Три лица се убиени од експлозија на автомобил што се случила ноќеска во Москва, пишуваат странските агенции. Според информациите на медиумите, до експлозијата дошло откако двајца полицајци се приближиле до лице кое се однесувало сомнително околу нивното патролно возило. Настанот се случила во близина на местото каде пред два дена беше убиен висок генерал од експлозија на автомобил. Кога полициските службеници се доближиле за да го приведат ...

Фудбалерите на лондонски Арсенал се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако синоќа го совладаа градскиот ривал Кристал Палас на пенали со 8-7 во четвртфиналниот дуел на стадионот „Емирати“. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1, а прашањето за победникот беше решено дури во осмата серија пенали. Трагичар во редовите на Кристал Палас беше Максенс Лакроа чиј удар од белата точка го одбрани Кепа Аризабалага, а ...

Стејт департментот синоќа објави дека им забранува влез во САД на петмина Европејци обвинети за водење напори за притисок врз американските технолошки фирми да цензурираат или потиснуваат американски ставови. Државниот секретар Марко Рубио не ги именуваше оние за кои рече дека ја прекршиле новата визна политика објавена во мај, со која се ограничува влезот на странци одговорни за цензура на заштитениот говор во САД. Тој ги идентификуваше само ...

Актерката Ана Левајковиќ-Бошков денеска со настап во култната претстава „Црвенкапа“ на сцената на Театарот за деца и младинци ќе одбележи 30 години актерска кариера. Вработена во Театарот за деца и младинци од 1995 година, Ана Левајковиќ-Бошков во својата богата професионална биографија има остварено 56 улоги во матичниот театар, оставајќи длабока и трајна трага во македонскиот детски театар. Нејзината уметничка патека е обележана со ...

Парични казни во вкупен износ од 87.000 евра им изрече денеска кошаркарската Евролига на белградските ривали Партизан и Црвена Звезда за инцидентите на натпреварот од 15. коло во елитното натпреварување. Во натпреварот, одигран на 12 декември, Партизан ја победи Црвена Звезда со 79:76, а Евролигата објави дека „црно-белите“ се казнети со 59.000 евра, а „црвено-белите“ со 28.000 евра. Партизан е казнет затоа што, меѓу другото, навивачите ...

Наполи заработи 9,5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот на Италија, додека Болоња, која беше поразена во финалето во Ријад, ќе инкасира 6,7 милиони евра, јавија денеска италијанските медиуми. Воедно, Наполи ќе заработи дополнителни 1,5 милиони евра од пријателскиот натпревар што треба да го одигра против освојувачот на Суперкупот на Саудиска Арабија. Наполи во понеделникот вечер ја победи Болоња со 2-0 во финалето на италијанскиот ...

Папата Лав XIV синоќа повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“. „Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот“, рече папата додека ја напушташе својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, пред да се врати во ...

Француските пратеници синоќа го усвоија Законот за вонреден буџет откако Парламентот не успеа да се согласи за целосен буџет за следната година, со што се спречи затворање на владата, јави ДПА. Привремениот договор ѝ овозможува на презадолжената земја да продолжи да работи во 2026 година, овозможувајќи ѝ да собира даноци, да позајмува пари и да финансира основни државни функции. Меѓутоа, пренесува ДПА, министерот за економија Роланд Лескир ...

САД синоќа им соопштија на Обединетите нации дека ќе воведат и спроведат максимални можни санкции за да го лишат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговиот наркокартел од ресурси. Британските медиуми пренесуваат дека адинистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со месеци наназад спроведува кампања на смртоносни напади врз бродови покрај венецуелскиот брег и пацифичкиот брег на Латинска Америка, за кои постои сомневање ...

Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина. Како прва точка на дневниот ред е Предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали. Изборот на новите членови на Владата дојде ...

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе ја отвори Студентската изложба со наслов „Збирка“. На изложбата, којашто ќе биде отворена во Галеријата ФЛУ, објект Педагошка, во периодот од 19 часот, ќе бидат претставени избор на дела од студенти на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики, Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики, Катедрата за графика и трансмедиумски практики, ...

Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечер ќе биде отворена изложбата „Лица“ на академскиот скулптор Ангел Коруовски. Националата галерија информира дека оваа серија на дела насловени „Лица“ е инспирирана од невидливото – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет. Преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, појаснуваат, овие дела даваат визуелна форма ...

Врховниот суд на САД денеска му стави на претседателот Доналд Трамп нова пречка во неговите планови за распоредување на Националната гарда во Чикаго. Врховниот суд го отфрли итното барање на американскиот претседател со кое се тој иницираше суспензија на одлуката на понискиот суд со која привремено се забранува употребата на трупи на Националната гарда во државата Илиноис, јави ДПА. Националната гарда е воена резервна сила која е дел од ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 534-та седница на која ќе се разгледаат прашања поврзани со престанокот на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност. Ќе бидат разгледани повеќе претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, ...

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот до завршување на работите ќе имаат корисниците од улицата „13 Ноември“ во општината Центар и корисниците на дел од населбата Сингелиќ во општина Гази Баба, а од 10 часот и дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ (потегот од „Ленинова“ до „Орце Николов“) во општината Центар. Од ЈП Водовод и канализација соопштија дека причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на вентил на Кеј 13 ноември б.б - ...

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат разгледани девет иницијативи за оценување на уставноста и треба да се донесат конечни одлуки за пет предмети. Меѓу предметите од поголем јавен интерес се иницијативите со кои се оспоруваат измените на Законот за платите на судиите. Подносителите тврдат дека намалувањето на коефициентите за плати претставува повреда на ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до ...

На 70-годишна возраст почина Васил Рингов, едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот и поранешниот југословенски фудбал. Рингов беше поранешен македонски и југословенски репрезентативец, а најдлабока и најпрепознатлива трага остави настапувајќи во дресот на ФК Вардар. Во црвено-црниот дрес одигра повеќе од 200 натпревари и постигна 93 погодоци, со што засекогаш се вгради во клупската историја. настапуваше и за Партизан, Динамо ...

На 70-годишна возраст почина Васил Рингов, едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот и поранешниот југословенски фудбал. Рингов беше поранешен македонски и југословенски репрезентативец, а најдлабока и најпрепознатлива трага остави настапувајќи во дресот на ФК Вардар. Во црвено-црниот дрес одигра повеќе од 200 натпревари и постигна 93 погодоци, со што засекогаш се вгради во клупската историја. настапуваше и за Партизан, Динамо ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, откако во изминатите два дена биле спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен. Информацијата скопскиот градоначалник ја соопшти во објава на својот фејсбук-профил. Во него тој не наведува кои фирми се казнати поради загадување на амбиенталниот воздух во главниот град, но порачува дека ...

Согорувањето на биоматеријали, дрва, јаглен и отпадни масла е една од поголемите причини поради која се загадува воздухот во Скопје. За да се намали аерозагадувањето, професорот Трајче Стафилов вели дека потребно е да се преземат конкретни мерки и чекори. Според него, најдобар начин е да се почне со субвенционирање на парното греење за граѓаните. професор Трајче Стафилов - Најголема емисија на штетни супстаниц имаме од греењето, согорување на ...

Охридските туристички работници се подготвeни да ги пречекаат гостите кои во голем број одлучиле Новата 2026 година да ја дочекаат во некој од угостителските објекти и хотели на брегот на Охридското Езеро. Досега потврдените резервации укажуваат дека градот ќе биде одлично посетен за „најлудата“ ноќ.Според последните информации, хотелските капацитети за престојните новогодишни празници се исполнети. И приватното сместување е целосно ...

Судиите и јавните обвинители со уште еден обид за добијат повисоки плати во 2025 година и покрај тоа што од Власта најавија дека ќе нема зголемување поради ниската доверба во правосудството. Овој пат користејќи го уставниот инструмент поднесени се иницијативи до ова тело да се оцену уставноста на донесената одлука во законодавниот дом во 2024 со која коефициентот им се намали во просек за 0,5 поени како дел од општото намалување на платите на ...

Државниот инспекторат за труд ќе изврши контрола на вработувањата во тетовската клиничка болница, потврдија оттаму за ТВ 24. Ова доаѓа откако Дел од персоналот на болницата кој со години работи со договор на дело обвини за вработувања по партиски клуч на последниот конкурс. Од министерството за здравство денеска тврдат - решенија се делеле според потребите на болницата... Дополнително велат дека тие што не биле примени на овој оглас ќе може ...

Претседателката на државата поддржува корумпирана и криминална влада - која ја води земјава кон изолација, вели лидерот на опозицијата Филипче, оценувајќи го обраќањето на Давкова, Во нејзиниот говор наместо вистинските се поддржуваат квази реформите и партизираните институци, посочи Филипче. За пратеникот на Левица Амар Мециновиќ, наместо реалната состојба Давкова во говорот ја претставила владината агенда на ВМРО ДПМНЕ, игнорирајќи го ...

Правдата не се избира по закон и интегритет, туку по партиска подобност, а кога и обвинителството станува продолжена рака на власта, државата престанува да биде правна и станува заробена – ова се само дел од реакциите во јавноста, ден по одлуката на Советот на јавни обвинители, кој едногласно ја изгласа Анита Тополова Исајловска за в.д. државна обвинителка. Изборот на новата главна обвинителка е уште еден доказ дека власта сака контрола, ...

Наместо поништувачка одлука од страна на Уставниот суд, судот на Собранието му даде рок од шест месеци за усогласување на измените на Кривичниот законик, потенцираше претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на панел дискусијата „Чекајќи го Годо и правдата: Очекувања од новите измени на КЗ“, во организација на „Солуција“. Костадиновски напомена дека имаме суфицит на неказнивост и дефицит на одговорност. Дарко ...

Струјата поскапува. Од 1 јануари сметките ќе бидат повисоки од 57 до 900 денари, во зависност од тоа колку трошите. Поскапување има во сите четири блока на потрошувачка, како и кај евтината тарифа, но значително пониско од она што го побара универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“, открија од Регулаторна комисија. Во првиот блок цената на струјата ќе се зголеми за 2,45 отсто, во вториот за 2,87 отсто, во третиот за 3,32 отсто, а во четвртиот блок ...

Владата на денешната седница донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена. Како што велат од Владата, оваа одлука се носи поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. „Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува ...

И покрај вложените над 143 милиони евра за изградба на трите магистрални гасоводи во должина од 267 километри тие се уште не се ставени во употреба заради нерешени имотно правни односи, утврди Државниот завод за ревизија во работењето на акционерското друштво НОМАГАС во ревизијата за 2024 година .Ревизорите изразија неповолно мислење за финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. „Со ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
4.12
74%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
94%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
82%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
92%
1000
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
998
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Паладиум

546.56

Бакар

11.69

Злато

159231.39

Цинк

3.25

Платина

67162.91

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03