
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Со воена парада и аеромитинг, Виетнам денеска ја одбележува 50-годишнината од падот на Сајгон – симболичен крај на деценискиот конфликт што кулминираше со повторното обединување на земјата на 30 април 1975 година. Сајгон, тогашен главен град на поддржаниот од САД - Јужен Виетнам, беше преземен од страна на комунистичкиот Северен Виетнам и подоцна преименуван во Хо Ши Мин, по името на лидерот на движењето. – Тоа беше победа на правдата над ...
Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Русија, „и покрај проблемот со легитимитетот“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е подготвена за директни преговори со Украина. Тој додаде дека привремен прекин на огнот од 8 до 10 мај може да биде првиот чекор кон воспоставување дијалог меѓу двете земји. – Се надеваме дека украинската страна ќе го следи нашиот пример. Таков потег може да биде вовед ...
Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Основниот суд Гостивар што ја направил Државниот завод за ревизија. -Констатирано е отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од ...
Три лица беа убиени во вооружен напад што се случи вчера во фризерски салон во центарот на шведскиот град Упсала, соопшти полицијата. Напаѓачот побегнал на скутер и сè уште не е пронајден. Инцидентот се случил во близина на плоштадот Ваксала, а полицијата постави кордон околу голем дел од градот и започна истрага за тројно убиство. Сведоци за ТВ4 изјавиле дека сè се случило многу брзо. „Се слушна само: бам, бам, бам“, раскажал еден очевидец. ...
Министерството за култура и туризам информира дека Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2025. Со оваа награда се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и ...
Уставниот суд на денешната седница треба да се донесе конечни одлуки за предметите за Изборниот законик, оценувањето на јавните обвинители и „Медреса Иса Бег" од Кондово. Како што информираат од Уставен, по предметот кој се однесува на членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, Судот на 26.02.2025 година поведе постапка за одредбите со кои е подигнат прагот на потписи потребни за поднесување на независни ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио наскоро ќе разговара со министрите за надворешни работи на Индија и Пакистан за да ги повика двете земји да не ги ескалираат тензиите поради смртоносниот напад на индиската сојузна територија Џаму и Кашмир минатата недела, соопшти вчера американскиот Стејт департмент. Вашингтон во неделата соопшти дека е во контакт на различни нивоа со двете нуклеарни сили, охрабрувајќи ги да работат кон „одговорно ...
Француското обвинителство вчера побара условна казна затвор од четири години за поранешниот премиер Франсоа Фијон, поради фиктивното вработување на неговата сопруга Пенелоп, јавија денеска локални медиуми. Обвинителот побара и парична казна од 375.000 евра, како и забрана за политичка активност во траење од 10 години за поранешниот кандидат на претседателските избори во 2017 година. Судењето продолжи во попладневните часови со излагање на ...
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона. - Интер е во полуфиналето на Лигата на шампионите, па не би рекол дека сега сме во тежок период. Сите со нетрпение го очекуваме натпреварот, предизвикуваме еден од најдобрите тимови во светот и еден од најофанзивните тимови. Ќе има моменти кога ќе треба да бидеме трпеливи. Технички треба да играме беспрекорно. ...
Актуелниот шампион во НБА-лигата, екипата на Бостон селтикс се пласира во четвртфиналето во плејофот, откако ноќеска уште еднаш славеше победа на Орландо меџик. Првото коло од разигрувањето за трофејот го мина и Индијана пејсерс по четвртиот триумф над Милвоки бакс. На чекор до втората рунда е Денвер нагетс по успешната вечер на средбата со Лос Анџелес клиперс. Резултати на натпреварите во НБА плејофот одиграни ноќта вторник кон среда: Индијана ...
Северна Македонија продолжува со нејзината долгогодишна посветеност на унапредување на инклузивноста и еднаквоста на Ромите, особено преку усвојувањето на серијата национални стратегии и тематски акциски планови, но треба да работи на обезбедување здрава животна средина и на заштита на човековите права за сите граѓани. Ова се наведува во соопштението на Кабинетот на комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти во врска со ...
Фотографии на уловени парчиња крап од Охридското Езеро вчера се проширија на социјалните мрежи. Активисти на Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“, посочуваат дека станува збор за фотографии што ги направиле рибари ангажирани од концесионерот „Питон“ што стопанисува на потегот на езерото од Канео до Подмолје, односно риболовната зона „Воска“. Спорното во конкретниот случај е што крапот е изловен во период на мрест кога тоа е строго забрането. ...
Националниот џез оркестар денеска организира централен настан по повод Меѓународниот ден на џезот - 30 април кој ќе се одвива на две локации - Паркот “Ибни Пајко” и Македонскиот народен театар – Скопје. Во Македонски народен театар ќе се одржи Концерт на американскиот пијанист Брајан Марсела и неговото трио. Ова, велат организаторите, е настан со кој нашата земја го одбележува 30 годишниот јубилеј од воспоставувањето дипломатски односи меѓу ...
Театар Комедија ќе учествува на еден од најзначајните регионални театарски фестивали - БОК Фест во Бјеловар, Хрватска. Фестивалот, кој од 2003 година обединува врвни театри од цела поранешна Југославија, и оваа година ќе биде центар на театарската уметност од регионот, информираат од Театарот. Театар Комедија ќе настапи со две исклучително успешни претстави од својот репертоар - на 30 април свеченото отворање на фестивалот ќе биде во знакот на ...
Младински културен центар - Битола вечерва со почеток од 22 часот ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот во Битола со концерт на Филип Динев Трио. Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија – „Romann“ (2024) и „Szvetlo“ (2020). Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден се само дел од европските градови каде Динев има ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин сака војната во Украина да заврши и покрај неодамнешните руски напади. Американскиот претседател го изјави ова во интервју за Еј-Би-Си Њуз. -Мислам дека сака, одговори Трамп кога го прашаа дали мисли дека Путин сака мир. „Да не бев јас, мислам дека ќе ја заземеа целата земја. Ќе ви кажам, не бев среќен кога го видов Путин како лансира ракети“ ...
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона. - Интер е во полуфиналето на Лигата на шампионите, па не би рекол дека сега сме во тежок период. Сите со нетрпение го очекуваме натпреварот, предизвикуваме еден од најдобрите тимови во светот и еден од најофанзивните тимови. Ќе има моменти кога ќе треба да бидеме трпеливи. Технички треба да играме беспрекорно. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп одбележа 100 дена од преземањето на претседателската функција со голем митинг во градот Ворен, во сојузната држава Мичиген – регион познат како срцето на автомобилската индустрија. На митингот, Трамп настапи триумфално, нарекувајќи ги првите 100 дена „најуспешните во американската историја“, наведуваат локални медиуми. Тој призна и дека му недостасува предизборната кампања. Во долг говор Трамп повторно ги ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика научници и истражувачи од целиот свет да работат во Европа, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го намали федералното финансирање за Харвард и други американски универзитети. Американските универзитети беа цел на администрацијата, главно поради начинот на кој реагираа на пропалестинските протести против војната во Газа минатата ...
По повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи и да се вози одговорно. Посочуваат дека во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места. - Не возете под дејство на алкохол! – Алкохолот ја намалува ...
Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши порача дека ќе има ограничување на маржите за речиси сите производи или ...
Времето утрово ведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален ...
Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог на законот за работно ангажирање на лица, во второ читање, поднесен од група пратеници. За Предлог-законот поднесени се вкупно 24 амандмани. Тони Јаревски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, во името на предлагачите, на 16 април на јавната расправа појасни дека во членот 5 во Законот е наведено дека во земјоделството, шумарството и ...
Во организација на Здружението на судии на Македонија денеска во Скопје ќе се одржи судиска конференција „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките“. Според агендата, поздравни говори ќе имаат амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Иван Џолев, претседател на Здружението на судии на РСМ, Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет на РСМ, како и Џемали Саити, в.д. ...
Во Собранието не помина интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Само 20 пратеници гласаа „за“, 72 гласаа „против“, а немаше „воздржани“. Собранието не ја прифати интерпелацијата на Панче Тошковски“, рече собранискиот спикер, Африм Гаши. Дури 5 од десетте точки се однесуваа на трагедијата во Кочани и дискотеката „Пулс,“ останатите точки пак се однесуваа на скандалот со знамињата, марихуаната во Карбинци, но и ...
Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата, истакна Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции, откако денес беше запален неговара викенд куќа. „Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме со уште ...
Со солзи, бес, револт, транспаренти и фотографии од своите деца, родителите на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска од протестниот марш во Скопје побараа институционална одговорност но правда за своите загубени деца. На маршот кој започна пред Основното јавно обвинителство, родителите го искажаа своето незадоволство од текот на истрагата. Обвинија и за селективна правда. Од пред Обвинителството маршот продолжи кон ...
Европскиот проект ветува еднаквост, правичност и можности - но, понекогаш, ние доживуваме поинаква реалност. Нашиот народ, гордите македонски граѓани кои ги претставувам, од прва рака ја почувствуваа тежината на двојните стандарди. Мојата нација направи значителни жртви и реформи, цврсто посветена на нашиот европски пат. Сепак, постојано бевме сведоци на менување на целите и дополнителни услови, кои се применуваат селективно, прикривајќи ја ...
Индија и Пакистан на раб на војна. Зголемен бројот на пресртелки меѓу двете нуклеарни држави. Дипломатски врски се прекинати а копнените и воздушните граници меѓу двете држави - затворени. Односите меѓу двата соседи во јужниот дел на Азија дополнително се влошија по терористичкиот напад во хималјскиор регион Кашир, за кој двете држави, меѓусебно се обвинуваат. „Нашиот источен сосед продолжува со обидите за експлоатација, нудејќи, бесмислени ...
Милионски загуби поради недостатоци во законските и институционалните рамки,слабости и во процесите за доделување, надзор и спроведување на договорите. Државниот завод за ревизија по направените инспекции констатира дека реализацијата на договори за Јавно приватно партнерство не обезбедуваат ефикасни јавни услуги и подобрени инфраструктурни објекти. Приближно 80% од договорите,биле склучени со единствениот најповолен понудувач што упатува на ...