Ќе доцни ли овогодинешната сеидба на ориз во кочанскиот регион? Браната Калиманци е со намален капацитет, што може да резултира со рестрикција на површините под ориз, тврдат оризопроизводителите од кочанско и се жалат дека со овој проблем се соочуваат со години наназад. Велат, површините се подготвени за сеидба, трошоците се направени, но не можат да ги посеат. Од планираните 4.300 хектари за сеидба, моменталната исполнетост на Акумулацијата ...

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет ја исплати кон Развојната банка втората транша од средствата од унгарскиот заем наменети за поддршка на домашните компании. Како што информираа од Министерството за финансии, втората транша е во износ од 4,557 милијарди денари или 74 милиони евра, која се реализира врз основа на доставеното барање од страна на Развојната банка за повлекување средства за проекти што веќе се одобрени од ...

Денеска сум во општина Ресен каде што ќе извршам увид на оштетените насади од природни непогоди, информира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. На средбата со градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски бев информиран дека на денешната седница на Советот ќе се донесе одлука каде што ќе се прогласи природна непогода за регионот кој што е погоден. Ќе се формира комисија која ќе врши увид и евиденција на настанатата штета кај сите ...

Цената на златото достигна нов рекорд во услови кога расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега вреди повеќе од 3.200 долари (2.454 фунти), што е првпат да ја надмине таа граница, бидејќи инвеститорите се свртуваат кон таканаречените „безбедни засолништа“. Швајцарскиот франк, уште едно безбедно засолниште, достигна највисоко ниво во последните десет години во однос на американскиот долар, додека распродажбата на ...

Европската комисија гласаше за воведување царини од 25 отсто за американски стоки во вредност од околу 22 милијарди евра како прв дел од одговорот на трговската војна на Трамп. Листата на ЕУ вклучува земјоделски производи како што се соја, бадеми, месо, тутун, боровинки, сок од портокал, како и железо, челик и алуминиум и текстил. Се очекува некои од тарифите да стапат во сила на 15 април, за други од средината на мај, а царините за ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Патниот правец Крушево – с.Долно Дивјаци – с.Кочиша е небезбеден за сообраќај и претсавува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 04.4.2025 година е затворен за ...

Јавниот повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ овозможува кофинансирање до 70% од вкупно прифатливите трошоци за набавка на нов трактор, приклучна механизација, опрема за подготвителни активности при обработка на земја, наводнување, одводнување, опрема за берба, контрола и заштита. Начинот на аплицирање е со поднесување на деловен план/технички предлог проект и придружната ...

Секретарот за финансии на САД Скот Бесент се обрати пред медиумите во обид да ги разјасни коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за новите трговски царини. Трамп пред малку најави зголемени царини за Кина, но царини замрзнати на 10 отсто во текот на 90 дена за сите останати земји. Бесент порача дека САД се подготвени да преговараат со „секоја земја во светот“ што сака да разговара за трговските услови. „Ќе преминеме на основна ...

Претседателот на САД Доналд Трамп објави пауза од 90 дена на неговите огромни тарифи, давајќи им на сите земји основната линија од 10 отсто, освен Кина, за која ќе има уште повисоки царини. „Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон светските пазари, со ова ја зголемувам тарифата што ѝ ја наплаќаат САД за Кина на 125%, тоа стапува веднаш на сила“, напиша Трамп на Truth Social. Нагласувајќи дека повеќе од 75 земји побарале ...

Земјоделци се обидуваат со различни методи да ги заштитат овошките од ниските утрински температури. -Обработуваме околу еден хектар насад под слива мешани сорти – стенлија, чачанска лепотица и сега мал дел нов насад чачанска рана. Се наоѓаме во радовишката околина, пробуваме да заштитиме со димење на слама – вели земјоделски производителот кој ни ги испрати фотогафиите. Според неговите кажувања, нема некои посериозни оштетувања. „Нема некои ...

Погледнете го начинот на кој лозарите од Бургундија се борат против ниските температури. Доцните мразови се особено штетни за земјоделските култури, па земјоделците на различни начини се обидуваат да го спасат она од кое живеат. Токму поради ова, земјоделството како бизнис под отворено небо го има еден од најопасните, скриени „непријатели“, поточно временските услови, кои колку што можат да бидат поволни, можат да наштетат и на одредени култури. ...

Поради снегот што падна денеска, од 18:00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите возила, соопштија од ЈП „Македонија пат“. Исто така, од 15:25 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец Маврово – Дебар. Од 16:20 часот започна и забрана за сообраќај за тешки товарни ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на мерките за директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети и директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети. Корисници на мерката за одгледани и продадени или заклани бројлери се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани ...

За еден месец, по појавата, птичјиот грип во Албанија згасна неколку живинарски фарми, кои главно се наоѓаа во областа Рашбул, кај Драч. Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, досега во двете големи компании „Реас“ и „АИБА“ од птичји грип Х5Н1 угинале 497.986 кокошки. -Министерството за земјоделство излезе со соопштение во кое се наведува дека угинатите и заразените кокошки се уништени. Нивното уништување е направено ...

Водостојот на повеќето реки низ државата е над просекот за април, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Евидентирано е зголемување на нивото на реката Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, како и на Црна Река кај Новаци. Намалување под просекот имаат реката Црн Дрим кај Ложани, Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Берово и Крива река кај Крива Паланка. ...

Незадоволни од откупната цена за македонското јагне која се движи околу 210 денари за килограм жива мера, сточарите не го предаваат јагнето во македонските кланици. Бараат Владата итно да ја укине мерката со која тие се обврзани 50% од јагнињата да ги даваат на домашните кланици, за да може слободно да го извезуваат во странство каде цената достигнувала и до 300 денари за килограм. Само во Пелагониско 70% од јагнињата не биле предадени. Извор – ...

По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче. Веднаш по излевањето беше ангажирана механизација што работеше на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување. В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, веднаш стапи во контакт со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), МВР и АД ...

Градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов попладнево објави јавен повик, со кој се повикуваат земјоделците да пријават штети од ниски утрински температури, што го зафатија регионот пред неколку дена. – Општина Росоман ги повикува сите кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода што ја зафати територијата на општина Росоман во периодот од 17 до 20 март 2025 година, да ја пријават штетата на ...

Во тек е Јавниот повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ кој овозможува кофинансирање до 70% од вкупно прифатливите трошоци за набавка на нов трактор, приклучна механизација, опрема за подготвителни активности при обработка на земја, наводнување, одводнување, опрема за берба, контрола и заштита. Ова дополнително го зголеми интересот на земјоделците за набавка на нов трактор ...

Пазарот на боровинки и малини расте секоја година. Ова ги поттикна производителите од различни земји да сакаат да ја искористат растечката побарувачка. Во Европа, моментално најважен пазар е Германија. На полиците на локалните продавници, боровинки и малини се достапни во текот на целата година, пренесува Frucht Portal. Германскиот увоз на ова овошје поставува рекорди од година во година. Во 2023 година земјава увезла околу 64.000 тони ...

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,26 метри надморска височина. Водостојот денеска е 31 сантиметар под просекот за април или 16 сантиметри над дозволениот минумум. Деновиве во регионот временските прилики се променливи со врнежни од дожд, што ќе придонесе за подобрување на водостојот во езерото. Дождот изминатите денови придонесе нивото на езерото ...

Сообраќајот на регионалниот патен правец Р1312 на мостот на реката Вардар кај Башино село ќе биде времено затворен за сообраќај за сите видови на возила поради висок водостој на реката Вардар, соопшти ЈП „Македонијапат“. Зголемен е водостојот на поголемиот дел од реките споредено со априлскиот просек. Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утрово во 07:30 часот покажуваат дека е зголемено нивото на Вардар кај Јегуновце, Скопје ...

Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има оформено 50 предмети откако до нив стигнале примери за нефер трговски практики, вели заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Ристески вели дека комисијата ќе излезе на терен и ќе ги проверува случаите, а доколку има потреба ќе има и казни. Проверките, како што вели Ристески, комисијата ќе ги прави на лице место. „За пронајдените неправилности казните се големи, до 20 000 евра. ...

Според утринските податоци од хидролошките станици, високи се водостоите на сите реки низ државава, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи. – Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот се очекува, постепено намалување на водостојот, ...

Општина Кавадарци денеска упати јавен повик до земјоделците да пријават штети кај овошки од ниски температури. Се работи за оштетувања од ниски утрински температури што го зафатија регионот пред неколку дена, а земјоделците се пожалија дека имаат штети кај дрвцата праски, кајсии и бадеми. – Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци кои имаат претрпено материјална штета од природна непогода – ниски температури на овошни насади, што го зафати ...

Во тек е повикот за Мерка 1 од ИПАРД преку кој земјоделските производители можат да набават трактор и приклучна механизација со грант од 60 % до 70% . Компанијата ХЕМОМЕТАЛ ги повикува земјоделците да аплицираат преку ИПАРД за нов трактор како што направиле голем број на земјоделци кои веќе се корисници на овој ГРАНТ. Фамилија Атанасови – с.Орел се добитници на моќниот СОЛИС 90 – ЕУРО 5 преку ИПАРД програма. Повеќе информации за набавка на ...

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото. Пртитоа пронашле 34 пакети со т.н. флипс производи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други ...

Засега нема известување преку Системот за брзо известување за небезбедена храна и храна за животни – (RASSF) на ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА. АХВ, како што наведува, ја следи состојбата со повлекувањето супи во Германија и доколку добие известување преку овој систем, навремено ќе преземе мерки за евентуално повлекување на производи. -До овој момент ...

Ноќеска од 03:15 часот на регионалниот пат Валандово – село Удово, пред село Јосифово на Калковска Река има нанос од песок и сообраќајот се одвива отежнато, соопшти утрово Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од ...

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување. Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
95%
1019
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
1019
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.42
68%
1020
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.08
96%
1020
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
98%
1019
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
81%
1015
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1016
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1016
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
92%
1019
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
93%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Калај

43.93

Алуминиум

2.95

Злато

139515.92

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Паладиум

54591.97

Сребро

2159.30

Бакар

11.02

Платина

64478.87

Цинк

3.04

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88