Остварив работна средба со претставници на турска компанија, потенцијален инвеститор во Македонија, која што произведува и преработува лешник и кондиторски производи. Се работи за компанија која што има годишен обрт од над 40 милиони долари и своите производи ги извезува во 30 земји во светот. Тие ја претставија својата бизнис инвестиција со посебен акцент во делот на откуп, производство и преработка на лешник со визија за да отворат фабрика ...

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,50 за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 72,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 71,00 за литар. За 0,321 денари поевтинува ...

Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, од саботата секојдневно го гаснат пожарот кај Охрид, а само денеска до 11 часот испуштија дури 126 тони вода, јави дописникот на МИА од Белград. – Припадниците на хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации продолжуваат да им даваат поддршка на ...

Патот од Солун кон Евзони е отворен пред 20ина минути, а во спротивен правец е се уште затворен за сообраќај поради пожар, соопшти грчката полиција. Пожарот, според локалните грчки медиуми е локализиран. Претпладнето се запалило возило на автопатот, и пожарот се проширил на сува трева, па затоа полицијата го затвори сообраќајот и во двата правца пред околу три часа. Тоа предизвика застој на граничниот премин Евзони-Богородица, а грчката ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари- јуни 2024 година, изнесува 3 930.0 милиони евра и бележи пад од 7.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5 544.0 милиони евра, што е за 0.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 1 614.0 милиони евра, соопшти Државниот завод за ...

Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 4.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година има раст од 2.4 %. Цените на угостителските услуги во јули, пак, во однос на јуни ...

Вкупно 29 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на вчерашниот ден, од кои 21 се изгаснати, а три се ставени под контрола. Активни се пет пожари, во општините Македонски Брод, Демир Хисар, Гевгелија, во месноста викана Темна бука во Студеничани и Пробиштип, информира денеска Центарот за упрување со кризи (ЦУК). Под контрола се ставени пожарите во Охрид: Косел – Расино – Опеница – Вапила, во Општина Богданци, кај месноста викана ...

Раздвиженост во Струмичко, трактори со преполни приколки со пиперка ајварка брзаат кон откупните пунктови. На високите температури и понекое облаче денес земјоделците ја берат црвената пиперка- популарната куртовска капија произведена во пластеници и стакленици. Задоволни рекоа дека сега на почетокот цената е добра и се надеваат дека откупувачите и преработувачите ќе се придржуваат кон договорените откупни цени. Во Муртино се откупува црвена ...

Сува трева, стрништа гореле во липковско и кумановско, соопштија денеска надлежните од регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од кумановската подружница на „Национални Шуми“. Сува трева и стрништа гореле во липковските села Матејче, Отља и Слупчане. Пожарникарите успеале да ги изгаснат. Трева и стрништа гореле и во кумановските села Четирце и Љубодраг. – Пожарите се локализирани и завршени, моментално на територијата на општините ...

Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие. Акцијата е во координација на ...

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 29 јули 2024 до 1 август 2024 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за ...

Два хеликоптери од рано изутринава дејствуваат на опожарените подрачја северно од Охрид, црпејќи вода од езерото и гасејќи ги пожарите над селата Косел и Опеница. Од воздух се дејствуваше и вчера во текот на целиот ден, со хеликоптери и со три авиони ер-трактор. На терен се распоредени и екипи на Територијатната противпожарна единица, на општинските јавни претпријатија, на Подружницата на ЈП „Македонски шуми“, како и месното население во обид ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти. Согласно Деловникот, амандманската расправа, која ...

Викендичката-ресторан на Исмет и Елвира Памиќ, кој се наоѓа веднаш до Прокошкото езеро (Босна и Херцеговина), ги нуди сите удобности на планински одмор. Покрај неверојатната глетка, нивните кулинарски вештини ги оставаат сите без здив – од јагнешко и бурек под вршник, до пилешко на скара, секое јадење е вистинско уживање. По таков оброк, домашно планинско кафе и тулумба се совршен крај. Дел од шармот на ова доживување беше и помошта на нивните ...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во општина Кавадарци по негово барање оствари средба со двете земјоделски здруженија кои што се од регионот Федерацијата на фармери, Здружението на мали семејни винарии, претставници од Земјоделскиот инспекторат, Подрачна единица, пратениците, градоначалниците поради претстојниот откуп на грозје. „Она што сакам да ја информирам јавноста преку вас медиумите и ...

Пожарот во Пехчево со кој неколку дена по ред се бореа институциите и граѓаните од околината е локализиран. Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината изразија огромна благодарност до сите нив. Во пожарот изгоре борова шума, а точната површина на опожарените парцели од Општината и надлежните органи дополнително ќе се утврдува. Покрај шумата, во огнените стихии ...

Сицилија се соочува со невидена суша која трае веќе месеци. Италијанската Влада издвоји 20 милиони евра за помош на погодената област. Земјоделството, особено сточарството, е најпогодено. Многу сточари се принудени да ги убиваат животните поради недостиг на храна и вода. Речиси два милиони жители се подложени на рационализација на питка вода, а шест од 29 вештачки езера се целосно исушени. Поради ова, во многу општини граѓаните добиваат вода ...

Имаме реална проекција на БДП, иако и таа е проследена со ризици. Важноста на реалните проекции произлегува од тоа што нереалниот БДП продуцира и нереални расходи во буџетите на корисниците, кои на крајот се трошат непродуктивно. Ова го посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на средба со новинари. „Првиот квартал и индикаторите од вториот квартал не упатуваа на тоа дека нема да се оствари проектираниот раст со ...

Црвен крст на Република Македонија соопшти дека отвориле жиро-сметка и телефонски броеви на Македонски Телеком и А1 за донации за настраданото население од пожарите, како и СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП). ППП се обезбедува од оспособени волонтери на Црвениот крст. Секое заинтересирано лице погодено од пожарите може да поставува прашања и да добива одговори и совети за справување со ситуацијата што ја загрозува ...

Иако министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска се согласува со идејата на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски, средствата одобрени за изградба на пругата кон Бугарија, да се пренаменат, за пругата север-југ, смета дека во пракса тоа би било невозможно. Министерката на денешниот брифинг соопшти и дека веќе остварила средба со Европската инвестициска банка каде што ги бранела аргументите ...

Советот на Европската Унија на почетокот од мај годинава го одобри Планот за раст на Западен Балкан за кој финансиската рамка е 6 милијарди евра, а износот за Македонија е 750 милиони евра. За овие пари, многу се зборуваше во јавноста, но како што објаснија од Министерството за финансии на денешниот брифинг со новинарите, само 250 милиони евра се грант, а другите пари се заем. – Половина од 750 милиони евра, односно 375 милиони евра се заем за ...

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ја повикува јавноста да биде посебно претпазлива се со цел спречување на пожари на ниво на предел. МЗШВ ја потсетува јавноста да биде внимателна во периодот кој што следи бидејќи како што се приближуваме до критичните периоди од сезоната на пожарите и зголемениот ризик од појава на пожари на ниво на предел, но и моменталната состојба со пожарите во земјава, од суштинско значење е јавноста ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Флакрон Беџети го посетија селото Глумово во Општина Сарај, каде извршија увид во фабриката за преработка и производство на месни производи „Тиамо“. За време на посетата, министерот Дурмиши беше информиран од страна на менаџментот на компанијата за ...

Фамилија Здравески од село Мусинци годинава се приклучија на проектот „Договорно производство на бессемена лубеница“ на 2 ха површина. Го следиме нивното производство со сите агротехнички мерки, од садење, заштита, прихрана, наводнување, а сега на ред дојде и бербата на лубеницата. Она што може да се каже е дека работат цело семејство, произведуваат професионално и со мерак. Очигледно задоволни од родот, овие вредни земјоделци ја извршија и ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска на 28 корисници на дивечот во ловиштата им врачил 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Овие договори се во важност до објавување на јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата. Со нив се уредува одгледување и заштита на дивечот во ловиштата, соопшти Министерството. Во јули месец, се додава во соопштението, на овие 28 ...

Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон. Јас жалам за обидите на дел од раководството на синдикалните организации да бидат политичари или, пак, слуги на опозициски политичари или опозициски партии, а не да работат во интересот на работниците, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање во врска со зголемувањето на платите, а со тоа и на минималната плата. – Мислам дека интересот на работниците е да има ...

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш вчера го лишија од слобода С.Р. од радовишкото село Али Коч затоа што подметнал пожари во близина на селото. Како што информираат од МВР, вчера во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на село Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума. -По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека ...

Поминаа околу 40 дена откако град предизвика штети во Тетово, Желино и Јегуновце. Земјоделците велат дека доколку Владата не ги обесштети, нема да можат да ги засадат есенските култури. -Чекаме што поскоро да почнеме да работиме бидејќи немаме можност. Штетата е преголема. Не знаеме колку ќе платат, но имаме преголема штета, за да почнеме да се подготвуваме за следната година, бидејќи оваа година заврши. Не знаеме колку ќе ни платат или не, но ...

Грција го забрани движењето на кози и овци од нивните фарми за да се борат со смртоносната епидемија на „козја чума“. Министерот за земјоделство и рурален развој Костас Цијарас најави забрана за комерцијално колење на кози и овци, како и движење на животните. Мерките веќе се во сила во делови од централна Грција каде што за прв пат беше пријавена епидемијата. Вирусот, познат и како peste des petits ruminants (PPR), е многу заразен и ...

Петте лица од светиниколското село Стројменци, кои се заробени во пожарот, со помош на хеликоптер веќе се извлекуваат, изјави за МИА градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев. – Огнот во моментов е над селото Орел, накај селото Ранчанци. Во атарот на село Орел сега нема опасност по куќите и мислам дека ќе го стават под контрола, потоа од Стројменци накај село Ранчанци, накај манастирот Света Недела. Ме радува што во моментов има авиони, кои ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1021
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
66%
1021
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
52%
1024
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.51
60%
1020
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
65%
1024
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
6.17
47%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
73%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
35%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
48%
1019
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
53%
1024
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
10.29
46%
1016
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60