80 годишниот Душан Бранковиќ со куп документи, транспаренти и протести пред институциите ја бара правдата - како што вели за изгубениот имот кај тутунскиот комбинат Скопје. Се започнало во 1973 година кога со пресуда на Врховниот суд семејството Бранковиќ го добива имотот- кој државата го национализирала 3 децении претходно. Но, имотот раскажува Душан никако да го добиме во владение. Имотен лист вели за парцелата од 3500 метри квадратни добиваме ...

Иако летото се уште не започнало календарски, топлите денови веќе пристигнаа. Македонија денеска се соочува со еден од потоплите денови годинава, па така топлотниот бран кој можеше да се почувствува уште од раните утрински часови донесе силна жештина. Телевизија 24 направи обиколка низ главниот град и од она што можеше да се забележи е дека граѓаните избегнуваат да се движат на отворено. Оние пак кои се приморани да ги завршат обврските и покрај ...

Политички инструирани и непримерни биле изјавите на родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ од Кочани кои вчера повторно бараа правда, но и оставки од функционерите, смета владата. Од владата велат дека ја разбираат болката на родителите, но и дека жалат што некои политички структури имаат традиција на некрофилија. „Во целост ја разбираме како Влада нивната болка, но од друга страна пак јас морам да кажам дека за жал слушнав и лични ...

Се помалку вода во Преспанското езеро.Калта и тињата ги голтаат плажите.Сликата од терен е алармантна но и тажна.Цели површини на брегот се исушени, водата се повеќе се повлекува.Причините се неколку,климатските промени намалелни снежни врнежи, сушата но и наводнувањето на овоштарниците и земјоделските површини во трите држава кои го делат. Според најновите мерења водостојот е на кота од 841.42 м.н.в.Нултата точка на водомерната летва во ...

Филмските работници и педагози Митко Панов и Синоличка Трпкова формално пет години го користат методот филмот како терапија. Според нив, креативноста е нешто што сите нас не одржува во живот. Почнувајќи преку работилници, па сè до крајниот резултат, тие заедно со неколку лица хоспитализирани во психијатриската болница Демир Хисар создадоа филм, во нестандарни услови и со необични правила за снимање. Во филмот свој придонес имаат и Феми Даут, ...

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“. Потенцираме дека станува збор за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството веќе повеќе од една деценија го користи за екстракција и анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, во ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на својот Фејсбук профил информираше дека Уставниот суд донел одлука да не ја разгледува иницијативата на Град Скопје за оценка на уставноста на планот со кој се дозволува изградба на три индустриски хемиски објекти во општина Ѓорче Петров. Според Арсовска, станува збор за проект за изградба на три хемиски фабрики на површина од 157.000 квадратни метри, како и повеќе од 30 висококатници, со што ...

МВР информира дека за време на синоќешниот ракометен натпревар помеѓу екипите на РК „Вардар 1961“ од Скопје и РК „Пелистер“ од Битола во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје полициски службеници ги лишиле од слобода П.Д.(26) и Д.А.(23), двајцата од Битола, зашто кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Според МВР, против двајцата се поднесени поднесоци по Законот за спречување насилството и недостојното однесување на ...

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за намалување на бројот на екипи од 12 на 10 во Првата лига за сезоната 2026/27. - Реформите кои ги најави раководството на Фудбалската федерација на Македонија се случуваат со конкретни одлуки и промени во натпреварувачкиот систем. Го менуваме системот одвнатре, поставувајќи темели за пофункционален, поквалитетен и стабилен развој на МФЛ, ...

Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони американски долари на крајот на мај 2025 година, што претставува зголемување од 3,6 милијарди долари или 0,11 отсто во споредба со крајот на април, покажуваат податоците на Државната управа за девизен надзор. Според Меѓународното кинеско радио (ЦРИ), комбинираните ефекти од валутните курсеви и промените во цените на активите придонеле за растот на девизните резерви во мај. Кинеската економија ...

Воведувањето на дигитално евро ќе предизвика значителни трошоци за европските банки, проценети меѓу 18 и 30 милијарди евра, покажува студија на консултантската компанија „ПрајсвотерхаусКуперс“ (PwC), нарачано од три европски асоцијации на кредитниот сектор, јави ДПА. „ПрајсвотерхаусКуперс“ детално анализираше 19 банки, проценувајќи ги нивните трошоци за прилагодување кон дигиталната валута на над 2 милијарди евра. Овие проценки, исто така, ги ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ препорачува на Романија зголемување на ДДВ на 21 отсто, воведување на прогресивен данок на доход со две стапки, како и намалување или целосно укинување на здравствените придонеси, со цел намалување на буџетскиот дефицит. Ова е наведено во извештајот на ММФ насловен „Даночна комбинација за фискална одржливост и правичност“, цитиран од Диџи24. Според Фондот, предложените мерки, доколку целосно се применат, би ...

Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за ревизија на прописите за правата на патниците во авиосообраќајот и за одговорноста на авиокомпаниите, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти Советот на ЕУ, измените имаат за цел да се воспостават поедноставни и појасни правила за подобра рамнотежа помеѓу високото ниво на заштита на патниците и зачувувањето на еднаквите услови за цивилниот авиосектор во рамките на Унијата. Полскиот ...

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески, очекува наскоро да бидат донесени законските измени за репрезентативноста на синдикатите и да започне со работа Економско-социјалниот совет. Како што изјави денеска, одговарајќи на новинарско прашање, постои значителен застој и добро би било синдикатите и работодавачите самостојно да се договараат околу висината на минималната плата, наместо, како ...

Зградата на Одделението за физикална медицина и рехабилитација при Клиничка болница - Штип се наоѓа веднаш до градската бања „Кежовица“ и е во близина на штипската историска населба Ново Село, веднаш по кањонот што го формира реката Брегалница при излегување од градот кон Радовиш и Струмица. Температурата на водата е 74 степени Целзиусови на изворот и е малку радиоактивна, што се користи за медицински цели. По лековитост е слична со најпознатата ...

Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани. Како што соопшти владината портпаролка Марија Митева, одморалиштето има 27 соби и 56 легла, а е лоцирано во природна и мирна средина што го прави погодно за пациентите. -Станува збор за пациенти кои се веќе стаблизирани, но за кои ...

Собранието утре во рамки на 54. седница треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. На седницата, според дневниот ред, е и предлогот за именување на Албрим Хоџа за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Предлог-текстот за Алиу доставен од Владата и потпишан лично од премиерот Христијан Мицкоски, ја содржи биографијата на кандидатот. Во неа се наведува дека Алиу е дипломиран ...

Од утре пад на температурите за три до пет степени, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, ќе дува и умерен до засилен северен ветер, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 27 до 36. Во втроник ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана ...

Земјите од балканскиот регион се вклучени во разговори во рамки на поширока американска стратегија за депортација на странски државјани без регулиран статус, потврдија за „Радио Слободна Европа“ од Стејт департментот. Американското Министерство за надворешни работи не сакаше да ги коментира наводите на „Блумберг“ дека администрацијата на Доналд Трамп се обидува да ги убеди балканските земји да прифатат депортирани мигранти, најголемиот дел од ...

ромогласни аплаузи и овации добија актерите на Народниот театар од Битола синоќа во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“, по изведбата на претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. Актерската екипа предводена од Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Горко, Петар Спировски, Никола Пројчевски... ја одушеви публиката со темата која е добро позната за нашиот ...

Општина Битола вечер на платото пред Офицерски дом ќе приреди пречек на шампионскиот тим на РК Еурофарм Пелистер, а од синоќа градскиот часовник е осветлен во боите на ракометниот клуб. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека спортскиот собир ќе почне во 20 часот, а ќе се обрати градоначалникот Тони Коњановски. -Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, синоќа по натпреварот со Вардар во Скопје, упати честитки ...

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети би можел да ја напушти својата функција. Според новинарот Николо Шира, можни кандидати за замена на Спалети се Стефано Пиоли и Клаудио Раниери. Спалети е на работ да се повлече од италијанската репрезентација по фијаското со Норвешка. Целата земја е во шок. На 6 јуни, Италија загуби од Норвешка (0:3) во првиот натпревар од квалификацискиот турнир за Светското првенство во 2026 ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3). За време на конференцијата, Сиљановска-Давкова, како што информира нејзиниот Кабинет, ќе присуствува на приемот во чест на високите гости организиран од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Таа ќе биде дел од церемонијата на отворање на Декадата ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 30 до 38 степени. Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. -Од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес и Калифорнија, поради жестоки судири меѓу демонстранти и имиграциски власти. Судирите следеа по протести против масовните апсења на илегални мигранти. „Претседателот потпиша меморандум со кој се осигурува безбедност од анархијата што други дозволија да се прошири“, соопшти портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. Според ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 30 до 38 степени. Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. -Од ...

Во Италија, денеска и утре се одржуваат пет референдуми. Четири од нив се однесуваат на трудовото законодавство и се иницирани од синдикатот Општа италијанска конфедерација на трудот (CGIL). Петтото прашање се однесува на стекнувањето италијанско државјанство – иницијатива на проевропската партија „Повеќе Европа“, неколку мали левичарски партии и граѓански организации. Собрани се над 630.000 потписи, а Уставниот суд на 20 јануари 2025 година ...

идерот на јеменскиот огранок на терористичката група Ал Каеда, Саад бин Атеф ал-Авлаки, упати закани до американскиот претседател Доналд Трамп и до милијардерот Илон Маск, во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Ова е негово прво видео-обраќање откако ја презеде лидерската позиција минатата година. Во 30-минутното видео објавено од поддржувачи на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Авлаки повикува и на убиство на лидери од ...

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „речиси ништо“ не презема за Србија формално да напредува кон членство во ЕУ. Во поткастот „Први глас“ на хрватскиот портал „Телеграм“, Пицула оцени дека Србија заостанува во исполнувањето на „т.н. фундаментални барања, како што се функционална демократија, правна држава, владеење на правото, ефикасна борба против корупцијата и ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
35%
1018
weather icon

Белград

30ᴼ / 27ᴼ
4.12
42%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 26ᴼ
4.63
45%
1023
weather icon

Софија

32ᴼ / 31ᴼ
1.81
27%
1019
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
1.89
20%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
57%
1023
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
10.8
25%
1012
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
24%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
28%
1015
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
6.69
43%
1018
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
46%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
8.23
100%
1016
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326