Град Скопје и Министерството за здравство потпишаа договор за почеток на изградбата на гаражи во скопскиот клинички центар. Деценискиот хаос со паркингот во најголемиот комплекс клиники според властите ќе се реши до втората половина на наредната година. Иако првичните најави беа дека ќе се градат три гаражи со кои ќе се обезбедат околу 1 500 паркинг места, сега во првата фаза ќе се градат само две гаражи со што ќе се добијат најмалку 500 нови ...

Штета би било да не се реализира идејата за проширување на ЕУ како план Б со земји кои можат да станат членки но да немаат право на глас и на Вето вака премиерот Мицкоски ја коментира средбата на амбасадорите на ЕУ со шефот на кабинетот на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен - Бјорн Зајбер а за која пишуваа дел од медиумите. Сепак премиерот Мицкоски остана воздржан од коментари по ваквиот текст објавен на Политико потенцирајќи ...

По неформалното отфрлање на идејата за членство во ЕУ без право на глас и вето во 2027-ма година, од страна на амбасадорите на Европската Унија за време на вечерата со претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен неделава, како што објави угледниот портал Политико, надворешно политичкиот коментатор Љубомир Гајдов пак смета дека ваквата позиција колку и да е неформална кусо време ќе им траела на Европејците, зашто за проширувањето на ...

Неколку часа пред да се случи трагичниот настан во кој Ивана заедно со нејзината шест годишна ќерка загинаа по скок од балкон во скопски Карпош, сопругот Стојанчо Јовановски физички ја нападнал пред работното место, а потоа и во близина на Основниот кривичен суд, нанесувајќи и хематоми по главата и телото, заканувајќи се дека ќе ја убие – ова го утврди истрагата на обвинителството од каде бараат притвор за Јовановски поради опасност од ...

Адвокатот на Македонците во Бугарија, Тони Менкиноски на црната листа на Софија. Тој денеска ја информираше јавноста дека бугарските власти му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од 10 години, а одлуката му била врачена на 6 март годинава, при обид да влезе во земјата преку граничниот премин Златарево. Во образложението е наведено дека тој наводно претставува закана за националната безбедност на Бугарија. Според адвокатот, ...

Повеќе работници во „Бехтел и Енка“ утрово протестираа пред влезот на кампот на компанијата во близина на автопатот Тетово-Гостивар. Се жалат дека се отпуштени без претходна најава, иако како што посочуваат, имаат важечки договори. Причина за отпуштањата како што им било кажано е тоа државата не префрлила средства за проектот на кој компанијата работи. Тие бараат да бидат прогласени за технолошки вишок за да можат да остварат барем социјални ...

Арапската лига утре ќе одржи итна седница за да ги разгледа иранските напади во регионот, вклучително и во земјите од Персискиот Залив. Состанокот ќе се одржи преку видеоконференциска врска, соопшти помошникот генерален секретар на организацијата Хосам Заки за египетската државна телевизија „Ал-Кахера њуз“. Египетскиот државен информативен портал „Ал-Ахрам“ објави дека состанокот е свикан на барање на Саудиска Арабија, што го потврди и ...

Неколку земји од Персискиот Залив денеска соопштија дека пресретнале напади од Иран, по извинувањето и ветувањето на Техеран дека нема да ги напаѓа, пренесува ДПА. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан претходно денеска се извини за нападите и рече дека Иран нема да ги напаѓа соседните држави доколку нападите врз Иран не потекнуваат од нивна територија. Кратко по изјавата на Пезешкијан, Министерството за одбрана на Катар соопшти дека ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека не можел да ја утврди причината за неговата несреќа во квалификациите за Големата награда на Австралија. Четирикратниот светски шампион утрово го удри својот автомобил во првиот сегмент од квалификациите излетувајќи од патеката и завршувајќи во бариерите. - Ги притиснав сопирачките, а задната оска одеднаш се блокира целосно, без очигледна причина. Не знам зошто или како се случи. Ова никогаш не ...

Kако минуваат деновите на војната меѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна, како и деновите во кои останува затворен Ормутскиот теснец низ кој минува 20 отсто од светската трговија со енергенси, така раснат „апокалиптичните“ сценарија за цената на гасот и нафтата, а со тоа и цената на бензините во светот, а кај нас. Се разбира, тоа создава погодно тло за пропагандни манипулации на домашен терен кои најчесто немаа врска со вистината. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека Иран бил жестоко нападнат, тврдејќи дека Техеран бил принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади. Трамп вели Иран им се извинил на своите соседи на Блискиот Исток и ветил дека нема повторно да ги нападне. - Ова ветување е дадено само поради континуираните напади на САД и Израел, напиша Трамп. Тој додаде и дека Иран претходно ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. Според Обвинителството, од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година па се до 2 март кога оштетената – сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да ...

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патник, странски државјанин, кој патувал кон Лондон, открија 150 илјади британски фунти кои не биле пријавени согласно законските обврски. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во противвредност од 10 илјади евра, додека преостанатите 141.315 британски фунти се привремено задржани. Како што информира Царинската управа, против него е ...

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека повеќе од 80 борбени авиони извршиле бран напади врз воени локации, ракетни лансери и други цели во Техеран и централен Иран. - Повеќе од 80 авиони на израелските воздухопловни сили извршија уште еден бран напади врз инфраструктурата на иранскиот терористички режим, се вели во соопштението од ИДФ. Од друга страна, иранската морнарица соопшти дека започнала „бран масовни напади со беспилотни ...

Авиокомпанијата „Емирати“ соопшти дека сите летови до и од Дубаи се суспендирани на неодредено време поради случувањата на Блискиот Исток. Во објавата на веб-страницата на националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати, се наведува дека летовите ќе бидат во прекин до „понатамошно известување“. „Емирати“ во моментов извршува ограничен број летови од Дубаи и Абу Даби преку безбедни воздушни коридори. Авиокомпанијата „Емирати“ ...

Изминатите денови сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките, со појава на цветови. Оваа фаза е особено изразена кај коскестите видови, кои вообичаено први се будат и тоа најмногу кај оние во јужните краишта и Повардарието, велат агрометеоролозите од УХМР. Според нив, ова е период кога може да се засее пролетна сорта на јачменот, а тополото време е погодно и за останатите, вообичаени активности во поле. ...

Во 2025 година, жените држеа 33,6% од местата во националните парламенти низ ЕУ, што претставува зголемување од 5,4 процентни поени во споредба со 2015 година. Во македонскиот парламент 37,5 проценти од пратениците се жени, што е зголемување од 3,4 процентни поени во споредба со 2015 година, покажуваат податоците на Евростат. Најголем удел на жени во своите парламенти имаат Финска Финска (46,0%), Шведска (44,8%) и Данска (44,7%), додека Кипар ...

Драмски театар Скопје вечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Ова е само крајот на светот“ во режија на Теа Беговска, која е прва продукција на ДТС во 2026 кога театарот одбележува 80 години постоење. „Ова е само крајот на светот“ е семејна психолошка драма на францускиот автор Жан-Лик Лагарс, напишана во 1995 година, која првпат се поставува на сцената на Драмски. Како што најави ДТС, се работи за активна, современа, длабоко ...

Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во Галерија „КО-РА“ ќе биде отворена групната изложба „Жените од светот низ историјата, жената симбол и инспирација“. -Овој мултимедијален проект обединува повеќе уметности, кои се во рамките на традиционалната групна мултимедијална изложба со учество на повеќе уметници од разни генерации - сликари, скулптори, графичари, фотографи, ...

Неизвесно е одржувањето на трките во формула 1 во Бахреин и во Саудиска Арабија поради војната на Блискиот исток меѓу Израел и САД против Иран. Трката во Бахреин треба да се одржи викендот од 10-12.април, а во Саудиска Арабија една седмица подоцна. Бахреин и Саудиска Арабија со почетокот на војната се на мета на иранските проектили и напади. Во главниот град на Бахреин, Манама беше погодена и оштетена американската база. При овој напад ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата на првата етапа од сезоната 2026 во Формула 1. Најдобриот круг на 28-годишниот Британец на квалификациите утрово во Мелбурн беше 1 минута 18,518 секунди. Тимскиот колега на Расел, Андреа Кими Антонели, заврши втор (+0,293 секунди), додека возачот на Ред Бул, Исак Ајар, заврши трет (+0,785 секунди). Меѓу првите шест беа и: Шарл Леклер (Ферари +0,809), Оскар Пјастри (Мекларен +0,862) и ...

Кошаркарките на Вардар постигнаа нова победа во шампионатот откако вчера попладнето во првиот дуел од 2.коло од „оролоџото“ на гости ја совладаа екипата на МЗТ Бела вода со 80:59 (21:16; 24:12; 16:13 и 19:18). Најдобар поединец на натпреварот беше Милица Николиќ со „дабл-дабл“ ефект 19 поени и 12 скока, а четири кошаркарки имаа двоцифрен број поени. За „црвено-црните“ ова беше 11.та победа во шампионатот. На другите од оваа рунда синоќа ...

Екипата на Еурофарм Пелистер избори пласман во полуфиналето на Купот откако попладнево во Битола го совлада Прилеп со 30:28. Ова беше трет натпревар за битолчани во три дена и по нерешениот дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите остварија две победи денеска против Прилеп и вчера против Струга со 44:19. Дуелот против Прилеп беше „финале“ во групата Г, откако прилепчани вчера го совладаа Драчево Јуниор со 41:34. На денешниот дуел најефикасни во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Куба е на работ на колапс, оти наскоро ќе падне и затоа бара договор со САД. - Куба ќе падне наскоро, рече Трамп тој во телефонско интервју за американската телевизија Си Ен Ен во петокот. Трамп, исто така, кажа дека Хавана сака договор со Вашингтон. - Тие сакаат да постигнат договор, па затоа ќе го испратам [државниот секретар] Марко [Рубио] таму и ќе видиме како тоа ќе функционира. ...

Премиерлигашот Тотенхем се наоѓа во резултатска криза, а клубот веќе размислува и за ново име на позицијата менаџер откако минатиот месец хрватскиот стручњак Игор Тудор го презеде клубот. Тој има договор до крајот на сезоната. Доаѓањето на Тудор не донесе позитивни резултати, туку екипата ги загуби трите последни дуели во Премиер лига, а последниот од Кристал Палас на домашен терен (1:3). Екипата нема победа во Премиер лигата 11 натпревари и ...

Дисциплинската комисија на УЕФА изрече казни за екипата на Реал Мадрид поради расистичкото однесување на навивачите за време на дуелот со Барселона од Лигата на шампионите. Казните се парични и делумно затворање на стадионот Сантијаго Бернабеу, но таа за затворање на трибината е условена само доколку таков случај се повтори. Паричната казна изнесува 15.000 евра, а треба да биде затворен долен дел од јужната трибина околу 500 седишта. ...

Женската македонска ракометна репрезентација утре ја очекува дуелот од квалификациите за Европското првенство 2026 против Белгија. Селекторот Кристијан Грчевски беше принуден да повика нова ракометарка. На националниот тим се приклучи Сара Стефановска, членка на романскиот тим Залау. Таа доаѓа на местото на Ивана Арсениевска, која се повреди. На првиот натпревар одигран во саботата македонските ракометарки загубија со 26:25. Утрешниот дуел се ...

Цените на американската сурова нафта го забележаа најголемиот неделен раст досега, поттикнати од ескалацијата на војната на Блискиот Исток, која предизвика огромни прекини во глобалните снабдувања со гориво. Порастот на цените се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп побара безусловно предавање на Иран, зголемувајќи ги стравувањата од продолжен конфликт што би можел да предизвика хаос на глобалните пазари на нафта и гас, објави ...

Иран негира дека целосно го затворил на Ормускиот теснец, витална глобална рута за извоз на сурова нафта, јави ДПА. Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, синоќа на државната телевизија изјави дека Ормускиот теснец не е блокиран. - Сите бродови имаат дозвола да поминат, освен американските и израелските бродови. Тие немаат работа таму, рече Шекарчи. Сепак, тој призна дека во време на војна е невозможно да се гарантира дека ...

Неколку експлозии одекнаа утрово во близина на меѓународниот аеродром Мехераб во Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним. Инфраструктурата на аеродромот веќе беше погодена во американско-израелските напади во изминатите денови. Израелската војска најави „нов бран големи воздушни напади“ врз владини цели во Техеран, каде што голем број луѓе се собраа во петокот на првата молитва по смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
43%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
68%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.0
57%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
88%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
46%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1009
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
61%
1017
Currency

61.635

Currency

52.69

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Цинк

3.35