Општинската организација на Црвен крст Берово упати апел до граѓаните за донации на храна и пијалоци, наменети за екипите кои го гаснат шумскиот пожар што го зафати подрачјето на општина Берово. Апелираа сите кои се во можност да се вклучат во поддршката на било каков начин, а во рамки на своите можности. -Во овие тешки моменти, екипите на терен несебично се борат со огнената стихија за да ја заштитат природата која не опкружува. Ве повикуваме ...

Собранието денеска на почетокот на 64-та седница ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска. Претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека до почетокот на седницата, Димитровска го известила Собранието дека ќе ја образложи оставката. -Собранието врз основа на член 121 став 2 од Деловникот на Собранието констатира дека и престанува функцијата претседател на Државната ...

На денешната главна расправа пред Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот Сулејман Јамалари изјави дека не се чувствува виновен за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Сулејман Јамалари, поранешен вработен во ЈП „Паркови и зеленило“, е обвинет дека извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Инцидентот се случил на 11 јули 2025, кога Арсовска била на терен со овластени службени лица ...

Бразилскиот ас Нејмар (33) пропушти голем број натпревари оваа сезона во Сантос, кој е во зоната за испаѓање во Бразил, никој не очекуваше толку лоша ситуација, а имаше и расправија со еден навивач. Нејмар ја премина границата, судејќи според писмото од навивачката група на Сантос. „Разговараме со тебе, нашиот идол, Нејмар. Да, идол – затоа те молиме да се однесуваш како еден од нив. Рековте дека сте навредени што еден навивач сугерираше дека ...

МВР информира дека рано утринава во 01.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул. „Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М.(38) од с. Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош ...

„Без оглед на суштинските и сериозни разлики што постојат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и политичката партија Левица – особено во однос на нивниот политички курс и соработката со СДС – нашата заложба за бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал останува цврста, доследна и недвосмислена. Таа борба не смее да зависи од политичките калкулации или од моменталните партнери во опозицијата или власта. Таа борба треба да биде водена од ...

Бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти и тоа е доволен доказ дека од опозицијата креираат невистини, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу”. Според Мицкоски, и тоа не е доволно, просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока, посочи Мицкоски, ние како Влада продолжуваме да работиме. -Сакам да кажам дека ...

Граѓаните преку Либерално-демократската партија (ЛДП) го извојуваа првиот чекор – намалување на тарифниците за банкарски услуги, што произлегува како директен резултат од спроведената кампања „Твоја сметка – твои пари“ и јавниот притисок во интерес на граѓаните. Сметаме дека ова е важен и исправен чекор напред, кој покажува дека кога институциите имаат слух, а политиката се води во служба на граѓанинот, резултатите не изостануваат. Го ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го доби решението за репрезентативност и на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе го отвори прашањето за 500 евра минимална плата и за 6.000 денари дополнително зголемување на сите останати плати. – Утре е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред распишување на локалните избори да донесат брзи законски измени и да утврдат минимална плата од ...

Четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа синоќа во несреќа што се случи во областа на заливот Мусура во делтата на Дунав во Романија, кога брод со 14 патници се преврте поради бура. На социјалните мрежи се појави и видео кое ги прикажува размерите на бурата што го зафати подрачјето во моментот на несреќата. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек. Според првите информации, бродот со кој пловеле туристите не бил регистриран за ...

Министерството за транспорт го поништи тендерот за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, откако надлежната Комисија утврдила дека единствената пријавена компанија не ги исполнува условите од објавениот повик. Прес-службата на Министерството за транспорт најави дека во следниот период ќе се направат дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја ...

„Продолжуваат скандалозните тендери во најголемиот државен загубар АД ЕСМ, со кое директорува Лазо Узунчев. Левица обзнанува уште еден скандалозен тендер, овој пат во вредност од над 2 милиони евра со битолската компанија „Руд Коп”. Имено, во февруари финансиска полиција извести дека поранешниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски со соработниците во комбинатот и со помош од вработени во Бирото за јавни набавки, успеале да наместат тендер ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Како што велат од МВР, на 27.01. годинава пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во ...

Шејн Девон Тамура (27), вооружениот човек кој уби четири лица во зграда во Њујорк пред да си го одземе животот, оставил самоубиствена порака тврдејќи дека страдал од хронична трауматска енцефалопатија (CTE) и побарал да му се анализира мозокот по неговата смрт, објави CNN. Во краткото писмо од три страници пронајдено во неговиот џеб, Тамура напишал: „Тери Лонг и американскиот фудбал ми дадоа CTE и пиев галони антифриз за тоа. Не можете да се ...

Холандската влада ќе го повика израелскиот амбасадор во Холандија за да ја осуди „неподносливата и неодбранлива“ ситуација во Газа и им воведе забрана за влез на двајца крајно десничарски израелски министри, се вели во писмо објавено доцна вчера. На израелските министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрих повеќе нема да им биде дозволено да влезат во Холандија, која ги обвинува за постојано поттикнување насилство против Палестинците и повикување ...

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти прес-службата на Кремљ. Според руските власти, лидерите на двете земји разговарале за напнатата ситуација на Блискиот Исток. „Руската страна ја потврди својата цврста позиција во корист на исклучиво мирно решавање на проблемите и конфликтите што постојат во регионот“, соопшти Кремљ. Путин ја нагласи важноста од поддршка на единството, ...

Најмалку 16 лица беа убиени, а уште 35 ранети во напад на руските сили врз казнена установа во регионот Запорожје, во југозападна Украина, потврдија локалните власти. Нападот е извршен во понеделник вечерта, а украинските власти истакнуваат дека затворските згради се целосно уништени, пишува The Guardian. Rusiya Zaporojyedə cəzaçəkmə müəssisəsini vurub, 16 nəfər ölüb, 35 nəfər yaralanıb#Russian #Ukraina #BREAKING pic.twitter.com/LDj3uR4OIg — ...

Времето денеска е променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во раните утрински и претпладневни часови со ...

Сведоци на враќањето на нацизмот на Запад, а Русија ја води борбата против целиот регион, тврди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како што објави Newsweek. „Досега – дури и за време на Студената војна – се водеше дијалог, што им овозможуваше на спротивставените блокови подобро да ги разберат меѓусебните намери, со главна цел да се спречи голема војна“, рече Лавров на Националниот образовен младински форум „Тера Сциенција“, ...

Специјалните противпожарни возила и опремата, кои денеска заедно со 50 професионални пожарникари од Словенија ќе пристигнат во Берово, ќе бидат распоредени на стадионот „Димитар Беровски“ како логистички центар со сите расположливи ресурси. Поради тоа, стадионот ќе биде привремено затворен за јавноста, информираа од Општина Берово. Претходно директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов информираше дека словенечките ...

Украинските сили извршија голем напад со беспилотни летала во рускиот Ростовски регион преку ноќта, погодувајќи железничка станица во градот Салск, објавија локалните руски претставници. Видеата што прикажуваат голем пожар на станицата се појавија на социјалните мрежи, а нивната автентичност ја потврди рускиот Телеграм канал ASTRA. Russian train stations continue exploding. Salsk, Rostov region. pic.twitter.com/7HcAArN920 — Jay in Kyiv ...

Полициски службеник од Њујорк е меѓу четирите лица убиени во пукотница што се случи вчера попладне во облакодер во центарот на Менхетен. Според полицијата, напаѓачот, Шејн Девон Тамура, 27, отпатувал во Њујорк од Лас Вегас, а неговиот мотив за нападот сè уште не е познат. По пукотницата, тој бил пронајден мртов со она што властите го нарекуваат „самонанесена рана од огнено оружје“. Дополнителна муниција била пронајдена во неговиот автомобил. ...

Собранието денеска во рамки на 64. седница се очекува да ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, а на дневен ред на седницата е и интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител – Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската Левица. Според најавите, седницата се очекува да ја води претседателот на Собранието Африм Гаши, кој по здравствените проблеми од минатата недела првпат ќе ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска започнува судскиот процес против лицето обвинето за напад врз градоначалничката Данела Арсовска. Инцидентот се случи на 11 јули на улицата „Севастополска“ во Скопје, додека таа со службени лица извршувала теренска проверка по пријава за бесправна градба и нелегални приклучоци. Според обвинителниот акт, обвинетиот С.Љ. извршил грубо насилство врз градоначалничката, при што ѝ нанел телесна повреда и ...

Англиската голманка Хана Хемптон помина низ трнлив пат додека стигне до „Златната ракавица“ и титулата европски шампион. Со децении, сонот на англиските навивачи е да го „вратат фудбалот дома“, но бројни генерации на Гордиот Албион не успеаја да ја остварат оваа цел. Од друга страна, дамите од Островот, избрани од Сарина Вигман, синоќа повторно им покажаа на своите колешки од спротивниот пол како да победат. Во големото финале на Европското ...

Француските истражители спроведоа уште едно испрашување на основачот на Телеграм, Павел Дуров, поради вмешаност на апликацијата за пораки Телеграм во дистрибуцијата на нелегална содржина, објави денес „Фигаро“, повикувајќи се на извори. 40-годишниот руски претприемач, облечен во црно одело и капа, пристигна во судницата во Париз во 10 часот наутро, во придружба на четири адвокати. Ниту Дуров ниту неговите адвокати не сакаа да даваат изјави. ...

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека Израел мора да направи повеќе за да овозможи доставување помош во Газа. „Не знам дали сите сте ги виделе овие слики. Имате некои навистина, навистина тажни случаи. Имате мали деца кои очигледно гладуваат. Израел мора да направи повеќе за да ја достави таа помош. И ние исто така мора да војуваме против Хамас за овие луѓе да престанат да спречуваат храна да влегува на оваа територија“, ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток. Путин нагласи дека Москва е подготвена да помогне во наоѓањето договорено решение за нуклеарната програма на Иран. – Земајќи ја предвид неодамнешната ескалација на иранско-израелскиот конфликт, руската страна изрази подготвеност да стори сè што е можно за да го олесни наоѓањето договорено решение за ...

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, ја претстави својата визија за главниот град, нагласувајќи дека фокусот ќе биде ставен на ефикасна комунална хигиена, модерен јавен превоз и борба против урбанистичкиот хаос. -Скопје треба да биде град на граѓаните – зелен, со ефикасен јавен транспорт и со хигиена која ќе биде приоритет број еден. Ние како партија, а и јас лично, ќе понудиме соодветни решенија за сите ...

Дежурната служба на Одделот за безбедност Никшиќ синоќа околу 21:30 часот, беше известена дека се случила сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено и е пренесено во Општата болница Никшиќ. Информациите се дека тешко е повреден пешак, а автомобилот го управувало дванаесетгодишно дете. Полициски службеници поднесоа прекршочна пријава против таткото на детето, В.Т. (35), поради прекршувања на Законот за безбедност на сообраќајот на ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1021
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
43%
1022
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
47%
1020
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
38%
1026
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.18
32%
1023
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
0.51
67%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
42%
1019
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
54%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
27%
1021
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
42%
1023
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
40%
1022
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
53%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409