Најмалку тројца работници се повредени, вклучувајќи еден државјанин на БиХ, во несреќа на работното место што се случила во тунел длабок 500 метри во електрана за складирање во австрискиот округ Гмунден. Според полициското соопштение, несреќата се случила во 5.20 часот наутро кога хидрауличен кран од 12 тони ги згмечил работниците. Педесетгодишен унгарски државјанин од округот Гмунден и 48-годишен словачки државјанин се тешко повредени. Тие ...

Амир Охана, претседателот на израелскиот Кнесет, ги осуди плановите за признавање на палестинска држава за време на неговиот говор вчера на Светската конференција на претседатели на парламенти на Меѓупарламентарната унија (ИПУ) во Женева. Knesset Speaker Amir Ohana at the IPU's Sixth World Conference of Speakers of Parliament in Geneva: "Rewarding Hamas, by recognizing a Palestinian state in light of Oct 7th, will not bring stability, ...

Дваесет и пет патници на лет на „Делта Ерлајнс“ од Солт Лејк Сити до Амстердам беа хоспитализирани откако летот наиде на силна турбуленција. #BREAKING Video from MSP Airport Live stream shows the moment when Delta Airlines flight 56 landed at MSP after experiencing turbulence resulting in 25 passengers injured. pic.twitter.com/RxNWsImgDJ — Tony Perez (@Tony_MNNews) July 31, 2025 Летот 56, кој превезуваше 275 патници и 13 членови на екипажот, ...

Американскиот дневен весник „Вашингтон пост“ ги објави имињата и возраста на 18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас пред речиси 22 месеци. Весникот наведува дека податоците се земени од Министерството за здравство на Газа, кое го води милитантната група Хамас, врз основа на записи од болници и мртовечници во окупираната палестинска енклава, како и со проверки со семејствата на жртвите ...

Главниот антикорупциски обвинител на Украина го обвини Володимир Зеленски за сериозно поткопување на независните антикорупциски институции во земјата, предупредувајќи дека неговото отповикување – под притисок на демонстрантите и западните спонзори – нема да ја поправи непоправливата штета. Тензиите во Украина растат, а меѓународните критики се зголемуваат поради потегот на Зеленски да ги стави Специјализираното обвинителство за борба против ...

На територијата на Република Северна Македонија има вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а четири се изгаснати. Активен е пожарот во: 1. Општина Берово: Голем Готен кон Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, бука и бор) Изгаснати се пожарите во: 1. Општина Радовиш: Голем Готен над селото Подреш (нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, бука и бор) 2. Општина Прилеп / ...

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски зошто повторно се отвора веќе затвореното прашање за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Дали Мицковски сака да ја врати Македонија во времето на режимот на Никола Груевски, и дали негирањето на македонскиот идентитет од страна на Бугарија денес се користи на ист начин како што Груевски ...

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи, особено во делот на негаторските позиции кои соседна Бугарија ги искажа при гласањето на извештајот за државата во Европскиот парламент. Премиерот Мицкоски при одговорот на пратеничкото прашање поставено од страна на пратеникот Трајчулевски од СДСМ, потсети дека ...

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се пополнат испразнетите места на Народниот правобранител и на претседател на ДКСК, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши. Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска донесе предлог одлука за избор на Народен правобранител и се постигне договор имајќи предвид дека за оваа функција е потребено гласање и ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска донесе одлука за распишување јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска. Претседателката на Антикорупциската комисија Димитровска поднесе оставка на 25 јули, а на 29 јули македонското Собрание ја констатираше, откако Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела ...

Самиот Зоран Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината, СДС да се извини и огради од Заев. Зоран Заев во изјава за еден пишан медиум кажа: „Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило”, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. – Лицето А.Н. кое било шофер кај Заев е потпалувач на пожар, кое е уапсено од полицијата. ...

Додека Македонија гори, прва во Европа по изгорена територија Миле Лефков и ВМРО-ДПМНЕ лажат, манипулираат и спинуваат за да ја покријат својата непособност. Човекот кој месеци молчеше и се криеше од сопствените сограѓани во Кочани, сега повторно излегува да сее лаги, да манипулира и да спинува, вели Трајче Стојчевски, претседател на СДММ. – Со кое лице Миле Лефков денес се појавува, со кој образ? После трагедијата во дискотеката „Пулс“ го ...

Сателитските снимки објавени во изминатите неколку дена покажуваат дека кинеската војска продолжува со својата експанзија во Јужното Кинеско Море, при што се регистрирани дури 27 нови воени објекти на кинеската војска. Вкупно 3.200 хектари воени објекти, полигони за обука и аеродроми се изградени за многу кратко време на неколку острови во Јужното Кинеско Море, вклучувајќи аеродроми способни да сместат бомбардери способни да носат нуклеарно ...

Зголемена фреквенција на возила попладнево се бележи на ГП Табановце, каде што времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30-45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 21 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2025 година. Претседателката на Управниот одбор Јасмина Вукичевиќ рече дека Извештајот ја отсликува работата на Фондот во наведениот период. Таа додаде дека очекува и во наредниот период да се продолжи со остварување на зацртаните цели и целосно да се реализира Планот ...

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кисела Вода, Горан Трајковски синоќа одржа средба со граѓаните на Кисела Вода, каде разговараше за решенијата за клучните проблеми со кои се соочуваат. -Приоритет број еден за Кисела Вида е конечно завршување на проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ целосно, до Драчево. Фазата на проектот кој започна во ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе утврди предлог одлука за избор на Народен правобранител. Изборот на нов претседател на ДКСК би можел да се поклопи со распишувањето на локалните избори на 8 август, а претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски вели дека ќе се бара мислење од ДКСК за ...

Девет деца се повредени за време на ноќниот напад врз Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Според него, овој број повредени деца во една ноќ е рекорд од почетокот на инвазијата. Кличко објави и видео од местото на трагедијата во областа Соломјански во главниот град. Како резултат на гранатирањето, една станбена зграда таму претрпе значителна штета, а двајца цивили беа убиени. „Има жртви меѓу населението во областа Соломјански. Една од ...

Се додека не бидам осуден не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката, рече денеска министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали чувствува вина за случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, за кој се води истрага во која и тој е опфатен. – ...

Сенатот на Соединетите Американски Држави, по иницијатива на демократот Берни Сандерс, повторно гласаше за забрана на продажбата на американско оружје на Израел. Иако гласањето покажа дека Америка сè уште не е подготвена за таков чекор, а иницијативата беше отфрлена, седницата покажа и дека бројот на оние кои се противат на потезите на Израел во Газа расте. LIVE: I'm on the floor of the U.S. Senate forcing a vote to stop the sale of weapons to ...

Несреќа се случи вчера во саудискиот град Таиф во забавен парк во областа Aл-Хада, при што се повредени 23 лица, меѓу кои и неколку девојки. Три лица се тешко повредени. Според информациите што ги доби саудискиот портал Сабк од извори блиски до истрагата, инцидентот се случил додека група девојки уживале во возењето на еден вид вртелешка познати како „360“. Last night in the city of Taif which is in eastern Saudi Arabia – a ride called 360 ...

Канада има намера да ја признае државата Палестина на Генералното собрание на ОН во септември, изјави канадскиот премиер Марк Карни. Тој рече дека одлуката се заснова на спроведувањето на реформите од страна на Палестинската самоуправа, вклучително и фундаменталната институционална реформа, и одржувањето на општи избори во 2026 година во кои Хамас нема да учествува, објави Ројтерс. Генералното собрание на Обединетите нации во вторник ја заврши ...

Отсуство на единствен интегриран систем за упати, лекарски извештаи и фактурирање и значајни слабости во спроведувањето на контролите во здравствените установи од страна на Фондот за здравствено осигурување, утврдиле ревизорите по извршената ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2023 година. Според ревизорите, контролните активности за вршењето на здравствените ...

Романија е на чекор до изградба на еден од најголемите рудници за бакар и злато во Европа – „Долина Ровина“. Процедурите за проектот забрзаа откако тој се најде на листата на 47-те стратешки проекти на Европската Унија, кои тежнеат да го направат континентот енергетски независен од трети страни. За рудникот да започне да се гради недостасува уште документот од проценката за влијанието врз животната средина, кој се очекува да биде изготвен во ...

Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и зголемување на интересот на странските туристи од западноевропските земји, пред сè, од Франција, Германија и Велика Британија, соопшти Министерството за култура и туризам кое ги анализирало најновите податоци за движењето на странските туристи во државава за првите пет месеци од 2025 во однос на истиот период во 2024 година. -Забележан е пораст од 23,6 отсто кај странските туристи и раст ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека ќе бидат воведени пет нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје. Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. – Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авио летови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за ...

Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. Ова не е статистика. Ова е национална трагедија и природна катастрофа. Директна последица на неспособноста, негрижата и целосното потфрлање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во справувањето со пожарите, велат од СДСМ. „Европската статистика е поразителна. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2024 година, изгореле 95.181 хектари шуми, пасишта и природни ...

Руските војници ја презедоа контролата врз украинскиот град Часов Јар во регионот Донецк, соопшти руското Министерство за одбрана. „Како резултат на офанзивните операции на Јужната група трупи во правец Краматорск-Дружковка, градот Часов Јар на Донецката Народна Република е ослободен“, се вели во соопштението, пренесе ТАСС. Часов Јар е град од големо оперативно и стратешко значење, бидејќи отвора пат кон Славјанско-Краматорск, како и ...

Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. Ова не е статистика. Ова е национална трагедија и природна катастрофа. Директна последица на неспособноста, негрижата и целосното потфрлање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во справувањето со пожарите, велат од СДСМ. „Европската статистика е поразителна. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2024 година, изгореле 95.181 хектари шуми, пасишта и природни ...

Пратеничката група на Левица во Собранието поднесе пакет на предлог-закони за млади, како одговор на тоа како државата да ги стимулира младите да останат и формираат семејство во државата. Пратеникот Амар Мециновиќ на прес-конференциja истакна дека овој иницијален пакет од шест предлог-закони произлегува директно од предлози на младите, a целта е да се овозможат подобри услови за формирање на семејство и за стапување во брачна заедница. ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
29%
1022
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
2.24
41%
1024
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
2.06
40%
1021
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
35%
1026
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.56
29%
1023
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
62%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
8.23
38%
1020
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1021
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
1.54
40%
1024
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
2.06
41%
1024
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
38%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941