Сашо Клековски денеска преку објава на социјалните мрежи ги претстави мерките што се преземаат за унапредување на Итната медицинска помош (ИМП), откако во коментарите на претходна објава за насилство врз здравствени работници граѓаните најчесто укажувале на проблеми како долго чекање, недостиг на екипи и одбиени или прекинати повици. Како што посочи Клековски, Владата ја усвои информацијата за формирање самостоен Центар за итна медицинска ...

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по бројните реакции на граѓаните на неговата претходна објава за кривичната одговорност при напади врз здравствени работници. Наместо за насилството врз медицинскиот персонал, како што посочува, граѓаните најмногу коментирале за проблемите со Итната медицинска помош. Клековски ги издвојува долгото чекање на екипите, недостигот од возила со комплетни тимови, одбивањето ...