
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Баварија доживува вистинска бура – обилни дождови, грмотевици, свлечишта, па дури и снег на поголеми надморски височини. Германската метеоролошка служба (DWD) предвидува обилни врнежи од дожд до вторник, особено во Алпите и подножјето, пишува Феникс. Storms and heavy rainfall hit the German city of Gießen, causing sudden flooding.. It doesn't happen only in India.. pic.twitter.com/kZH926sxCZ — AstroCounselKK 🇮🇳 (@AstroCounselKK) July 27, ...
Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), којшто деновиве се одржуваше во Скопје и Куманово, наместо спортски празник и момент на гордост, се претвори во организациски хаос, понижување за нашата земја и нова епизода на бегање од одговорност, велат од Левица. „Иако Владата на ДПМНЕ само што дојде на власт веднаш отвори ново Министерство за спорт, денеска, по фијаското со организацијата на ЕМОФ, министерот Борко Ристовски апсурдно се ...
Македонски државјанин е пронајден без знаци на живот во стан каде што престојувал на одмор, во крајбрежниот албански град Саранда. Трагичниот настан, според полицијата, се случил на 26 јули, во населбата број 1 во градот. -Полицијата во Саранда објави дека жртвата, идентификувана како О. Ј. (20), била пронајдена од членовите на неговото семејство додека бил во станот каде што престојувал за време на престојот во Албанија, објавија медиумите. ...
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска порнографија ...
Министерството за надворешни работи на Колумбија го критикуваше Еквадор за депортирање на голем број колумбиски граѓани без формален протокол, опишувајќи го како „непријателски гест“. Во меѓувреме, еквадорските власти изјавија дека депортациите се извршени во согласност со законските процедури и стандардите за човекови права, објави Ројтерс. Колумбиската влада соопшти дека властите во соседниот Еквадор објавиле планови за депортирање на ...
Рускиот претседател Владимир Путин најави проширување на потенцијалот на руската флота на нуклеарни подморници. Во видео обраќање по повод Денот на руската морнарица, Путин истакна дека поморската компонента на руската нуклеарна тријада добива на сила. „Таа е заснована на група нуклеарни подморници кои самоуверено го зголемуваат својот потенцијал. Изградбата на крстосувачот „Кнез Пожарски“ е завршена, а две подморници од проектот „Бореј-А“ и ...
Поранешен агент на француската тајна служба е уапсен во Стразбур под сомнение дека нарачал силување на деца во Африка. Тој е осомничен за „тешка трговија со луѓе, силување и сексуален напад врз малолетници“ и „снимање, увоз и дистрибуција на порнографски слики од малолетник со користење на електронска комуникациска мрежа“, објавија француските медиуми. Мажот, пензиониран воен офицер, е осомничен дека наредил силување на деца во Африка, особено ...
Руското Министерство за одбрана соопшти дека силите за воздушна одбрана уништиле 99 украински беспилотни летала во текот на ноќта. „Најголемиот број беспилотни летала биле уништени од системи за воздушна одбрана што дејствувале на небото над регионот Брјанск“, извести „Рускаја газета“. Се забележува дека уште десет беспилотни летала биле пресретнати над територијата на регионот Калуга, по девет над регионите Волгоград и Ростов. Војската ...
Ирскиот музичар Боб Гелдоф ги обвини израелските власти дека лажат за гладот во Газа, по изјавата на портпаролот на израелската влада, Дејвид Менцер, кој претходно изјави дека палестинското милитантно движење Хамас „го изгладнува сопствениот народ“ и дека Израел не е одговорен за масовното гладување во Газа. Гелдоф за Скај њуз изјави дека тврдењата се лажни и дека 1.000 деца и луѓе починале од глад во јули. „Тие лажат. (Бенџамин) Нетанјаху ...
Јасно е што се случува во Украина, таму нема борба против корупцијата, дури ни привид на борба, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Нема вистинска, дури ни квази борба против корупцијата, таков процес никогаш не постоел и не постои“, рече таа. Захарова истакна дека под притисок од Западот, во Украина се формирани одредени структури кои наводно требало да ја контролираат борбата против ...
Уште еден маж е обвинет за силување на животно во Славонија. Според „Нови лист“, Општинската државна обвинителска канцеларија го обвини 43-годишниот невработен градежен работник за повеќекратно сексуални односи со овца и кобила на земјоделско земјиште и фарма за добиток во близина на неговата куќа помеѓу 2022 и 5 март 2025 година. Обвинетиот се брани од слобода, а за време на испрашувањето целосно признал сè за што е обвинет. Во својата изјава ...
По објавување на видео на социјалните мрежи од тепачка во центарот на Струмица и во која едно лице употреби и секира, денеска полицијата објави дека е утврден идентитетот на учесниците и едното лице е приведено, а другото се бара. Во соопштението од СВР Струмица се наведува дека учесници во тепачката се С.А.(49) од Струмица и Ќ.Д.(32) од Штип. – Пронајден е и лишен од слобода С.А., со кого е извршен службен разговор во просториите на СВР ...
Возило „хјундаи“ управувано од 48-годишната Р.Т. од Велес, вчера околу 16:20 часот на улица „Димко Најдов“ излетало од патот и завршило на пругата кај Стар Мост во Велес. Во несреќата со тешки повреди се здобиле 48 годишната Р.Т. и нејзината 11-годишна сопатничка од Велес, констатирани во Ургентен центар при Општа болница Велес, информираат денеска од СВР Велес. Извлекувањето на автомобилот било со помош на транспортно железничко средство кај ...
До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, шест се ставени под контрола и два се целосно изгаснати. Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов најтежок е пожарот на Планината Готен. -Најсериозен и најкомплексен пожар со кој се соочуваме моментално е оној на планината Готен, која се наоѓа помеѓу ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази загриженост за состојбата на населението во Појасот Газа во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика на итно решение за овој хуманитарен проблем. „Германскиот канцелар изрази голема загриженост во разговорот за катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа. Тој го замоли премиерот Нетанјаху да направи сè што е во негова моќ за да се постигне прекин на огнот“, изјави ...
За да ја заштитиме нашата „Зелена татковина“, моментално сме во готовност дење и ноќе со 27 авиони, 105 хеликоптери, речиси 6.000 копнени возила, 25.000 храбри шумски работници и 132.000 волонтери, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Şu görüntü karşısında gözleriniz dolmuyor,içiniz yanmıyor,öfke yutkunmanıza engel olmuyorsa cidden insanlığınızı sorgulayın….Yanıyor Yeşil Bursa #bursayanıyor pic.twitter.com/q0PsaqyJ9P — Gazoz kapağı♠️ ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повикува европските партнери да помогнат во плаќањето на украинските војници, објавува „Фајненшл тајмс“. Идејата е да се поттикне регрутирање нови војници со повисоки плати. Војната во Украина создава годишен буџетски дефицит од 40 милијарди долари, а следната година долгот би можел да се зголеми на 65 милијарди долари. Зеленски, исто така, бара седум дополнителни системи за воздушна одбрана ...
Додека ВМРО-ДПМНЕ глуми опозиција, иако веќе втора година се централна, а четири години локална власт, изгоре пола Македонија, велат од СДСМ. „Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ нема одговор и се обидува да избега од одговорност за катастрофалното водење на државата, вината се обидуваат да ја префрлат на опозицијата. Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации? Можеби треба да излезе да ја обвини СДСМ и сега откако е ...
Полициски службеници со хеликоптерот на МВР Агуста Бел 212 денеска извршија спасување на повредено воено лице на линијата на пожар. -Во исклучително тешки услови беше извршено драматично спасување на С.Н. од македонската Армија од првата пешадиска бригада од Штип за време на неговата несебична борба со огнената стихија. Полициските службеници уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и одговорност кон секој еден човек пред се, соопшти ...
Активни се пожарите во кумановските и селата од Старо Нагоричане, информираа денеска од противпожарните единици. Пожар зафати поголема површина во кумановските села Облавце, Бељаковце, Стрезовце, Руѓинце, а се прошири и кон Сув Ора. -Пожарот веќе два дена е активен и зафати поголема површина. На еден дел интервенираат пожарникари од Куманово, тука се и триесетина војници од армијата. Кај Сув Ора се пожарникарите од Старо Нагоричане, изјави ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека може да го скрати рокот од 50 дена што му го даде на рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната во Украина, бидејќи руските сили ја интензивираат својата офанзива на истокот од земјата и се обидуваат да заземат логистички важни области во регионот Донецк. Трамп во петокот изјави дека САД би можеле да воведат секундарни санкции врз Русија пред рокот што го објави на почетокот на јули ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Европа веќе е во војна, алудирајќи на конфликтот меѓу Русија и Украина, кој го смета за „војна на европско тло“. За време на својот говор на летниот универзитет Туснад, Орбан истакна дека Европа „си игра со оган“ од 2014 година, што доведе до сегашниот конфликт, објави Hirado.hu. Унгарскиот премиер го критикуваше Западот, нагласувајќи дека политиката на проширување кон Украина е погрешна и ...
Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор. Активни се 12 пожари, пет се ставени под контрола, а 16 се целосно изгаснати. Активни се пожарите во: 1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); 2. Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, со проширување кон с. Градешница (опш. ...
Македонија е понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-тиот век пред целиот свет. Резил каков што Македонија нема доживеано во својата 35 годишна независност, приредена од никој друг туку од човекот кој пред само неколку месеци ја убедуваше Македонската јавност дека како министер за спорт ќе ја организира најдобрата Младинска олимпијада во светот, Борко Ристовски, изјави Панче Милевски – Панта, од Комисија за спорт на СДСМ. – Ако ...
Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина Крива Паланка се проширил и на делови од територијата на општина Ранковце, село Герман како и кон општина Трговиште, Република Србија. Командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски, информира дека екипите се терен и работат на гасењето без престан, но пожарот се шири и ...
Шумски пожари беснеат низ цела Албанија веќе трет ден, а ситуацијата е особено критична во приморскиот одморалиште Борш на брегот на Јонското Море на југот од земјата. Пожарите кои избувнаа се проширија на куќи и хотели. Според соопштението на албанското Министерство за одбрана, 40 лица, вклучувајќи туристи, се евакуирани, објави агенцијата Анса. Повеќе од 200 лица од цивилната заштита, противпожарните и воените лица се ангажирани во гаснењето ...
Денес беше формирана Општинската организација на Движење ЗНАМ – за наша Македонија во Теарце. Со ова, Движењето ЗНАМ продолжува да се проширува, формирајќи ја својата 54. Општинска организација низ целата земја. За претседател на Општинската организација беше избран Славчо Тисевски, кој ја презеде водечката улога во реализацијата на целите на Движењето ЗНАМ за праведна и просперитетна општина. На конференцијата се обрати Генералниот секретар ...
Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денес заедно со Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ, ја најавија реализацијата на еден од најважните инфраструктурни проекти за општината, решавање на проблемот со водоснабдувањето. „Денес во Ѓорче сме со Каја Шукова за да заеднички го адресираме еден од најгорливите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на нашата општина, проблемот со ...
Јапонскиот национален нуклеарен регулатор соопшти дека три светли објекти за кои се верува дека се дронови летале во нуклеарниот комплекс Генкаи на југозападот од земјата. Во соопштението се вели дека националниот нуклеарен регулатор бил известен за инцидентот од „Кјушу Електрик Пауер“, кој управува со нуклеарната централа Генкаи со четири реактори, објави новинската агенција Кјодо. Регулаторот соопшти дека не се откриени абнормалности откако ...
Се уште беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“ кај Пустец, чие гаснење е прекинато синоќа и ќе продолжи денеска. Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски рече дека поради високите температури, ветерот и недостапниот терен гаснењето е речиси неможно, а опожарената површина е многу голема. -Од првите моменти кога беше пријавено, имаше брза реакција, но времето и оваа суша го фаворизираа неговото ширење. Пожарот избувна во област со ...