Пронајдено е телото на 16-годишното девојче, Теодора Бабариќ која на 24 јули исчезна во водите на реката Вардар во општина Градско. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото на девојчето е најдено денеска во 12:10 часот во водите на Вардар во близина на Старо Градско. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Во потрагата за девојчето беа вклучени припадници на МВР и на специјалната ...

Германскиот фудбалер Томас Милер дефинитивно ќе ја продолжи кариерата во МЛС, но не во Лос Анџелес, партнерскиот клуб на Баерн, туку во Ванкувер Вајткепс. Вајткепс го „купија“ со планот дека ќе биде нивен главен човек во следните две години. 🚨🇨🇦 Thomas Müller to Vancouver Whitecaps, here we go! Deal done for German legend to join MLS side. Two year deal in place for Müller who won’t retire and starts new chapter in MLS as he wanted. Deal ...

Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18:30 часот на цела територија на државата активни се три пожари, а под контрола се шест пожари. Вкупно имало 20 пожари од кои 11 се изгаснати. Активен е пожарот на планината Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, како и пожарот кај селото Бешиште во општина Прилеп со крак кон селото Градешница во општина Новаци и крак кон ...

Двократната олимписка шампионка во биатлон, Лаура Далмаер (31), доживеа ужасна несреќа додека планинаре[e, изјавиле за германскиот ZDF од нејзиниот тим. Таа се искачувала со својот партнер на планината Каракорум во Пакистан, а потоа врз неа паднала каrpa напладне во четвртокot, додека таа била на надморска височина од околу 5.700 метри. Нејзиниот партнер веднаш ги повикал службите за итни случаи и веднаш започнала спасувачка акција. Поради ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото присуство во Белата куќа, односно како претседател на САД, спречило избувнување на шест големи војни низ целиот свет, вклучувајќи потенцијален вооружен конфликт меѓу Индија и Пакистан, како и други долгогодишни регионални тензии. „Да не бев тука, ќе имавте шест големи војни токму сега. Индија ќе се бореше против Пакистан“, рече Трамп во Шкотска, пред средбата со британскиот премиер ...

Зоолошка градина во Нирнберг, Германија, уби 12 бабуни поради недостаток на простор. Оваа одлука предизвика силни реакции од организациите за заштита на животните, кои тврдат дека убивањето мајмуни е нелегално. Организациите Pro Wildlife, Германското здружение за заштита на животните и Германското правно друштво за право на заштита на животните најавија поднесување кривични пријави поради оваа постапка. Уште во февруари 2024 година, ...

„Грижата за Македонците во Албанија се мери со дела. Македонците од Мала Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора се предалеку од Тирана. Време е да им се доближиме“, порачува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео порака на Фејсбук по денешната одлука на Владата за отворање на генерален конзулат во Корча. – Конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион. Побрз и полесен пистап до конзуларни услуги. ...

Најмалку четворица убиени, а повеќе од 500 уапсени откако протестите во Ангола поради зголемувањето на цените на горивата се претворија во насилни судири со полицијата. Немирите започнаа во понеделникот и вклучуваа судири со полицијата откако владата објави дека ќе ја зголеми цената на дизелот за да го намали притисокот од субвенциите врз јавните финансии, објави Ројтерс. 🔴ANGOLA 🇦🇴| Le pays est secoué par l’une des plus importantes ...

Шестмина припадници на полицијата беа повредени за време на денешниот конфликт со цивили пред Државниот универзитет во Нови Пазар. Ова го соопшти командирот на Полициската станица во тој град, апелирајќи до групата луѓе да го ослободат просторот пред оваа образовна институција бидејќи тоа е „единствениот начин да се смири ситуацијата”. „Полицијата во ниту еден момент не реагираше, а бевме нападнати четирипати, никој не крена рака врз вас. ...

Меѓународниот механизам за кривични судови (ММКС) го отфрли итното барање на поранешниот командант на Генералштабот на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, осуден на доживотен затвор за геноцид и други злосторства извршени во Босна и Херцеговина, за привремено или условно предвремено ослободување поради лоша здравствена состојба. Претседателката на Механизмот, судијката Грасиела Гати Сантана, во својата одлука наведе дека неспорните ...

На денешната седница на Собранието се расправаше по поднесената Интерпелација од страна на пратеничката група на Левица за Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски којшто не дојде на седницата и избра само писмено да се произнесе по истата. Собранието ги прифати наводите во Интерпелацијата, ги оцени како основани и се донесе таков заклучок којшто ќе биде доставен и до Владата. Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, како ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот вчера попладне, преку една социјална мрежа, се заканил на лице од Струмица дека ќе му ја запали викендицата, а потоа се обидел заканите да ги реализира. На локацијата брана Водоча се ...

Гладот никогаш не смее да се користи „како оружје на војна“, изјави вчера генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пренесува АФП. „Конфликтите продолжуваат да шират глад во Појасот Газа, Судан и пошироко. Гладот ја поттикнува нестабилноста и го поткопува мирот“, рече Гутереш за време на видеоконференција на Самитот на ОН за прехранбени системи во Етиопија. Тој истакна дека светот „никогаш не смее да го прифати гладот како оружје на ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави „голем пакет мерки“ од 1 септември за, како што изјави, „луѓето кои припаѓаат на пониската, средна класа и кои се малку посиромашни“. „Ќе обрнеме посебно внимание и ќе започнеме со иницијативата за измена на Уставот на Србија, што се однесува на неможноста извршителите во извршна постапка да им го одземат просторот за живеење, станот или куќата на луѓето кои го имаат тоа единствено место каде ...

Десетмесечно бебе вчера било донесено во Општата болница Куманово со симптоми на труење со лекови, потврдија од СВР Куманово. – Вчера во 11:40 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено десетмесечно бебе од Куманово, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител, соопшти СВР Куманово. Од болницата потврдуваат дека ...

Израел изврши геноцид во Газа, тврдат две водечки израелски организации за човекови права – Б’Тселем и Лекари за човекови права. Нивните извештаи, објавени од „Гардијан“, детално опишуваат како израелската војска систематски ги таргетира цивилите само затоа што се Палестинци, со цел уништување на палестинското општество и идентитет. Премиерот Бенјамин Нетанјаху се соочува со сè поголем притисок, и внатрешен и надворешен. Крајната десница во ...

Со 71 глас за, пратениците во Собранието ја поддржаа интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски пднесена од Левица. На седницата беше донесен и заклучок со кој се констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. Пратениците на СДСМ ја напуштија салата и не учествуваа во гласањето откако претходно го соопштија нивниот став дека интерпелацијата нема правни последици и дека Обвинителството треба да биде независно. ...

Никој не треба да се осуди на граѓаните да им кажува што им е потребно, туку треба да им овозможи пристојни услови и високи плати. Никој и во комунизмот не се осмелуваше да им кажува на работниците што, кога и колку треба да јадат и да пијат. Мислам дека тоа е многу погрешен чекор и дека наместо да ја замајуват јавноста и да го напаѓаат ССМ за вредноста на кошничката, требаше да ги зголемат платите, вели претседателот на Сојузот на синдикатите ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи постапката против Сулејман Јамалари, обвинет за грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Откако обвинетиот се изјасни дека не се чувствува виновен, започна доказната постапка со сведочењето на оштетената, која ја опиша атмосферата на настанот како агресивна и опасна. Арсовска пред судот посочи дека на местото на инцидентот се чувствувала загрозено, несигурно и исплашено – не ...

МВР поднесе кривична прјава против градоначалникот на Кичево, Фатимр Дехари затоа што како што се вели во соопштението дозволил дформирање на дива депонија на повеќе илјад квадратни километри. – ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, градоначалник на Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата “ и „загрозување на животната средина и природата со ...

Попладнево на скопскиот аеродром треба да пристигне хеликоптер „Блек хок“ од Чешка со големо ведро од три тона и седумчлен екипаж, кој ќе учествува во гасењето на пожарот на планината Готен од страната на Берово. Утре рано наутро се очекува и тимот од Словенија, составен од 61 пожарникар и 18 специјални возила за шумски пожари, кој ќе се придружи во акцијата. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов во ...

По повод неоснованите обвинувања од страна на политичката партија Левица во врска со набавката на помошна механизација за потребите на РЕК Битола, АД ЕСМ најостро ги демантира изнесените невистини и ја информира јавноста за следното: Изнесените тврдења од страна на Левица манифестираат елементарно непознавање на Законот за јавни набавки и целосно ја игнорираат законската процедура по која АД ЕСМ постапува. Јавниот повик кој се обидуваат да го ...

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Арбр Адеми денеска на прес-конференција ги повика сите парламентарни и политички партии да го поддржат Предлог законот за ветинг со меѓународен надзор, преку кој би се извршило проверка на потеклото на имот на сите носители на јавни функции во последните 33 години. – Нашиот став е јасен и непроменлив, затоа упатуваме повик до сите парламентарни и политички партии да го поддржат ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџит денеска истакна дека најверојатно тој ќе биде кандидат за градоначалник на Чаир на ВРЕДИ на престојните локални избори. Меџити денеска на потпишување на договор за набавка на опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, одговарајќи на новинарско прашање дали тој ќе биде кандидат на ВРЕДИ за Чаир кусо одговори: „Најверојатно ...

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон ги повика земјите-членки на Обединетите нации (ОН) да ја признаат Палестина, бидејќи нема друго решение за мир на Блискиот Исток освен спроведувањето на решение за две држави. „Начинот на кој се бара мир на Блискиот Исток ќе ја дефинира историјата и генерациите што доаѓаат“, рече таа, додавајќи дека „историјата ретко се врти околу големи зборови“. „Историјата се врти околу акциите или ...

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес имаме и докази. Полицијата го уапсила лицето А.Н. шофер на Зоран Заев за подметнување на пожар, изјави денеска Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција што ја пренесуваве интегрално. – Фактот што шоферот на Заев ги подметнувал пожарите, отвора прашање, каква е вмешаноста лично на Венко Филипче, ...

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) укажува дека станува сè поочигледно дека и оваа Влада, со целосно рестриктивен и неевропски закон, свесно работи на уништување на лиценцираните приредувачи на игри на среќа. За АСОМ апсолутно се неприфатливи предлог-измените кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, како и зголемување на давачките и ...

Општинската организација на Црвен крст Берово упати апел до граѓаните за донации на храна и пијалоци, наменети за екипите кои го гаснат шумскиот пожар што го зафати подрачјето на општина Берово. Апелираа сите кои се во можност да се вклучат во поддршката на било каков начин, а во рамки на своите можности. -Во овие тешки моменти, екипите на терен несебично се борат со огнената стихија за да ја заштитат природата која не опкружува. Ве повикуваме ...

Собранието денеска на почетокот на 64-та седница ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска. Претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека до почетокот на седницата, Димитровска го известила Собранието дека ќе ја образложи оставката. -Собранието врз основа на член 121 став 2 од Деловникот на Собранието констатира дека и престанува функцијата претседател на Државната ...

На денешната главна расправа пред Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот Сулејман Јамалари изјави дека не се чувствува виновен за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Сулејман Јамалари, поранешен вработен во ЈП „Паркови и зеленило“, е обвинет дека извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Инцидентот се случил на 11 јули 2025, кога Арсовска била на терен со овластени службени лица ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
29%
1022
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
42%
1023
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
2.57
39%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
35%
1025
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.88
29%
1023
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 26ᴼ
1.03
56%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.6
41%
1019
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
47%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
27%
1021
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
3.09
39%
1023
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
39%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.17
50%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941