Исланд размислува да гласа уште во август за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ, откако американскиот претседател Доналд Трамп го обнови интересот за соседниот Гренланд. Обновувањето на преговорите на Исланд за членство во ЕУ се совпаѓа со растечките стравувања за безбедноста на земјата, која нема сопствена армија и се потпира на НАТО за одбрана, пишува денеска бриселскиот портал Политико. Владејачката коалиција во Рејкјавик вети ...

Човековите права се под напад ширум светот, предупреди денеска генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, наведувајќи ги широко распространетите кршења на меѓународното право и страдањата на цивилите во конфликтите во Судан, Газа и Украина. - Владеењето на правото е надвладеано од владеењето на силата – рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на отворањето на седницата на Советот за човекови права во Женева. Тој ...

Ги разбираме од СДС, тие се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен, и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружно работеа со Зоран Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче, велат од ВМРО ДПМНЕ. Затоа од СДС се обидуваат да ги затскријат трагите и на овој начин да се спасат себе си, потенцираат од владејачката партија. Ги разбираме од СДС, тие се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен, и сега може ...

Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите прашања. Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото – со високо ниво на транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè со целосно почитување на ...

Откако утрово на граничниот премин „Блаце“ беше приведен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, тој е однесен во истражниот затвор Шутка, откако во отсуство му беше одреден 30-дневен притвор. Се товари за кривично дело „проневера во службата“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени дека нарачале апарати и проневериле околу осум милиони евра државни пари. Груби во 2024-та година ја напушти Македонија, а за него ...

По импресивните настапи во групната фаза и освоеното прво место во групата од ЕХФ Лига Европа, македонскиот вицепрвак РК Вардар 1961 сигурно чекори кон нови европски предизвици. Во второто коло од натпреварувањето, Вардар го продолжува својот европски поход со важен дуел против силната германска екипа Мелсунген. Натпреварот ќе се одигра на 24 февруари 2026 година (вторник) со почеток во 20:45 часот, во спортскиот храм на македонскиот ракомет ...

По повод 79-тото доделување на наградите од Британската филмска академија, ѕвездите вчера прошетаа по црвениот тепих во Ројал Фестивал Хол во Лондон. Церемонијата за најпрестижните британски филмски признанија беше водена од шкотскиот актер, ТВ-водител и режисер Ален Каминг. Филмот „Една битка по друга“ („One Battle After Another“) ја освои наградата за најдобар филм, наградата за најдобар режисер му припадна на Пол Томас Андерсон, напиша ...

Организаторите на тенискиот турнир АТП 500 во Акапулко немаат планови да ги откажат натпреварите поради немирите во Мексико. Вчера беше убиен водачот на нарко-картелот Немесио Осегера Сервантес, со прекар „Ел Менчо“. Како одговор на тоа, членови на криминални групи започнаа немири во Мексико. - Изјавуваме дека информациите што циркулираат во некои медиуми и на социјалните медиуми за наводното откажување на турнирот поради безбедносни причини ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави, во врска со спорот околу прекинот на снабдувањето со нафта преку нафтоводот „Дружба“, дека украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија. „Успеавме да го заштитиме снабдувањето со гориво на Унгарија. И му дадовме на претседателот Зеленски цврсти и пропорционални одговори. Тој исто така треба да знае: Може да изгуби само со напад врз ...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје попладне ќе се одржи јавна дебата за Предлог-законот за високо образование, трета од најавените шест на јавните универзитетите, во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Минатата недела јавни дебати беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на која присуствуваше и наставно-научниот кадар од Универзитетот ...

Артан Груби кој утрово беше уапсен на преминот Блаце откако решил да се врати во земјава, е пренесен во Шутка, потврдуваат за ТВ 24 од МВР. Груби е пренесен во притворското одделение во Шутка бидејќи за него беше определен 30 дневен притвор во отсуство, додека беше во бегство. Од ОЈО Скопје велат дека дополнително ќе известат како ќе ја тераат постапката, односно кога ќе се појаби пред јавен обвинител. Груби заедно со екс директорот на ...

Американската агенција за царина и гранична заштита денеска соопшти дека на полноќ ќе ја прекине наплатата на царините кои минатата година беа воведени според Законот за меѓународни вонредни економски овластувања, кои Врховниот суд на САД пред три дена ги прогласи за незаконски. Агенцијата во порака на својата служба за размена на пораки Cargo Systems (CSMS) соопшти дека од утре, односно една минута по полноќ, ќе ги деактивира сите царински ...

Со свечена церемонија синоќа во римскиот амфитеатар „Арена ди Верона“ официјално беа затворени Зимските олимписки игри Милано – Кортина (ЗОИ) 2026, на кои настапија 2.891 спортисти од 92 држави, меѓу кои и четворица македонски олимпијци. Церемонијата, насловена како „Убавина во акција“, беше посвета на природните убавини на Италија, градот Верона и на сите области во кои се одржаа натпреварите на ЗОИ2026, кои се протегаа на површина од 22.000 ...

Репрезентацијата на САД вчеравечер го победи националниот тим на Канада (2:1 во продолжение) во финалниот натпревар од машкиот турнир во хокеј на мраз на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Ова е првиот златен олимписки медал на Америкаците со играчи од НХЛ. Напаѓачот на тимот на САД, Џек Хјуз, го постигна победничкиот гол во продолжението на финалето на Олимписките игри против Канада. Бевме сведоци на едно од најголемите финалиња во ...

Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин Блаце. - Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи. Груби е осомничен за ...

Во земјава утрово се измерени температури под нулата, но синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со максимална температура до 16 степени. Најниска утринска температура е измерена во Берово и Попова Шапка (-5 степени), како и во Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Крива Паланка и Скопје - Петровец каде се измерени -4 степени. Во Струмица, Претор, Штип и Прилеп се измерени -3 степени, а во Велес, Охрид, Тетово и Виница -2 степена. ...

Ивана Кметовска е најкорисната кошаркарка на финалниот турнир на женскиот кошаркарски куп одржан викендот во Македонска Каменица. Актуелната македонска репрезентативка одигра два одлични натпревара и апсолутно заслужено ја доби главната индивидуална награда на турнирот. Во финалниот меч, вчеравечер против Крива Паланка, Кметовска постигна 24 поени со висок процент на реализација во обидите за два поена (10/13 односно 76% на реализација, и 4/7 ...

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, постави нов рекорд во НБА-лигата. Тој ноќеска на натпреварот со Бостон селтикс на домашен терен одигра 34 минути и забележа 20 поени, пет асистенции и четири скока. По овој натпревар Џејмс стана првиот играч во историјата на лигата кој надмина 43.000 поени во регуларниот дел од сезоната. Неговото достигнување сега е 43.008. Леброн вклучувајќи ги и плејоф натпреварите има вкупно 51.297 поени. ...

Немесио Осегуера, познат како „Ел Менчо“, водач на моќниот Картел на новата генерација Халиско (ЦХНГ), е убиен за време на воена рација, потврдија локалните власти. Осегуера (60) беше еден од најбараните криминалци во Мексико и САД, а ЦЈНГ е одговорен за шверцување големи количини дрога, вклучително и фентанил, јавија американските медиуми. САД понудија награда од 15 милиони долари за информации кои би довеле до апсење или фаќање на Осегуера. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин „веќе ја започнал“ Третата светска војна, во интервју за британскиот радиодифузер Би-Би-Си. Зборувајќи во Киев за време на викендот пред четвртата годишнина од конфликтот меѓу Русија и Украина во вторник, Зеленски рече дека неговиот став за конфликтот е различен од оној на американскиот претседател Доналд Трамп. „Имаме различни ставови во ...

Поради силна зимска бура денеска ширум североистокот на САД се затворени училишта, прекинат е јавниот превоз и откажани се илјадници авионски летови, а жителите на тоа подрачје се предупредени на обилни снегови, силни ветрови и опасни услови за патување, соопштија локалните власти. Поштенската служба на САД соопшти дека бурата на североистокот на земјата, од Вашингтон до Нова Англија, може да ја забави обработката, транспортот и доставата на ...

Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска ќе отвори прелиминарна постапка против поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте речиси една година по неговото апсење по десетици обвиненија за убиство. Обвинението го обвинува за најмалку 78 убиства во „војната против дрогата“ во земјата од 2011 до 2019 година. Дутерте е првиот поранешен шеф на држава кој се соочува со обвиненија за злосторства против човештвото пред судот во Хаг. Постапката ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека постои растечка недоверба внатре во ЕУ поради Украина, поради тоа што раководството на Унијата продолжува да го поддржува Киев на штета на земјите членки. - Недовербата внатре во ЕУ расте со огромна брзина. Ако ЕУ им даде приоритет на интересите на Украина пред легитимните интереси на земјите членки на ЕУ, тоа ќе доведе до неможност на Унијата да носи важни одлуки кои бараат согласност од сите земји ...

Министрите за надворешни работи на ЕУ се состануваат во Брисел денеска за да разговараат за нов заем за Киев и 20-ти пакет санкции кон Русија поради војната во Украина. Разговорите се одржуваат еден ден пред четвртата годишнина од целосната инвазија на Русија на 24 февруари 2022 година. Заемот од 90 милијарди евра (106 милијарди долари) првично беше договорен во декември и беше одобрен од Европскиот парламент. Финансирањето е наменето за ...

Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Во видео обраќање, Путин синоќа им го честиташе на Русите Денот на бранителите на татковината кој се одбележува на 23 февруари. Путин нагласи дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата војска и морнарица, истакнувајќи дека апсолутен приоритет претставува развојот на ...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до минус два, а максималната ќе достигне до 11 степени. Следува период на стабилно време, освен во вторник кога ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На граничните премини, според информациите од Авто мото сојузот, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. Внимателно возење се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Сообраќајот на државните патишта ...

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел. Според ЕВН Македонија, од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Марко Крале“ лоцирани околу објектот бр. 51. во општина Бутел, a од 08:35 до 11 часот корисниците од улицата Радишанска. Во периодот од 08.30 до 10 часот електрична енергија ќе немаат корисниците од ул. Козле лоцирани позади фабриката Реплек во општина Карпош, а периодот од 12 до ...

Министерството за земјоделие да ја одложи новата програма за добивање на субвенции, а за секои промени да бидат консултирани земјоделците и сточарите, во спротивно најавуваме протести. Националната земјоделска мрежа со барање до ресорното министерство кое најави нови поригоризни мерки за добивање на субвенции. Новата мерка предвидува повеќе грла на крупен и ситен добиток, но и поголам засадена земјоделска површина - како услов за добивање на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
62%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
59%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
74%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
71%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
83%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Паладиум

48883.97

Цинк

3.35

Злато

166450.52

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84