
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, откри кому би ја дал Златната топка. - Играв и со Усман Дембеле и со Ламин Јамал. Многу ги сакам. Усман ми беше како брат. Ламин исто така. Тој е многу, многу талентиран, посебен. Би го избрал Ламин затоа што сега е во Барселона, а игра и во Кралската лига. Но, ако Усман победи, ќе бидам среќен за него, изјави Пике за „Марка“. Минатата сезона, 17-годишниот Јамал одигра 55 натпревари за Барселона ...
Во градовите Бруклин Парк, Чамплин и други делови на Минесота рано утрово се случија пукотници во домовите на политичари од редовите на Демократската партија, при што најмалку три лица се повредени, а осомничениот, преправен во полицаец, сè уште е во бегство, соопшти полицијата. Првиот напад се случил по 2 часот наутро во Чамплин, во домот на државниот сенатор Џон Хофман, член на Сенатот на Минесота од 2013 година. Две лица биле застрелани, но ...
Огромен пожар зафати небодер со 67 ката во Дубаи, принудувајќи ги властите да евакуираат речиси 4.000 луѓе, објави весникот „Халеџ Тајмс“. Стотици станари изјавија дека противпожарните аларми не функционирале и дека за пожарот дознале дури кога почувствувале чад или биле известени од пријатели. Густ чад ги исполнил скалите, принудувајќи многумина да користат лифтови за да излезат од зградата. Некои станари ја поминале ноќта на отворено пред да ...
Дејвис куп репрезентацијата на Македонија успеа да избори пласман во Втората Светска група откако го освои третото место на мечевите од Третата Европска група во ова натпреварување. Во последниот дуел Летонија со 2:1 ја совлада Македонија и со тоа го освои првото место пред Црна Гора. Дека Летонците се подготвуваат за победа во мечот во двојки покажа и потегот на нивниот тренер Денис Павловс да направи промена и во состав да го активира нивниот ...
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД не се изненадени од израелските удари врз иранските нуклеарни објекти и високи воени команданти, ниту од контранападите на Техеран. – Не би рекол дека сме изненадени од динамиката на оваа размена. Таа трае подолго време и внимателно ја следиме, изјави Хегсет, нагласувајќи дека САД се подготвени да ги заштитат своите интереси и персонал во регионот. – Имаме сериозно присуство во ...
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека меѓународната заедница не смее да има дилеми во однос на иранската нуклеарна програма, нагласувајќи дека Иран не смее да се стекне со нуклеарно оружје, пренесе агенцијата АНСА. - Кога се соочуваме со нуклеарна закана, не може да има простор за двосмисленост. Иран не смее да добие атомска бомба, рече Тајани за време на сослушување пред заедничките одбори за надворешни ...
Од нива до трпеза или од граница до трпеза? Владата на став дека работата во интерес на граѓаните да обезбедат храна од домашната нива, квалитетна и безбедна храна. Министерот Цветан Трипуновски ги повика земјоделците да бидат амбасадори на македонските земјоделски производи потенцирајќи дека земјава изобилува со како што рече природни убавини. Со купување на домашни производи се инвестира во домашната локална економија подвлече министерот ...
Израел и Иран продолжија со интензивни воздушни напади во текот на ноќта, по започнувањето на досега најголемата израелска офанзива врз ирански цели, во обид да се спречи развојот на нуклеарно оружје во Иран. Во текот на ноќта биле погодени три израелски воздухопловни бази во рамки на операцијата „Трето ветување“, а цели на нападите биле и цивилни објекти во Тел Авив и Ерусалим, каде што најмалку три лица загинале, а над 40 се повредени. Според ...
Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел може да прерасне во глобален судир, на ниво невидено по Втората светска војна. „Судирот меѓу Израел и Иран се движи кон целосна војна во регионот, што може да ја дестабилизира целата планета. Не сме биле толку блиску до глобален конфликт уште од Втората светска војна“, напиша Туск на социјалната мрежа Икс. Тој ги повика САД и Европа да ги здружат силите за ...
Во повеќе градови низ Соединетите Американски Држави се подготвуваат демонстрации против претседателот Доналд Трамп, додека тој утре ќе присуствува на парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од формирањето на американската војска. Најголемиот собир и протестна поворка се најавени во Филаделфија, Пенсилванија, додека во Вашингтон, каде што ќе биде Трамп, не е планиран таков настан. Протестите добиваат дополнителна поддршка поради ...
Мицкоски чека одговор, Желјазков во офанзива – Бугарија го смени дипломатскиот терен од Брисел во Стразбург. Премиерот Мицкоски изјави дека вчера и денеска е во комуникација со Европската Комисија и дека е одреден дури и предлог термин за средба меѓу Сиљановска и Желјазков на маргините на НАТО Самитот во Хаг. Сепак, последниот збор ќе го има Софија, за реализација на идејата на претседателот на ЕС Антонио Кошта. Христијан Мицкоски премиер - ...
Не престануваат препукувањата меѓу партиите за тоа кој е виновен за кочанската дискотека на смртта по објавата на обвинението што го објави вчера републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски против 34 физички и три правни лица додека пак за немањето на доволни докази за 11 лица постапката се прекинува. Од СДСМ велат дека приведените полициски службеници биле лицата кои што биле посочувани од нивна страна објавувајки факти и аргументи во серијалот ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес загубија од загубија ГОГ Гудме од Данска со 36:21 во полуфиналето на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони. Данскиот тим ја диктираше играта и ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот натпревар. Веќе по првите 30 минути ГОГ водеше со пет голови предност (17:12), за на крај предноста да биде убедлива. Битолчани утре ќе играат за третото место. Во второто полуфинале се среќаваат ...
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја призна својата вина за несреќата на првиот тренинг на Големата награда на Канада, поради што тимот мораше да ја смени шасијата на неговиот болид. - Сакам да им се извинам на сите во тимот. Никој не го сака ова. Беше многу глупава грешка. Го блокирав воланот, но бев сигурен дека можам да се справам со кривината. Мислев дека дури и да излезам на тревата, ќе избегнам судир со ѕидот. Но, погрешно пресметав, а ...
Светската автомобилистичка федерација (ФИА), го суспендираше поранешниот возач на Формула 1, Дерек Ворвик, од судењето на Големата награда на Канада. Суспензијата за Ворвик доаѓа по неодамнешни коментари за медиумите за неколку возачи. - Поради неодамнешните неовластени коментари, Дерек Ворвик е суспендиран од должноста стјуард на возачот за Големата награда на Канада. Тој ќе биде заменет до крајот на викендот од Енрике Бернолди, кој ќе работи ...
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ги сподели своите впечатоци по петочните тренинзи за Големата награда на Канада, истакнувајќи ги тешкотиите со подесувањето на болидот. - Не помина непречено. Ми се допаѓа патеката и публиката беше одлична денес, но чувството од болидот не е исто како во претходните години. На првиот тренинг сè помина добро, но по промените стана потешко. Очекував дека ќе бидеме побрзи, но или не успеавме во тоа, или ...
Двајца високо рангирани генерали на иранските вооружени сили, заменици-началници на Генералштабот, се убиени во израелските напади врз Техеран, објави иранската државна телевизија. Не се сопштени детали за убиството на генералите, но новинската агенција Тасним објави видео на кое се гледа пожар на меѓународниот аеродром Мехрабад во Техеран, каде што има хангари за воени авиони, а кои биле цели на израелските напади. Иранските медиуми објавија и ...
Оценките на СДСМ за ставање на располагање на одморалиштето Пониква за потребите на повредените од несреќата во Кочани, освен тоа што се паушални и злонамерни, се во исто време и дегутантни затоа што решија да прават политика и од ова прашање, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. Ставањето во употреба на одморалиштето беше проценка на стручен здравствен тим од лекари на Министерството за здравство, а меѓу другото е и барање на самите пациенти, велат од ВМРО ...
„Како членка на Шенген, а наскоро и на еврозоната, Бугарија продолжува да ја зајакнува својата водечка улога во стабилноста и растот во регионот. Овие достигнувања на бугарското општество недвосмислено покажуваат дека нашата земја е еднаква на највисоките европски стандарди“. Ова го изјавил бугарскиот премиер Росен Жељазков на средбата со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос. Бугарскиот премиер ја ...
Иран ги предупреди САД, Велика Британија и Франција дека нивните воени бази и бродови во регионот би можеле да бидат цел доколку трите земји му помогнат на Израел во конфликтот со Техеран, објавија иранските медиуми. Според иранската новинска агенција Фарс и високи воени извори, нападите врз Израел ќе продолжат, а целите на Техеран ќе ги вклучат и американските воени бази на Блискиот Исток. - Оваа конфронтација нема да заврши со ограничените ...
Министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман денеска потврди дека хрватскиот конзул и неговата сопруга се повредени во ноќешниот ирански напад врз Тел Авив. Како што објави шефот на хрватската дипломатија на X, тие се повредени откако зградата каде што живеат била погодена од иранска ракета. - Разговарав со нив лично, и за среќа повредите се полесни и не се опасни по живот, објави Грлиќ Радман. Тој додаде дека Министерството ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска се закани дека „Техеран ќе гори“ ако Иран продолжи со ракетните напади врз Израел, откако најмалку три лица беа убиени, а десетици ранети во иранските напади, кој следуваше по претходните изралески воздушни удари врз иранските нуклеарни постројки. По состанокот со началникот на Генералштабот на армијата, Кац изјави дека Иран ќе плати висока цена за тоа што им наштети на израелските граѓани. - ...
Во Старата скопска чаршија од 17-ти до 19-ти јуни по втор пат ќе се одржи манифестација „Ритамот на чаршијата“, во организација на ЈУ Детски културен центар – Карпош со поддршка на Град Скопје. Старата скопска чаршија е најголемата чаршија на Балканот која претставува заштитен национален симбол и една од најголемите атракции на Скопје. Целта на „Ритамот на чаршијата“ е да ја заживее чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот. - ...
Демократската унија за интеграција со најголема загриженост ја следи одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение против поранешните министри за економија, Крешник Бектеши и Валон Сарачини, во врска со случајот до дискотеката Пулс во Кочани, велат од партијата. -Оваа селективна правда и јасно политички мотивирана акција претставува уште еден доказ дека обвинителството не само што ја изгубило својата независност, туку станало инструмент ...
Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година. Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk Откако ...
Промената во нееднаквоста во богатството низ Европа од 2008 до 2023 година варираше од земја до земја, според најновиот Извештај за глобалното богатство 2024 објавен од швајцарската банка UBS. Додека во некои земји јазот меѓу богатите и сиромашните значително се зголеми, во други е забележано благо намалување. Според податоците од Европската централна банка (ЕЦБ), најбогатите 10% од населението во Еврозоната поседувале 57,3% од вкупното нето ...
Најмалку три лица се убиени во Израел по бранот ракетни напади што ги изврши Иран изминатата ноќ, како одмазда за израелските воздушни удари врз иранските нуклерани постројки во четвртокот, објавија израелските медиуми. Според „Тајмс оф Израел“, има и десетина повредени, од кои некои сериозно. „Џерусалем пост“, пак, објави дека бројот на ранетите е 63 ранети. Портпарол на израелската војска изјави дека повеќето од иранските ракети биле ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика Израел и Иран итно да ги деескалираат тензиите, пренесе ДПА. - Израелско бомбардирање на ирански нуклеарни објекти. Ирански ракетни напади врз Тел Авив. Доста со оваа ескалација. Време е ова да престане. Мирот и дипломатијата мора да преовладаат, напиша Гутереш на социјалната мрежа „Икс“. Сепак, и покрај меѓународните апели за запирање на непријателставата, Израел и Иран засега продолжуваат ...
Дијалогот на Техеран со САД за нуклеарната програма на Иран станува „бесмислен“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи, по израелски воздушни напади. - Другата страна (САД) дејствува на начин што го прави дијалогот бесмислен. Не можете да тврдите дека преговарате, а во исто време да ги делите задачите дозволувајќи му на ционистичкиот режим (Израел) да ја таргетира иранската територија, изјави портпаролот на Министерството за ...
Семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“, продолжуваат со организирање „Марш за ангелите“, а денеска ќе се одржи деветтиот по ред. За разлика од досегашните, овој протестен марш во Кочани ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите. Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата и ги повикуваат нивните блиски, роднини и пријатели, да се ...