Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Откако премиерот Мицкоски ја тргна обвинителката Ленче Ристоска од листата на кандидати за државен јавен обвинител, поранешната обвинителка во СЈО се огласи – за Ристоска ова е порака дека без разлика на компетентноста – подобноста е примарна. Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, ...
Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ вечер од 20 часот ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. - „Црно семе“ е моќна и емотивна сценска приказна, која го отвора едно од најболните поглавја од македонската колективна меморија — судбината и голготата на Македонците од Егејска Македонија по ...
Претставата „Љубовни писма“ (Love Letters) по истомената драма на американскиот автор Алберт Рамсдел Гарни ќе биде изведена вечер во просторот на „The Dude Specialty Coffee“ во Скопје. Улогите ги толкуваат Игор Ангелов и Верица Недеска. Ангелов е и режисер кој за претставата избира минималистички пристап. Текстот ја следи кореспонденцијата меѓу двајца луѓе од детството до зрелоста — нивниот однос се развива низ писма што сведочат за љубов, ...
Според податоците на Здружение за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора, земјоделството и прехранбената индустрија учествуваат со 18% во БДП и вработуваат околу 10% од вработените. Но статистиката покажува дека увозот на храна од 2014 до 2024 година пораснал за над 88%, достигнувајќи околу 976 милиони евра во 2023 година. Ова значи пад на обработливите површини и сточарството и ризик од губење на суверенитетот врз ...
Од 9:00 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти ЈП „Македонијапат“. Претходно, поради обилни врнежи од снег, од 6:50 часот беше воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Надлежните апелираат до возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор е „лошо за британското кралско семејство“, објави ДПА. Неговиот коментар следеше по апсењето на поранешниот принц под сомнение за злоупотреба на јавна функција поради неговите врски со финансиерот и сексуален престапник Џефри Епстин. Во разговор со новинарите на пат кон настан во државата Џорџија, Трамп го пофали братот на Ендрју, британскиот ...
Од СДСМ велат дека Владата нема одговор за нарко-скандалот со 5 тони марихуана за која тврдат дека потекнува од Македонија. Посочуваат дека уште од почеток предупредиле оти дрогата е домашно производство, а сега и самиот Христијан Мицкоски признал дека има такви индиции. Од партијата прашуваат како толкава количина марихуана ја поминала границата и дали некој од власта помагал. Од СДСМ бараат одговорност од врвот на власта и целосно ...
Во излагање на националната телевизија Канал 5, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на владината листа за државен јавен обвинител има три имиња, но не и поранешната обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска. Претходно, Совет на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица од пет кандидати. Поддршка добија Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска, Ненад Савевски и Лидија Раичевиќ. За Владимир Панчевски беше утврдено дека не ги исполнува ...
Во 8.30 часот утрово се измерени температури над нулата. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, температура од 1 степен е измерена во Берово, 2 во Крива Паланка и Струмица, 4 во Тетово, 5 степени во Прилеп и Охрид, 7 во Скопје - Петровец и во Виница и 8 степени во Куманово. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од ...
Мексиканската морнарица заплени четири тони кокаин од подморница која пловела во близина на западниот брег на земјата, при што се уапсени три лица, соопшти денеска мексиканскиот министер за безбедност и заштита на граѓаните, Омар Гарсија Харфуч. - Во текот на последната недела, во поморските операции се запленети речиси 10 тони од оваа дрога. Тоа претставува директен и мултимилионски удар врз финансиските структури на организираниот криминал, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека МВР поднело кривична пријава против 10 лица за нелегално производство и трговија со дрога. Двајца осомничени се во 48-часовен притвор, а истрагата се води со Обвинителството за организиран криминал. Случајот е поврзан и со заплена на дрога во Србија, за која постојат индиции дека потекнува од домашни капацитети за медицински канабис. При контролите во земјава се одземени околу 40 ...
Во драматично финале и по продолжение репрезентацијата на САД го освои златниот медал на Игрите со победата над Канада со 2:1. Ова е трет златен медал за Американките, кои во Пекинг беа поразени од Канада во финалниот дуел. Во финалето Канада имаше водство од 1:0, а Американките изедначија на 1 минута и четири секунди, додека во продолжението во 65 минута Меган Келер го постигна голот за златен медал. Во дуелот за бронзата исто така ...
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вчера во Битола доживеа уште еден пораз на европска сцена, овој пат од Висла Плоцк која славеше со 28:25. Во тврд натпревар кој брзо ќе се заборави, гостите од Полска не дозволија битолчани да приредат изненадување, иако во два наврати домашните ракометари успеаја да се доближат на еден гол негатива, во првото полувреме на 8:9 и во второто полувреме до 19:20 за гостинскиот тим кој во 44 минута ...
Фудбалерите на Шкендија препрпеа минимален пораз на првиот натпревар од 1/16 финале од УЕФА Конференциската лига со 1:0 од турската екипа Самсунспор. Гостите од Турција и на дуелот во Скопје важеа за фаворити, а таа улога ја потврдија и на теренот. Првата шанса за водство Самсунспор ја пропушти во 7.минута кога еден од нивните најдобри играчи Шериф Ндијае не реализираше пенал, односно го промаши целиот гол. Единствениот гол го постигна Мариус ...
Американската претставничка во уметничко лизгање Алиса Лиу го освои златниот медал откако имаше најдобар настап во слободната програма, а беше третопласирана по задолжителниот дел. Таа освои 226.79 поени. Место на подиумот успеаја да изборат две натпреварувачки од Јапонија. Среброто и припадна на Каори Сакамото, додека Ами Накаи која беше водечка по задолжителниот дел ја освои бронзата. Со освоениот златен медал втор за Лиу на Игрите, ...
Репрезентативците на Норвешка и натаму се најдобрите на Игрите во Милано Кортина со вкупно освоени 34 медали од кои 16 златни. И во двете категории имаат најголем број медали. Зад нив е САД со 27 медали (9 златни) и домаќинот Италија со 26 медали (9 златни). На петнаесеттиот ден од Игрите ќе бидат доделени медали и тоа во неколку спортови: слободно скијање (мажи и жени); биатлон 15 километри мажи; брзо лизгање – 1.500 метри жени; карлинг мажи ...
Парламентот на Венецуела вчера одобри амнестија за политичките затвореници што ја побара опозицијата, нешто помалку од седум недели по апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро од страна на САД. Овој потег би можел да резултира со ослободување на бројни затворени владини противници, активисти и критички новинари. Вршителот на должноста претседателка, Делси Родригез, го поднесе законот во Националното собрание откако американските ...
Администрацијата на Трамп планира да изгради воена база за 5.000 војници во Газа, распространета на 140 хектари, дознава британскиот весник „Гардијан“. Според договорите на Одборот за мир, до кои „Гардијан“ дошол, станува збор за оперативна воена база за идните Меѓународни сили за стабилизација (МСС), кои треба да бидат мултинационални. МСС е дел од Одборот за мир што треба да управува со Газа. Одборот го предводи американскиот претседател ...
Научно-стручна расправа по Предлог-законот за помилување ќе се одржи денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Организаторите на расправата, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) и Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, најавија дека на расправата ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за правда Игор Филков, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во ...
Операта „Травијата“ од Џузепе Верди вечер ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, во режија на Верена Штојбер од Германија, под диригентство на гостинот од Италија, Лоренцо Бицари. Во главната улога Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска. Благој Нацоски ќе настапи во улогата на Алфред Жермон, Марјан Јованоски - во улогата на Жорж Жермон, во другите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, ...
Нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е под контрола на Русите, работи на единствениот преостанат надворешен далновод, откако пред повеќе од една недела го изгуби резервниот далновод, објави вчера Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека далноводот „Феросплавна-1“ бил урнат на 10 февруари „наводно како резултат на воена активност“. Оваа нуклеарна централа, ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан посочи дека Унгарија би можела да го прекине снабдувањето со електрична енергија на соседна Украина ако Киев продолжи да се меша во испораките на руска нафта, јавува ДПА. „Не сакам да се заканувам или да прејудицирам ништо. Но, Украина добива значителен дел од својата електрична енергија преку Унгарија“, изјави Орбан синоќа пред унгарските новинари во Вашингтон. Унгарскиот лидер рече дека Киев треба да престане ...
Иран вчера предупреди дека ќе одговори „решително и пропорционално“ доколку биде нападнат поради зголемените тензии со Вашингтон, велејќи дека американските воени средства во регионот ќе се сметаат за легитимни цели. Во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, амбасадорот на Иран во Обединетите нации рече дека „сите бази, објекти и средства на непријателската сила во регионот ќе претставуваат легитимни цели“ во случај на ...
Поради врнежи од снег од 7.40 часот се воведува забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“. За другите видови возила е задолжителна употребата на зимска опрема. ЈП „Македонијапат“ утрово информираше и дека поради обилни врнежи од снег од 6.50 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој ...
Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од ул. „Христо Татарчев“, односно на потегот од „Народни херои“ до „Франк Харкорд-Манинг“, во Општина Кисела Вода. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување водоводен приклучок ф-100 мм во близина на „Макпетрол“. Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од ул. „Христо Татарчев“, односно на потегот од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Според прогнозата на УХМР, врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од државата. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени, а дневната ...
Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред судија на претходна постапка и за дел од нив е определена мерка притвор. Осомничени се дека учествувале во транспортот на марихуаната од Македонија за Србија. Министерот Тошковски денеска се појави во интервју и објави детали за истрагата. -Во текот на денешниот дени ќе се отпочне со поднесување кривична пријава до ОЈО ...
Барањата на ССМ за минимална плата од 600 евра и по 100 евра за останатите работници и понатаму тема на дискусија за подобар стандард на граѓаните. Од СДСМ кои даваат целосна поддршка за зголемување на минималната плата велат дека за тоа е потребно политичка волја и истиот предлог поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата треба да добие зелено светло од сите пратеници во Собрание. Поранешната министерка за труд и социјална политика ...
Јазикот е нашата татковина. Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе оти само јазикот никогаш не не оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме. Зборовите на големите македонски поети, денеска беа дел од пораките испратени во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Во години на интензивна глобализација, странските јазици кои се зборуваат во повеќе ...
Блокадата во Блатец продолжува. Утре локалното население излегува на протест, а по неколку дена се огласи и инвеститорот на малата хидроелектрана, компанијата „Енерџи лукс“ од Кочани, која по инцидентот во саботата и блокадите кои следуваа, досега се немаше огласено во јавноста. Од Компанијата во демантот, меѓу другото, тврдат дека проектот се реализира врз основа на важечка концесија и соодветна документација издадена од надлежните ...