница на ЈП „Национални Шуми. Местото претходно беше зафатено со пожар. – Најпрвин го исчистивме местото, обработено е и сега тече акцијата. Работниците се на терен и се садат садници од црн бор. На оваа површина има 51 хектар, изјави директорот на кумановската подружница Луан Бајрами. Садниците се обезбедени од кумановската подружница. ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,86 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за ...

И покрај поројните локални дождови и влажното време вчера во државава имало четири пожари на отворено и сите се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во саботата на Единствениот број за итни случаи во ЦУК имало двојно повеќе повици од вообичаеното за координирање и решавање комбинирани случаи. -За тоа најверојатно најмногу придонесоа локалните поројни дождови што почнаа од петокот, покрај други локални случувања. ...

Водостоите на речиси сите реки во земјава минимално се намалени во споредба со вчера, додека нивоата на трите природни езера се исти со вчерашните, покажуваат резултатите о д последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најголемо намалување на водостојот од 14 сантиметри има реката Пчиња на мерното место кај Пелинце по што следи Треска кај Македонски Брод со намалување од 13 сантиметри. Кај другите реки ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На патот с.Извор – с.Иванчишта поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Почнувајќи од 06.11.2023, поради изведување на градежни работи за рехабилитација со проширување ...

Тројца ловокрадци вчера биле фатени со седум отстрелани фазани при криволов во Трубарево – ловиште Бунарџик од страна на ловочуварската служба на комцесионерот Ада Петра. Ловокрадците, како што се наведува во информацијата, ги ловеле фазаните од теренско возило во движење по нивите во ловиштето. Еден од ловокрадците возел, а другите пукале од едната и од другата страна на возилото. Според сознанијата на концесионерот, ловокрадците на ист начин ...

Отворањето на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија е значаен чекор за целата држава и нејзините граѓани. За земјоделците и агробизнисмените посебно значење имаат промените на подобро кои ќе ги донесе нашето членство во Унијата. Во таа смисла овој пристапен период и активностите кои ќе се одвиваат се важни и треба да ги следиме и како јавност, но со поголемо внимание како директни учесници, дали на експертско ниво, земјоделски ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
55%
1022
weather icon

Белград

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
69%
1022
weather icon

Загреб

16ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1023
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.44
54%
1022
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
5.14
45%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
68%
1018
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
35%
1020
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
63%
1022
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1022
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
52%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62