До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Влен за постапката за сумирање и утврдување на ...

Затворањето на федералната влада на САД е најдолго во историјата на САД, влегувајќи во својот 36-ти ден, бидејќи Конгресот продолжува да не успева да усвои федерален буџет. Претходното најдолго затворање во историјата на САД беше за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, кој ги затвори многу федерални операции повеќе од пет недели кон крајот на 2018 и почетокот на 2019 година. Колку долго ќе трае затворањето зависи од тоа дали ...

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието организираат јавна дискусија за нов предлог-лектирен список за основното образование и упатуваат покана до сите заинтересирани страни – наставници, стручни служби и други чинители во образованието – „активно да се вклучат во дефинирање современ, инклузивен и квалитетен лектирен список, кој ќе одговара на реалните потреби на учениците и наставниот процес“. МОН на својата ...

Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери. Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот здравствен систем. – За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети војниците во близина на Покровск, градот кој моментално е место на најжестоките борби на фронтовската линија. Зеленски објави фотографии на социјалните мрежи од команден пункт во секторот Добропиља, околу 20 километри северно од Покровск во регионот Донецк, каде што се сретна со воениот персонал и врховниот командант, Александар Сирски. Русија се обидува да го освои Покровск, стратешки важен ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 5 978.9 милиони евра и бележи раст од 2.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8 494.3 милиони евра, што е за 3.5 % повеќе во споредба со лани, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – поради основано сомнение за сторено кривично дело Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, на 30 октомври четворицата делувале како група и со употреба на физичка сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Настанот се случил во двор на мотел во Скопје. Оштетениот најпрво со една од ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка, 0 степени Целзиусови, а максимални 12 степени се измерени во Гевгелија. Според Управата за хидрометеоролошки работи, 2 степена се измерени во Маврови Анови и Лазарополе, 3 во Крушево, 6 во Охрид, Претор и Берово, 7 во Крива Паланка, Битола, Прилеп и Виница, 8 во Тетово, Куманово и Штип, 9 Скопје–Зајчев Рид, Струмица и Кавадарци, како и 10 Скопје–Петровец, Велес и Демир Капија. Според податоците на Управата ...

Гласачите низ источниот брег на САД им доделија голема победа на демократите во вторникот, избирајќи кандидати од целиот идеолошки спектар на партијата, што е живописен израз на незадоволство од претседателот Доналд Трамп речиси една година по неговиот втор мандат. Во Вирџинија, умерената поранешна претставничка Абигејл Спанбергер го постигна најсилниот демократски успех во поновата историја на државата, лесно пробивајќи се до победата. Во Њу ...

Порпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската Унија, без оглед каде ќе заврши подоцна. „Последното нешто што го сакаме е оружјето и муницијата произведени во нашата братска Србија да се користат против нашите војници. Тоа е последното нешто што сакаме да го видиме“, им рече Песков на новинарите кои го прашаа за изјавата на Вучиќ. ...

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ. Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Демократскиот кандидат Зохран Мамдани беше избран за 111-ти градоначалник на Њујорк, победувајќи го поранешниот гувернер Ендру Куомо и републиканскиот кандидат Кертис Слива и пишувајќи историја како прв муслимански градоначалник во градот. 34-годишниот демократски социјалист и член на државното собрание од Квинс ја обезбеди победата со повеќе од 50% од гласовите. 67-годишниот Куомо заврши втор со нешто над 40%, додека републиканскиот кандидат ...

Според прелиминарните информации, 11 жители загинале во пожарот што избувнал вчера вечерта во Домот за стари лица во Тузла, додека околу 35 лица добиле медицинска помош, соопшти Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон, јавуваат локалните медиуми. „Телата на загинатите ќе бидат префрлени во Комеморативниот центар за идентификација и обдукција. На местото на настанот има истражен тим, а истрагата ќе се спроведе кога ќе се ...

Дигитализацијата и вештачката интелигенција (ВИ) отвораат сосема нови можности во финансискиот сектор, со оглед на тоа што податоците се достапни во реално време. Tрадиционалното планирање со менува од корен, но мора да се работи внимателно, бидејќи со новите технолошки можности доаѓаат и многу одговорности. Ова накратко беше заклучокот од 6-тата Македонско-германска конференција за контролинг што се одржа на Хајделберг Факултет во Скопје. На ...

Зохран Мамдани, фаворитот за градоначалник на Њујорк, рече дека нема да биде заплашен од коментарите на Доналд Трамп дека планира да ги намали федералните средства за градот ако Мамдани победи. Мамдани рече дека „тие закани ќе бидат третирани онака како што заслужуваат, како зборови на претседателот, а не нужно како закон на земјата“. Фаворитот на прогресивното крило на Демократската партија и кандидатот со најголеми шанси за победа рече дека ...

Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада Чилеанецот Алехандро Табило во третиот обид, а победата од 7-6 и 6-1 му обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот АТП 250 во затворен простор во Атина. Во претходните два натпревари, двата одиграни на земјена подлога, минатата година во Рим и оваа година во Монте Карло, Табило изненадувачки убедливо го победи српскиот тенисер. Тоа секако беше дополнителен мотив за ...

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, во Брисел изјави дека ако земјата го признае Косово и воведе санкции кон Русија, уште утре ќе биде примена во Европската унија (ЕУ). „Дали навистина мислите дека Србија е поважна земја од Турција или Црна Гора? Не треба да играме игри. Можеме утре да воведеме санкции кон Русија, да го признаеме Косово и веднаш да се приклучиме кон ЕУ – ако сакате да го направите тоа, направете го“, рече Вучиќ, ...

Две лица загубија живот а петмина се повредени при претекнување и судар на два автомобила кои се движеле во иста насока, појаснија вечерва од Јавното обвинителство, во однос на сообраќајната несреќа во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман. -Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се ...

Една од омилените југословенски актерки – Мира Бањац, денеска полни 96 години. Српските медиуми информираат дека нејзиниот роденден поминува во тишина, бидејќи познатата уметница доживеа загуба – пред неколку месеци почина нејзиниот син. Во текот на нејзината децениска кариера, Мира беше и останува пример за животна мудрост, скромност и внатрешна сила. Во неколку наврати, таа зборува за тоа како стигнала до толку длабока старост благодарение ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 3 ноември, управувајќи автомобил „фолксваген пасат” по булеварот „Гоце Делчев” во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. ...

МВР информира дека попладнево околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица. Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата. Од МВР велат дека „со ...

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец (17 настапи од 1997 до 2004 година) – скопјанецот Виктор Треневски се споменува како потенцијална замена за Срѓан Благојевиќ на клупата на белградски Партизан. „За мене, како и за мнозинството, ова е добра вест што ја прочитав, но за жал останува само тоа, бидејќи нема контакт со луѓето од Партизан“, изјави Треневски за „Спортски журнал“. На прашање „ако стигне повик од Хумска“? вели : „Тоа би ...

Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо (40) во разговор со британскиот новинар Пирс Морган рече дека авионот е најскапата работа што ја купил. „Го имам мојот авион од мои 30 години, но речиси го сменив пред една година. Имам „Глобал експрес““, рече тој. Роналдо рече дека парите повеќе не му се најважна работа, како што беше порано. „Што се однесува до мене, како што реков и претходно, парите ти даваат можност да имаш материјални работи, ...

Уставниот суд на БиХ денеска не ја прифати жалбата на Милорад Додик против пресудата на Судот на БиХ со која тој беше осуден на 1 август на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција, поради непочитување на одлуките на високиот претставник. Адвокатот на Додик, Горан Бубиќ, објави дека ќе биде поднесена жалба до Уставниот суд на БиХ, наведувајќи дека ова се чекори потребни за понатамошна жалба до Европскиот суд за ...

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки причини, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешниот Самит за проширувањето во Брисел, организиран од страна на телевизијата Еуроњуз. Мицкоски потенцира дека земјава го започна патувањето кон ЕУ пред 25 години, кога го потпиша Договорот за стабилизација и ...

Во Брисел се одржува Самитот за проширување на кој учествуваа водечките лидери на ЕУ и земјите кандидати кои разговараат за иднината на европската интеграција. Во ексклузивно интервју за Euronews, од тајна локација во близина на Покровск, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, откри дека Доналд Трамп лично ја потврдил својата поддршка за членството на Украина во ЕУ и ветил дека ќе направи сè што е во негова моќ за да ја спречи блокадата ...

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени и ја прекина програмата за „тврда“ монетарна политика, чекор кој требаше да го поттикне растот на ризичните средства, како криптовалутите. Сепак, коментарите на Џером Пауел беа рестриктивни, насочени кон спречување на инфлација, ...

Поранешниот англиски фудбалски ас – Дејвид Бекам официјално e прогласен за витез на спектакуларна церемонија одржана во замокот Виндзор, крунисувајќи ја неговата извонредна кариера во спортот и филантропијата. Придонесот на Бекам во фудбалот, со 25 освоени трофеи, 115 настапи за репрезентацијата на Англија и безброј незаборавни голови, беше централна тема на настанот. Дејвид Бекам пристигна на церемонијата облечен во одело специјално скроен ...

Наследникот на Изет Меџити кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, на позиција прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВРЕДИ – Дритон Сулејмани. -Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ, а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за ...

Во селото Печењевце кај Лесковац синоќа, според информациите, Далибор Демировиќ ја уби својата сопруга Катарина Глигоријевиќ. Вишото јавно обвинителство во Лесковац соопшти дека осомничениот за убиството е во бегство и сè уште не е пронајден. Обвинителството издаде наредби до полицијата да утврди што точно се случило. Случајот во полиција го пријави братот на осомничениот, велејќи дека доцна синоќа слушна бучава и расправии од куќата на својот ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
81%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
81%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
81%
1020
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.12
87%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1019
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
5.14
81%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
41%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
54%
1016
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
100%
1021
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
94%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
87%
1017
Currency

61.555

Currency

52.45

Currency

70.4652

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Злато

141766.89

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Родиум

258813.51

Платина

67491.55

Паладиум

56360.26

Цинк

3.04

Бакар

11.13

Рутениум

29192.88

Сребро

2219.66

Калај

43.92

Алуминиум

2.93