Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Затворањето на американската федерална влада сè повеќе го нарушува воздушниот сообраќај во Соединетите Американски Држави – вчера беа откажани 1.330 летови, а околу 5.450 беа одложени. Федералната администрација за воздухопловство (FAA) им нареди на авиокомпаниите да го намалат бројот на дневни летови на 40 главни аеродроми за четири проценти поради загриженост за безбедноста на контролата на воздушниот сообраќај. Затворањето, всушност, доведе ...
Главниот предизвикувач на Виктор Орбан, човекот кој би можел да го заврши неговото долго владеење на парламентарните избори следниот април, вети дека ќе ја сврти надворешната политика и ќе ја врати Унгарија кај нејзините западни сојузници. Петер Маѓар, чија нова партија Тиса убедливо води на анкетите, изјави за Фајненшл тајмс дека ако стане премиер, неговата влада ќе ги почитува меѓународните обврски на Унгарија, вклучително и приклучувањето ...
Левица остро реагираше на најавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе започнат да сообраќаат 55 нови автобуси на приватните превозници, оценувајќи дека тоа е уште едно „импровизирано решение“ на штета на јавниот интерес. „Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси за приватните превозници! Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и не гласаа за набавка на нови еко автобуси, поради ...
Руските воздушно-одбранбени сили соборија 44 украински беспилотни летала над руска територија во текот на ноќта, соопшти денес Министерството за одбрана на Русија, пренесува Танјуг. „Од 23 часот на 8 ноември до 7 часот наутро на 9 ноември, системите за предупредување од воздушна одбрана пресретнаа и уништија 44 украински беспилотни летала со фиксни крила“, се наведува во извештајот, пренесува РИА Новости. Руската армија собори 43 беспилотни ...
Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка за донации од близу 11 милиони денари. Во објавената видео информација на Фејсбук профилот на Граѓанската иницијатива се вели дека од вкупната сума од 10. 944.793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 луѓе во износ од по 71 900 денари. -Почитувани, транспарентно ја споделуваме ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени. Според прогнозата на УХМР, во ...
Претседателот на СДСС и претставник во хрватскиот парламент, Милорад Пуповац, изјави дека сите институции на српската заедница во Хрватска се под полициска заштита по низата инциденти. „Моментално, сите настани и институции на српската заедница во Хрватска се под полициска заштита“, изјави Пуповац за Хрватското радио во. Тој го коментираше инцидентот од синоќа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што маскирани мажи во црно се собраа ...
Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ вечерва дојде до нова АТП титула, вкупно 101-ва на големата сцена, совладувајќи го Италијанецот Лоренцо Музети со 2-1 во сетови (4:6, 6:3, 7:5) во финалето на турнирот во Атина, по три часа возбудлива игра. Ова беше нивниот десетти меѓусебен дуел, а деветта победа на Ѓоковиќ над петнаесет години помладиот противник. Првиот сет му припадна на Музети, кој уште во третиот гем успеа да направи брејк и го ...
Во срцето на Њујорк, град што го поврзуваме со блескави облакодери и стаклени фасади, стои зграда што му пркоси на здравиот разум – масивен бетонски блок од 29 ката без ниту еден прозорец. Овој темен монолит на улицата Томас број 33 со децении ги збунува минувачите и теоретичарите на заговор. Толку е морничаво што дури и познатиот актер Том Хенкс напиша на X (тогашен Твитер) во 2017 година збунето: „Ова е најстрашната зграда што некогаш сум ја ...
Рускиот крипто милионер Роман Новак, претходно осуден за измама од повеќе милиони долари, е киднапиран и убиен во Обединетите Арапски Емирати заедно со неговата сопруга Ана по неуспешен обид за изнуда. Двојката била намамена на лажен деловен состанок што се претворил во смртоносно киднапирање со цел да ја преземе контролата врз неговите дигитални средства, објави CryptoSlate. 🇷🇺 The UAE security services have arrested a gang involved in the ...
Демократската партија на Албанците денеска во Тетово го одржува Централното собрание. Членот на Централното претседателство на ДПА, Имер Алиу одговарајќи на новинарско прашање дали ќе станат дел од Владата, рече дека сè уште не добиле покана, но и дека нема да ја одбијат доколку добијат. Алиу нагласи дека ќе почекаат да видат како ќе се развива ситуацијата во наредните денови. -Не, немаме добиено, но всушност нема да ја одбиеме поканата. Ќе ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека се работи на наредба од претседателот Владимир Путин за подготовка на предлог за потенцијален руски нуклеарен тест, објави државната новинска агенција ТАСС. „Во врска со наредбата на претседателот Владимир Путин на состанокот на Советот за безбедност на 5 ноември, можам да кажам дека е прифатена, подготвена е за имплементација и се работи на неа. Јавноста ќе биде информирана ...
На 29-от „Марш на ангелите“ на семејствата и блиските на жртвите од трагедијата во „Пулс“ во Кочани, родителите побараат од Обвинителството да постапи по доказите кои ги доставиле, а на кои како што велат се гледаат средби меѓу дел од осомничените и оштетени. – Пред три недели до вашата институција доставивме докажи кои јасно покажуваат како осомничениот, поранешниот градоначалник Ратко Димитровско и оштетено лице седат заедно со што е ...
Полицијата во Сплит денес извести дека протестот на навивачката група на „Торцида“ на „Рива“ поминал мирно, без инциденти или потреба од интервенција. „Торцида“ организираше протест поради апсењето на маскираните мажи кои упаднаа во „Деновите на српската култура“ во општина Блатине, пренесе хрватски „Индекс“. Градоначалникот од ХДЗ, Томислав Шута, ѝ даде дозвола на „Торцида“ да го користи пристаништето, а министерот Давор Божиновиќ рече дека ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л.(26) од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против Е.В.(18) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“. Тие на 06.11.2025 околу 19 часот, во село во дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, кое го ...
Двајца беа убиени, а седум други повредени во денешните израелски воздушни напади врз Либан, соопштија извори во земјата. Двата напада се случија во време на обновени израелски офанзиви за кои се вели дека се насочени кон цели на либанското движење Хезболах. Во еден од нападите, израелско беспилотно летало удри возило на пат во југоисточен Либан, при што загинаа двајца браќа, објави либанската државна новинска агенција ННА. Lebanese media ...
Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот. -Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија ...
Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски апелира случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се истражи докрај. Овој случај, според Трипуновски, е показател дека законите важат подеднакво и за сегашни и за поранешни функционери. Според Трипуновски, нема никаква загрозеност по ИПАРД средствата ниту по националните плаќања што ги имаме како држава. – Владата покажува ...
Со средба со хрватските писателки за деца Сања Пилиќ и Силвија Шесто синоќа во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб заврши тридневниот Фестивал на современата македонска книжевност. Разговорот со нив го водеше Нове Цветаноски, директор и главен уредник на Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје, при што беа претставени македонските изданија на нивните книги за тинејџери – романите „За мајките сè најдобро“ од ...
Нереформираната СДС предводена од Филипче во сенката на Заев, доживеа историски дебакл на овие избори, вели викторија андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. – Владеењeто на Филипче и Заев со СДС, ја доведе партијата до колапс, а за тоа сведочи и исходот од овие локални избори на кои СДС освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници. Истовремено ги изгуби и своите некогашни бастиони. Се дури СДС е управувана од дуото Филипче-Заев, партијата е ...
Коруптивните шеми и скандалите на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството ја доведуваат во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3 програмата, вредна 128 милиони евра, вели пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски. „Големиот скандал со директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, го докажува она на што постојано укажувавме – вистинската слика за ова владеење: држава заробена од партиски и лични интереси, ...
Судијката на американскиот окружен суд, Карин Имергут, донесе пресуда со која „трајно“ ѝ забранува на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да распоредува трупи на Националната гарда во Портланд, Орегон. Во нејзината пресуда од 106 страници, судијката напиша дека судот заклучил дека „немало „бунт или закана од бунт“, ниту пак претседателот бил „спречен да ги спроведува законите на Соединетите Американски Држави со редовни ...
Три украински дронови погодија електрична трафостаница во северниот руски регион Вологда во текот на ноќта, изјави регионалниот гувернер Георги Филимонов. Штетата на трафостаницата се проценува, но снабдувањето со електрична енергија во регионот, кој се наоѓа северно од Москва и на околу 1.900 км од Украина, продолжува без прекин, изјави Филимонов во објава на Телеграм. 💥 Saratov, Ryazan, Tula and Volgograd overnight! ‼️ Belozerskaya 750 kV ...
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава. ...
Времето денеска е променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо ...
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик. Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, ...
Грчки државјанин сопственик на куче “пит бул”, косовски државјанин сопственик на куче од расата “американски стафорд”, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на 1 ноември во селото Црнеец во близина на Стрежево, тие ...
Турција издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и десетици други израелски функционери под обвинение за геноцид. Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека издала налози за апсење на 37 лица. Покрај Нетанјаху, наредбите се однесуваат и на израелскиот министер за одбрана Израел Кац, министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир и началникот на Генералштабот Ејал Замир, меѓу другите. Налозите ги ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во Вашингтон дека Будимпешта постигнала договор со САД, кој, како што тврди, ѝ дал на Унгарија целосен и неограничен исклучок од санкции за користење на руски енергетски производи преку Турски тек и гасоводот „Дружба“. Според него, ова ја „спасило“ унгарската политика за намалени режиски трошоци. Во американската престолнина, Орбан се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, по што одржа ...