Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Министерот за надворешни работи на Данска изјави дека постои „фундаментално несогласување“ со САД околу Гренланд по разговорите во Белата куќа. Ларс Локе Расмусен изјави дека средбата со потпретседателот Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио во среда била „искрена, но конструктивна“. Но, тој додаде дека американскиот претседател Трамп инсистира на „освојување“ на Гренланд, што е „тотално неприфатливо“. „Многу, многу јасно ставивме до ...
Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други дека нема да извршат прв напад. Неколку дена пред да избувнат протестите во Иран кон крајот на декември, израелските претставници го информираа Техеран преку Москва дека нема да го нападнат Иран доколку први не бидат нападнати. Иран одговори преку истиот канал дека ќе се воздржи и од превентивен напад, изјавија дипломати и ...
Министерот за надворешни работи на Данска изјави дека постои „фундаментално несогласување“ со САД околу Гренланд по разговорите во Белата куќа. Ларс Локе Расмусен изјави дека средбата со потпретседателот Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио во среда била „искрена, но конструктивна“. Но, тој додаде дека американскиот претседател Трамп инсистира на „освојување“ на Гренланд, што е „тотално неприфатливо“. „Многу, многу јасно ставивме до ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност дали Пахлави ќе може да собере поддршка во Иран за на крајот да ја преземе власта. Во ексклузивно интервју за Ројтерс во Овалната соба, Трамп рече дека постои можност свештеничката влада во Иран да падне. Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за застојот во преговорите со ...
Во земјава денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 6 до минус 1, а максималните ќе достигнат од 7 до 14 степени. Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ...
Германија ќе ги испрати првите војници во Гренланд оваа недела, објавува германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на неколку извори во Германија и Скандинавија. Според германскиот весник, првично ќе биде испратен извидувачки одред со неколку припадници на Бундесверот. Портпаролот на германското Министерство за одбрана изјави за „Билд“ дека не може ниту да потврди ниту да го негира ова. Германија ќе ги испрати првите војници во Гренланд ...
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, изјави дека состојбата во Иран е целосно стабилизирана и дека мирот е воспоставен низ целата земја по неодамнешните немири. Изјавата ја даде за време на средбата со шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати. Според Арагчи, немирите биле поттикнати од „терористички елементи поддржани од Израел и САД“, со цел, како што рече, ...
Длабочината на снегот во Московскиот регион достигна 59 сантиметри, додека во самата Москва беше измерена на 48 сантиметри, изјави за РИА Новости Евгениј Тишковец, водечкиот метеоролог на центарот Фобос. Тишковец прецизираше дека во Москва, наносите биле најдлабоки на локации како што се Московскиот државен универзитет – 48 сантиметри, Балчуг – 44 сантиметри, додека во Московскиот регион, највисока снежна покривка е забележана во Черусти – ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека на земјата ѝ е потребен Гренланд за национална безбедност и дека тоа е од витално значење за Златната купола што ја градат Соединетите Американски Држави. Трамп напиша на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека НАТО треба да го предводи патот за добивање на тоа, бидејќи ако Соединетите Американски Држави не го сторат тоа, ќе го сторат Русија или Кина. „И ...
Лидерката на партијата Баткившчина, Јулија Тимошенко, потврди дека во нејзината канцеларија биле спроведени „итни истражни дејствија“ по обвинение за поткуп, но таа категорично ги негираше сите обвиненија, објави Укринформ. Тимошенко на својата Фејсбук страница изјави дека повеќе од 30 лица „без никакви документи всушност ја окупирале зградата и ги земале вработените како заложници“, додека службените материјали – вклучувајќи службени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина и Русија не можат да го земат Гренланд, но дека САД имаат капацитет да дејствуваат, доведувајќи ја во прашање способноста на Данска да ја заштити автономната територија. Трамп рече дека САД имаат „многу добри односи со Данска“, но додаде дека Гренланд е стратешки важен за Америка. „Ни треба Гренланд. Не можам да се потпрам на Данска“, нагласи Трамп. Американскиот претседател изрази ...
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје во неделата починала пациентка со грип. На оваа клиника моментално имало хоспитализирано околу 25 пациенти со грип, од нив дел со полесна, а други со потешка клиничка слика. Директор на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана, информираше дека се работи за 75-годишна жена со доста коморбидитети, кај која е потврдено присуство на Инфлуенца тип А. – ...
САД, Данска и Гренланд сè уште не се блиску до договор за иднината на Гренланд по денешниот состанок во Вашингтон. Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави дека сè уште постои, како што изјави, „фундаментално несогласување“ со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која се залага за американска контрола врз оваа автономна територија во рамките на Кралството Данска. Средбата се одржа со ...
САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија. САД од 21 јануари ја прекинуваат обработката на визи од 75 земји. Водечките американски и светски медиуми, од пред еден час објавија дека и Македонија е вклучена во групата со Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Русија…за кои е суспендирана обработката на визи, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп испрати три ракетно вооружени разорувачи на Блискиот Исток. „Њујорк тајмс“ ги цитираше претставници на Пентагон кои изјавија дека најмалку една подморница за лансирање ракети се наоѓа во регионот. Трамп им порача на Иранците да „продолжат да протестираат“, додавајќи дека „помошта е на пат“. Американските претставници велат дека американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ќе започне напад врз Иран ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во понеделник изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека националните демонстрации можеле да бидат избегнати доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано. Зборувајќи на состанокот со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од решавање на економските проблеми „итно и на децентрализиран начин“, објави ИРНА. Тој, исто ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека, соочени со американските претензии кон Гренланд, претставниците на Европската Унија треба да се сетат како реагирале на настаните на Крим во 2014 година. – За да им помогнам, би сакала да им ги препорачам нивните зборови од 2014 година. Нека погледнат што кажале за ситуацијата околу Крим. Тоа ќе им биде многу корисно за нив по прашањето за ...
Шефот на иранското правосудство, Голамхосеин Мохсени Еџеи изјави дека осомничените уапсени за време на бранот протести ќе бидат брзо судени, објави државната телевизија. – Ако некој е запален или обезглавен, ние мора брзо да си ја завршиме работата, рече Еџеи за време на посетата на затворот во Техеран каде што се држат демонстрантите, објави „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека судењата треба да бидат „јавни“. Иранските новински агенции ...
Авиокомпаниите „ИТА ервејс“ и „Аустриан ерлајнс“ ги откажаа вечерните летови до Тел Авив. Патниците се советуваат да контактираат со службата за корисници на авиокомпанијата за повеќе информации за алтернативни летови, враќање на пари или повторно резервирање. Сè уште не е јасно кога би можеле да продолжат редовните летови на оваа рута. Германската авиокомпанија „Луфтханза“ им нареди на своите вработени да се подготват за напуштање на ...
САД ќе преземат многу силни мерки доколку иранската влада се обиде да ги обеси демонстрантите, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, но не прецизираше за каков вид мерки станува збор. – Не сум слушнал за никакви бесења. Ако ги обесат, ќе преземеме многу силни мерки, рече Трамп, објави CBS. Според Трамп, „значителен број луѓе“ се убиени за време на последните две недели, и повтори дека „помошта е на пат“ за иранските граѓани ...
Иран е воено поподготвен отколку порано по неодамнешната 12-дневна војна, а нуклеарното знаење не може да се уништи со воздушни напади, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, за време на посетата на Бејрут. Аракчи тврди дека протестите во земјата се „нормални“ во систем заснован на волјата на народот, но предупреди на, како што рече, елементи што предизвикуваат насилство и немири. Аракчи предупреди дека неговата земја ...
Иранската државна телевизија упати застрашувачка закана до претседателот Трамп, емитувајќи негова слика како врховен командант за време на обид за атентат на митинг во Батлер, Пенсилванија, во 2024 година, заедно со зборовите: „Овој пат нема да ја промаши целта“, објави „Њујорк пост“. Islamic republic state TV just crossed a red line. Airing an image of President Trump after an attempted assassination (by the regime) along with a Persian ...
Најмалку 3.428 демонстранти се убиени во Иран од почетокот на протестите кон крајот на декември, според невладината организација за човекови права во Иран (IHRNGO). Организацијата со седиште во Осло, исто така, изјави дека вистинскиот број на жртви може да биде многу поголем. Според организацијата, повеќе од 10.000 луѓе биле уапсени за време на протестите. Активистичката група, исто така, изрази загриженост за постапките на иранските власти ...
Во повеќе општини во државата, советниците на Левица систематски се оневозможуваат да имаат пристап до системот е-урбанизам – клучната платформа преку која се водат постапките за изработка, изменување и носење на урбанистички планови. Ова е свесна и организирана практика со јасна политичка и материјална позадина – да се елиминира контролата и да се сокрие урбанистичкото планирање од оние кои имаат законски мандат да го надгледуваат и ...
Со традиционалното василичарско оро на сред село и палење на маските во центарот на Вевчани, заврши годинашното издание на Вевчанскиот карневал. Преку хумор и сатира неуморните вевчанци на креативен начин попладнево, симболично го избркаа злото и прочистени со желба за здравје и бериќет ја дочекаа Новата година, по Јулијанскиот календар. Василичарите од рано утрово ги посетија семејствата, чии членови го носат името Свети Василиј. Вевчанци, ...
Стејт департментот објави дека ја суспендира обработката на имигрантските визи за 75 земји во обид да се справи со апликантите за кои се смета дека веројатно ќе „станат товар за јавните средства“. На листата се наоѓаат, меѓу другите, Албанија, Црна Гора, Македонија, Босна… Како што е наведено во објаснувањето, во ноември 2025 година, со депеша на Стејт департментот испратена до американските дипломатски и конзуларни мисии низ целиот свет, ...
Стејт департментот објави дека ја суспендира обработката на имигрантските визи за 75 земји во обид да се справи со апликантите за кои се смета дека веројатно ќе „станат товар за јавните средства“. На листата се наоѓаат, меѓу другите, Албанија, Црна Гора, Македонија, Босна… Како што е наведено во објаснувањето, во ноември 2025 година, со депеша на Стејт департментот испратена до американските дипломатски и конзуларни мисии низ целиот свет, ...
Пентагон е загрижен за потенцијална иранска одмазда доколку ситуацијата таму се влоши, откако САД ги повлекоа авионите, бродовите и персоналот од Блискиот Исток пред нивната операција во Венецуела, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извор близок до американската администрација. Американската администрација едноставно нема воени ресурси во регионот за да започне напад од големи размери без да ризикува одмазда. Мораше да ја лиши ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, и рече дека дури и не знае кој е. Нилсен претходно изјави дека ако Гренланд треба да избере помеѓу Данска и САД, секогаш ќе ја избере Данска. – Сега се соочуваме со геополитичка криза и ако треба да избереме помеѓу Соединетите Американски Држави и Данска тука и сега, тогаш ја избираме Данска. Го избираме Гренланд каков што го ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција по завршувањето на лидерската средба рече дека на граѓаните им е веќе јасно дека сѐ што досега го зборувавме се покажува како вистина. „Сѐ што најавивме практично се случува. Нема ни збор за главните проблеми во државата“, истакна Филипче. Филипче нагласи дека на лидерската средба наместо да се зборува за клучните проблеми со кои се соочува државата, се покажало дека ...