Премиерлигашот Ливерпул објави рекордни приходи во износ од 703 милиони фунти во својата шампионска сезона во Премиер лигата која заврши во мај 2025 година. Минатата сезона, Ливерпул во доминантен стил ја освои својата 20. англиска титула што имаше позитивно влијание врз финансискиот извештај. Ливерпул, кој поред податоците на ревизорската куќа Дилојт, има најголеми приходи меѓу англиските клубови, во сезоната 2024/25 остварил профит од осум ...

Првото дерби од плеј офот од Супер лигата се игра попладнево во Автокоманда, каде Алкалоид е во улога на домаќин на лидерот Вардар. Овие две екипи играа и претходниот викенд во последното коло од регуларниот дел, а новиот распоред сакаше со нов натпревар да го стартуваат и плеј офот. За играчите на Кирил Лазаров (Алкалоид) само победа е опција за продолжување на шансите за титулата, додека за тимот на Иван Чупиќ (Вардар) евентуален триумф ќе ...

Македонската кошаркарска репрезентација со победа над Луксембург (79:70) на домашен терен ги продолжи претквалификациите за Евробаскет 2029. Ова воедно беше прва стартна победа за новиот селектор на македонскиот национален тим Шпанецот Жозеп Марија Берокал. - Победата е важна за почетокот на овој проект. Не смееме да заборавиме дека сме заедно само четири дена што не е лесно и за мене како тренер и за тимот. Имаше добри работи, како трчањето ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на промена на режимот во Техеран. Во својата прва видео изјава за нападите на САД и Израел врз Иран, Нетанјаху апелираше до „целиот ирански народ“ да „го отфрлат јаремот на тиранијата и да донесат слободен и мирен Иран“, објави Си-Ен-Ен-. Тој нагласи дека „заедничкото дејствување ќе создаде услови храбриот ирански народ да ја земе својата судбина во свои раце“. Во видео изјавата, Нетанјаху му се ...

Освен во Техеран, по нападот на САД и Израел врз Иран, експлозии се слушнале и во други ирански градови, вклучувајќи ги Исфахан, Караџ, Ком, Керманшах, Илам, Тебриз и Бушер, пренесе бугарската БТА, повикувајќи се на повеќе светски агенции и на иранските медиуми, вклучувајќи го и Фарс. Експлозиите продолжиле да го тресат и Техеран, при што телекомуникациските линии се прекинати на некои места, како и интернетот. Експлозии ја потресле и областа ...

Ракета лансирана од Иран кон централен Израел беше пресретната од воздушната одбрана, изјавија извори од одбраната за „Тајмс оф Израел“. Нема непосредни извештаи за повредени. Во меѓувреме, нови сирени се слушаат во северен Израел по лансирањето балистички ракети од Иран. Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека детектирале лансирање ракета од Иран кон Израел. Ирански функционер изјави претходно денеска дека Техеран се ...

По повеќекратните експлозии што го потресоа Иран денеска, земјата одлучи да го затвори својот воздушен простор шест часа, изјави портпаролот на Организацијата за цивилно воздухопловство, Маџид Ахаван. Во разговор за новинската агенција ИРНА, Ахаван рече дека воздушниот простор ќе биде затворен за да се обезбеди безбедноста во воздухот. Силни експлозии се слушнале во различни делови од Техеран, а густ чад бил видлив во центарот на градот. ...

Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека го започнала „првиот бран на обемни напади со ракети и дронови“ врз Израел, објавија иранските медиуми. Во соопштението се вели дека нападите дошле „како одговор на непријателската и криминална агресија на непријателот против Исламската Република Иран“. Во изминатиот час, неколку балистички ракети беа лансирани од Иран кон Израел, но нема непосредни извештаи за жртви. Во меѓувреме, ...

Адвокатот Ванчо Шехтански во емисијата Аргумент плус ја потврди информацијата на ТВВ24 дека има иницијатива за дел од поранешните функционери обвинети во случајот „Пулс“ , доставена до Јавното обвинителство за ревидирање на обвинението. Шехтански смета дека вака сроченото обвинение неминовно е да падне барем за 24 до 25 обвинети лица на кои се однесува иницијативата до ОЈО. Тој во Аргумент плус најави дека сега има нова друга постапка, ...

Најстудено утрово е во Прилеп со измерени 3 степени под нулата. Минусни температури има и во Крива Паланка, Берово и Mаврови Анови (-2 степена), и -1 степен на Попова Шапка и во Битола. Како што соопшти УХМР, 0 степени се измерени во Тетово, Штип, Kрушево и Претор, 1 во Скопје - Петровец Охрид, Кавадарци и Виница, 2 степена во Скопје Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, 4 во Струмица и 8 степени во Гевгелија. На Попова Шапка има снежна покривка ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“. Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“. Тој ...

Министерството за транспорт на Ирак денеска соопшти дека го затворило својот национален воздушен простор откако САД и Израел започнаа, како што рече израелскиот министер за одбрана Израел Кац, превентивен напад врз Иран. Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Катар воведе наредба за засолниште за сите вработени, препорачувајќи им на сите нејзини граѓани да го сторат истото откако Израел започна превентивен напад врз Иран утрово. Кац ...

Техеран се подготвува за одмазда откако Израел денеска започна напад врз Иран, а одговорот ќе биде „разорен“, изјави ирански функционер. Три експлозии се слушнаа во централен Иран, објави новинската агенција Фарс. Експлозии се слушнаа и на север и исток од Техеран, како и во Исфахан, Карај и Керманшах. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за ...

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција. Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција. Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да ...

Американски претставници изјавија дека очекуваат нападот врз Иран да биде „далеку пообемен“ од американските напади минатиот јуни врз иранските нуклеарни постројки. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја. „Државата Израел започна превентивен напад врз Иран за да ги ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека не е задоволен од досегашните разговори со Иран за нуклеарната програма на Техеран. „Не сме баш задоволни од начинот на кој преговараат“, им рече Трамп на новинарите во Вашингтон, велејќи дека Иран „треба да склучи договор. Би биле паметни ако склучат договор“, рече американскиот претседател. Тоа мора да вклучува откажување на Иран од поседувањето и стекнувањето нуклеарно оружје, за што ...

Со протести речиси во сите грчки градови, но и во странство, денеска се одбележува тригодишнината од железничката несреќа кај месноста Темпи, една од најголемите во последните над 50 години во Грција, кога два воза, патнички и товарен движејќи се по иста шина, но во спротивна насока директно се судрија и животот го загубија 57 лица, поголемиот дел од нив студенти, а над 100 беа повредени. Со протести речиси во сите грчки градови, но и во ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува годинава да се заокружи процесот за „Роаминг како дома“ со ЕУ и смета дека почнатите активности во меѓувреме ќе ги мотивираат телеком операторите да им излезат во пресрет на граѓаните со трошоците при патување во странство. - Минатата година имаше определено поместување кај еден од телеком операторите со надолно регулирање на цените во роаминг, кај другиот оператор имаше други ...

Додека кравите слободно шетаат по улиците и нивите во Крива Паланка, се заоструваат односите меѓу централната и локалната власт – добитокот од Кривопаланечко ги доведе во клинч градоначалникот и Агенцијата за храна и ветеринарство. По вчерашниот обид за заловување на добитокот од страна на сопственикот и АХВ, како и по мирниот протест на локалното население, на кој присуствуваше и градоначалникот на Крива Паланка, од каде што упати критики ...

Меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ и во Македонија. Младите ќе ,можат да ги развиваат своите моторички способности но со тоа и да станат спортски амбасадори. Министерот за спорт, Борко Ристовски вели дека спортските игри за млади нудат платформа на која младите можат да се натпреваруваат во десет спорта и да го доживеат спортот. Со оваа соработка помеѓу националните партнери и меѓународната платформа се отвора можност над илјада ...

Реформите во изборното законодавство ќе почекаат уште малку. Првата конститутивна седница на работната група која требаше денеска да се одржи пропадна затоа што дел од албанските партии реагирале што материјалите не биле преведени на албански јазик. Игор Филков – Министер за правда „Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател ...

Средба во министерството за земјоделство околу случајот со сипаниците кај овците и козите во општина Липково, кумановско. Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, неопходно е одгледувачите на овци да се придржуваат кон пропишаните контролни и заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста, донесено од страна на Агенцијата и движењето на животните да биде со издаден ветеринарно - здравствен сертификат од надлежното ...

Министерството за здравство остана глуво на барањата на пациентите со ретки болести – обвинија денеска од нивното здружение и побараа да се измени поразителната одлука за намалување на буџетот за лекување на овие граѓани. Од Националната Алијанса за ретки болести тврдат дека Буџетот за Програмата преку која се набавуваат терапии е намален за околу 6,5 милиони евра во однос на буџетот за оваа Програма за минатата година. Министерот за ...

Над 90 илјади работници или 13 отсто од сите вработени во Македонија работат на црно. Податокот го објави Државниот завод за статистика, а се однесува за последниот квартал од 2025 година. Вкупниот број на вработени изнесува 709 523 граѓани, а невработени се нешто над 90 илјади лица. Сепак официјалните податоци велат дека има намалување на неформалната економија во однос на претходното тромесечие. Државен завод за статистика “Учеството на ...

Според глобалните истражувања и заклучоци, адолесценцијата е период кога се започнува со експериментирање со тутун и никотин и доколку зависноста се развие во оваа возраст преминува во долгорочно пушење и компликациите би биле значително поголеми истакнаа денеска од Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Светска здравствена организација. Истражувањето кое го спровело ИЈЗ е забележано дека во 2024 година има највисок ...

Да се најдат навремени и одржливи решенија за професионалните возачи, му порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на првиот европски полицаец Магнус Брунер. Проблемот кои транспортерите го имаат по отпочнувањето на системот за електронска контрола на границите била една од темите кои денеска, при посетата на земјава, европскиот комесар за внатрешни работи и миграција ги разговарал со македонскиот министер за надворешни работи. ...

Уште една пресуда на штета на Македонија донесена во Стразбур. Европскиот суд за човекови права одлучи во корист на затвореникот Фитим Муслиу кој во август 2022 година ја тужеше земјава. Во тужбата тој тврдел дека бил изложен на нечовечко постапување од страна на затворски службеник, а дека домашните власти не спровеле ефективна истрага за случајот.. Инцидентот се случил на 3 август 2020 година, кога осуденикот бил физички нападнат и тепан од ...

Албанија ја поддржува Македонија во процесот на евроинтеграцијата. Членството во унијата на двете држави е добар чекор за сите земји од регионот но и за членките на Европската унија. Преку реформите кои и двете држави ги спроведуваме, чекориме кон нашата стратешка цел а тоа е подобар живот за граѓаните како дел од евопското семејство. Ова беа дел од главните пораки кои ги испрати денеска албанскиот претседател Бајрам Бегај при неговата посета ...

Не стивнуваат политичките реакции за замената на ефективниот притвор со домашен на поранешниот вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби кој повеќе од една година беше во бегство. Според опозициската СДСМ премиерот Мицкоски не кажува како МВР и АНБ процениле дека Груби не е безбеден во „Шутка“ бидејќи било строго доверливо, што според нив е театар и режирано сценарио. Од ВМРО-ДПМНЕ пак враќаат дека хистеријата и стравот од ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
52%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.04
74%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.57
62%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
65%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
82%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1017
Currency

61.635

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9646

Currency

38.4775

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Злато

166450.52

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Цинк

3.35

Кобалт

45.39