
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Триесет и осумгодишна жена загина утрово во експлозија на бомба во центарот на Солун. Инцидентот се случил околу шест часот по локално време и полицијата кажа дека жената ја носела бомбата и сакала да ја постави пред банка во близина. Во експлозијата се оштетени неколку излози и возила. Полицијата објави дека жената отпорано им била позната на властите како учесничка во неколку грабежи и се истражува дали била поврзана со екстремистички ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранува Романија од програмата за безвизно патување во САД. Претходната администрација на претседателот Џо Бајден на 9 јануари објави дека ја прифаќа Романија во програмата, нагласувајќи дека државата ги исполнила строгите безбедносни барања. Визите за романските граѓани требаше да бидат укинати околу 31 март. Сепак, на крајот на март, Министерството за внатрешна ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Москва е одговорна за безбедноста на светските лидери што ќе ја посетат Русија за големите комеморации по повод Втората светска војна планирани следната недела. „Нашиот став е многу едноставен кон сите земји што патувале или патуваат во Русија на 9 мај - не можеме да преземеме одговорност за она што се случува на територијата на Руската Федерација. Тие ја гарантираат вашата безбедност“, ...
Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи се сомнева дека локалните избори во октомври ќе бидат претворени во референдум за албанскиот јазик и за еднаквост во државата. Ваквата изјава на Османи, објавена на неговиот Фејсбук-профил, доаѓа откако вчера претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски изнесувајќи ја неговата проценка, рече дека за да се избегне политизација и ...
Судии, јавни обвинители, но и познати адвокати се наоѓаат на листата на кандидати пријавени за судија во Европскиот суд за човекови права кој треба да ја преземе функцијата на почетокот на следната година. На списокот на пријавени кандидати, до кој според е „360 степени“, се Наташа Габер-Дамјановска, како и членот и поранешен претседател на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Заменик-директорот на Академијата за судии и јавни ...
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујне, го повтори достигнувањето на Лионел Меси под водство на Пеп Гвардиола. Фудбалерот постигна гол на натпреварот против Вулверхемптон (1:0) во 35. коло од Премиер лигата. По овој натпревар, Де Брујне има вкупно 250 гола на своето конто за време на неговиот мандат под водство на Гвардиола. Само Лионел Меси досега постигнал сличен подвиг. Белгискиот фудбалер игра под водство на Гвардиола ...
Во Австралија започнаа парламентарните избори, на кои, според анкетите, би можела да победи Лабуристичката партија на премиерот Ентони Албанезе. Од вкупно 18 милиони луѓе со право на глас, осум милиони веќе гласале за тоа кој ќе ги пополни сите 150 места во Долниот дом и 40 од 76-те места во Сенатот. На изборите, актуелниот премиер Ентони Албанезе и неговата централно-левичарска Лабуристичка партија се соочуваат со лидерот на опозициската ...
Едно лице е приведено заради предизвикување општа опасност со тоа што подметнал пожар на влез во куќа во Катланово и стан во Скопје, сопственост на негова поранешна сопруга на која претходно и се заканувал. За него е побаран притвор поради тоа што, како што велат од Републичкото јавно обвинителство, околностите под кои е извршено кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот се одликуваат со изразита пресметаност и висок степен на ...
Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните најдоцна до крајот на месец мај да направат увид во генерираните ДЛД-ГДП кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“. Секој кој е регистриран на системот „е-Даночни услуги“, велат од УЈП, има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2025 година, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна ...
Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош. По медицински преглед, донесена е одлука тој да се врати во Србија, јавија српските медиуми. Како резултат на тоа, на претседателот на Србија нема да се појави на главните настани за кои дојде во САД меѓу кои и кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Вучиќ требаше да има средби и со конгресменката Клаудија Тени, ...
Одбојкарките на Јанта Волеј го освоија шампионскиот трофеј, откако синоќа во Скопје го совлада Работнички со 3:1 во сетови. По загубениот прв сет со 14:25, следуваа три добри сегменти за Јанта Волеј за целосен пресврт. Новиот шампион го предводеа Мери Бошковска со 19 поени, Ива Стојковска со 12, како и Валерија Собол со 11 поени, додека во редовите на Работнички Скопје, Стакхаус и Дикова освоија по 13 поени, додека капитенката Баталаковска имаше ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е најзаслужен за бодот освоен на неговиот тим синоќа на натпреварот со Венеција во 35. коло од Серија А. Натпреварот заврши 1:1, а Торино израмнувачкиот гол го постигна од пенал во 77. минута изнуден од Елмас. Македонецот го одигра целиот натпревар и беше еден од најдобрите во домашниот состав. Торино во моментов е на 10. место со 44 освоени бода, Венеција е во Зоната на испаѓање (18. место) со ...
Со комеморативни собири денеска во главниот град на Србија се одбележува втората годишнина од масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јави МИА од Белград. На 3 мај 2023 година, ученик од тоа училиште со истрели од пиштол уби девет деца и еден училишен чувар, а рани и неколку други. Во 8.40 часот пред училиштето ќе се одржи комеморативен собир, најави Мултидисциплинарниот тим за основање на Меморијалниот центар во ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира големо намалување на бројот на вработени во Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и други важни разузнавачки агенции, објави весникот. „Вашингтон пост“, повикувајќи се на луѓе запознати со плановите. ЦИА планира да намали 1.200 работни места, заедно со уште илјадници во други агенции низ американската разузнавачка заедница, објави весникот. Откако ја презеде функцијата во ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во контекст на денешното глобално одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на длабокото влијание на вештачката интелигенција врз новинарството и медиумите, во денешното соопштение потсетува дека само професионални и независни медиуми можат да придонесат за одржлив општествен и демократски развој во ерата на брзи технолошки промени. -Слобода на медиумите ...
По повод прославата на роденденот на претседателот Доналд Трамп и 250-годишнината на американската армија (14 Јуни), Пентагон работи на планови за воена парада што би можела да вклучува учество на повеќе од 6.500 војници, околу 150 возила и 50 борбени авиони во Вашингтон, објавија американските медиуми, повикувајќи се на изјави од неименувани функционери. Прославите за годишнината од основањето на американската војска, кои во воените кругови се ...
Американските претставници подготвуваат нови економски санкции против Русија во областите на банкарството и енергетиката, со цел да го зголемат притисокот врз Москва да ги прифати напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина, изјавија тројца неименувани американски претставници запознаени со тоа прашање за американски медиуми. Санкциите се насочени кон рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ и големи ...
Слободните медиуми се најдобриот штит за демократијата и новинарите мора да бидат слободни да известуваат без страв од цензура, заплашување или одмазда, порача претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај. - Европскиот парламент секогаш ќе ги брани и ќе се залага за слободата на медиумите и новинарите - не само на Светскиот ден на слободата на медиумите, туку секој ден, нагласи ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 30 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за ...
Бавна и незадоволителна е истрагата за пожарот во импровизираната дискотека во Кочани, сметаат родителите на трагично загинатите и продолжуваат да бараат одговорност од сите инволвирани за повеќегодишното работење на кабарето без исполнување на минималните стандарди. Од друга страна, пак министерот Тошковски во телевизиско гостување истакна дека се надева оти за брзо време ќе заврши истрагата, но и дека за кратко ќе може да ги изнесат сите факти ...
Владата нема да дозволи никакви трикови за зголемување на цените во маркетите. Откако престана да важи мерката за замрзнување на маржите на повеќе од 1.000 производи, Премиерот денеска најави засилени контроли и кај трговците, но и кај дистрибутерите и производителите. „Такви трикови нема да дозволиме да се случат, некој може да се обидува да се служи со такви трикови, но тоа нема да се случи. Лично разговарав со министерот и со директоорт на ...
Шест места падна Македонија на Индексот за слобода на медиумите на меѓународната организација „Репортери без граници“. За разлика од минатата година, кога се најде на 36. место, годинава земјава е рангирана на 42. Во општата оценка за Македонија, во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници, се вели дека иако новинарите во земјава не работат во непријателска средина, широко распространетите дезинформации и недостатокот на ...
Коридорот 8 во ќорсокак - кој ја кочи изградбата на пругата? Бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов, денеска, ги отфрли тврдењата дека Бугарија не презема ништо за железничкото поврзување меѓу двете држави и му порача на министерот Николовски, дека раскажува приказни за добра ноќ и не сака да го потпише договорот. - Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни за добра ноќ. Го испративме договорот, а каде е ...
Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба 2025, соопштија денеска од Месна заедница Галичник. - Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи. Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ...
Доколку екс министерот за економија Крешник Бектеши се најде на обвинетлна клупа за катастрофалнолиот пожар во импровизирана дискотека „Пулс“ во Кочани - ДУИ излегува на улица вели за ТВ 24 лидерот на партијата Али Ахмети. Евентуалното обвинение за Бектеши за кој лидерот на ДУИ вели дека е политички прогон, не само што според Ахмети ќе ги извади интегративците на улица, тие ќе дадат и поддршка на протестите на семејствата на кои им загинаа ...
ЗНМ го смета извештајот на Репортери без граници (RSF) за слобода на медиумите за реален и балансиран приказ на состојбите, кој јасно ги посочува постојните предизвици и потребата од суштински реформи. Потенцираат дека во правниот дел, извештајот нотира дека националното законодавство сè уште не е усогласено со европските стандарди, а злоупотребата на т.н. SLAPP тужби (стратешки тужби против јавна партиципација) останува механизам за притисок ...
Вработени во Зоолошката градина-Скопје денеска за време на паузата, поддржани од СОНК, излегоа на протест пред установата за да ги повикаат надлежните институции – Министерствотио за култура и туризам и Град Скопје да им ја исплатат платата за март. Миле Таневски, претседател на синдикатот во ЗОО-Скопје, рече дека не знаат зошто Министерството не им исплатило плата, ниту каде е настанат проблемот, со оглед дека дел од други локални институции ...
Во рамки на сообраќајните контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава вчера од вкупно 613 издадени платни налози, 132 прекршоци се однесуваат за возачи кај кои по алкотестирање било утврдено недозволено количество на алкохол во крвта. Откриени биле и 114 учесници во сообраќајот кои немале возачка дозвола. Како што информира МВР, согласно одредбите од Законот за безбедност на ...
Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Согласно објавените податоци јавниот долг бележи намалување од 4,7 п.п. во споредба со нивото од крајот на 2024 година и изнесува 57,7 отсто од БДП или намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ. -Ваквите податоци се директна потврда за политиките што ги спроведуваме и траекторијата по која се движиме. Јавниот долг од 62,4 ...
Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Шохеј Хара, заменик-претседател на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), надлежен за соработка со Европа. Како дел од владината делегација на средбата присуствувале и министерот за култура Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев. Во фокусот на разговорите, како што соопшти ...