Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Година која поради случувањата во Кочани земјата ја донесе до ѕидот на срамот. Година која ги покжа аномалиите на системот и системските пропусти кои се таложиле и кои донесоа загуба од невидени размери која никогаш нема да се надомести. Вака претседателката на државата Гордана Сиљаносва Дафкова во своето годишно обраќање пред народните избраници ја окарактеризира годината што поминува. Апелираше судиите и обвинителите да си ја завршат ...
Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е ...
Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова во денешното годишно обраќање пред пратениците во Собранието повика на национален консензус во однос на евроинтеграциите и потенцира дека проблемот не е само административен туку лежи во уставните амандамни нагласувајќи дека тоа е политички критериум. Според неа, потребни се јасни гаранции од ЕУ и од Бугарија. Осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, Сиљановска - Давкова рече сите ние ќе ја носиме ...
Со дополнување на доказната постапка и завршни зборови на обвинителството и одбраната, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје заврши судењето против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата. Пресудата ќе биде објавена на 29 декември. Во текот на ...
По завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје за случајот во кој беше смртно прегазен 68-годишниот Југослав Николовски, неговата ќерка Маја Бошковска, изјави дека семејството очекува висока и правична казна за обвинетиот Фатон Љури кој на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегазил Николовски и го напуштил местото на несреќата. Бошковска истакна ...
Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто. -Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти. Во втор блок цената ќе ...
„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во емисијата „24 анализа“. Гувернерот истакна дека трендовите кај инфлацијата во изминатите месеци укажуваат на јасна стабилизација, при што во два наврата е забележано и месечно намалување ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува организаторите на зелените пазари дека до 31 декември имаат обврска до УЈП да поднесат Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam. - Извештајот ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар. Доколку во текот на годината настане промена на бројот на корисници на зелениот пазар трговецот е должен да достави нов ...
Судиите и јавните обвинители во последен обид да добијат поголеми плати во 2025 година и покрај најавите на Владата дека ќе нема зголемување на нивните плати поради лошите оценки и малата доверба во правосудството. Иако законски не можат да интервенираат, тие преку Уставниот суд по втор пат се обидуваат да го вратат барем повисокиот коефициент според кој се пресметува нивниот личен доход и со тоа да добијат дополнителни 250 евра месечно. ...
Со консензуален пристап, широка вклученост и јасна инклузивност, почитувајќи ги принципите на транспарентност, отчетност и партнерство, беше донесена Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2044 година, со што беа поставени темелите на долгорочниот развоен правец – документ кој првпат на еден системски и сеопфатен начин ја дефинира визијата каде сакаме да бидеме како држава во следните две децении, истакна премиерот Христијан ...
Министерството за финансии (МФ) од Буџетот изврши исплата на две нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Имено, исплатени се транша во вредност од 305 милиони денари и транша од 568 милиони денари, односно вкупно 873 милиони денари или 14,2 милиони евра. Со исплатата на овие транши, информираат од Министерството, вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 217,5 милиони евра од вкупно планираните ...
Полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница. Борбените авиони беа мобилизирани, а копнениот систем за воздушна одбрана и радарскиот систем за извидување беа ставени во состојба на висока готовност, објави полската армија на платформата Икс. Полската армија посочи дека преземените мерки се превентивни и имаат за ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека очекува Русија да преземе тешки напади по Божик. Тој пред дипломатите во Киев наведе дека е сосема нормално Русија да почне масовни напади за Божик, потенцирајќи оти ситуацијата е тешка поради недостиг на системи за воздушна одбрана. Украина го слави Божиќ на 25 декември, иако многу Украинци се придржуваат до православните традиции и го слават празникот на 7 јануари, како во Русија. ...
Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца вчера извршија увид на градежните ...
И покрај вложените над 143 милиони евра за изградба на трите магистрални гасоводи, тие се уште не се ставени во употреба, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизијата на усогласеност на АД за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост за 2024 година во која изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеност со законската ...
Најниската температура утрово е измерена во Берово -2 степени, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид се измерени 2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, 0 степени измерени се во Крива Паланка, Тетово, Струмица, Mаврови Анови, 1 степен во Куманово, Виница, 2 степени во Штип, Велес, Кавадарци, Kрушево и 3 степени во Охрид и Демир Капија. Денеска времето ќе биде ...
Почна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, што ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026 година. Според Роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг на гласањето започнува на 22 декември на полноќ и трае со 9 јануари, кога започнува молкот пред гласањето. Кандидати за градоначалник на Гостивар ...
Македонската фудбалска репрезентација е на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА, последна за 2025 година. Македонските фудбалери на декемвриската ранг-листа, објавена денеска, назадуваа едно место со идентичен број бодови (1378.57) како и на претходното рангирање. Шпанија остана на првото место, пред Аргентина, Франција и Англија. Од последното рангирање објавено на 19 ноември, одиграни се само 42 меѓународни натпревари, па затоа имаше ...
Аудиовизуелно патување низ архетипски слики кои се дел од нашата колективна меморија, сè она што е поврзано со македонската драма, поезија, ликовната уметност, музиката..., преведено на современ сценски јазик - ќе биде претставено со музичко-сценскиот проект „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МНТ“ по повод 80 години постоење на Македонскиот народен театар. Ова го соопшти режисерот Дејан Пројковски на прес-конференција по повод ...
Во празничниот декемвриски репертоар, во Националната опера и балет вечерва со почеток во 19:30 часот ќе биде изведена оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Диригент на изведбата е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Климент Тодороски, светло-дизајн е Милчо Александров. Во ...
Плановите за одигрување на натпреварот од италијанската фудбалска лига меѓу Милан и Комо во Австралија се откажани. Италијанската лига и локалните организатори денеска заедно објавија дека два клуба нема да играат во Австралија. Претседателот на Серија А, Ецио Симонели, изјави дека Азиската фудбалска конфедерација неодамна издала неприфатливи барања што го оневозможиле организирањето на натпреварот. Милан бара алтернативно место за одигрување ...
Американската армија нападна уште еден брод под сомнение дека шверцува дрога во источниот дел на Тихи Океан, при што едно лице загина, потврди Јужната команда на САД (СОУТХКОМ). На 22 декември, по наредба на министерот за одбрана Пит Хегсет, Заедничката оперативна група Јужно копје спроведе смртоносен воен напад врз брод со низок профил управуван од организација означена од САД како терористичка во меѓународни води, објави Јужната команда на ...
Најмалку девет лица се повредени, од кои три потешко, кога автомобил вечерва влетал во гледачи на „Парадата на светлата“ во градот Нунспет во централна Холандија. Локалната полиција соопшти дека сè уште не е јасно што точно се случило, но оти според првичните сознанија на истрагата, не станува збор за „чин на насилство“. Засега не е соопштено што се случило со возачот на автомобилот, како ниту неговиот идентитет. Холандските медиуми јавија ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека моменталната задача е да се организира самото производство на системи за воздушна одбрана и ракети за нив во Украина, објавија украинските медиуми. Зеленски го изјави ова во говорот за време на свечениот настан по повод Денот на дипломатскиот персонал. „Украина мора да го задржи своето лидерство во Европа во однос на квалитетот и обемот на производство на оружје. Мора да забележиме уште ...
Косово официјално доби противтенковско оружје од Германија, поточно добро познатиот систем „Панцерфауст 3“, како дел од тековната безбедносна и одбранбена соработка меѓу двете земји, објавија косовските медиуми. Според соопштението, целта на испораката е зголемување на одбранбените капацитети на Косовските безбедносни сили (КБС), придонесувајќи за нивна постепена модернизација и усогласување со стандардите на евроатлантските партнери. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието. Се очекува претседателката да говори за актуелните и случувањата во изминатиот период, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата... Обраќањето на претседателката е во рамки на 77. собраниска седница. Ова ќе биде второ годишно обраќање на Сиљановска-Давкова пред пратениците од ...
Избор на Влада и носење на одлуки на Уставен со бадeнтер за законите донесени со двојно мнозинство ќе биде условот Али Ахмети и ДУИ да влезе во било кoја Влада, порача на денешниот брифинг лидерот на ДУИ Ахмети. хмети тврди дека неговите барања не излегувата од рамковниот договор , не с енационалистички и дека со нив се зајакнува мултиетничката држава . Не кажа како планира да ги натера политичарите да го прифатат. "Ова не е штетно решение, ...
Лошо планирање и сериозен јаз меѓу проекциите и реалноста, вака дел од енергетските експерти ја оценуваат состојбата во државната ЕСМ, откако беше најавено барање за прогласување кризна состојба поради проблеми со набавката на мазут. Доброупатен енергетски експерт кој поради закани сакаше да остане анонимен, за ТВ 24 укажува дека податоците од официјалниот Енергетски биланс покажуваат потфрлање во производството на електрична енергија, ...