Две компании кои вршеле ископ близу до изворот се едни од причинителите за хаваријата кај Шум поради која стружани 11 ти ден се без чиста вода за пиење вели струшкиот градоначалник кој додава дека таму се вршени длабоки ископувања и оштетувања кои многу тешко ќе се санираат. Тој на денешната вонредна седница на струшкиот Совет поднесе извештај за преземените активности во врска со актуелната состојба во кој се констатира дека биле дозволено ...

Медиумска офанзива насочена кон македонските активисти и политички претставници во Албанија, меѓу кои Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса, и Никола Ѓурѓај, претседател на здружението „Илинден-Тирана“, од бугарска страна станува сè почеста. Критиките и дисквалификациите што се пласираат во јавниот простор, вклучително и преку пренесени содржини од бугарски медиуми, добиваат идентитетска димензија. Веста за Телевизија 24 ја ...

Универзитетот „Мајка Тереза“ смета дека законот за високо образование треба да се врати и да се доработи во соработка со сите универзитетски сенати. Ректорот Беким Фетаји за ТВ 24 вели дека за вакви клучни реформи не треба да се брза со носењето на законски решенија. Проф. Др. Беким Фетаји – Ректор на Универзитет Мајка Тереза „Нема потреба за толку суштинска и важна работа толку брзо да се донесе заклучок и треба малку време. Значи за два до ...

Не стивнуваат реакциите за владиниот авион но и кој тоа се патувал со него откако денеска од Владата и со соопштение се огласија дека како што стои во дописот семејството на премиерот Мицкоски никогаш не ги користело услугите од владиниот авион. Во реакцијата се наведува: Влада на Р.С.М - Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит Хрватска.Службениот авион стар 20 години е користен ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски потврди дека на владина седница предложил имиња за шефови на дипломатски конзуларни претставништва, но не ги откри имињата посочувајќи дека информација е од класифициран карактер, но по добивање на агреманите и отпочнувањето на внатрешните процедури во државата, имињата ќе се потврдат и истите ќе ги бранат своите тези пред Комисијата за надворешна политика во Собранието. ...

Процесот на пристапување е сопрен, а напредокот во клучните области, особено владеењето на правото и борбата против корупцијата, е недоволен. Со оваа порака, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, го отвора годинешниот нацрт-извештај за земјава, кој на 26 февруари ќе го презентира пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Во документот се нотира дека Македонија се наоѓа во тешка позиција, со застој ...

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко му порача на сегашниот претседател на оваа земја, Володимир Зеленски, никогаш да не му верува на рускиот претседател Владимир Путин и да влегува во преговори со него само кога има предност. Тој за „Политико“ од Минхен рече дека се плаши оти тие максими ќе бидат игнорирани во тековните мировни преговори со посредство на САД. Како што се наведува, Порошенко, кого го нарекуваат и крал на ...

Судскиот совет на денешното продолжение на 537-та седница разгледа повеќе претставки поднесени од граѓани и правни лица за работата на судии и судови. Воедно, на седницата беше формиран и комисија за изготвување предлог-одлука за утврдување ориентациона норма на предмети за сите судови составена од членовите Антоанета Димовска, Садула Изаири и Павлина Црвенковска. Советот ја усвои претставката која се однесува на повеќегодишно доцнење во ...

Поранешниот британски принц Ендру е приведен под сомнение за недолично однесување на јавна функција. Полицијата соопшти дека привела 60-годишен маж од Норфолк под сомнение за недолично однесување на јавна функција и оти се вршат претреси на адреси во Беркшир и Норфолк. Во соопштението се наведува дека нема да го откријат името на приведениот бидејќи истрагата е во тек. Претходно, на принцот Ендру, братот на кралот Чарлс III, му беше одземена ...

Бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека САД вршат притисок НАТО да ги ограничи меѓународните активности, меѓу кои и намалување на силите на КФОР во Косово и завршување на советодавната мисија на Северноатлантскиот сојуз во Ирак. КФОР во моментпв има речиси 4.500 војници и според соработничката за политика во Европскиот совет за надворешни односи, Енѓелуше Морина, мисијата во Косово е неопходна за ...

Македонските аеродроми ја надминаа бројката од 3,5 милиони патници, а годинава таа бројка може да надмине четири милиони, што би претставувало историски рекорд за авиосообраќајот во земјава. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека од изборот на актуелната Влада се воведени 23 нови директни авиолинии, меѓу кои последни се линиите кон Алгеро (Сардинија) и Палермо (Сицилија). Според него, растот на бројот на ...

За министерот за економија Бесар Дурмиши минималната плата е повеќе дневнополитичка тема отколку реално барање. Според него само три до четири отсто од вработените примаат минимална плата. Дурмиши посочи дека Владата не е против зголемување, но тоа треба да се темели на економски параметри и продуктивност. Предупреди дека ад хок одлуки може да ја зголемат инфлацијата и да ја намалат куповната моќ. Според него, земјава има поголема куповна моќ ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека во 2024 година со Демократска унија за интеграција предложиле измени со кои минималната плата ќе се изземела од формулата за пресметка на платите во јавниот сектор. Според партијата, тоа ќе го прекинело линеарниот раст на останатите плати и ќе ги ослабело заштитните механизми за работниците. Велат дека како опозиција поднеле над 40 амандмани за да го спречат решението и да ја задржат минималната плата како ...

Лидерот на Левица Димитар Апасиев објави дека Комисија за спречување и заштита од дискриминација утврдила директна дискриминација врз него од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата. Апасиев најави тужба и барање на оштета, истакнувајќи дека бил лишен од уставно загарантирано право на правен лек. На Фејсбук, тој појасни дека ќе поднесе тужба за оштета и ги повика органите да ја докажат својата постапка пред судот, додавајќи ...

Од суштинско значење за евроинтеграцјата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност е сите политички актери, особено Владата да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време ЕУ и нејзините држави-членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски, нагласува ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека ако се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, нема да води историски дебати туку ќе разговара за брзо завршување на војната. - Постои безбедносен проблем. Против нас се води голема војна. Тоа се нашите животи. Единственото за што сакам да разговарам со него, според моето мислење, мораме успешно да го решиме ова. Мислам дека брзо ќе ја завршиме оваа војна. Затоа сакам да ...

Од Левица сметаат дека нападите врз првиот човек на Сојуз на синдикати на Македонија се дел од сценарио за слабеење на синдикатите. оттаму велат дека обвинувањата кон Слободан Трендафилов за политичка мотивираност и злоупотреби се дел од „учебнички модел“. Според партијата првата фаза е дискредитација преку медиумски кампањи, а потоа следи прикажување како опозициски играч. Наредно е создавање перцепција дека лидерите се отуѓени од ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека во 2024 година со Демократска унија за интеграција предложиле измени со кои минималната плата ќе се изземела од формулата за пресметка на платите во јавниот сектор. Според партијата, тоа ќе го прекинело линеарниот раст на останатите плати и ќе ги ослабело заштитните механизми за работниците. Велат дека како опозиција поднеле над 40 амандмани за да го спречат решението и да ја задржат минималната плата како ...

Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња да ја исполнат законската обврска за идентификација на своите миленици со микрочип и нивна регистрација во модулот за домашни миленици во Информативниот систем на Агенцијата. По извршената регистрација се издава и пасош за домашен миленик. Од АХВ појаснуваат дека апликацијата на микрочипот е еднократна постапка, а миленикот го носи чипот до крајот на ...

Олимписки шампион во дисциплината шорт трек (брзо лизгање) 500 метри кај мажите стана Стивен Дубоа од Канада. Тој доминираше од стартот на трката и во ниту еден момент актуелниот светски првак во оваа дисциплина не го испушти првото место и патеката ја мина со време од 40.835 секунди. Во финалната група за медали Дубоа зад себе го остави холандското трио. Среброто му припадна на Меле ван Тваут, кој беше само за шест илјадити делови од ...

Во спортската сала „Македонски Бранители“ во Берово денеска ќе започнат Работничките спортски игри 2026, турнир во мал фудбал, во организација и под покровителство на Општина Берово. На турнирот ќе учествуваат повеќе екипи, поделени во две групи, а натпреварите ќе се играат по систем „секој со секој“. -По завршување на групната фаза, најдобрите екипи ќе обезбедат пласман во завршницата на турнирот. За најуспешните екипи и поединци се ...

По одигрувањето на четвртфиналните натпревари на машкиот хокеарски турнир на Олимписките игри во 2026 година, репрезентациите на САД, Канада, Словачка и Финска се пласираа во полуфиналето. Според принципот на рангирање, полуфиналните парови ќе бидат: Канада – Финска САД – Словачка. Полуфиналните натпревари ќе се одржат утре, 20 февруари. Термините се 16:40 и 21:10 часот. Финалето е закажано за 22 февруари, а натпреварот за третото место е ден ...

Јужноамерикански тенисери се ослободени од обвинение за прекршување на антидопинг правилата откако Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) ги ослободи од обвинение за прекршување на допинг правилата, објави „ESPN“. Истрагата откри дека спортистите внесувале забранети супстанции преку месо. Перуанецот Конер Уертас дел Пино (рангиран на 739. место во светот), Бразилецот Матео Бареирос Рејес (рангиран на 992. место) и Колумбиецот ...

Утрово најстудено е во Берово со -7 степени, по што следуваат Крива Паланка со -5 и Скопје – Петровец и Демир Капија со -4 степени. Во Гевгелија, Прилеп и Тетово се измерени -3, а во Охрид, Виница и Крушево -2 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Според УХМР, во текот на ...

СДСМ соопшти дека Законот за минимална плата е на дневен ред во Собрание на Република Северна Македонија. Со Предлогот се бара минималната плата да изнесува 600 евра, како одговор на барањата на синдикатите и работниците. Од партијата велат дека средства може да се обезбедат со пренамена на буџетски ставки. Порачуваат дека „пари има“ и дека е потребна политичка волја. Од партијата ги повикаа сите пратеници да го поддржат законот, без изговори ...

Со проекција на филмот „Романот за Џим“ (2024) од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, вечер во Кинотека почнува првото издание на месечните „Кино средби" што ги организира Францускиот институт во Скопје. На средбите ќе се прикажуваат современи француски филмови и класици на француската кинематографија. „Романот за Џим“ со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Кан 2024, беше номиниран за наградите ...

Високи претставници за национална безбедност му соопштиле на американскиот претседател Доналд Трамп дека војската е подготвена за потенцијални напади врз Иран веќе во сабота, но дека временската рамка за каква било акција веројатно ќе се продолжи и по овој викенд, објави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Трамп сè уште не донел конечна одлука за тоа дали ќе го изврши нападот, рекоа аноимните претставници. ...

Би било добро Иран да се посоветува да постигне договор со САД, соопшти синоќа Белата куќа, повторувајќи дека дипломатијата останува опцијата што ја преферира претседателот Доналд Трамп, пренесе ДПА. На прашањето за можна воена акција, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, рече дека има „многу причини и аргументи“ што би можеле да се изнесат за напад врз Иран. „Претседателот отсекогаш бил многу јасен во однос на Иран или која било ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешените прашања за иднината на Газа околу настанот на кој ќе учествуваат претставници од повеќе од 45 земји. Разоружувањето на Хамас, фондот за реконструкција и протокот на хуманитарна помош за населението на палестинската енклава се прашања што ќе ја тестираат ефикасноста на Одборот во наредните недели и месеци. Се очекува ...

Централниот окружен суд во Сеул го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол на доживотен затвор по обвинението за поттикнување бунт поради неговата краткотрајна воена состојба во декември 2024 година, објави јужнокорејската агенција Јонхап. Судот, кој првично го прогласи Јун за виновен за бунт, ја донесе првата пресуда во случајот, во која се вели дека тој имал за цел да го распушти парламентот со испраќање војници во зградата ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
59%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
74%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
96%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
66%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
82%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Паладиум

48883.97

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Калај

50.03