Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска донела одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од три денари по килограм предадена пченица, со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица. Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка ...

Денеска во 11.25 часот во с.Крушопек, скопско, униформирани полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(60) од с.Крушопек, поради тоа што го запалил стрништето од својата нива и предизвикал пожар, кој опфатил поголема површина. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. agrotim4 ...

Од денеска укината е рестрикцијата во водоснабдувањето во Дебар, воведена на 18 јули. -Од денеска нормално е снабдувањето со вода за пиење, по 47 дена од воведувањето на рестрикцијата. На тоа бевме принудени, откако нашите апели таа рационално да се користи беа попусти. Корисниците продолжија со злоупотреба на водата за пиење, за наводнување зелени површини, градини, миење на дворови па дури и тротоари и улици пред секоја куќа, изјави за МИА ...

Евидентирани се вкупно осум пожари на отворен простор низ државава до 13.30 часот. Од нив, четири се активни, а два се ставени под контрола, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од активните, два се на територија на општините Чашка и Чучер Сандево, каде гори мешана шума. Нискостеблеста вегетација гори во прилепскиот регион, а стрниште на територија на струшкото село Горно Татеши. Првиот пожар ставен под контрола е на ...

Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“ в сабота ќе ја реализираат втората еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро кај Струга. Целта, според најавата, е зачувување на природната убавина и богатство на Охридското Езеро и подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина. – Целта на оваа иницијатива е да се одржи чистотата и убавината на нашето ...

Промоцијата на брошурата ,,Легенди за Тиквешијата”, е само еден од настаните за време на манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер”, што денеска ги најави Музеј галеријата во Кавадарци. Традиционалната културна и туристичка манифестација ќе се одржи во петок, сабота и недела. – Во петок во музеј галеријата ќе имаме изложба на уметнички слики од Мирослава Микица Трујкановиќ и концерт на рок групата BADASSALL. Во сабота на програмата е промоцијата на ...

Со голема тага и неверување ја примивме веста за смртта на проф.д-р Александар Трендафилов, редовен професор до своето пензионирање на Шумарски факултет на катедра за ерозија и геодезија -земјиште и вода. Проф.д-р Александар Трендафилов почина на 69 годишна возраст, на 31. 09. 2024 година. Роден 19.12.1955 година во Ново Село Струмица, го завршил Шумарскиот факултет во Скопје, каде во 1996 година и докторирал. Од 1995-1999 бил Помошник министер ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Државниот завод за статистика ја објави состојбата за слободни работни места во второто тримесечје од 2024 година. Како што соопштија најмногу работници недостигаат во групата Услужни дејности и продажба. Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.95 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.68 % има секторот З – Објекти за сместување и ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 101.2. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 5.3 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од ...

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 32 пожари на отворен простор, од кои 27 се изгаснати, еден е ставен под контрола, а четри се уште се активни. Активни пожари има на територија на Општина Чучер-Сандево, кај село Танушевци, во месноста викана Рамно, во Општина Чашка, на планината Мукос, кај село Степанци, во месноста викана Кадиица и селата Оморани и Ораов Дол, во Општина Прилеп, кај селата Пештани, Кокре и Кален и во ...

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули лани е зголеме за 1.2 %, сооппти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 5.3 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.2 %. Според главните индустриски ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на отворање на Подрачна единица при МЗШВ во општина Јегуновце. Изминатиов период министерот Трипуновски во изјава за медиуми најави дека ќе се отвораат подрачни единици и канцеларии во речиси секоја рурална општина за да се биде поблиску до земјоделците. Од сега Министерството преку подрачните единици ќе биде сериозен сервис на самите земјоделци. ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,50, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 78,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 68,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и останува 69,50 ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Табановце” и „Богородица” за влез и излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Доколку почнувате да се занимавате со земјоделско производство, за да може да станете корисник на финансиска поддршка за субвенции и мерките од рурален развој, прво што треба да направите е да се запишете во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС). Тоа значи дека треба да отидете во подрачната единица на министерството за земјоделство, во местото на живеење евидентирано во личната карта, за да се запишете во ЕРЗС. Барање за упис ...

Здружението на одгледувачи на лешник во Македонија – ЕКО ЛЕШНИК ги информира земјоделците за потпишување на долгогодишни договори за откуп со Нелкоски Органик Фуд Zaum Organic. Лешникари! Нелкоски Органик Фуд Zaum Organic продолжува со потпишување на долгогодишни договори за откуп. До сега 20 земјоделци со нови 5 годишни договори. Потпишани договори со земјоделци од Тетово, Гостивар, Брвеница, Ранковце, Прилеп, Битола, Демир Хисар, Охрид, ...

„Денес заедно со Васе Анакиев, Директор на Државниот земјоделски инспекторат сме на теренска посета во Тиквешијата. Сакаме од лице место да видиме како се одвива откупот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Моментално се наоѓаме кај еден од лозарите, директно на терен да видиме како оди бербата. И од тука продолжуваме по откупните пунктови се со цел да направиме еден личен увид во делот на ...

Локалната власт на шпанската провинција Екстремадура објави дека нуди до 15.000 евра на заинтересираните да се преселат во областа најмалку две години. Оваа автономна покраина, која ја има една од најмалите популации во Шпанија, издвои два милиони евра за да поттикне 200 дигитални номади и работници од далечина да се преселат во регионот, објави „Си-ен-би-си“. Владата на Екстремадура наведува дека оваа финансиска поддршка е наменета „за ...

Ги отвораме институциите, македонските земјоделци ќе имаат полесен пристап до Платежната агенција – информира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. -Заедно со директорот сакаме да соопштиме до сите земјоделци дека во наредниот период секоја подрачна единица и вработените во подрачните единици на Министерството ќе имаат пристап до базата на податоци на Платежната агенција за да не мора земјоделците да патуваат до Скопје и да ...

Ги отвораме институциите, македонските земјоделци ќе имаат полесен пристап до Платежната агенција – информира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. -Заедно со директорот сакаме да соопштиме до сите земјоделци дека во наредниот период секоја подрачна единица и вработените во подрачните единици на Министерството ќе имаат пристап до базата на податоци на Платежната агенција за да не мора земјоделците да патуваат до Скопје и да ...

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска информира дека системите е-ПДД , е-Даночни услуги и МојДДВ се во функција. – Активностите околу надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги што УЈП ги започна вчера по 16:30 часот, успешно се завршени и даночните обврзници може да продолжат со користење на услугите преку овие системи кои ги нуди Управата за јавни приходи. Благодарност до сите граѓани и даночни обврзници за разбирањето, се наведува во ...

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2024 година изнесува 100 280 метри кубни и во однос на второто тримесечје од 2023 година е намалено за 7,8 отсто. Според Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадните видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадните видови и кај просторното дрво од иглолисните видови. Намалување на ...

Државниот завод за статистика информира дека во трговијата на мало во јули 2024 година, во споредба со јули 2023 година зголемување на номиналната и на реалната стапка е забележано кај прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 20.2 %, а реално за 17.1 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 8.5 %, а реално за 5.1 %), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за ...

Во текот на денешниот ден, до 14 часот, имало вкупно четири пожари на отворен простор. Од нив, два се сѐ уште активни, а другите два се под контрола, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едниот активен пожар е во подрачјето на селото Смиљковци, Општина Гази Баба. Другиот е во Општина Чучер Сандево. На двете места гори сува трева. Од пожарите под контрола, првиот е на територија на Општина Штип, меѓу селата Едеклерци ...

Индустриското производство во јули годинава, во однос на јули минатата година е зголемено за 3.8 отсто, додека во периодот јануари – јули годинава, во однос на истиот период лани е намалено за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 14.9 проценти, во секторот ...

Земјоделско – шумарското средно училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, подарува по една саксија цвеќе за секое прваче во општината, информираа денеска од училиштето што постои 67 години, на нивниот фејсбук-профил. Оттаму нагласија дека ваквата активност, веќе станува традиција. – СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци и оваа година подарува по една саксија цвеќе за секое прваче. Цвеќе одгледано со љубов од нашите ученици и наставници, сега со љубов ...

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Табановце” и „Богородица” за влез и излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во јули, изнесува 5,67 проценти, што претставува месечен раст од 0,01 процентен поен. Вкупните депозити на домаќинствата овој месец се со каматна стапка од 1,89 проценти со месечно зголемување од 0,05 процентни поени, објави денеска Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во јули годинава изнесува 5,46 проценти и забележа месечен и годишен пад од 0,01 проценен поен. ...

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2024 година, изнесуваат 235.202 милиона денари што претставува квартален раст од 9.988 милиони денари, соопшти Народната банка. Останатите финансиски институции имаат учество од 21,3 проценти во средствата на финансиските институции. Во рамки на структурата на ОФИ, најголемо учество од 65,3 проценти во вкупните средства имаат пензиските фондови, по што следуваат ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
38%
1019
weather icon

Белград

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
42%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
49%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
40%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.75
71%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
60%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
51%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
69%
1018
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.12
56%
1017
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
38%
1022
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
73%
1016
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60