
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Јужнокорејското обвинителство денеска објави дека поранешниот претседател Јун Сук-јеол е обвинет за злоупотреба на службена должност, што е најново обвинение против него, откако кој веќе се соочи со судење за обид за државен удар поради неговиот неуспешен обид за воведување воена состојба. Специјалниот истражен тим што се занимава со случајот соопшти дека Јун е обвинет без физичко апсење за злоупотреба на службена должност и попречување на ...
Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, вчера ги повика Американците да се обединат против претседателот Доналд Трамп за време на, како што ја нарече, „најголемата економска криза предизвикана од човекот во модерната претседателска историја“. Харис изјавата ја даде во својот најголем говор откако ја напушти функцијата, што претставува еден вид политичко враќање за демократскиот претседателски кандидат откако Трамп ја победи на ...
Еден од најдобрите полски режисери Грзегорз Кемпински ќе режира македонска претстава. Во продукција на независниот театар „Отпишани“, македонската публика, наесен, ќе има можност да ја види претставата „Животот е краток и нејасен“, чиј автор е македонскиот драмски писател Марјан Анѓеловски. Сатиричната драма „Животот е краток и нејасен“, како што посочуваат од театарот „Отпишани“, преку еден апсурден начин зборува за системот на загубени ...
Постигнувањето договор за прекин на војната меѓу Русија и Украина е премногу сложена постапка за да се случи брзо, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги фрустрациите на САД поради бавниот напредок во преговорите за воспоставување мир во Украина. -Свесни сме дека Вашингтон сака да постигне брз напредок, но се надеваме на разбирање дека решавањето на украинската криза е премногу сложено за да се постигне брзо. ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денес ја очекува настап во второто коло на ИТФ турнирот во грузискиот град Лопота. Ѓорческа каде за ривалка ќе ја има руската тенисерка Анастасија Тихонова. Ова ќе биде нивни четврти меѓусебен меч, досегашниот биланс е 2:1 во победи е за Тихонова. Турнирот се игра за награден фонд од 40.000 долари и е од рангот W50. Македонката на овој турнир настапува и во конкуренција на двојки заедно со Екатерине ...
САД објавија дека е потпишан договор со Украина за инвестициски фонд за реконструкција Американското Министерство за финансии синоќа објави дека САД и Украина потпишаа договор за формирање „инвестициски фонд за реконструкција“ по неколку недели тешки преговори за пристапот на САД до природните ресурси на Украина. „Како признание за значајната финансиска и материјална поддршка што народот на САД ѝ ја даде на Украина за време на инвазијата на ...
Пратеникот Беким Ќоку ќе биде новиот координатор на пратеничката група на коалицијата Вреди, која ќе биде составена од девет пратеници. Тој, ова го потврдил ова, иако до Собранието се уште не е доставено официјално известување. -До овој момент нема пристигнато никакво писмо по однос на прераспределба на пратеници во пратенички групи. Процедурата во однос на пратеничките групи во Собранието е уредена со Деловникот, информираа за МИА од Кабинетот ...
Уште во првото коло од разигрувањето за шампионскиот трофеј заврши сезоната за Лос Анџелес лејкерс. Иако тимот од Калифорнија сезонава имаше големи амбиции засилувајќи се со Лука Дончиќ, сепак не успеа да ја помине Минесота, првата пречка во плејофот од НБА-лигата. Лејкерс утрово на свој терен загубија од Тимбервулвс со 103:96 и со вкупни 1:4 во серијата се елиминирани. Дончиќ постигна 28 поени, Леброн Џејмс 22 во домашниот состав. Кај Минесота ...
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, како што најави вчера, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата, посочувајќи дека се бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и зголемување на сите останати плати ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето е на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
По повод Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштуваат од ЈСП Скопје. Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот. Исто така, жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од јаното сообраќајно препријатие посочуваат дека работното време е ...
СВР Скопје известува дека денеска со почеток во 11:00 часот, поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. -Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до ...
Се поздравија, но не разговараа - Мицкоски и Борисов на иста маса во Валенсија. На дводневен Конгрес во Шпанија, каде се избра старо-новиот претседател на ЕПП Манфред Вебер, во атмосфера на срдечни насмевки и прегратки, македонскиот премиер и лидерот на бугарската ГЕРБ, подадоа рака. Сепак, освен куртоазното ракување, разговор за деблокада на македонските евоинтеграции не се случи. А седеа и на иста маса, преку едно столче, ги делеше Анита ...
Преговарачката рамка за земјава на патот кон нејзините евроинтегративни процеси не може да се менува но затоа преку Берлинскиот процес дипломатскиот кор во земјава ќе биде многу поупатен за предизвиците пред кои е исправена земјата, а во иднина и ќе трерба да се најде модул како билатералните прашања да не влегуваат во преговарачките рамки за да не го кочат проширувањето на унијата. Дел од аналитичарите во земјата со став дека иако ова за сега ...
Полицијата вршеше увид во изгорената викенд куќа на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. И тој денеска беше во поплосаната викендица која изгоре до темел. Вели ова е обид за заплашување, се сомнева дека пожарот му е подметнат од криминални банди кои се притиснати во затворите. Откако стана директор на Управата за извршување санкции Пандов вели имал и посериозни закани. Од МВР го потврдија инцидентот. Преземаат мерки ...
Почна процесот на вработување на приватните специјализанти. Во тек се конкурсите за 300 лекари, кои ќе бидат распределени низ болниците и клиниките каде има потреба од кадар. Според најавите на министерот за здравство уште 300 приватни специјализанти ќе бидат вработени до крајот на годинава. За здравствените работници пак кои со години работат со договор на дело, од Фондот за здравство велат дека процедурите се пролонгирале заради измени во ...
Се поздравија, но не разговараа - Мицкоски и Борисов на иста маса во Валенсија. На дводневен Конгрес во Шпанија, каде се избра старо-новиот претседател на ЕПП Манфред Вебер, во атмосфера на срдечни насмевки и прегратки, македонскиот премиер и лидерот на бугарската ГЕРБ, подадоа рака. Сепак, освен куртоазното ракување, разговор за деблокада на македонските евоинтеграции не се случи. А седеа и на иста маса, преку едно столче, ги делеше Анита ...
Се поизвесно е излегувањето на Алијансата за Албанците од ВРЕДИ. Лидерот на партијата Таравари на Касами, Меџити и Ибрахими и Гаши - им честита за нивното обединување во една партија под името ВРЕДИ. На локалните избори ќе настапиме сами, а не ја исклучуваме и можноста да делуваме како посебна пратеничка група, надвор од владиното мнозинство, дополни Таравари. ОД ВМРО-ДПМНЕ велат дека и без Таравари ќе имаат стабилно мнозинство, но и влада која ...
Завршува ограничувањето на маржите, почнува стравот од нови поскапувања. Од утре престанува да важи владината мерка за ограничување на трговските маржи на повеќе од илјада производи. Тоа отвора простор маркетите повторно самостојно да ги формираат цените, што, според дел од економистите, може да значи нов бран поскапувања. Од 1 мај, купувачите ќе ја имаат главната улога. Секој ден, цените на основните производи ќе зависат од слободниот пазар. Но ...
Со барање за минимална плата од 500 евра и пораст на останатите плати за сите вработени за 100 евра плата, утре ССМ во 11 часот излегуваат на протест. Додека функционерите добија зголемување на своите плати од 79%, дел од вработените во јавниот сектор не добија усогласување на платите. На Меѓународниот ден на трудот, ССМ ги повика сите работници кои сакаат подобри услови и подобра егзистенција, да им се приклучат на протестот. ОД КСС велат дека ...
Денеска Развојната банка ги завршува обработките на проекти од компаниите за третата транша кои комерцијалните банки ги доставуваат кај нив за да бидат кредитирани со пари од унгарскиот кредит. Од Развојната банка за Телевизија 24 велат дека до 15ти во месецот ги примаат проектите кои комерцијалните банки ги одобриле од компаниите и за нив од Миниството за финансии бараат сретства од унгарскиот кредит. Потоа до крајот на месецот проектите на ...
Актуелната претседателка на Антикорупциска, Татјана Димитровска ги отфрла обвинувањата против неа за предметот „Адитив“, односно дека оддавала службена тајна и не поднесува оставка. Пет дена откако беше осомничена-денеска адресираше писмо до јавноста, вели дека нејзините колеги од ДКСК не треба да се поврзуваат за она што таа се сомничи. „Како Претседател на Државната комисија за спречување на корупција, сакам да нагласам дека кредибилитетот и ...
Уште поголем е гневот и револтот, бидејќи не добивме ниту еден вистински одговор на нашите прашања, вели за 24 еден од родителите кои што вчера на првиот протестен марш во Скопје побараа одговорност од сите инволвирани за повеќегодишното работење на кабарето без исполнување на минималните стандарди. Родителот кој што побара да остане анонимен посочува дека ќе продолжат да бараат одговорност за кобниот 16-ти март. - Ниту еден одговор не добивме ...
Здружението на судии бара да седне на маса со власта во креирање на реформите во правосудство. Претседателот на здружението, судијата Иван Џолев, смета дека една од клучните причини за намалена судска ефикасност, која е на жесток удар од јавноста, е недоволниот број на судии и судски службеници. Претседателот на судскиот совет, Александар Камбовски, останува на ставот дека и по интерпелациите за 5-те члена на Судски совет - индивидуални оставки ...
Во свет што сè побрзо се движи, Скопско Smooth нè потсетува дека понекогаш е доволно само едно мало „вртење“ за да направиме пауза и вистински да уживаме – на свој начин, без притисоци. Aвтентичноста носи свежа перспектива, а да се биде свој е секогаш освежувачки. Тоа е оној момент кога на прашањето „Зошто?“, ти решаваш да кажеш „Зошто не?“. Afterwork во градина? Роденден на планина? Џакузи на тераса? Зошто не? Smooth ги слави сите оние моменти ...
Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека Кина нема да се повлече во трговскиот конфликт. Тие ја споредија американската политика со „окото на торнадо кога сè изгледа мирно за момент, но јасно е дека доаѓа уште посилна бура“. Во видеото, до меѓународната заедница се апелира да се спротивстави на, како што го ...
Палењето на куќата на Пандов е обид за заплашување и замолчување, бидејќи криминалците повеќе немаат заштита од власта, велат од ВМРО ДПМНЕ откако беше запалена куќата на директорот на Управата за извршување на санкции. Според партијата, Пандов е мета на напад бидејќи застана во отворена борба против криминалот и корупцијата. „Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во своето традиционално вечерно обраќање, изјави дека првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје. -Тие мора да преземат јасни чекори кон завршување на војната, а ние инсистираме првиот чекор да биде безусловно и целосно прекин на огнот. Русија мора да го стори тоа, нагласи Зеленски. Украинскиот лидер, исто така, рече дека Украина се подготвува за повеќе ...
Безбедносната служба на Украина (ССУ) осоопшти дека уапсила функционери од одбраната обвинети за вмешаност во испораката на десетици илјади неисправни гранати по руската инвазија на земјата. Меѓу приведените е директор на фабрика во регионот Дњепропетровск, негов заменик, поранешен раководител на директорат во Министерството за одбрана и воен инспектор. „Обвинетите користеле материјали со слаб квалитет и извршувале работа со слаб квалитет при ...