Додека летото си заминува, а зимата си чека ред, на Балканот веќе пристигна првиот снег. Иако, што се вели до пред неколку дена температурите беа многу високи, сепак наглото опаѓање го донесе првиот снег, па планинскиот премин Вршич во Словенија веќе е побелен. Превојот Вршич, познат по својата живописна убавина, сега е престорен во зимска идила навестувајќи го доаѓањето на постудените денови и драстична промена на временските услови. Вршич е ...

До денеска, според најавите од Министерството за економија и труд, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог – одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти. Предлогот, како што вчера најави министерот за ...

На Македонската берза денеска ќе се одржи 5. Инвеститорски ден. Ќе се вкучат Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ), сите десет членки на Берзата, а иницијативата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност. На Инвеститорскиот ден, сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Ќе можат да купат или продадат ...

Попладнево го поминав одговарајќи на поканата на семејството Идрлези од Равен Гостивар во посета на нивната фарма, информира на ФБ, заменик министерот за земјоделство, Фљакрон Беџети. Она што го видов е вистински пример на модерна фарма по европски стандарди, а уште повеќе е за восхит затоа што е инвестицијата е целосно со сопствени средства. Ваквите фармери ја заслужуваат сета наша почит и поддршка од Владата. Има одлични мерки од МЗШВ кои ...

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на денешниот состанок донесе одлука за намалување на својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,5 отсто, како одговор на падот на инфлацијата и на показателите за слабеење на економијата во Еврозоната во текот на летните месеци. Банката во денешната одлука индиректно најави и дека е можно дополнително олабавување на монетарната политика до крајот на годината, потенцирајќи дека ...

Палеонтолошкит локалитет „Змијовец” во неготинско е прогласен за природна реткост, информираа попладнево од Министерството за животна средина и просторно планирање на нивната Фејсбук страница. Оттаму појаснија дека прогласувањето е со решение донесено од министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и е објавено во Службен весник на РСМ. – Палеонтолошкиот локалитет ,,Змијовец” се наоѓа на подрачјето на општина Неготино, а оваа ...

Во просториите на #ФИТР, во рамките на „Програмата за новата генерација на стартап екосистем лидери” која ја спроведува Бизнис Импакт Лаб, пред 14 учесници кои имаат своја бизнис идеја ги презентиравме инструментите и мерките за поддршка на сите оние кои имаат бизнис идеја и сакаат да ја реализираат. – Учесниците имаа можност да слушнат успешни биснис проекти на старт-ап компании кои се поддржани преку повикот „Стартапувај” на #ФИТР, кои ги ...

Во јули годинава во земјава имало вкупно 204.336 туристи од кои 41,8 проценти биле домашни, а 58,2 отсто странски туристи. При тоа оствариле 756.831 ноќевање, од кои 70,6 проценти се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите седум месеци од 2024 година бројот на туристи е зголемен за 8,7 отсто во споредба со истиот период лани при што кај домашните туристи има ...

Македонска берза утре ќе одржи Инвеститорски ден. Ќе се вкучат Централниот депозитар за хартии од вредност, сите десет членки на Берзата, а иницијативата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност. Одржувањето на Инвеститорскиот ден, што се одржува петти пат, значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените ...

Според динамиката на објавени повици од новата ИПАРД 3 програма, годинава се очекува уште еден повик за Мерка 1 и Мерка 7. Доколку имате идеја за подигање нов овошен или лозов насад, да изградите фарма, да набавите земјоделска механизација и друго, ова е можноста која ви се нуди да инвестирате со со 60% грант од државата. Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства. Преку оваа мерка можете да инвестирате во ...

Во услови на намалување на обемот на производството и пад на потрошувачката на домаќинствата во Еврозоната во вториот квартал од 2024 година за 0,1 отсто, се очекува денеска Европската централна банка (ЕЦБ) да донесе одлука за намалување на основната каматна стапка од 3,75 на 3,5 отсто. Ваквата одлука би била образложена со ставот дека високите каматни стапки ќе ја задушат економијата, иако податоците укажуваат оти целта за намалување на ...

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготви нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 и за истата спроведува постапка за стратегиска оцена на животната средина, согласно законските обврски и стратешките определби за заштита на животната средина преку воспоставување долгорочен и одржлив систем за управување со отпад. Од МЖСПП денеска информираа дека НСУO 2024-2036 ја претставува ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2023 година изнесува 8 875 771 илјада денари. Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35.01 %), потоа на трошоците за постапување со отпад (28.31 %) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (20.93 %). Трошоците за ...

Поддршката за започнување нов бизнис и развој на микро и малите претпријатија претставува важен инструмент за унапредување на конкурентноста и за создавање работни места во руралните средини. Токму една од целите на популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата е да се обезбеди поддршка за инвестиции во руралните средини насочени кон формирање и развој на алтернативни економски дејности во руралните средини и промовирање на претприемништвото и ...

Билјана Стефаноска ја презеде функцијата в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од нејзината претходничка в.д. директорката Јасмина Лескаровска, и притоа се обврза на посветена работа, одговорност, отчетност и транспарентност, информираат од Агенцијата. -Досегашната в.д. директорка Јасмина Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што ...

Утре истекува рокот во којшто општините треба да го пополнат апликативниот формулар за јавниот повик за реализација на проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра што го распиша Министерството за локална самоуправа. Премиерот Христијан Мицкоски очекува овој процес да заврши успешно. Како што денеска изјави само во текот на вчерашниот ден апликации поднеле 10 до12 општини. – Во текот на вчерашниот ден имаше некаде околу 10 до 12 општини ...

Паднато дрво на магистралата А3 го отежнува движењето на патот Делчево – Македонска Каменица. Паднато дрво се наоѓа на едната страна од коловозот кај месноста Баткова Чешма, каде се работи на негово отстранување од коловозот и целосно нормализирање на сообраќајот. Од „Македонија Пат” апелираат на внимателност при движењето на овој патен правец особено поради можните одрони кои по обилните врнежи се честа појава на овој патен правец. Поради ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секоја година реализира кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини заради нивното зголемено учество во сообраќајот во овој период од годината. Кампањата, како што соопшти РСБСП, се спроведува на територија на целата држава преку средби на претставници од РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност Скопје со возачи на трактори и земјоделски машини, превентивно-едукативни ...

Врнежите од дожд изминатите 48 часа предизвикаа извесно зголемување на водостоите на реките низ земјава, посебно во западните делови каде врнежите беа најобилни. Поради претходниот сушен период и досегашните ниски водостои не постоеше опасност од излевање на водотеците и овие врнежи дожд беа добредојдени, во поглед на подобрување на општата хидролошка состојба во земјава, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Управата за ...

Богатите, демократски земји на глобалниот север користат остри, нејасни и казнени мерки за да ги задушат протестите за климата во исто време со критикување на слични драконски тактики на властите на глобалниот југ, се вели во извештај. Меѓународниот извештај за климатски права го разоткрива сè потешкиот третман на климатските активисти во Австралија, Германија, Франција, Холандија, Шведска, Велика Британија и САД. Утврдено е дека репресијата во ...

Лешникарите со 5 годишни договори за откуп со одлични цени! Компанијата Нелкоски Органик Фуд продолжи со потпишување на долгорочни договори со земјоделците низ целата земја. Договорите се со рок од 5 години и водат кон долгорочна продажба на лешници, најчесто за извоз. Досега, Нелкоски Органик Фуд склучи договори со 31 земјоделец од различни региони, при што водечки се Охрид, Струга, Тетово и Гостивар. Компанијата исто така има земјоделци од ...

Општина Штип утре преку овластена фирма, на територијата на општината ќе ја спроведе петтата адултицидна (тереистичка) дезинсекција со цел уништување на комарците. Во писменото соопштение од Општина Штип се вели дека запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 1 до 7 часот. -Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачја околу каналниот систем на ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август во однос на јули годинава изнесува 0.5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Цените на мало во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,5 проценти. Трошоците на животот во август годинава, во однос на август минатата година, бележат зголемување од 2.2 проценти, а цените на мало од 3 проценти. Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, ...

Во јули годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво остануваат непроменети, а на годишно ниво се повисоки за два процента, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во јули 2024, во споредба со јуни 2024 година, како што објави денеска ДЗС, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за процент, во ...

Во наредниот период ќе се реобјави огласот за откуп на пченицата за стокови резерви, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски. -Она што беше задолжение на Влада до Агенцијата за Стокови резерви да се објави постапка за набавка на 15 000 тони пченица, за жал беше прекината бидејќи претходниот менаџерски тим кој што требаше да ја спроведе постапката повторно ги имаше ставено критериумите без заштита на ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се намалува од 0,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 68,5, а на Екстра лесното масло ...

Во јули годинава се издадени 374 одобренија за градење, што е за 33.6 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот зваод за статистика. Најмногу оодбренија за градење се издадени во пелагонискиот регион, 89, по што следуваат Скопскиот и Југоисточниот со по 57, Полошкиот, 55, …. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 119 331 000 денари, што е за 71.7 ...

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, во однос на цените и Законот за нефер трговски практики, најави дека наскоро ќе има конкретен план како ќе се постапува, а примарна цел е, напомена, да се заштитат и земјоделците и граѓаните. Трипуновски на прес-конференција информира дека е во постојана комуникација со Министерството за економија. – Ние сме во постојана комуникација сонадлежното Министерство за ...

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 2 до 6 септември годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. За анализа биле земени 210 ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
50%
1019
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
43%
1019
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
46%
1021
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
35%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.86
64%
1018
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
53%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 28ᴼ
1.54
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
51%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
39%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
52%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
6.17
34%
1021
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
73%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60