Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 155 седница ги објави официјалните резултати од вториот круг на Локалните избори 2025 за избор на градоначалник во 29 општини и град Скопје, додека за три општини – Брвеница, Карпош и Шуто Оризари има приговори, кои ќе се разгледуваат денеска на јавна седница на ДИК во 14 часот. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко ги објави официјалните резултати од вториот круг на Локалните избори, со што Орце ...

Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, на железничката станица Ѓуешево. Договорот за подготовка, изградба и оперативност на тунелот, што ќе биде меѓугранична точка на двете држави на Коридорот 8 за директната ...

Според весникот „Известија“, рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко изјавил дека НАТО активно развива и обучува механизми за блокада на регионот Калининград. Тој се закани дека Москва, како одговор на можна агресија, ќе ги употреби „сите расположливи средства“ за заштита на националните интереси. Според Грушко, Алијансата веќе ја вежбала блокадата на Калининград за време на неколку воени вежби во Балтичкото Море и ...

Фудбалскиот клуб Пелистер објави дека ги прекинува односите со ФК Вардар, а потенцираше и дека „Комитите“ направиле штета на стадионот „Петар Милошевски“ и затоа во иднина нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи во Битола. „ФК Пелистер ја известува јавноста дека дел од столчињата и трибинскиот простор на јужната трибина, каде што се наоѓаа навивачите на Вардар на натпреварот Пелистер – Вардар на 5 ноември се оштетени и ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека неговата администрација спречила глобална економска депресија со воведување царини, истакнувајќи ја важноста на случајот на Врховниот суд што се занимава со вонредните овластувања и царини на претседателот. -Слушнав дека расправата поминала добро денеска, рече Трамп во интервју за Фокс њуз, додавајќи: „Би било катастрофално за нашата земја да го изгуби тоа. Катастрофално. Мислам дека е еден ...

Со најавените над 50.000 студентски ваучери и релативно краткиот временски рок за нивно искористување, целиот ИТ сектор се соочува со голем предизвик да обезбеди доволно лагер на квалитетна опрема. Разбирајќи го ова, и со цел да им излезе во пресрет на студентите, компанијата Анхоч е прва што го креираше и лансираше системот за предрезервации на уреди. Со најавата на Владата за доделување студентски ваучери во вредност од 15.300 денари, Анхоч, ...

Безживотно тело на млада жена вчера било пронајдено во Тетово, а на локацијата увид извршил дежурен јавен обвинител од тетовското Обвинителство. Како што информираат од ОЈО Тетово увид бил извршен и во станот во кој таа престојувала, а кој бил изнајмен. Според информациите од Обвинителството, се преземаат дејствија за испитување на причините за смртта. „Првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично ...

Агенцијата за храна и ветеринарство заплени небезбедна храна од непознато потекло во возило на подрачјето на Чучер-Сандево. Како што денеска информираат оттаму, по добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, спроведен е вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми ...

Под слоганот „Музиката во модата“ денеска во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи модна изложба на најдобрите модни креации на студентите од Интернационалнниот институт за мода „Изет Цури“. Изложбата ја организираат Францускиот институт во Скопје и Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, а на свеченото отворање ќе се обратат францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер и основачот на Меѓународниот институт за мода Изет Цури. Изет ...

На денешен ден, на 6 ноември 1944 година во Битола е формиран најстариот македонски хор кој борците на Седмата македонска ударна бригада – Битолска, го именуваа според нивниот соборец, народниот херој Стив Наумов. Мешаниот аматерски хор „Стив Наумов“ почна со работа само два дена по ослободувањето на Битола, со првата музичка програма на градскиот плоштад во која македонски песни и хорски композиции под диригентство на Тодор Скаловски, прв ...

Мислам дека не е фер Северна Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави за МИА словенечката европратеничка Ирена Јовева. – Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или ...

Холивудската ѕвезда и хуманитарка Анџелина Џоли ненадејно го посети украинскиот град Лавов, каде што се сретна со деца и волонтери. Нејзината посета, која требаше да биде мирна, набрзо доби драматичен пресврт, покажувајќи му на светот суровата реалност на војната, пишува Политико. 🇺🇸🇺🇦 Angelina Jolie’s visit to Kherson for “charity work” takes a turn when her bodyguard was detained and DRAFTD at a military checkpoint. According to ...

Немања Шаровиќ, поранешен истакнат член на Српската радикална партија на Шешељ и долгогодишен соработник на Воислав Шешељ, а денес новинар на КТВ Зрењанин познат по исмејувањето на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), беше нападнат вчера во Белград за време на митинг организиран од поддржувачите на Александар Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Покрет Љубав Вера Нада – Ниш (@nis_ljubav_vera_nada) Со години, ...

Американскиот министер за транспорт Шон Дафи најави драстичен потег за намалување на летовите за 10 проценти на 40 клучни аеродроми низ целата земја. Тој ги наведе безбедносните загрижености во контролата на воздушниот сообраќај предизвикани од затворањето на владата, кое влезе во рекорден 36-ти ден, објави Ројтерс. Неочекуваниот план ги принуди авиокомпаниите да брзаат да подготват значителни намалувања на распоредот на летовите за само 36 ...

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, слично време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до ...

Украинската армија наводно нападнала и оштетила руска рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта, додека експлозии потресоа неколку други енергетски објекти низ Русија, објавуваат руските канали на Телеграм, а пишува и „Киев Индепендент“. Украинската војска сè уште не го коментирала нападот, а „Киев Индепендент“ не можел независно да ги потврди овие тврдења. The Lukoil refinery in Volgograd, russia and an oil depot in Simferopol, ...

Додека мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум им се обраќаше на граѓаните на улицата во историскиот центар на Мексико Сити, маж кој изгледаше пијан ѝ се приближи одзади и ја допре пред да интервенира владин службеник. Видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува маж како се наведнува и ја бакнува Шајнбаум во вратот и се обидува да ги допре нејзините гради. Таа нежно ги турна неговите раце, задржувајќи вкочанета насмевка додека ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на објектот на месната заедница во населбата Пинтија. Се работи за темелна реконструкција со која ќе се подобрат конструктивните и физички својства на постоечкиот објект, кој веќе подолг период е во лоша состојба. Со зафатот ќе се создаде современ, функционален и безбеден простор кој ќе им служи на жителите ...

Основниот кривичен суд Скопје соопштува дека е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост за осомничениот во случајот на тешка сообраќајна несреќа на булевар „Гоце Делчев“ кога управувајќи автомобил „фолксваген пасат” удрил во сега починатиот Јорго Ќука, кој на велосипед се движел по обележаниот пешачки премин. Мерките на претпазливост за осомничениот кој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е сериозен аларм за иднината и перспективата на државата, нагласувајќи дека е најлошиот извештај којшто Македонија го добила во изминатите десетина години. „Објавувањето на Извештајот за напредокот со оцена дека Македонија не постигнала напредок на европскиот пат, ни ...

Многу контрадикторни работи слушнавме денеска, од што е јасно само едно, дека сето ова е однапред договорено и осмислено, со заднина да им се наштети на обвинетите и да се донесат сведоци што ќе кажат вакви бомбастични работи, непоткрепени и не поддржани, вели адвокатот Боби Спирковски, бранител на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, во случајот Онкологија 1 за несовено лекување на пациенти. Прашан за коментар на ...

Кривичниот совет ги одби жалбите и го потврди притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основниот кривичен суд Скопје на 28 октомври годинава го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз ...

Во недостаток на аргументи и докази за кривичното дело кое и се става на товар на Симонида Црвенкова, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации, вели адвокатот Владимир Туфегчиќ, бранителот на онокологот Црвенкова, обвинета во случајот Онкологија 1, за несовено лекување на пациенти. Прашан за коментар на изјавата на еден од оштетените сведоци на денешното рочиште за случајот, дека ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – поради основано сомнение за сторено кривично дело Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, на 30 октомври четворицата делувале како група и со употреба на физичка сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Настанот се случил во двор на мотел во Скопје. Оштетениот најпрво со една од ...

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија. Шестмината ...

По повод Денот на осигурувањето и 16 години од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), осигурителната индустрија во земјава ја потврди својата зрелост, стабилност и важна улога во креирање сигурна економска иднина. Меѓу учесниците кои го одбележаа овој значаен настан, своето прво официјално присуство го имаше и новото брокерско друштво Flex Broker, претставувано од Александар Атески. „Горд сум што учествував на прославата ...

За 2025 година се очекува раст на економијата од 3,5 отсто, а просечната стапка на инфлација ќе изнесува 3,9 проценти, соопшти денеска Народната банка. Се оценува дека дефицитот на тековната сметка ќе биде 4,2 процента од БДП што е проширување на дефицитот во однос на претходната година. Во споредба со априлските проекции, се очекува умерено повисок дефицит на тековната сметка наспроти финансиските текови кои во просек се повисоки од ...

Функционалниот јогурт Баланс+ ја продолжува својата мисија за промоција на здрав и балансиран начин на живот, насочувајќи ја својата поддршка кон лицата со дијабет. Преку брендот Баланс+, Бимилк обезбедува поддршка за едукација и подигнување на свесноста кај оваа група, во соработка со Здружението на лица со дијабет од Охрид. Целта на оваа иницијатива е лицата со дијабет подобро да ја разберат и усовршат својата исхрана, како и да стекнат ...

Русија денеска објави дека украинските војници во нападнатите градови Покровск и Купјанск се опколени, дека руските сили ги спречуваат да се повлечат и дека треба да се предадат бидејќи во спротивно немаат шанси за преживување. Русија се стреми да го освои Покровск, кој некои го нарекуваат „портата кон Донецк“, од 2024 година како дел од обидот за освојување на целиот регион Донбас, каде што украинските сили сè уште контролираат околу 10 ...

Дебаклот беше јасен како ден. Сите го видоа, сите знаат дека ДУИ е избришана од политичката карта. Само оние што ја уништија, денес се прават дека не разбираат. Наместо да го прифатат крајот, тие измислуваат теории на заговор како што некогаш правеше нивниот пријател кој сега живее во егзил, Никола Груевски. Тие измислуваат имагинарни непријатели и следни „виновници“, но никогаш себеси. Две децении ја хранеа власта со лаги и страв, а денес, ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
81%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
81%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
81%
1020
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.12
87%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1019
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
5.14
81%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
41%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
54%
1016
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
100%
1021
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
94%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
87%
1017
Currency

61.555

Currency

52.45

Currency

70.4652

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Алуминиум

2.93

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Сребро

2219.66

Кобалт

58.42

Платина

67491.55

Паладиум

56360.26

Калај

43.92

Бакар

11.13

Злато

141766.89

Цинк

3.04

Родиум

258813.51