Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека украинските сили се повлекуваат долж целата линија на фронтот и го обвини Киев дека, поради состојбата на бојното поле, прибегнува кон, како што рече, „отворени терористички дејствија“. Говорејќи на конгресот на партијата Единствена Русија, Путин оцени дека западните земји ги игнорираат украинските напади врз цивили и цивилна инфраструктура во Русија, додека истовремено продолжуваат со ...
По десетина настапи низ скопските клубови, во текот на кои нивниот првичен дуо формат постепено прерасна во квартет, ТМУР ќе го издадат и концертно ќе го промовираат својот деби албум Пустохија. Промоцијата ќе се одржи на 2 јули (четврток), со почеток во 21:00 часот, во КОТУР, а влезниците ќе чинат 200 денари. Албумот е снимен во студиото „Профундус“, под продукциската палка на Дориан Јовановиќ, еден од најискусните и најреномирани ...
Аргентинските власти до американските безбедносни служби доставиле список со околу 35.000 лица на кои треба да им биде забранет влез на стадионите за време на натпреварите на аргентинската репрезентација на Светското првенство. Меѓу лицата на списокот се наоѓаат и околу 13.000 татковци кои не ги исполнуваат законските обврски за плаќање алиментација. Аргентинската министерка за национална безбедност Алехандра Монтеолива соопшти дека базата ...
По новите обвинувања од СДСМ, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во изјава за медиумите порача дека раководството на СДСМ повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги претстави како проблем на другите партии, се наведува во соопштението од ЗНАМ, кое МИА го пренесува интегрално. „Раководството на таа некогаш државотворна партија, која денес е сведена на ниво на ликвидација, во ...
Иранските вооружени сили остануваат во целосна борбена готовност и покрај актуелните разговори за прекин на огнот со Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на иранската армија, бригадниот генерал Мохамед Акраминија. Тој порача дека Техеран нема доверба во Вашингтон, обвинувајќи ги САД дека и претходно ги прекршувале дипломатските процеси со воени акции. „Од првиот ден на прекинот на огнот кажавме дека на непријателот не му ...
Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, рече денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Според него, на граѓаните сега не им требаат избори за Советот, зашто тоа, како што напомена, носи други околности во развивањето на градот. Сали смета и дека се нарачани анкетите кои ...
Кривична пријава поднесе ОВР – Струга против Н.С., 42-годишна мајка од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по член 201, став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација ...
До 14:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, еден е под контрола, а четири се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, првиот е на територија на село Гари, општина Дебар, каде горат ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума. Депонија и ниска вегетација се опожарени во населбата „Перо Чучо“ во општина Куманово. Гори и депонија на територија на ...
Израелските компании Elbit Systems и Israel Aerospace Industries склучиле воени договори вредни стотици милиони шекели со Катар и Саудиска Арабија, покажуваат документи и фотографии објавени од израелскиот весник „Хаарец“. Според информациите, двете заливски држави добиле напредни системи за противракетна одбрана, како и современи пилотски кациги и друга опрема за борбените авиони F-15. Иако Катар и Саудиска Арабија немаат официјални ...
Израелскиот министер за енергетика и инфраструктура Ели Коен му честиташе на словенечкиот премиер Јанез Јанша по неговата најава дека Словенија ќе го повлече признавањето на палестинската држава и ќе ја пресели својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим. „Му честитам на словенечкиот премиер за правилната и важна одлука да го повлече словенечкото признавање на палестинската држава и да ја премести амбасадата на Словенија во Ерусалим, вечниот ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Војската на Србија продолжува да ги зајакнува своите капацитети, а дополнителен придонес во одбраната, според него, ќе има повторното воведување на задолжителниот воен рок, кој треба да започне во март 2027 година. Изјавата ја даде за време на презентацијата на нови и модернизирани средства на Војската на Србија на воениот аеродром во Батајница, во близина на Белград. „Нашата војска е сè ...
Венко Филипче и неговите другари лагите ги повторуваат како папагали. Од нивното однесување и нивните кажувања кои се сведуваат на сеење страв се гледа само едно дека немаат идеја за ништо и само повторуваат лаги. Еве јасно ќе им кажеме и во оваа прилика, буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени вработените и нивните примања. Ако не слушаат во јавност и не ги гледаат јавните настапи на ...
Во црквата „Света Софија“ во Охрид синоќа (сабота, 27 јуни) се одржа традиционалното поетско претставување на лауреатот на највисокото фестивалско признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса Анеке Брасинга. На претставувањето присуствуваше претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова. Пригодна реч за Брасинга одржа Бас Квакман, кој 16 години бил директор на меѓународниот ...
Концерт насловен „Македонија во нас“, ќе се одржи на 29.06.2026г. – понеделник, со почеток во 20:30 часот на отворената сцена на „Кеј 13 Ноември“, споменик на Гемиџиите. На концертот ќе учествуваат Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од Волонгонг. Овој настан е во соработка со Националната агенција за иселеништво на Македонија, а влезот е слободен. Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од ...
СДС се однесува во јавноста како да е единствен застапник на европската перспектива на Македонија. Додека постојано зборуваат за европски вредности и стандарди, кога е потребно тие да се преточат во конкретни чекори, отсуствува нивната поддршка. Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од реформската агенда и европскиот напредок, СДС избира политички блокади и активности со кои ја нарушува сликата за сопствената ...
Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем. Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб. Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија. Наместо да го зајакне вториот пензиски столб, Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење. Според ...
Педесет и едногодишник со иницијали С.Г., со престојувалиште во скопско Таор, е лишен од слобода денеска од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје поради постоење основи на сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г., соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – На 26 јуни 2026, С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а следниот ден ...
Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија, рече Миле Лефков, член на ИК и ...
Еден од најконтроверзните натпревари на Светското првенство предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, откако Австрија и Алжир одиграа 3:3 – резултат што им обезбеди пласман на двете селекции во осминафиналето, а го елиминираше Иран. Бидејќи натпреварот беше последен во групата Ј, двете репрезентации знаеја дека нерешен резултат им одговара и на двете. Со таков епилог Иран остана без место меѓу најдобрите третопласирани селекции и не ...
Големиот шумски пожар, кој пред четири дена избувна во Попово Поле на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина, се прошири и кон подрачјето на Требиње во Република Српска, при што огнената линија долга околу пет километри се доближи до селата Седлари, Грмљани и Полице. Командирот на Територијалната противпожарна единица, Дејан Кашиковиќ, изјави дека ноќта била исклучително тешка и исцрпувачка, но благодарение на брзата реакција на ...
Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, невадуваат преку соопштение од СДСМ. Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, ...
Киев во текот на ноќта повторно беше цел на руски балистички ракетен напад, при што се повредени најмалку две лица, а на повеќе локации избувнаа пожари. Началникот на киевската воена администрација Тимур Ткаченко соопшти дека нападот предизвикал пожари во Дарницкиот округ, во југоисточниот дел на украинската престолнина. „Пожари се регистрирани на неколку адреси. Запалена е бензинска пумпа, гори и објект во близина на станбена зграда, како и ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите, температурата ќе се движи од 20 до 38 ...
Единаесетгодишно момче беше спасено живо од урнатините во Карабаледа, на северот на Венецуела, три дена по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата. Веста ја соопшти вршителката на должноста претседател Делси Родригез, која на социјалната мрежа X објави снимка од драматичната спасувачка акција. „Пред само неколку минути беше спасено едно момче во Карабаледа. Во овие моменти, секој спасен живот претставува нова надеж за Венецуела“, ...
Фудбалските репрезентации на Португалија и Колумбија одиграа натпревар без голови (0:0) во последното коло од групата К на Светското првенство, резултат што им одговараше на двете селекции за пласман во елиминациската фаза. Со освоениот бод, Колумбија го заврши групниот дел на првото место со седум бодови, додека Португалија заврши втора со пет и обезбеди место во шеснаесетфиналето. Иако мрежите мируваа, натпреварот понуди многу возбудувања. ...
Американската телевизиска репортерка Абигејл Велез јавно им се извини на граѓаните на Босна и Херцеговина и на фудбалската репрезентација, откако нејзината изјава во пресрет на натпреварот од нокаут-фазата на Светското првенство предизвика бројни негативни реакции. Велез преку социјалните мрежи призна дека нејзиниот настап бил непромислен и несоодветен. „Во неуспешен обид да внесам малку забава во духот на Светското првенство, отидов ...
Тензиите меѓу САД и Иран повторно ескалираа откако американските сили извршија воздушни напади врз повеќе ирански воени цели, како одговор на напад со дрон врз трговски брод во Ормускиот Теснец. Според американската Централна команда (CENTCOM), нападнати биле десет воени цели, меѓу кои системи за противвоздушна одбрана, комуникациски капацитети, складишта за беспилотни летала и друга воена инфраструктура. Од Техеран возвратија со ракетни и ...
Со одигрувањето на последните натпревари од групната фаза, комплетиран е костурот за елиминацискиот дел од Светското првенство 2026. Во шеснаесетфиналето место обезбедија 32 репрезентации, а меѓу нив е и Босна и Херцеговина, која за противник ќе ги има домаќините – Соединетите Американски Држави. Нокаут-фазата започнува вечерва со натпреварот меѓу Јужноафриканската Република и Канада, додека последниот дуел од шеснаесетфиналето ќе се одигра ...
Филипче со месеци се обидува да ја изгради својата јавна слика врз европски вредноси, но само кога тие принципи можат да се употребат за да ја критикува сопствената држава. Тоа најдобро се гледа во неговиот однос кон бугарски провокации и постапки што директно ги засегаат македонските национални интереси. Филипче доследно молчи на секоја бугарска провокација која ги засега македонскиот идентитет, јазик и историја, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. ...
Додека на теренот продолжува да ги тресе противничките мрежи, надвор од него Ерлинг Халанд стана една од најголемите атракции на Светското првенство 2026 – благодарение на своите објави на Snapchat. Норвешкиот напаѓач, кој важи за еден од најдобрите голгетери во светот, ги воодушевува навивачите не само со головите, туку и со својата спонтаност на социјалните мрежи. Неговиот профил на Snapchat го следат повеќе од 2,5 милиони луѓе, а наместо ...