Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се ...
РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. – За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија ...
Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка при берба на печурки. Милески вчера околу 13 часот со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за десетина минути. По нападот мечката избегала. Според началникот на хируршкото одделение во прилепската болница, д-р Димитар Иваноски, повредениот ...
Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, а сега амбасадор на земјата во Велика Британија, Валериј Залужни, „меѓу редови“ ја критикуваше сегашната американска администрација за повикот за преговори со Русија. Во статија за Њујорк пост, тој изјави дека Украина ја отфрла „капитулацијата маскирана како мир“. „Ја отфрламе капитулацијата маскирана како мир. Праведното решение мора да го врати нашиот територијален интегритет, да ...
„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата на деловниот форум што ќе се одржи утре (вторник), на 11 ноември 2025 година, од 9:00 до 13:30 часот во Стопанската комора на Северна Македонија. Настанот има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските компании, преку размена на искуства, идеи и визии за иднината на двете економии. Воведни ...
Љупчо Путер Николовски, кој во својата кариера остана запаметен по гломазно презентираната акција за заплена на стотина килограми путер, не е релевантен да зборува на ниту една тема, особено не на тема корупција, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува во интегрална форма. Сега, за разлика од времето на СДС одговорност има за секој сторен криминал. Одговорноста во случајот со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието ...
Доделена е годишната Награда на најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје за постигнати врвни резултати во 2024 година, соопштија попладнево од УКИМ. Добитници на Наградата за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2024 година, се проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, од Природно-математичкиот факултет, најдобар научник за природно-математички науки; проф. д-р Христијан Ѓорески, од Факултетот за ...
Американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ регистрираше седум трговски марки во Русија кои ги опфаќаат неговите добро познати производи и услуги, според податоците од организацијата „Роспатент“. Брендовите „Биг Мек“, „Биг Тасти“, „Ројал Чизбургер“, „Квартер Паундер“, „МекФреш“, „МекФлури“ и „МекДеливери“ се регистрирани, пренесува ТАСС. Сите апликации беа поднесени од Соединетите Американски Држави во декември 2024 година, а одлуката за ...
Апелацискиот суд во Париз денеска го ослободи поранешниот француски претседател Никола Саркози од издржување на затворската казна и одлучи тој да биде ставен под судски надзор. Саркози се наоѓаше во затворот Ла Санте во Париз од 21 октомври, по осудата на пет години затвор кон крајот на септември заради криминална завера во случајот за наводно финансирање на неговата изборна кампања со пари од поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи. „Судот го ...
Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Геријатрија” за примање поткуп, против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи и Блерим Амити за примање награда за противзаконито влијание. Во судница беа презентирани докази – фото и видео материјали прибавени со примена на посебни истражни мерки, како извештаи од ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за ...
Менаџментите на N1, Nova, Radar и Danas во Србија официјално испратија понуда за преземање на новинските медиуми на United Group. Менаџментот на N1 Group и партнерските редакции Nova S, Nova.rs, Danas и Radar испратија официјална понуда до сопствениците на тие медиуми, BC Partners и United Group, за преземање на 100% сопственост на новинските медиуми во Србија и регионот. Понудата беше доставена на адресата на одборот на директори на Summer ...
Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД 3 програмата, односно одлука за суспендирање на плаќањата во ИПАРД 3, рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски. – Одлуката стапила на сила веднаш, на неопределено време, се до исполнување на одредени услови и акциски ...
Коалицискиот партнер во владата, ВРЕДИ во соопштение до медиумите ја критикува министерката за образование и наука Всна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ кој како што велат, на настан во Тетово реагирала на тоа што градоначалникот Билал Касами одговарал на лабански јазик за дел од медиумите. – Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата на албански јазик на ...
Поранешниот претседател на Македонија Стево Пендаровски реагира на изјавата на екс министерот Њубомир Фрчкоски дека „мешетарел во СДСМ“. – Во врска со изјавата на Љубомир Фрчковски дадена во емисијата “Во Центар” во која во негативен контекст го споменува моето име, сакам да го дадам следново појаснување: Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не ...
Седумдесет и девет лица се повредени во судир меѓу два патнички воза во близина на словачкиот главен град Братислава, соопштија денес властите, пренесува vol.at. 🚨🇸🇰#BREAKING | NEWS ⚠️ Two trains collide on a section of Pezinok-Bratislava Main Station in Slovakia. Massive search and rescue teams on site with the emergency no word on fatalities or injuries just yet or how the two trains collided. Mass casualty incident. ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Од Министерството посочуваат дека во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен е-маил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа ...
Измина една недела од изборниот дебакл на Филипче и СДС, со којшто спаднаа на 120.000 гласови и се трета политичка партија во Македонија и петта во Скопје.Иако по историскиот пораз минатата недела, Филипче најави реформи и кадровски промени во партијата, сепак се уште јавно ништо нема, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. – До нас стигнаа информации, дека Филипче имал проблем со формирање на ново раководство, поради тоа што СДС поради ...
Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев, побара итно усвојување на измените на Законот за бугарско државјанство, оценувајќи дека сегашните одредби се „нелогични“ и не овозможуваат соодветно легитимирање на бугарската заедница во Република Северна Македонија. „Сегашниот закон е нелогичен и не функционира. Законот за бугарско државјанство мора многу итно да се промени“, изјави Ковачев на средба со бугарски новинари ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео порака на својот Инстаграм профил, а како што тврди, утрово разговарал по телефон со Дијана Хрка, која штрајкува во близина на Чациланд. Вучиќ изјави дека утрово разговарал со Дијана Хрка и Углеша Мрдиќ, кои штрајкуваат со глад. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Тој изјави дека „ја замолил Хрка да го прекине штрајкот со глад“. „Утрово ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Киев планира да набави 27 системи за воздушна одбрана „Патриот“ од американски производители, за да ја зајакне заштитата од руските воздушни напади. Во интервју за „Гардијан“, тој изјави дека и европските земји би можеле да ги префрлат своите „Патриот“ системи во Украина, со цел побрзо да се зајакне одбранбениот штит на земјата. Зеленски го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ...
Во петокот, на 7-ми ноември, во духовното светилиште на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, не се отвори само изложба, туку се отвори момент на вечност кон другиот свет, кон оној внатрешен и невидлив свет во кој бојата станува молитва, а тишината – сведоштво. Тоа не беше настан, туку обред, евхаристија на светлината, литургија на духот. И името на тој обред е Сергеј Андреевски- уметникот кој ја претвора тишината во видение, а ...
По големиот комеморативен митинг одржан на 1 ноември во Нови Сад, студентите во блокадата од сите универзитети во Србија подготвуваат нови протести во својата борба за предвремени парламентарни избори. Сепак, како што открија во едно интервју, плановите за овој месец се променети поради поддршката што ја даваат на Дијана Хрка, а годишнината од блокадите, 29 ноември, се споменува како можен датум за следниот голем собир, објавува Nova.rs. ...
Советот на амбасадори со особено внимание го проследи Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија за 2025 година. Овој извештај доаѓа во период кога, и покрај успешното завршување на скринингот на сите шест кластери во декември 2023 година, официјалното отпочнување на пристапните преговори останува условено со преземање дополнителни чекори и реформски зафати, се вели во соопштението од Извршниот одбор на Советот на ...
Мнозинството млади луѓе во земјава гледаат позитивно на ЕУ, но речиси половина не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на Унијата, што го потврдува растечкиот евроскептицизам кај младите во земјите кандидати за членство во блокот, се наведува во публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на Северна Македонија“. – Овој јаз помеѓу надежта и реалноста, интересот и недовербата, европската идеја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп стана првиот претседател на оваа земја кој присуствуваше на натпревар од НФЛ помеѓу „Вашингтон Командерс“ и „Детроит Лајонс“ во последните 50 години, и се чини дека нема да се сеќава на тој настан со задоволство. Crowd erupts when Trump appears on screen at Washington Commanders- Lions game . Lots of boos and middle fingers in this section. pic.twitter.com/uTzvr0DbXs — Marisa Schultz (@marisa_schultz) ...
Американските сенатори постигнаа привремен договор за прекин на буџетската парализа што блокираше дел од јавните услуги рекордни 40 дена, објавија неколку медиуми. Републиканците и демократите во Сенатот се согласија да ја финансираат владата до јануари, објавија CNN и Fox News. Мерката веднаш беше ставена на гласање, очигледно со поддршка од доволен број демократи, а текстот потоа ќе биде доставен до Претставничкиот дом. Доколку и ...
Времето денеска е претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ...
Нереален гол постигнат во Уругвај! Дуелот помеѓу Серо Ларго и Ливерпул беше обележан со гол каков што не се гледа секој ден, а го постигна домашниот голман, Џино Сантили. 😱 El meta Gino Santilli marca uno de los golazos de la temporada ¡de portería a portería!pic.twitter.com/MrZPS04Ww9 — MARCA (@marca) November 8, 2025 Погоди со дегажман од сопствениот шеснаесетник. Да, добро прочитавте… По вистински пороен дожд, Сантили ја шутна топката, а ...
Џерад Кушнер, влијателниот зет на американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Израел за да разговара со премиерот Бенјамин Нетанјаху за спроведувањето на американскиот план за прекин на војната во Газа, изјави извор запознаен со ова прашање. Кушнер треба да се сретне со Нетанјаху во понеделник, изјави изворот, кој побара анонимност бидејќи средбата не е официјално објавена. Во септември, Трамп објави план од 20 точки за ставање крај на ...