Бомба е фрлена рано утрово во семејниот дом на Слободан Вујичиќ, директор на српската државна компанија PRO TENT. Нападот се случил во Обреновац, во околината на Белград. Во експлозијата нема повредени, објавува Telegraf.rs. Според информациите на порталот, засега непознат напаѓач фрлил експлозивна направа во гаражата на семејниот дом, а потоа избегал. Експлозијата оштетила дел од ѕидот и ги скршила стаклата на прозорците. Полицијата, ...
Рано утринава била фрлена бомба врз куќата на Слободан Вујичиќ во Обреновац, пренесува Нова.рс, додавајќи дека тој е директор на компанијата „Про Тент“. Улицата каде што живее Вујичиќ е блокирана, а пред куќата се наоѓаат полициски возила. Нова.рс наведува дека адвокатот Иван Ниниќ претходно поднел кривична пријава против Вујичиќ и „Про Тент“ во врска со прибирањето на таканаречените „капиларни гласови“. Рано утринава била фрлена бомба врз ...

