Собранието за утре закажа седница на чиј дневен ред единствена точка се измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството на независните кандидати на претстојните локални избори. Наместо еден отсто, со измените се превидува – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 0,95 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот ...

Ирската ММА ѕвезда Конор Мекгрегор и официјално повеќе не е дел од боречката листа на UFC, откако на 14 август (четврток) неговото име беше отстрането од списокот на борци со активен договор со елитната организација. Слободно може да се каже дека ова е крај на една ера, бидејќи Конор беше еден од ретките спортисти во модерното време кој во еден момент беше поголем од спортот со кој се занимаваше. Популарниот „Notorious“ или „Mystic Mac“ ги ...

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул.„Маршал Тито” во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, како што посочуваат од МВР, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на ...

Денеска (15.08.2025) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претрес на две локации кај П.Ѓ. од Гевгелија, спортски директор на ФК „Кожуф“ од Гевгелија и по спроведена предистражна постапка, а по насоки на ОЈО Гевгелија, ОКП поднесе кривична пријава против Б.Х., претседател на ФК „Башкими“ од Куманово за кривични дела „измама“ по чл.247 ст.6 од КЗ, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, лично ќе го дочека рускиот претседател Владимир Путин откако неговиот авион ќе слета во Алјаска, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. За време на четиричасовниот лет од Магадан до Анкориџ, според Песков, Путин ќе проучи обемни документи. „Тој ќе подготви тези за сите прашања. Иако, секако, прашањето за украинското решение ќе биде во преден план, постои и список на контроверзни прашања во нашите ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес имаше телефонски разговор со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. „Имав прекрасен разговор со високо почитуваниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко. Целта на повикот беше да му се заблагодарам за ослободувањето на 16 затвореници. Разговараме и за ослободување на дополнителни 1.300 затвореници. Нашиот разговор беше многу добар“, напиша Трамп преку ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива за утврдување одговорност до основачот на АД Електрани и до надлежното Јавно обвинителство, поради сомневања за незаконито именување управители во компанијата. Според наодите на Комисијата, избраните управители не ги исполнувале законските услови, бидејќи не поседувале меѓународен сертификат за активно познавање на англиски јазик, ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради пожар во близина на Јажинце, прекинат е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Јажинце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Јажинце до гасењето на пожарот и нормализирање ...

ЈОРСМ попладнево информира дека со оглед на јавната реакција на Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која објави кандидатура за градоначалник на Центар и добила покана за распит по приватна кривична пријава, надлежната јавна обвинителка телефонски ја контактирала Ивановска и и дала можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува како некаква форма на ...

Денес, Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин донираа апарат TMS M50 Ultimate, наменет за подобрување на социјалната интеракција и комуникациските вештини, регулирање на сензорната хиперактивност и подобрување на когнитивната флексибилност на лицата со нарушување од аутистичниот спектар. Овој апарат, кој се донира на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација претставува огромен исчекор во третманот и ...

Во најновиот извештај за човекови права (за 2024) на Стејт департментот во САД, во делот „Слобода на здружување“, новата американска администрација целосно ги исфрли барањата до Бугарија да ги регистрира македонските здруженија. Наспроти ова, во извештајот за 2023 година (објавен во 2024), делот „Слобода на здружување“ беше обемен и детално посветен на македонското малцинство, придружен со конкретни примери за конкретни прекршувања на ...

Унгарскиот опозициски политичар Петер Маѓар ја обвини Русија за мешање во внатрешните политички работи на неговата земја, објави Ројтерс. Повод за неговата изјава беше изјавата на Руската служба за надворешно разузнавање, во која се наведува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, има план за промена на „режимот во Будимпешта“. Според истиот извор, фон дер Лајен го гледа Маѓарецот, кој е опишан како „лојален на ...

Четириесет и пет лица беа уапсени во Вашингтон синоќа, вклучувајќи 29 лица за кои постои сомневање дека нелегално престојуваат во САД, соопшти Белата куќа. 📹 Nighttime Routine: Operation Make D.C. Safe Again Edition pic.twitter.com/ngZsbgBpcz — The White House (@WhiteHouse) August 14, 2025 Акцијата уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата администрација ќе ја преземе контролата врз полициската управа на ...

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, која вчера објави кандидатура за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, на својот профил на Фејсбук објави дека полицијата синоќа и доставила кривична пријава. -По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата. Синоќа во 20:30 часот двајца ...

Новоизбраната заменик претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, порача дека институцијата останува посветена на своите законски обврски, без оглед на актуелните случувања поврзани со поранешната претседателка Татјана Димитровска. Одговарајќи на новинарско прашање по денешната седница на ДКСК, Ристовска нагласи дека надлежните органи веќе постапуваат по случајот, а Комисијата продолжува со својата ...

Денеска ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“. „Пријавената во периодот од 6.8.2025 до 13.8.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка ...

Денеска ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“. „Пријавената во периодот од 6.8.2025 до 13.8.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка ...

Лидерот на Демократската партија на Албанија, Мендух Тачи, денеска објави дека разговорите со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пропаднале. – Во недела верувам дека Собранието на партијата ќе донесе конкретни заклучоци за иднината. Со жалење можам да заклучам дека разговорите со Али Ахмети не успеаја, изјавил Тачи. Како што објавија медиумите на албански јазик, Тачи додал дека органите на партијата ќе го одредат следниот чекор. ДПА беше дел од ...

До 13 часот, на територијата на Македонија има вкупно четири пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, еден е под контрола, а изгаснати – нема. АКТИВНИ: 1. Општина Македонски Брод 1: Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума) 2. Општина Јегуновце: помеѓу селата Рогачево и Јажинце (пасишта) 3. Општина Долнени: помеѓу селата Лажани и Средорек (ниска вегетација и стрниште) ПОД КОНТРОЛА: 1. Општина Македонски Брод 2: с. Девич – ...

ложување во модернизација на Армијата и во двата многу важни коридори, а тоа се Коридорот 10 и Коридорот 8 се приоритете на Владата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со амбасадорката на САД, Анџела Агелер и министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генерал штабот на Армијата, Сашко Лафчиски присуствуваа на презентација на новите 29 лесни оклопни возила – JLTV, во касарната „Јане Сандански“ во Штип. ...

Откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел има намера да го окупира Појасот Газа со цел да воспостави цивилна администрација во која Хамас нема да има влијание, реакциите се излеваат од сите страни, и тие се претежно негативни. Дури и израелските воени началници не се задоволни од објавата, кои се загрижени за опасноста за заложниците и долгорочните последици од таквата операција. Според израелските медиуми, целиот процес ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 15 август просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 73,22 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 83,07 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 27,90 евра за мегават час, а на MEMO 29,53 евра. Цената на ...

Државната комисија за спречување на корупцијата на 21. седница ја избра Цвета Ристовска за заменик претседател. Ристовска ја презема функцијата од Билјана Каракашова Шулев на 21 август и ќе има мандат од шест месеци. Заменик претседателот на ДКСК се избира по принципот на ротација по азбучен ред на период од шест месеци. ДКСК е без претседател откако сега веќе поранешната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинувањата на ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин сериозно да го сфати она што го слуша пред средбата со Доналд Трамп во петок. „Очекуваме претседателот Путин сериозно да ја сфати понудата на претседателот Трамп за разговори и да започне преговори со Украина без предуслови по средбата во Алјаска“, рече Фридрих Мерц. Канцеларот во изјава рече дека Русија, три и пол години по нелегалниот напад врз Украина, има ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека нема да толерираат дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто, како што рече, преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите. -И последните состаноци коишто ги имавме на оваа тема со експерти се во таа насока дека главен драјвер, главен поттикнувач на сето ова претставуваат услугите и анализиравме во проценти во одредени сектори тие се зголемени за повеќе од 20 ...

Израелскиот министер за финансии од крајната десница, Безалел Смотрич, ги објави плановите за одобрување на тендер за изградба на над 3.400 станбени единици во контроверзниот проект за населба Е1 помеѓу Ерусалим и Маале Адумим на Западниот Брег, објавија израелските медиуми. Смотрич исто така, рече дека планот ќе „ја закопа идејата за палестинска држава“, објави „Тајмс оф Израел“. Проектот е замрзнат со децении поради жестокото противење од ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Штип, каде што присуствуваше на презентацијата на новопристигнатата опрема од САД во касарната „Јане Сандански“, истакна дека апсолутно никогаш нема да се повлечат од преговори со Европската Унија и оти цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата. Мицкоски одговараше на новинарско прашање да даде коментар околу иницијавата поднесена од поранешната пратеничка и претседателка на ДОМ Лилјана ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целта на неговата средба со рускиот колега Владимир Путин денес во Алјаска е да се подготви за можна средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, за која нагласи дека ќе биде поважна. „Сè што сакам да направам е да „поставам маса“ за следната средба, која треба да се случи наскоро. Би сакал тоа да се случи многу брзо“, изјави Трамп. Tрамп додаде дека би сакал можната средба ...

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ се огласи во врска со немирите на протестите во неколку градови во Србија. – Полицијата, која го штити јавниот ред и мир, вечерва беше брутално нападната. Полицијата ја нормализираше ситуацијата во Белград, освен повремени инциденти, рече Дачиќ. Тој рече дека протестите се во тек во најмалку осум други градови. Тој рече дека 42 полицајци се повредени, од кои 26 во Белград. Дачиќ рече дека има неколку ...

Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кој завршува денеска. Претседателот на Комисијата за прашања на избори и иманувања Ѓорѓија Сајкоски за МИА посочи дека конечната бројка би се знаела в понеделник откако ќе пристигнат и оние што се пратени по пошта. Нагласува дека постапката по овој оглас ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршување на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
82%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1029
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.63
72%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.4
98%
1026
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
3.58
52%
1022
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1023
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1024
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
71%
1025
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 10ᴼ
1.54
84%
1025
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
67%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941