Над четири и пол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција. Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две и пол илјади работници. – Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, ...

Суд во Париз утре ќе одлучи дали поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор, само 20 дена откако влезе зад решетки. Саркози беше осуден на пет години затвор откако беше прогласен за виновен за криминален заговор во врска со финансирањето на неговата победничка претседателска кампања во 2007 година со средства од Либија. Саркози е првиот поранешен претседател на модерна Франција кој е осуден на затвор. ...

Тим Дејви, генерален директор на Би-Би-Си, и Дебора Тарнс – извршен директор на Би-Би-Си Њуз, поднесоа оставки поради монтажа на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. Би-Би-Си се најде во центарот на вниманието откако „Дејли Телеграф“ објави детали за протечена интерна белешка во која се сугерира дека два дела од посебниот говор на Трамп биле споени за да изгледа како тој експлицитно да охрабрува немири на Капитол Хил во јануари ...

Холивудската актерка и хуманитарка – Анџелина Џоли ги опиша застрашувачките моменти од нејзиното неодамнешно патување во Николаевската и Херсонската област, каде што беше принудена да се засолни додека руски дрон прелета над нив. За време на посетата на семејствата што живеат на фронтовската линија, Џоли од прва рака беше сведок на секојдневните опасности со кои се соочуваат Украинците, пишува „Киев Индепендент“. View this post on Instagram A ...

Албин Курти ја посети Јужна Митровица. Првично планираше да направи пауза во кафуле каде, според извештаите, имаше поддржувачи и на Демократската партија на Косово (ПДК) и на Движењето за самоопределување (ЛВВ). Во моментот кога телохранителите на Курти пристигнаа во барот во населбата Тавник, според сопственикот, се појавија тензии, поради што тој го затвори барот и ги замоли гостите да го напуштат просторот, според Топ ченел. „Поради ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека владата ќе им исплати на повеќето граѓани „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице, објави тој денеска на својата платформа Truth Social. Тој напиша дека само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, пренесе ДПА. Трамп ја пофали американската економија, наведувајќи дека царините ќе донесат „трилиони долари“ кои наскоро ќе можат да се искористат за намалување на ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во 20 часот ќе информира за текот на акцијата за чистење на градот којашто завршува денес. Ѓорѓиевски ја најави акцијата уште во предизборната кампања, а ја почна кога ја презема градоначалничката функција. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски попладнево напиша дека во акцијата биле вклучени повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила. Упати апел до граѓаните за одговорно однесување, ...

Привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот, кој законски почнува од 15 ноември и трае до 28 февруари наредната година. Според Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, останува 10-те откупувачи кои треба да преземат околу 22 000 тони тутун да ги верификуваат мострите, да ги истакнат на 17 ноември, и од 18 ноември да ги отворат вратите на откупните пунктови во земјава. „Од понеделник почнуваат да се ...

Милионерот Алексеј Долгих (36) заедно со тројца пријатели со неговиот „ламборџини урус“ вреден 375.000 евра изгуби контрола со брзина од 150 км/ч и удри во заштитна ограда во Москва. Тој загина во несреќата. View this post on Instagram A post shared by S̷U̷E̷T̷O̷L̷O̷G̷ (@mirovoi.suetolog) Автомобилот се преврте и слета на прометниот дел од патот околу 1:30 часот по полноќ, каде што се запали. Делови од возилото прелетаа преку мостот, додека ...

Тримесечната суспензија на Јаник Синер поради случајот „Клостебол“ го лиши од бодови и дополнителни парични награди. Италијанецот отсуствуваше од 9 февруари до 4 мај оваа година, откако се „договори“ со Светската антидопинг агенција (WADA). Здружението на тениски професионалци (ATP) има бонус фонд, од кој доделува парични награди на играчи кои постигнале најдобри резултати во сезоната. Наградниот фонд од 21 милион долари се распределува врз ...

Патувањето од Виена до хрватската престолнина чинеше една жена помалку од возење со такси од железничката станица до автобуската станица во Загреб. „Се радував на Хрватска цели 10 минути. А потоа таксистот ми уништи сè“, раскажува за „24sata“ Хрватка која живее во Австрија и која преплати за такси додека беше во посета на родната земја. Плати 52 евра за такси од главната железничка станица до главната автобуска станица во Загреб, а има и ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин постојано изјавува дека Русија е посветена на забрана на нуклеарни тестови и дека не издаде наредба за започнување подготовки за такви тестови. „Путин постојано повторуваше дека Русија е посветена на своите обврски за забрана на нуклеарни тестови. Претседателот не дал никакви наредби за започнување подготовки. Прво, треба да разбереме дали треба да го ...

Млада мајка синоќа случајно ја прегази својата едногодишна ќерка во мал австриски град во близина на границата со Германија, додека излегуваше од гаражата. Детето беше тешко повредено, па им подлегна на повредите на местото на несреќата, објави полицијата на регионот Горна Австрија. Трагедијата се случи синоќа во округот Шердинг, околу 20 километри јужно од германскиот пограничен град Пасау. Родителите на девојчето ги менуваа гумите на својот ...

МВР информира дека утрово во 04:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Ленинова“ и ул. „Столтенбергова“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(38) од Скопје, удрило во полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При тоа полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од ...

МВР информира дека вчера вечерта во 20:02 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Б.(44) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет” со битолски регистарски ознаки, при што констатирале дека Б.Б. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,55 промили алкохол во крвта. Еден час подоцна, во 21:00 часот на ...

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигот на учебници во некои училишта, порача дека директорите треба да го ...

Капитенот на хрватската репрезентација и еден од најуспешните фудбалери во историјата на фудбалот, Лука Модриќ, заработи повеќе од 209 милиони евра до 2025 година, што го прави еден од најплатените хрватски спортисти на сите времиња. Огромниот дел од оваа сума го заработи за време на неговата долга кариера во Реал Мадрид, каде што беше клучен играч и лидер на тимот во текот на најтрофејниот период на клубот во поновата историја. Според ...

Накит вреден неколку десетици милиони евра и брошот на Наполеон Бонапарта, запленет по Битката кај Ватерло, ќе бидат понудени на аукција следната недела по повод Женевската недела на луксуз. На продажбата во Сотби, закажана за 12 ноември, ќе биде вклучен и дијамантски брош што му припаѓал на Наполеон Бонапарта и бил запленет од пруската војска на рамнините на Ватерло. Овој скапоцен камен, чија вредност се проценува помеѓу 130.000 и 220.000 ...

„Структурните реформи со кои Филипче и СДС сугерираа нивен нов почеток, на повидок никаде ги нема и покрај фактот што Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија во државата и петта на ниво на Градот Скопје. Јасно е дека со ваквото однесување СДС навлегува во се подлабoка политичка криза. Безидејноста и дезориентираноста кај СДС е очигледна и дополнително ги поткопува нејзините веќе разнишани темели“ рече денеска на прес-конференција ...

Традиционални грчки и модерни мелодии подготвува младинскиот хор од Солун за настапот во Скопје следната сабота, што воедно ќе биде нивно прво претставување кај нас, а советникот по музичко образование во источен Солун, Андонис Константинидис открива дека на концертот ќе присуствуваат и деца од Кочани. Концертот насловен „Wandering Echoes“ ќе се одржи на 15 ноември во малата сала на Македонската филхармонија, а хорот на Музичкото училиште во ...

„Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта дека инфлацијата паѓа, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните. Годишната инфлација во октомври достигна 4,5%. Најголемо зголемување од 7% е регистрирано кај трошоците за храна и безалкохолни пијалаци – ...

Тројца загинати и 15 повредени кога силни бранови го погодија шпанскиот туристички остров Тенерифе, според службите за итни случаи таму, пренесува Ројтерс. Спасувачки хеликоптер извлече маж од морето кој падна во водата на плажата Ла Гуанча, на север од островот, прогласен е за мртов по пристигнувањето во болница, според службите за итни случаи. Во одделен инцидент, маж е пронајден како плови на плажата Ел Кабезо на југот од островот. ...

Јапонските власти издадоа предупредување за цунами за префектурата Ивате откако силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот дел од земјата. Според Јапонската метеоролошка агенција, можни се бранови високи до 1 метар по должината на брегот на Ивате. Се апелира до граѓаните да се придржуваат до сите безбедносни мерки и да ги следат упатствата на надлежните служби. Земјотресот е регистриран во 17:03 ...

МВР информира дека рано утринава во 02:10 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско, кој е фатен додека управуваше патничко возило „пежо“ со ресенски регистарски ознаки под дејство на алкохол. При контрола, кај возачот се измерени 2,78 промили алкохол во крвта, што ја става неговата состојба во категоријата „екстремно пијан“. Возачот е отстранет од сообраќај, а против него ќе биде ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатата недела при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, заплени и не штетно уништи приближно 37 тони храна. Како што соопшти денеска Агенцијата, запленети и уништени се јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини без декларации и на кои рокот на употреба им е истечен од една до две години. За сторениот прекршок на операторот му е изречена ...

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој почина при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад веќе осми ден. Хрка вели дека не ги брои деновите, дека се чувствува добро и дека не се откажува од штрајкот. Таа се осврна на фактот дека синоќа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е подготвен да разговара со неа и дека неговата совест е чиста. Вучиќ рече дека е подготвен да ја прими Дијана Хрка ...

Во периодот април – јуни годинава се запишани 2.876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава. Од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1.522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот низ државава ...

МВР информира дека во периодот од 26. септември до 07. ноември годинава полициските службеници од СВР Скопје издадоа вкупно 150 опомени за граѓаните кои зборуваа на мобилен додека минуваа на пешачки. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за ...

Лионел Меси повторно ги помести границите на фудбалскиот свет и испиша нови страници во историјата на овој спорт. 🚨👟 Official: Leo Messi reaches 400 assists in his professional career! 🇦🇷 pic.twitter.com/QiIW7WNNDt — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 9, 2025 На натпреварот помеѓу Интер Мајами и Нешвил, кој заврши со резултат 4:0, Меси повторно блескаше. Тој постигна два гола и придонесе со уште една асистенција, што беше особено ...

Во 18 од 38-те општини во Косово, вклучувајќи го и главниот град Приштина, денеска се одржува втор круг од локалните избори, при што полицијата и обвинителството најавија дополнителни мерки со цел да се обезбеди мирно одвивање на изборниот процес, јавува Косовското радио и телевизија. По првиот круг од локалните избори во Косово, кој се одржа на 12 октомври, стана јасно дека во 18 општини во земјата ќе има втор круг. Тоа се главниот град ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
80%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
86%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
2.57
87%
1022
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.71
89%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1019
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
5.14
76%
1015
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
51%
1015
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1016
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
83%
1021
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
95%
1021
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
94%
1018
Currency

61.555

Currency

52.45

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Рутениум

29192.88

Сребро

2219.66

Платина

67491.55

Цинк

3.04

Алуминиум

2.93

Родиум

258813.51

Паладиум

56360.26

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Калај

43.92

Бакар

11.13

Злато

141766.89