Познатото земјоделско семејство Исмаиловски од село Будаково ја започнаа жетвата на сончогледот. Тие се големи производители на повеќе земјоделски култури меѓу кои и сончогледотот. Нивното производство кое е повеќе од 100 хектари секоја година, придонесува во проектот за враќање на сончогледот на македонските ниви – проект кој пред 7 години започна на иницијатива на првиот човек на фабриката откупувач – „Кристал 1923“ од Велес. -Годинава ...

СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”, а против две од овие лица е поднесена и кривична пријава по чл.382 „спречување службено лице во вршење на службено дејствие”. Сите девет лица се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во ОЈО Кичево за понатамошна постапка. Имено, вчера (08.09.2024), во ...

Русија ќе ги искористи намалениот приноси на пченица од годинешната реколта во ЕУ за да се пробие на пазарите кои се традиционални увозници на житни култури од Унијата, што дополнително ќе придонесе за „русификација на глобалниот земјоделски пазар“, оценуваат експертите. Во прилог на оваа оценка се посочува случајот со Египет, кој минатиот месец најави досега рекорден увоз на пченица 3,8 милиони тони, за што веќе преговара со руските ...

Кога ќе се спомене Босна и Херцеговина, многумина чуле за Сараево, Мостар или за Меѓумурје, но малкумина знаат или ја посетиле средна Босна. Тоа се пределите околу градовите Травник, Крешево, Кисељак, Фојница, Витез и Нови Травник. Преубави, шумовити предели, богати со руда, со традиција и историја. Според претседателката на Федерацијата БиХ, Лидија Брадара, ова е столбот на БиХ. – Мислам дека ние веќе 30 години по војната, сме генерација која ...

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола се 4 и изгаснати се 31 пожар. Според информациите на ЦУК, активни се пожарите во Општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово каде што гори нискостеблeста шума, во Општина Кичево во селото Арангел каде што гори деградирана шума и во Општина Демир Хисар во селото Сопотница. Под ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Семејството Стојановиќ, Суза и Јовица од Росоман се новите вредни земјоделци со кои сакаме да ве запознаеме. Тие имаат три деца и живеат од земјоделие, поточно од градинарски култури под фолии, лозје, а наскоро планираат да подигнат насад и со праски. -Ние го имаме најубавото грозје во Росоман и пошироко, се пофали Јовица, а според она што го видовме и навистина е така. Стојановиќ користат и систем капка по капка, сами работат се и целата ...

Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95 за два денара, а цените на Еуросупер БС-98, дизелот, Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот остануваат исти. Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 78,50, дизелот 69,50 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство 68,50 денари за литар. Цената на Мазутот останува ...

Шести ден, пожарот во Мариово не покажува знаци на смирување, а огнената линија од преку 30 километри, нема намалување. Преку 200 професионалци се насочени огнената стихија да не влезе во населените места и објектите. Од прилепскиот кризен штаб уверуваат дека вчерашните кризни моменти околу селото Крушевица и кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец се надминати, но, има одбрана и околу „Свети Димитрија“ во Селце и во Дрен – Смолани. Ирена ...

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, во архивата на Министерството. – Јавниот повик е ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4 567.7 милиони евра и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 489.9 милиони евра, што е за 0.8 % повеќе во споредба со истиот период лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2024 година, ...

Министерството за внатрешни работи информира дека за случајот со пожарот во Расадник поднесена е кривична пријава против 14-годишен малолетник, кој заедно со уште две деца фрлале пиротехнички средства, по што се запалила сувата трева и настанал пожар во кој беа заатени околу три хектари површина. СВР Скопје до ОЈО Скопје поднел кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и ...

Министерството за економија и труд, во согласност со својата посветеност на заштита на правата на потрошувачите, денеска објави јавен повик за доделување на финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на ...

Лиценци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 250 MW издадени се во изминатите осум месеци (јануари -август), покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). – Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива, во најголем дел тоа се компании кои поставуваат ...

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од нив шест се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). За пожарот на прилепската територија, од ЦУК појаснија дека активни се краците кон селата Крушевица, Чумово и Селце и накај место викано „Чуле“ на Селечка Планина. На овие места горат нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума. ...

Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со август минатата година за 5,1 отсто. Државниот завод за статистика денеска објави дека споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,3 отсто, Алкохолни пијалаци зa 0,3 отсто и Ноќевања за 0,1 отсто. – Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос ...

Чест ми беше денеска да бидам гостинка кај фамилијата Здравески во село Мусинци, нашите вредни земјоделци од проектот „Договорно производство на бессемена лубеница“. Годината беше успешна, родот богат, а квалитетот на лубениците одличен. Проектот е на самиот финиш и набрзо на Агротим.мк ќе го презентираме искуството на земјоделците и фирмата откупувач – „Fresh line“. За договорното производство на бессемена лубеница имаше голем интерес од ...

„Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, сакав лично да се уверам со текот и откупот на пиперката од реколта 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Согласно она што го видов во овој дел на државата, кај дел од откупувачите има мало отстапување во делот на цената. Согласно препораките на Инспекторатот и сите ќе ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на пченица и јачмен дека се усвоени нови мерки во насока на зголемување на финансиската поддршка. 1.Со дополна на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година се воведе нова мерка за финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица. Корисници се земјоделски стопанства кои претходно имаат ...

Во текот на летото, односно од почетокот на сезоната заклучно со вчера во Грција биле потврдени вкупно 140 случаи на вирусот Западен Нил, додека починаа 17 лица, на возраст меѓу 61 и 92 години, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Согласно неделниот извештај, во изминатата седмица биле регистрирани 16 нови случаи додека пак починале две лица. Дополнително, во ...

До крајот на годинава, на општините ќе им бидат на располагање шест милијарди денари од 250-те милиони евра што треба да бидат наменети за развојни проекти на општините. Јавниот повик за аплицирање на општините за инфраструктурни проекти е веќе објавен и направен врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, за животна средина и просторно планирање, образование и наука, социјална политика, демографија и ...

Министерството за економија и труд денеска додели ваучери за одмор на работници со ниски примања. Доделени се 1.777 ваучери кои ќе може да се искористат од 15 септември до 1 декември во некои од туристичките капацитети во земјава. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кој ги врачи ваучерите, рече дека тие се доделени на граѓани кои ги исполниле условите и дека ваучерите се во висина од 18.000 денари. – Решенијата за граѓаните кои ...

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...

Денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, заедно со инспекторскиот тим, беше во посета на преработувачите на пиперка ајварка во Гевгелискиот регион. Посетата се одвива како резултат на загриженоста на земјоделците за малиот застој во текот на откупот на пиперката куртова капија. Како што информираат преработувачите, простор за загриженост нема и тие апелираат за смиреност кај земјоделците. Тие гарантираат дека ...

Преку 200 професионалци, припадници на Армијата, од специјалната полиција, од ЈП „Национални шуми, пожарникари од повеќе градови цел ден се на терен во Мариово да го стават под контрола и да го изгаснат големиот пожар кој е активен четврти ден. Горат нискостеблести растенија, но има зафатено и борови. Прилепскиот општински Кризен штаб ги координира акциите. Жителите на мариовското село Бонче поминаа неизвесна ноќ. Во опасност им беа имотите, ...

Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружение Македонски Дестилерии Кавадарци потпишаа Меморандум за соработка со цел воспоставување на меѓусебна тесна координација, планирање и реализација на активности за застапување на интересите на дестилериите , нивно позиционирање на извозните пазари и промоција. Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на Здружение Македонски ...

Голем проблем за земјоделците е и закочениот откуп на пиперката „капија“, по што големи колични од родот скапуваат, оти откупувачите не го земаат. Земјоделците се сомневаат дека ова е намерна ситуација за да се урне цената и на пиперката, па родот наместо за 40 односно 30 денари да им се откупи по 25 денари за килограм пиперка „ајварка“, информира Независен.мк. Трипуновски вели ситуацијата е ваква оти производителите нагрнале да го предадат ...

Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежа раст од 2,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во вториот квартал годинава, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 9.5 проценти, а 8.7 ...

Се уште е активен пожарот кај село Оморани во месноста викана Кадиица, во Општина Чашка каде што гори мешана шума, информираат од ЦУК. За негово гасење вклучени се само вработени од Подружницата „Бабуна“ на ЈП Национални шуми. Под контрола е стевен пожарот кај село Степанци на планината Мукос во Општина Чашка. Од ЦУК појаснуваат дека поради актуелната состојба со големиот пожар во Прилепско-Мариовско сите сили и ресурси се насочени кон помош во ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничнитe премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
36%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
44%
1020
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
49%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
40%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.99
74%
1018
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
53%
1022
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
46%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
69%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
65%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
53%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.66
36%
1021
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
73%
1015
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60